https://citaj.mk/2020/07/23/bomba-d...zi-na-dui-mu-davaat-poddrshka-na-zaev-i-sdsm/ Еве како одат работиве Сточен пазар
Нема никогаш да бидеме држава. Сето ова ми е театар за народ наспроти гладен народ за леб а богами и за циркус.
Не мислам така. Мислам дека е целта да се искорени 'правилото' на етнички партии и форсирањето на Големо-Албанската кауза.
Има... никогаш не е доцна. И сега е подобро, отколку за 10-20-30 години, нели? Не сум сигурна, ама се надевам дека не грешам...
Аууу и тука гледам сте го ругалњ Апасиев. Сите сдс ботови на твитер пуштени на најјако против него, а до вчера ни на радар не им беше. Ваков или таков успеа да ги поремети и очигледно им е закана. Што би се замарале толку со него ако ништо не им значи?! Сдсм е бљувотина За прошла влада не продадоа, за оваа тоа што остана ќе го додадат и таман да заклучиме дека и официјално сме граѓани од втор ред. Се ситиме на "нашиве", а "другиве" раце тријат. Затоа утре кога ќе одите низ шалтери на државна администрација, болници ич да не се жалите што ко глупи август сроите на ред, додека овие ве газат. Немам ништо против албанец премиер, ако е премиер за интереси на цел народ, а не за една етничка група. Да го гласам некој што еднаш не ми се обратил на македононски и цело време фура туѓа националистичка агенда не иде. Ете така. Може да продолжиме да се јадеме меѓу себе.
^ Апасиев ми е вмровец у душа. За друго не коментирам. Сдс не сум, не сум била, а и немам намера да припаѓам на ни една партија. Ама ова националистиве... малце како алергична сум на нив. И на албански, и на македонски, грчки и какви год. Очај.
Го напуштаат бродот кој тоне класика, и ако мислам дека терористот Аца нема да се предаде туку така лесно и попрво тој би се испазарил со СДСМ од колку овие пребеганите. Не за џабе беше во "официјална" посета на Хаг
За тебе тешки националисти се луѓе кои докажуваат дека еден куп промени се направија во Македонија без почитување на закони, без почитување на референдум, на црно, своеволие? Не е тоа одлика на диктаторство, нешто против кои младина во 21 век треба да се бори и да поддржува такви кои укажуваат на неправилности?
Пак промаја дува Да му се невиди, еднаш врата накај надвор не се затвори ....за кратко ќе излезе се на виделина, ни јас незнам точно, ама се осеќа атмосфера
Колку што акл имаа британците што гласаа брегзит, толку и македонските државјани што бојкотираа референдум. Според мене, нели. И пре би да гласам за кој било што ќе остане глув на религиозно-националистички кенкања, него за некој што уште од мудата на коњот не може да се откаже. Али тоа сум само јас
И мало дете знае каква глупост е ова. Популарноста на левица не зависи од тоа колку лош состав биле претходно, а колку јак се сега. Едноставно, левица не е толку долго на политичка сцена и буквално многу луѓе немаа слушнато за нив досега. Второ, со вмро и сдсм се испослучија толку работи во последно што нема кој не е разочаран. Порано повеќе беа поделени луѓето, сега се повеќе неопределени, разочарани, ко што видовме огромен број не излегоа на гласање, па така добија левица повеќе гласови, од неопределените, ко некаква надеж ги гледаат некои, трета опција, а не дека толку успех постигнале Бесмислен твит
Левица порано беше левото....да не се изразувам вулгарно, беше приврзок на сдсм, ретко се наоѓаа до толку ирационални луѓе шо искрено ја доживуваа како некаква алтернатива, така објасни си ја бројката на тогашни гласачи. Арно Апасиев промени курс и си ја подзачисти партијата од тие што се приклучија кон владата на Сдсм ( се гледа таму колку се “корисни“ и “продуктивни“ за државата ) како и од оние со такви амбиции. Вака веќе може да ги очекува вистински неопределените и разочараните. едит Не му оди во прилог што живееме во држава со лесно поткуплив народ ( електорат ), кој е на власт за лебни трошки може да ги придобие луѓево.
Абе на времето и Демократска Алтернатива изгледаше како интересен трет играч. Видовме што се деси. Штета помладите биле во пелени за да паметат. Historia magistra vitae est.