Го гледав Димчо Апасиев на канал 5. Па малиов многу симпатичен ми стана, не можев да му најдам замерка. Заслужил влез во парламент, ќе таласа таму, а ако доживееме и следни парламентарни (како држава) , ќе има солиден број пратеници.
Ова сдс си ги креваат акциите со овињ што "преминуваат" кај нив Едвај 40 пратеници имаат, ама моќ у пм
И јас од никаде почнав да го обажавам чоекот, а пред да ги гледам сите дуели каде што е тој дури и антипатичен ми беше, партали ги напрај Павле, Бетмен Велит, Исмет оној Алберт веќе незнаеше кај тера ги гледав и постарите интервјуа. Нека го прават и фашист и се, ама јас мислам дека треба повеќе вакви во парламентот.
Апасиев го кажува она што црепон Мицкоски треба да го зборува како десничар, ама не смее(којзнае какви позадински игри има тука). Супер си кажа, патни трошоци како автобуска карта, па да видиме после избори колку се секташиве од сдс-вмро-дуи, за укинување на привилегии. За адвокатските друштва решение понуди да не испумпуваат милионски хонорари. Па и за рамковниот, ништо скандалозно не кажа, за преспанскиот. Едино оние глупости за признавање на држави ми е проблематично, но ќе му помине. И за данокот, тешко дека нека може некогаш да се случи само олигарсите да плаќаат данок. Но, добро, мора и малку игра, ќе смени нешто кога ќе зависи формирање влада од нив наредни избори. А чим невладиниве пајташи и оние лузери од поранешното раководство врискаат по твитер фашист, се знае дека оди во вистинска насока. Ако треба да бирам меѓу фенси видеото на ДОМ, кои буквално со продавање магла за некаква си позитива се обидуваа да ќарат гласови и Апасиев, "фашистот" , секој пат второво.
За Левица ? За човекот што се фолира на големо хахаха дајте луѓе ... поголемо глупирање од неговово нема, за кој тим игра типот ? За права, нема правда, мир мачка очи на народ и глуми лудило со иладници приговори, замисли печати не ставиле упс мале, правник, еј. и тоа истиот правик од СЈО хмммм затоа ги заборавил печатите ама важно е ѕвезда во подем на ФБ. Се извинувам, професор по право ама ги заборавил печатите, дешава се
Ика Апасиев веројатно по дома, лимонче зема да престане од толку споменување.. Мене ме потсеќа на хрватот Пернар , со некои слични ставови и оној комедијантот Прелетачевич од Србија, сатирична политико персона, просто да се чудиш дали се зеза Апасиев или сериозно ќе се залага за стварите погоре наведени.
ДПМНЕ - антикорупциска влада Мора да се признае дека вака за entertainment арен е, инаку досадно беше
Зошто да не би се залагал озбилно? Човекот 90% што кажа во интервјуто му е на место и има храброст да спомне за проблемот со Албанците. Ама вие се фативте за тоа што искоментирал за Дпмне..
Апасиев променил курс, ма дајте озбилни ли сте? Па Апасиев узурпираше партија што ја создаа и водеа други ликови со сосем други идеи, а курсот на Апасиев секогаш беше ист. Десничар под прикритие. И што напраи уствари Апасиев? Реално, само услуга на СДСМ. Ја напраи десничарска единствената левичарска партија во државата која можеше да прибере гласови од незадоволни левичари. Апасиев и сега и во иднина со ваков наратив ќе лови само гласови од ВМРО, зашто ќе биде партија што ќе го каже све она што ВМРО не смее јавно да го каже. И на десната страна ќе имаме милион мали партии, а на левата за жал, нема избор, ради тоа што Апасиев експертот единствената лева партија ја претвори у нај хард кор десна. Туку мене нешто друго ме загрижува. Како може некој да се пали на она што го зборува Апасиев. Еве ќе го поништел Преспанскиот договор. Ок, нека го поништи ама нека каже што после? Кои му се аспирациите? Зашто ЕУ очигледно не му е. Ќе се врзуваме со Индија или како?
Абе нека продолжи вака “државичкава” ТопЧе ни е!! Не ни треба промена све је супер, еу одиме се ќе се промени со тоа, за 24 часа кога ќе се разбудиш нареден ден Швицарска ќе сме.
Ох бее многу ве погодил па толку негативни мислења да пишувате овде по твитер и партиските медиуми. Во интервјуто јасно се изјасни за Еу е ама против Нато е. Објасни со какви ликови му беше претходно партијата и каква сакале да биде според нив ама незнам дали некоја воопшто го изгледа целото видео.
А една промена со два пратеника од кои за едниот не ни знаеме дали постои пошто не може да дојде до израз од другиов
Јас не ги знам тие хрватски ликови, ама имаше едно време едно такво чоече на Еднооки, едно со коса и џоинт... Беше тоа некој реален лик од тоа време или визија за иднината?
Па многу нормално сега со два ќе видиме нареден пат со колку ќе е, и самиот он кажа дека сега со два пратеника не можат многу да издејствуваат, ама кој слуша е работава, или си ги извртувате работите што ги кажува. Сите други за него се гола вода, се што кажа поткрепено со факти, не сум слушнала до сега да зборува некој како него. Кога ќе излезе политичар и ќе има јасни ставови како него тогаш ќе правиме муабет, за сега се друго е гола вода.
Ми е грев вака ко че лафите нешто што не треба, па и капак на сето ве тераат да измислвуате. Замисли те вработиле и цел живот ќе те влечат за нос. :'(
Ама еве нека каже како во ЕУ ако планира да го поништи Преспанскиот договор? Да не очекува дека од ЕУ после поништувањето на Преспански ќе му постелаат црвен килим пошто е професор по право?!? Или и Грција ќе падне на шармот на неговата титула Проф.д-р па ќе забораи на вето? Боље нек си признае ко што си признал за НАТО, дека е против ЕУ, бар ќе сме начисто. Или џа или бу, трето нема.
ЕУ па ЕУ свесна си дека внатрешно државата ни е дно дна и ЕУ не не прима најмалку уште добри 10 години па и џабе им е и да сменат и име, химна, знаме. ЕУ бара одредени услови за членство услови што Македонија нема да ги исполни со вакво гласачко тело за жал и наредните 10 години.
Ај те молам ислушај одново па ќе правиме муабет, и тоа е објаснето. Ама само делчиња сигурно си слушала, или од партија ти праќаат тука текстови? И за ЕУ нема во наредните 30г да влеземе, не знам што се лажете... промената започнува од самите себе, зошто да ја чекаме еу за да имаме промена во државава? Зошто мора некој од надвор да не средуе? Ние не сме способни? Па една држава од 2м народ ако не можеш да средиш тогаш за жалење сме