A како планирате во Еу само со Преспанскиот договор? Кој и стави последно вето на Мк? Макрон? Ваљда оти новото име -Северна не му е по ќеиф.
Дали уопште вреди да дебатираме не знам, али викаш поткрепено со факти. Па ударните тези на кој што се напали народов прво не му се поткрепени со факти. Ќе не внесел во ЕУ, ама ќе поништел преспански договор. Бил против сепаратизам, ќе отповикал признавање независност на Косово, ама ќе признал независност на Каталонија и Баскија. Ќе укинел извршители, човече божји, ај да речеше ќе намалел трошоци за извршител (што е реално) он ќе укинел извршители и кој ќе извршува? Ќе се враќаме ко у камено време кога идеа по куќи и земаа телевизори, машини? Па што ќе значи тоа за економијата и должничко доверителските односи? Ќе воведел отповикувачки мандат на пратениците, ама да може да ги отповика и претседателот на партијата?!? Ова нешто у стил ко бланко мениците на ВМРО. Таа матрица е и Апасиев, за жал. Али ајде нека се пали народ на ударните ,,издржани,, ставови.
Тој поише на Кили ме потсеќа.. Фотката некни што ја барав е од Апасиев и Сашо Гигов Гиш, застанати ко побратими ама никаде ја нема сега и не ми се копа по нет..може да не значи ништо , но може и индикативна да е , нели вториот ко "асли" вмровец препознат.
Бриџит, ветото на Макрон јасно е дека е ради реформите кои во добар дел не се спроведени. Кога ќе успеат да го департизираат судството, пошто е главна забелешка, може и ќе имаме реално шанси. Реалноста е дека и со спроведени реформи, а без преспански, никогаш нема да влеземе у ЕУ. Ти го знаеш тоа, ја го знам, цела нација го знае, ваљда и Апасиев знае. Епа не ме ј*** ондак дека си за ЕУ ама и за поништување, зашто е контрадикторно едно со друго.
Тотално од контекст му ги вадиш изјавите и пробуваш овде да ги пласираш. Ама верувам поинтересно ти е Заев во интервју со фрази ами ако даде господ и Мицко што не знае кај тера страв му е 2 збора да каже или да има јасен став за нешто. И тоа за Кипар ако приметете убаво на новинарот некој во позадина му го спомна тоа за да му го постави.
Браво бе, ти текна на кој мислам Тој е архетипот, Кили Ама немој сега со фотки и ти. Гиш и тоа Вмро не постојат веќе. Башка сите фотки со Боки имаат, па никој усвари не го познавал, случајно се сликале.
Не видов во твојот пост факти или па аргументи, само прашања кој веќе се одговорени во интервјуто, ти реков погледни ќе најдеш одговор(доколку сакаш) нема што тука секое прашање одново да се одговара. Не си ми дала ниту едно мислење со факти и аргументи па за да добиеш одговор и од мене
За какво црни реформи во судство? Нели ти текнува направија такво нешто со СЈО па знаеме како заврши. Значи организираш Специјално јавно обвинителство за истото да ги прави најголемите криминали. Си за нешто што никогаш нема да влеземе во него браво незнам дали вреди да се продолжи со дискусијата.
Не вадам од контекст, баш ја читав програмата на Левица. И контрадикторна е. Добра е да се пали народ и толку. Еве слободно цитирај што е извадено од контекст. Апасиев му праи услуга на СДСМ моментално, зашто со тој наратив нема да земе ни еден левичарски глас. А левица првично беше лева партија! Гласовите што ги зема сега или ќе ги зема понатаму пак се од десното крило. И тоа е штета зашто, на левата страна нема друга алтернатива освен ес де ес. Ако ова се партиски муабети од партиски ботови, ондак вие очигледно не разбирате што пишувам или читате половично.
Другиве политичари кога се во дебатни емисии на новинариве мед и млеко им тече од устава. Никогаш не сум слушнала да им постават некое прашање како што е реалноста.
Ти си сигурна дека Левица им одземала само гласови на Вмро? Ако е така незнам зошто и Сдсм и Вмро овие избори имаа по 30-40000 гласови помалку. Не памтам колку точно беа ама знам помалку од претходните и тоа и 2те партии. Тоа дека им прави услуга на сдсм изгледа мислење како на тажен вмровец што не успеале да победат на избори со најбедните сдсм.
Незадоволното членство на ес де ес не излезе да гласа, апла јасно е. Фалат гласови, ама не е иста и излезноста. И не излезе, пошто нема избор. Оти Димче ваш ја напраи Левица подесна и од ВМРО. Да видам некој есдеесовец што 12 години тропал против Грујо и сега да излезе да гласа за опција со по хард кор ставови од Грујовата. Не верувам.
Не е само Левица и Интегра собра 10000. И Левица според тебе сега може да се жали заради Интегра не добивме 10000 повеќе. Ти си претпоставуваш дека заради Левица не победиле Вмро. А да бидам искрена според мене со Мицковски добро што ги собрале и тие 300000 гласа некако иако голем дел од тие 300000 се само заради да не биде пак Сдсм ама ок Левица им се криви.
Пу пу, далеку било да победи ВМРО. Тоа ни у најлош сон не посакувам. Незнам зашто погрешно ме разбираш цело време. Збориме за трети опции. Левица беше добра трета опција според мене, се додека Апасиев не ја напраи ултра десна. Доста му е на народот од името не го даваме и Аце е наш партии. Такви има мал милион. Еве онаа на Петар Бунтур партијата, на Солза Грчева, Интегра итн. Сите се по тој калап. Фали трета опција за левичарска партија.
Гледаш, сите имаат различни перцепции. Јас сметам дека на народот му е доста од камшици по грб, понижување, мифкосување, лажење, неесапење дека постои, безочно пљачкосување на очиглед сите, стрепење и тресење дали некоја незадоволна заедница ќе бара кантонизации, федерализации, распад на државата, умрен правен систем, итн, итн.. Народот е папсан од немоќност и угнетеност. Го расчовечија и го направија да се осеќа ко суво говно. И сега уште некој ко тебе ќе бара замерка зошто луѓево бараат светла точка во одредени ликови што на вас не ви се по ќеиф? Па со кое право госпоѓо?
Јас па сметам дека на народот му е доста од лажен национализам само дур се седне во фотеља, а после све се заборава. Зашто докажано е кај нас, еве дваесет години наназад дека разгорување на национализам од една или друга страна е само за да полесно се манипулира гласачкото тело. Штета што уште пали кај народот. Незнам нели увиде овој народот дека секој што седне во фотеља одма заборава на кантонизации, федерализации, платформи и триста чуда. Тоа само у опозиција додека се. И да, во право си, различни перцепции имаме. Не можам јас тебе да те убедам (а реално не ни сакам), имаш избор еве напишав погоре има мал милион партии по твој терк. Еве ќе го видиме и Апасиев, времето е пред нас. Само немој да биде онаа добро познтата, неможам ја овој мандат со 2 пратеника ништо. Освојува 20, неможам со 20 ништо. Освојува 50, не можам не зависи само од нас, коалициониот партнер, Европа ова она. Веч видена прича. Нели и Грујо бараше 2008 апсолутно мнозинство да не зависи од ДУИ и освои на тие избори 63 пратеника (буквално сам можеше да си напраи влада), за да после па си коалицира со Али и си тераа така убаво уште скоро 10 години.
Никако ве нема да ги искоментирате заканите по живот упатени кон Апасиев? Секоја чест што не се плаши јавно да посочи налогодавач. Повеќе онакви луѓе се потребни во политиката, што не потклекнуваат на закани и притисоци. Да ги имавме досега, друго ќе беше.
“Чудно“ нели како ве нема тоа да го коментирате. Инаку Апасиев поддржува членство во ЕУ, впрочем програмата на Левица од извесен странски амбасадор била пофалена како европска програма, за разлика од оние километарските на останатите партии, но Апасиев проценува дека на Македонија и спремаат турско сценарио, т.е. преговори до недоглед се дури не дојде до деетатизација комплетна на државата. Ете ви парафразирав и дел од интервјуто (кое не сте го гледале за поревносно и поубедено во себе да ги спроведувате инструкциите од штаб/невладина напаѓајќи го Апасиев непоткрепено) А каква тоа десница, што видовте десничарско во Левица? За вас и Тито кој водел надворешна политика за каква шо Левица се залага десничар бил....ама вие не го слушате Апасиев шо има да каже, вие се мисинформирате од владините мегафони “што тој кажал“....
Неее, кaкo мoже тaкви сoвремени луѓе, прo еврoпски нaстрoени, уреднo избричени, дa се служaт сo вaкви метoди типични зa еднo другo време и другa држaвa? Вo Севернa вaкви рaбoти не пoстoјaт, грешкa си. Кoлку гo кoштaл Зaев еден прaтеник? Oд 100 дo 500 илјaди еврa? Мaшaлa. Битнo Апaсиев 5000 еврa зa 6 месеци рaбoтa, aпaш.