Мене партија не ми треба да ми формирам мислење за некоја личност. Ме сметаш за глупава која и треба некој од штаб да и каже што да мисли за Димче, Заев или Мицко? Аман бре луѓе, научете се дека ако некој е партиски определен и гласа одредена партија, не значи дека не знае да размислува сам и да има свој став. Никогаш и не сум подржувала ничија политика во целост. Али ај најдобар аргумент ви е ова. Од партија така ми рекле
Ауууууу Ахаххахахахахаххахахахахахаххајахахахаххахахаја Па и ти немаш пријава во институција, само блебеташ по форумов дека клатат врата зимаат плата и твоево ништо не значи само по себе. Пошо вака, за секој можеш што сакаш да кажеш.
Јас кого гласам е мое право. И ти од кај знаеш за кого гласам? Остај Сдсм, сега зборуваме за трета опција. Конкуренција може на Вмро да им бидат, гласови од нив зимат.
Така е. Твое право. Јас не ти се мешам во правото. Не можам да ги оставам СДСМ, затоа што тие се власт со 57 градоначалници. Не можам јас Димче да го расправам цел ден, затоа што тој нема никаква моќ и ден власт позади себе. Им земаат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, или само ВМРО преку Левица го канализира своето гласачко тело да не гласа за други пајтон партии директно финансирани од Зоран Заев?
Вие го коментирате Димче со денови овде. Јас си дадов мислење, мое, сопствено, вие ми рековте дека е креирано од партијата. Еве продожете со воспевањето на Апасиев, шо да ви кажам
Чекај малку преполн бил со фрустрирации? Ти нема ли да си на негово место 30 години исти 2партии те заебават и сега пак да има народ што гласа за нив. Убаво ги нарече соучесници на криминалците е народот што ги гласа. Баш како Апасиев се потребни во политиката бидејки од тие мирните и со навиена кичма како Заев и Мицко се тресат од страв кога зборуваат со странци и пробуваат да им угодат. Друго он во интервјуто најави дека патните трошоци на пратениците според него да бидат на ниво на автобуска карта а не како до сега што имаше ликово како Мара Дизел и другите. Ги спомна и 1500 паразити што се закачени на државата трошок. И не е само ова како што пипав и претходно 90% се му беше баш на место и секој разумен Македонец размислува како него. Ама на вас ви смета...
Закани по живот бе Секој втор збор му е пцовка, плус јавно си објавува ќе ги стрелал сите, па сега кутриот, него му се заканувале Ај важи. Јас не знам кој фактор е, со 2 пратеници и плус постизборно за некој да се замара воопшто со него. Тука на форумов прв пат сфатив дека постојат одредени индивидуи кои го сфаќаат сериозно, инаку мислев дека е Meme само, за фаќање сеир. Инаку ептен уплашен делува како за семеен човек кој добил закана по живот. Мене повеќе ми се изгледа дека некој му рекол да не дрнда многу да не си го добие, нешто од типот, “ма немој да не ти слезам долу“, па хиперболизира сега како што всушност и секогаш прави, за да е топ тема и да изгледа многу битен. Исто како што правеше и со приговорите без печат, колку за да се зборува за него. Плус неисполнета желба му е да е доволно битен да му се заканува некој, очигледно никој не го ферма него, па си шири теории на заговор кој што правел, како правел, со кого се договарал. Болно стварно, жал да ти падни Ама интересно ми е како ве потпалува и навива како детски играчки со глупости. Патните трошоци бе. И да донесат закон да е задолжително со велосипед да одат на работа пратениците, тие пак ќе си најдат начин да си ги пикнат во џеб “патните трошоци“, не се сеќирајте, не остануваат така и нема вас да ви ги дадат. Ако си мислите дека во ЕУ се многу поштени и чисти ко солзичка политичарите, мора да сте баш во заблуда. И не знам што му се запнавте дека некој некого присилува за нешто да коментира. Една Мелитка, која реално не наштетува на никого освен на самата себеси е коментирана на стотици страници, а Апасиев, на кој секоја втора реченица му е навреда кон одредена група на граѓани, дави со нацистички политики и проблематични изјави од типот влада без Албанци, скопски платформи, отповикување на признавањето на Косово, кои ако некој стварно го сфаќаше за озбилно, меѓудругото повикуваат и на внатрешни немири во државата, настрана сите тие анти-НАТО/ЕУ политики што ги води. Е баш него по наредба го коментираат, пошто инаку е месијата тука за кој нема ама баш ништо за критикување. Јас ви се чудам што си мислите дека ќе се случи доколку ете би се прифатиле (иако реално никогаш нема да се случи) барањава негови?
Се огласи уште еден симпатизер на сексапил лејди политиките “Не знам“ кого навил Апасиев ко детски играчки, 10 дена ботови од штабовите на Сдсм и од енџиоата не прекинаа за него да пишат, од тастатура и од уста не го вадат и паничат. Толку не се замарате вие со него шо и ти зеде долгометражен пост да му посветиш. Битно да се коментира, без разлика што блокада имате интервјуто да го погледнете, да ви се разјасни тоа што не ви е јасно. Конечно доби простор некој преку факти и аргументи, поелоквентно отколку што некој од вашите ќе умее да се изрази во животот и кој не е лесно да се ислаши,вистината да ви ја срочи, па не чини, нели? Џгановите што континуирано ја силуваат народната волја купувајќи, уценувајќи пратеници ко законодавниот дом да е најдолната биртија, тие чинат. Тие кои ве држат во страв од етнички конфликт шо го активираат по потреба, кои ве научија на ведната глава и свиткана кичма, тие ви се добрите “антифашисти“. Вау и како со восхит си ги замислувате нивните закани “да не ти слезам долу од високото“... бравос... Се знае кој лае против Апасиев, гласачите на комичарот од Муртино Македонија шо ја омажи. Значи кој све не стана премиер тука, Апасиев во собрание смета. Немам време сега, иначе се враќам покасно низ страните да го читам најновото во глупата владина пропаганда денес.
Мене па воопшто не ми пречи Апасиев. Секогаш е добредојдено секое освежување на политичката сцена. Често се случува таквите маргинални партии спонтано да ојачаат и после некоја година да станат клучни играчи во политиката. Е сега, со моменталната реторика повеќе ме потсеќа на Амди Бајрам отлолку на сериозен политички фактор ама ќе видиме колку ќе напредне наредниве години, или ќе го снема засекогаш од политиката...
Уште Димче го брани Ете му доделија денес два мандати а не 5 како што велеше тој Софистицирана верзија на Амдита Бсј д веј, некој шушнал дека Амди починал па се појави на ТВ дека е жив. Само нога му е ампутирана
Штаб ни знам како изгледа, ни сум била, ни знам што се прави таму, ни планирам да дознаам, ни ме интересира, ни знам за кои ваши зборуваш. Тебе така ако те ако те пуштаат од штаб да спамираш и само тоа ти е познато и незамисливо ти е некој да има свое мислење ненаметнато од штаб е друга работа. Жал ми е за тебе, не знам друго што би ти кажала. И во страв исто никој не ме држи, едноставно не поддржувам дискриминирачки политики. Не ми е јасно само која будала би пуштала ботови после избори, ама ОК, whatever. Патем ти си таа што повикуваш да ти искоментираат нешто, па после се жалиш зошто ти одговориле и ја вртиш темата во насока која нема врска со пишаното туку е само обид за лични навреди, кои патем, жал ми е, не ме погодуваат, не сум партиски бот. Ќе ми одговориш на прашањето можеби? Инаку чисто информативно, за Левица гласав на претходните избори, ете може ќе ти се најде во некој нареден обид за навреда.
поодамна му ја ампутираа... а Димче... обично такви галамџии настапуваат со таква реторика зошто знаат дека нема да бидат некој битен фактор. кога ќе треба да влезат во власт, обично стануваат како пудлички...
Не само пари, туку на ТВ имаше емисија, за тоа колку време треба една тужба да се спреми, со точно време за впишување бројки и текст, како успеа преку ноќ да ги направи сите приговори?! ...или му биле припремани!?!
И од адвокат плус... Или некој длабоко го плаќа за да се кандидатира или пак од неговата партија се перат пари. Да земеш да истражуваш ќе најдеш дупка.
Ма каква трета опција, огин да ги изгори, да не знаеме после у кој штаб децата да ги бараме. Вака шо убаво, едни партизани, други германци, па дезертери, па игри без граници Последното политичко освежување Солза мислам беше, па сега видете колку е свежо
Ау значи последниве поста ви се малку се 30 години нашиот народ си заслужува поштено уште 30 години вакво реметење од 2 партии.
Повеќето немате познавања ни од правен систем, ни од активизам, ни основни поими не знаете... Чудо е како воопшто постои Македонија. Ова не се 'лечи', ова се чека 'да го снема' физички.
Ова не е точно ама добро. Одиме следно кој фактор бил за некој да се замарал со него. Па еве гледаме на твитер го направија фашист, медиумите му ги вадат изјавите од контекст. Поднесоа кривична против него оти во метафора напишал ќе ве стреламе. Значи не пишал дека одредена личност ќе стрелал па да добие кривична ама он доби. И ти самата толкав пост си напишала за него. Друго давел со нацистички политики не туку спомнува реални проблеми што македонските политичари немат храброст да ги спомнат. Заради тој рамковен имаме 25% Албанци паразити во државна администрација. Министер за образование ни е Албанец што се мачи кога зборува Македонски. Албанците на секои избори си бараат повеќе и до сега секојпат добиваа ќе видеме на овие дали пак ќе добијат уште нешто. Следно им е Албански премиер или уште некој нивен во министрите. Никој не гарантира дека Апасиев ако има 60 пратеници ќе остане истиот ама барем знаеме (не сите очигледно) за жал дека овие 2партии се најголемите го*на во собранието и за тоа се доказ последните 30 години со сите нивни пратеници. И за мене тоа е сосема доволна причина а и верувам за секој разумен човек да гласа за 3та партија во случајот Левица.