Ниту се 50%, а ниту и знамето на Македонија е истаканто, туку се орда насилничка која никогаш нема да се научи на соживот бидејќи немаат воља за тоа, вака им е подобро кон остварување на своите цели.
Еве за Нато ама битно спиете навечер мирно дека никој нема да не нападне Може ќе претерам ама јас како гледам на Нато пред 19 години(2001) ти се заканува дека ќе те силува ако не му "дадеш" за после 19 години да смениш име и цело време му се молиш за да те "засака" и иако немаш пари за тебе мора да го финансираш. Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во Доверителниот фонд на НАТО за справување со пандемијата COVID-19, и го задолжи Министерството за финансии, согласно можностите, да издвои финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, за учество во Доверителниот фонд на НАТО, како израз на посветеноста на Владата на Република Северна Македонија да придонесе во заедничките напори на Алијансата за справување со пандемијата COVID-19.
Те плаши меѓународна соработка? И со кој ќе бидеш во алијанса, ако не со НАТО? Да не ќе одиш со 'Неврзаните', ко Тито што се занесуваше?
На игнор си ми ама ете видов дека си ме цитирала. Зошто мораме да бидеме во било каква алијанса? Нас од внатре ни е ситуацијата катастрофа па сега во воеана алијанса до толку како да зависеме од тоа.
Затоа што светот е поврзан и економски, и воено, и демографски и секако. Не можеш да се правиш 'оаза'. Ќе те блокираат сите. Сами, очигледно не сме способни да ја поправиме ситуацијава. Еве.. од 91ва сме осамостоени. Ако не биваше, ќе сменевме нешто до сега.
Па еве, дека Зоќито го смени името, и се живо друго,станавме "национална држава" далеку гураме богами, дури и БЛЕСКАМЕ *Се моли прогресивното граЏанство во Мк да отвори пунктови за донации во НАТО, јер нато ќе не рани-нато ќе не брани!!
Хахахахаха.... Убила ме туЏа срамота кога ве читам тука, кое лице човече... *знаеш ли колку изнесува годишното БДП што треба Македонија да го плаќа?? Пре, пре, пре смешна си, пола те скролаат од што си досадна и партиски определена, и не ти враќаат на коментари веќе, а од сега и јас на игнор те ставам како некои членки, Убав демократски ден
Да те прашам нешто: Ако се спукаат сега да речеме Грција и Турција, двете Нато членки, на чива страна ќе застане Нато? Кого ќе брани а?
Зависи како ќе се 'договорат' со едните, како со другите. Едит: Пошто Босфорот и контролата врз тој дел од Медитеранот, е од огромен стратешки интерес на сите засегнати страни.
Еве зошто па на овие 2% плус еве ќе донираме и за справување со пандемијата иако нашата економија моментално е бедна и владата на секој можен начин пробува да го наполни буџетот за да има за нив. The 2% defence investment guideline In 2006, NATO Defence Ministers agreed to commit a minimum of two per cent of their Gross Domestic Product (GDP) to spending on defence. This guideline principally serves as an indicator of a country's political will to contribute to the Alliance's common defence efforts
Сите земји членки на НАТО одвојуваат одреден процент од своите БДП-а за членство во евроатлантската воена алијанса. Колку изнесуваат тие трошоци по жител и колку се разликува процентот на нивната партиципација во буџетот на НАТО зависи од државата.. Колку што знам јас, ние треба да издвојуваме околу 2% од нашиот БДП(основицата и тоа) ако не е сменето нешто, плус секогаш има други додатни побарувачки(како "донацијава" на пример.. Дали сме финансиски спремни тоа да го издржиме??
За возврат ќе имаш стотици, па и илијадници војници, кои ќе направат барем една тура во Афганистан, и парите кои ќе ги заработат, ќе ги трошат во државава. Пример.
Ако нас не нападне Бугарија да речеме, интересот кај кого ќе им биде? Тие имаат море ние немаме. Плус им се брана со Русиве да речеме. Што би се договориле тогаш со нас, што компромис ни остана? Или ќе речат "Толчи ги гањо, заслужуваат"
И многу од нив ќе умрат за туѓа кауза и цел. Ќе ги фрлат во оган нив и нивните животи против нивна волја и желба. Оди кажи им на фамилиите кои изгубиле син во Авганистан колку им се битни парите. Оди!
Ќе 'преговараат' и со едните, и со другите. Како во 2001ва. Никој не ни е крив, што не сме способни да понудиме нешто асолно на пазарот, па да има со што да преговараме. Добро... имаме доста извори на питка вода. Јас тие би ги користела за преговори.