Никој не умрел. Во Куманово имаш цели населби што се станови купени исклучиво од војници кои биле на тура. Врски фаќаат за да одат. Пола фамилија и пријатели ми се војници.
Не би ја продала водата на странци. Странците сакат да ја купат, и можеш да им продаваш вишок, ако ти остани. А ним ќе им треба... за брзо време.
Звучеше во претходното мислење како цел Бдп да треба да се плаќа. Македонија ионака има низок бдп. Нема да " погине" од 2 %. Ете не знаев дека е толку. Холандија т.е премиерот одби неодамна да дава милијарди помош за земји погодени со корона од сиромашните членки на ЕУ па сега ќе се преговара. Знам дека Нато не е исто. Ама ако има мк некогаш пак внатрешни превирања, не дај боже воени, ќе сакаш да се меша Нато или не? @WaitTillTheEnd , @Ева33
Одат затоа што немаат избор. Немаат финансиски услови овде и мора да го ризикуваат животот свој и да ја ставаат главата во вреќа за туѓа кауза, за некој Американец таму што лежи дома и зема социјална помош да ужива во благодетите на животот, а они да ги собираат трошките. И немаш само ти комшии. Имам и јас што биле. Еден отиде здрав-прав, го вратија во количка. Инвалид. Тие од 2% БДП + сите украдени пари од политичари преку приватизација да се потрошеа на индустријализација во Македонија, луѓето немаа да трчаа да одат во војна.
Точно е тоа, ама ете, многу луѓе го одбираат тој пат. Впрочем, затоа тие се војници, а јас не. Во тие 2% има удел и од парите кои истите тие ќе ги заработат на тура.
Војници се за да ја бранат нивната држава, Македонија против агресорите, а не да ги даваат своите животи во борби кои нас не не засегаат и немаме никаков бенифит од нив, напротив. За тоа даваат заклетва.
Епа тие 2% се околу 300 милиони годишно,што за нас како сиромашна држава е too much. Затоа кај и да е, ќе почне се да поскапува, пак ќе се удри на грбот на народот, за да се има пари да се платат давачките и чланарината. Убаво кажа за Холандија, само што нашиве г'золижачи со свиткани кичми нема никогаш да направат такво нешто. Ние пенкало бакнуваме, не се спротиставуваме..
Ама, кои сме тоа " ние". Еве имавме опозиција, зошто не се бунеа за членство во Нато. Или ќе се бунат само ако не се они тие што не внеле па да се инкасира како успех. 300 милиони се пи.каат на куп непотребни ствари ако гледаш така, теписи по министерства, патни трошоци, луге кои седат дома а земаат плата, пренатискана администрација и уште други работи. Добро, како млади луге не сте членови на некоја организација, силом прилике, еве професионално здружение на пример? И мене не ми се плаќа членарина секаде каде што морам да плаќам, ама баш го земам тоа како нужно, оти аутсајдерски или не можеш да работиш или немаш пристап до сите информации или фондови Карикирав ама не знам како поинаку сликовито да објаснам.
"НИЕ" - државата, Македонија. Не се бунат зошто исти гомна се, двете македонски партии. Кај стигнат кичми виткаат, чекаат наредби и одобренија од странски политичари, немаат свое "Јас".. Затоа сега Левица со само 2 пратеника наеднаш им засмета. Ќе им се наруши комодитетот слободно да си трошат пари на апетисани, аперативи, бивтеци, теписи, лустери, патни...
Како побогу стигнавте до водата? И кому тоа за брзо ќе треба вода, а МК ќе ја има истата? Во тоа сценарио, не е МК пустина? А дали и колку јавни водоводни претпријатија имаат јавно приватно партнерство и странец ја стопанисува водата ама не знаеме? Дојранчани имале референдум, ако загусти ќе ги праша некој баш. Или ако капне солидна провизија под маса
Хипотетичко сценарио беше, ако не нападнела Бугарија, со што би преговарале со НАТО. Кои 'карти' ги имаме. Кадар немаме, некоја јака индустрија немаме, стап имаме и вода дал Господ. И тоа, под услов од мене да зависи.
Здраво Можеби ова не за овде но ве молам за помош да одвоите 1 минута и да гласате за укинување на карантионот за нас македонците во Швајцарија Само име и презиме и валиден емаил пополнувате го отварате емаилото и потврдувате го гласот ве молам https://aktionmayday.ch/qpetition/
Нема ни еден починат колку што знам. Тоа е и можност во таа професија. Ако не сакаш да ризикуваш да загинеш во воен конфликт, не работи како војник.
Затоа што немало војници досега иако има мртви, само ќе те потсетам на Кумановци те што им ја сечеа главата. Сигурно се сеќаваш. Од сега натаму ќе бидат војници директно изложени на оган. Во Америка на секој чекор гледаш сакати ветерани бездомници од војната.