Имало наводно дадени пари на фирми погодени од ковид, за да исплатат плати и да не отпуштаат. Тоа е ама една голема папазјанија, да не речам срамота. Па објавија фирми на столбот на срамот. А за срам се мерките те помошта уствари.
Да, владата им дала финансиска помош на фирмите да исплатат плати на работниците, но голем дел од нив или помала плата им дале, или воопшто не им исплатиле, Еве линк да видиш ако те интересира кој фирми не исплатиле https://mia.mk/vladata-ob-avi-spisok-na-firmi-koi-zele-drzhavna-pomosh-a-ne-isplatile-plati/
Еден имаше пишано на фб, откако ги објавија списоците на фирмите, Министертството за здравство информираше дека имале јавување од газдите на фирмите поради болки во половиот орган
Нека е честита 117 год. од Крушевска Република, позната како илинденско востание. Никогаш прерано... Никогаш предоцна... Борбата за Македонија никогаш не запира ! Честит Илинден Македонци !
Крушевската република била производ на Илинденското востание. Не е исто Крушевска република и Илинденско востание. Како можи република и востание да е исто?
Ништо не знам, кулирај си бе мацо, не го тупи денов македонски, национален. Испи си кафенце, гушни се детенце, води љубов со сопругот... Чил малку, удав стана на сите теми.
Ко за наставник, не знаеш баш многу. Немој на учениците да им велиш дека е исто востание и република.
Од црното море преку Родопите па се до Крушево и охридско било распространето ова востание, ама нигде тоа во учебниците на СФРЈ не го пишува....
Зошто тука се честита празник? Историја и политика, различни науки, уште не ги разликувате некои? П.С. До каде е формирањето на влада? Кој, со кого, како и кога?
+18 ДДВ Чудо како оваа мерка за доброто на граѓаните не ја објавија пред избори, туку веднаш после избори?
A што има врска било која партија со одлука од Регулаторна Комисија ? Таа е независно регулаторно тело.
Во рсм се е партиско. Партиско судство, партиска администрација и партиски регулаторни тела. Да не се лажеме.
Баш ми е гајле дали го имало у Сфрј, битно во македонските стоело и ќе стои. И ние не сме учеле за косовска битка ако така гледаме.