читам по вестите талат џафери излегува од инфективна и ќе водел конститутивна седница на парламентот... ако стварно така, тогаш можеби не ни бил болен, само трик за јавноста. ако бил болен, може да биде заразен па не смее да има контакти.
не знам, само прочитав бил хоспитализиран и пуштен. од што како непознато ми е. можеби не било корона. а можеби било, таму само за тоа лечат претежно и за тоа е болницата. можеби го излечиле со најмодерни лекови кои не се достапни за секој?! (ова од американците, нивен пион е) а можеби не ни бил болен туку само реклама, не е првпат политичари да ЛАЖАТ. седницата е закажана за утре.
Има период до кога се заразни пациентите. Ако има поминато тој период, тогаш не е опасно. Башка, на говорница е горе скроз, сам. Доволно ќе биде, што е далеку од сите други во салата.
За некое чудо постојат и други болештини освен корона, имал воспаление на бели дробови. Тестот на корона му е негативен така да нема трикови и теории на заговор.
не ми се верува ако бил заразен со корона одма да е здрав по пуштање од болница... во болница е за попроблематични компликации... а па после мора негативни тестови. за кој било друг, уште 2-3 недели домашна изолација...
е па ако не била корона, зошто бил на инфективна? за други работи, па и пневмонија, има и други болници. вака испаѓа само заради тоа што е тоа тој, зафаќал место наместо некој со корона на кој би му било таму местото... исто, ако имаш врски, ќе те лечат, ако не, кој како со среќата... за ова ли ги плаќаме?
Епа и да е сеуште заразен, како што реков, ќе биде далеку од сите во салата. Тие сакаат да отворат школи, со училници од по 20 квадрати, не па онолкава сала, со таван висок колку 3 спрата.
како за сите, така и за него... нека нема ширење во јавноста, ако е корона и ако навистина бил болен. а иначе, седницата ќе била на покривот под стакленикот, не внатре.
На Талат последните тестови за корона му биле негативни. Беше задржан во болница оти имал пневмонија. Така пишуваше на портали.
политичарите лажат за да шират фама за себе и така шират култ на личноста предизвикувајќи сочувство од народот, за да ги обожуваат. исто заев кога фати фотеља, умислуваше дека му спремале атентат... глупости...
Лжел Таљо, бутур не му било. Не сакал да оди во Крушево. Оваа година свиркачите им приредиле "најсочни" поздрави и благослови на северните. Рада позеленета била целата... од благосилање. Ни премиер, ни претседател на собрание, како вашар ни стана најголемиот национален празник. Цела илинденска атмосфера на Мечкин Камен била една голема мачна мизерија.
Нај тешко е да си владин бот деновиве, не знаеш што побрзо да браниш. Дал рушењето на Универзална, дал премиер Албанец па за крај и поскапувањето на струјата. Штабски потрчко и лоботим за струјата ќе каже: " Супер што нашиве ја поскапеа струјава само 7.4%. Тоа секако мораше да се направи, да беше ВМРО, 100% ќе поскапеа" Че си лежите.....На свети никад...
Se imavme dogovoreno za vlada, no pregovorite propadnaa koga ne ni dozvolija trotinetite da gi vnesime vnatre Ajdeeee
Да, де.. Таљат денес "за чудо" се чувствувал ТОП!!!... да ја води седницата...а завчера? Мечкин камен ли му лежеше на срце???!!!