^^ Не е реда ради кажување. Девојката си го кажува своето мислење. Можеби мислеше на ... на пр. Сокол Митревски (мислам така му беше името), градоначалникот на Ѓорче, а такви како него има, нели? едит - кој и да е модератор, бидејќи на форумов веќе не се знае кој пие, а кој плаќа, слободно нека ми го избрише мислењето, онака од ќеиф.
Бидејќи новинарот Младенов го нема, најмалку што можете да направите за слободно новинарство е да купувате весници. Сетете се на вашите родители кои со кафе, листаа секој ден по -два-три весника, и беа информирани. Се додека не купувате весници и дозволуваме медиумите да живеат само од реклами, во нив ќе се рекламираат (или нема да се рекламираат оние што не смеат зашто ако рекламираат, доаѓа УЈП - пример К-15 кој одвај преживува) само моќници што ќе диктираат што се пишува. А знаеме дека денес се моќни само фирмите блиски до власта, додека другите се соочуваат со казни за се и сешто. Така ќе имате и повеќе информации и нема мн на женски форум да бистриме политика вака било, онака било. Лошо е. И тоа многу. Зарем не е срамно Латас (на кого Никола му полнеше гледаност кога имаше некогаш дебатни емисии на ТВ), Јади г..на, Миленко (све самонаречени големи новинари) да не се поклонат на Никола? Зарем не е срамно ниту еден од власта да нема на комеморација? Затоа, ако сакате во иднина да читате добри текстови, ако сакате слободна мисла во Македонија, КУПУВАЈТЕ ВЕСНИЦИ. Ке излезат нови, ќе можат да опстанат од вас, читателите. Купував Фокус, и ке продолжам да купувам. Нека ти е вечна слава, новинару Никола Младенов.
Јас цело време се чудам зошто В.Тодоровиќ континуирано го уништува зеленилото и гради катни гаражи во центар, ете што била причината: „Менаџментот на компанијата Тинекс потврди дека ќе се отвора нов маркет во новата катна гаража што во наредниот период треба да се пушти во употреба кај скопската улица Даме Груев спроти Беко.“ Затоа, жители од Центар, добро размилете за кого ќе гласате на 07.04!
Не знам баш дали мислењево е за тука. Ама со ова, озбилни се? Не се зафркаваат? Каде ќе го стават бе? На сред коњот? Со сета должна почит, ама не е доволен музејот на Мајка Тереза. Па ова преостана? Мислам стварно... на плоштад фали само уште Дедо Мраз.
Внимавајте што зборувате и пишувате затоа што... Спојлер Актуелен е вториот круг од изборите викендов. Македонија станува црвено-жолта како што и е знамето. Македонија ќе биде под доминација и контрола на ВМРО после овој викенд. Јас како дечко кој мора да држи објективност за да ја кажува вистината, а не да прави спинови за поединци и партии , морам да кажам дека ако толку не ни чини оваа влада, зашто не ја смениме. Сите гледам нешто се жалат, кукаат и на изборите пак вмро си тепа. Се жалите за споменици, а сите се фалиме и гордееме со нив кога некој од странство ќе ни дојде. Па никако не му се угодува на Македонецот, мрчатор по природа. Хаха примеров што ми текна ми е многу смешен заради метафората. Кога една фризерка успеа да истриже овци и да им собере 800 000 евра волна продавајќи им ветер и магла, што повеќе да се каже? Сами сме си криви заради алчноста и лакомоста, па тие што и дале пари да земеш да ги истресеш од земја, посебна таа “овца“ од Охрид што дала 100 000 евра онака како на шала ццц и после добил назад 40 000 евра, а со 60 000 се збогувал. Значи не е поентата само државата да ја обвинуваш и да ја плукаш, прво чукни си ја главата од ѕид, ќе те заболи малку, ама белким ќе те натера да мислиш. Тие што си го дале газот под кирија на двете партии, исто не се за жалење. Го сакаат лесниот и брзиот начин на заработка преку партија, сега нека робуваат и нека се под уцени, притисоци, заплашувања. Wе all want the easy way out, I know that bitches. Ама не одат така работите, мора многу мака, труд, крв и пот. Кај мене сите дома се вработени во приватни форми, каде што партиите ама никаква врска немаат, се бара капацитет и знаење и ако не го покажеш тоа, не те спасува ни вмро ни сдсм, е тоа е тоа што мене ми се допаѓа, го обожавам тој пазар на натпреварување со знаење кој те мотивира да учиш и напредуваш и да негуваш вистински квалитет, а не да се буташ по штабови со секакви луѓе, да изиграваш митингаш и протестант и да јадеш пендрек. Ако ви е мала платата, напредувајте, изборете се за повеќе, доусовршете се ако треба, тркнете до странство, затоа што квалитетот секогаш испливува на површина, тоа е моето мото кое ми дава сила. Со работа како продавач/ка во маркет/продавница не можете да очекувате да земате 300 евра плата, ама како инженер/програмер/странски преведувач и толкувач итн. плати над 500 евра се достижни и секојдневие. Нема што тие што се сјебале во младоста и не завршиле факултет или не испекле добар занает, секоја влада да ја критикуваат, затоа што денес е Никола, утре ќе биде друг, пак ли тој друг ќе им биде крив. Не бе пријатели/пријателки вие сте си криви што сте дозволиле така да биде, запрашајте се реално што имате да понудите на пазарот за да бидете платени високо како што сакате. И не бидете ограничени само на Македонија, светот е многу поголем од овие 25 713 километри квадратни. Сево ова го зборам за новиот капиталистички систем каде што тие што ги бива успеваат, а другите биваат прегазувани, а за вработувањата преку партии каде што секој простак и глупак доаѓа до пари и работа, тоа е посебна прича, не ја ни начнав, ниту планирам. Од друга страна ако вмро не чини, знаеме дека ни сдсм не се светци и ден денес пак прават глупости и штети против својата земја како негласањето на приговорите во Кичево да се оди во втор круг и да се исправи неправдата. Сите што се за сдсм не мора да значи дека се за Бранко, ама по default така испаѓа и затоа оваа власт упорно си тепа и ќе си тепа на избори, се дури пензионерот од опозицијата не го сменат таму внатре од партијата, ама никој нема храброст. Додека тоа не се случи, ќутете и трпете затоа што подобра опција нема свесни сте за тоа и го негирате свесно тие што се противат хехе. Бранко е стар више, начука 50 год., помина неговото време, имаше многу прилики и време да направи нешто, а освен за неговите најблиски соработници и олигарси, не направи многу за државата... тишина таму! Вмро какво такво, гради споменици, пере пари како што многу викаат, купува нови возила на амбуланти и полиција, реновира улици, гради болници, школи, спортски сали и терени, дава стипендии на студентите, зголемува пензии на пензионерите, субвенционира земјоделци, мотивира луѓе за сопствен бизнис со 3000 евра итн. итн. итн. тоа е секако подобро отколку ништо!!! Работите се движат, има динамика, сакале да признаете или не, ја нема таа меланхолија, статичност и сивило како порано. Па ако сакате да се вратиме во 90-тите години, слободно повелете... Не сум гласноговорник на ниедна политичка партија, ама ете како размислува млад дечко како мене, со неиспран мозак и непокорлив на ниедна политичка опција. Ајде доволно е политика и демагогија, има премногу да се каже за оваа прекрасна и чудесна земја Македонија, повеќе во наредна прилика...
КОЛКУ ТЕЖАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – ЕВЕ КОИ СЕ НАЈБОГАТИ И ОД КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ Анализирајќи ги податоците од анкетните листови, објавени на сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата, новинската агенција „Нетпрес“, ја објави листата на ТОП-најбогати градоначалници. На неа има и изненадувања. За многумина за кои јавноста обвинуваше дека се енормно богати или ги нема или се подолу на листата. Еве ја анализата на „Нетпрес“. На прво место, или најбогат е градончалникот на Центар Жупа, Мазлум Хасан. Хасан поседува куќа со двор од 600 метри квадратни во Венеција, Италија вредна 60 милиони денари. Во Венеција има уште една куќа од 32 милиони денари, има куќа во село Коџаџик од 1.600 метри квадратни вредна 30 милиони денари. Има и три автомобили, “мерцедес“, “ауди“ и “лада нива“ со вкупна вредност од околу 11 милиони денари и еден автомобил на неговата сопруга “бмв х-5“ вреден 3,3 милиони денари. Има и семејните бизниси во Венеција. Фирмата која е на име на неговите деца “Стар Хаус“ е проценета на 733 милиони денари. Во анкетниот лист стои и фирмата на неговиот брат “Стар Системи“ вредна 61 милиони денари, фирмата на неговата сопруга “Стар Хаус – Имобиларе“ е со исто толкава вредност. Хасан поседува уште две фирми во Скопје со проценета вреднос од 12 и 15 милиони денари“, анализира Нетпрес. На второ место е градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски. Неговото богатство се проценува на над 300 милиони денари. Алексовски во Крива Паланка живее во дом вреден нешто повеќе од 15 милиони денари, се релаксира во куќата во Гиновци вредна 5,5 милиони денари, а станот што го поседува во Скопје му вреди 7,3 милиони денари. Градоначалникот на Крива Паланка, според анкетниот лист, има четири девизни штедни книшки на кои има вкупна заштеда од 146 илјади евра, една денарска заштеда од 432 илјади денари. Неговите две деца имаат штедни влогови од по 25 илјади евра. Највреден имот на Алексовски е неговиот шпедиторски бизнис проценет на вкупна вредност од 30 милиони денари, а фирмата на неговата сопруга вреди шест милиони денари“ , Нетпрес. На трето место е градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ кој располага со богатство од близу 200 милиони денари. Од податоците на анкетниот лист може да се пресмета дека Тодоровиќ располага со богатство од 199 милиони денари, но сепак оваа бројка е далеку од реалната бидеајќи вредноста на фирмата “Тинекс“ и фирмата ќерка “Антера“ е непроценета. Тодоровиќ поседува две куќи, во Скопје и Охрид, вредни 90 милиони денари. Стан од 50 метри квадратни во Скопје вреден три милиони денари. За две куќи не е наведена вредноста. Тодоровиќ има заштеда од половина милион евра орочени во НЛБ Тутунска банка, за кои на секои три месеци добива камата од 8.000 евра“ , објавува Нетпрес Зад Тодоровиќ се најде градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски со имот вреден 177 милиони денари, потоа следи градоначалникот на Бутел со 163 милиони денари. На петто место е градоначалниот на општина Бутел, Петре Латиновски со богатство проценето на 163 милиони Меѓу највредните имоти на Латиновски се бензинска пумпа вредна милион евра, земјоделско земјиште со истата вредност и магацински простор вреден 300 илјади евра. Втората петорка до 10-те најбогати градоначалници ја сочинуваат Енвер Пајазити од општина Брвеница (134 милиони денари), Јован Ѓорѓиоски од општина Сопиште (58 милиони денари), Трајче Димитров, градоначалник на Демир Капија (52 милиони денари) и на самиот крај градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев (46 милиони денари). Нет прес
Не ти ја сфаќам поентата на прашањето! Јас не го спомнав ниту Заев, ниту никој, ниту пак реков дека е добро или лошо што него го избраа...Зборам генерално, а еве ако веќе споменуваме, на Ѓорче градоначалникот што им направи? Имам братучедка таму што живее и често сум кај неа, гледам, освен паркот ништо друго. СП е на скопски пазар, кружниот тек го направи Град Скопје, значи? И читај убаво пред да кажеш нешто.
Реков нема да пишувам повеќе за време на избориве, ама многу се изнервирав деновиве, па морам да пишам! Пред вториов круг на избориве, се избацуваат ЈП „Паркинзи“ на општина Центар со нова идеја: од сега жителите на општина Центар бесплатно можат да паркираат во центар и + можат да пријават за бесплатен паркинг уште ТРИ возила на членовите на својата фамилија кои не живеат во центар. Мојот коментар е следен: Прво незаконски ги присвоија паркинзите пред зградите во кои живееме и почнаа да ни наплаќаат за да се паркираме пред зграда. А,сега демек прават добро дело со тоа што ни даваат бесплатен паркинг пред зградите во кои живееме?!?! И треба да паѓаме во бесвест од среќа??? Никој од нив воопшто не размислува што стварно ќе се случи ако сите станари дозволат на + три коли да се паркираат-општ хаос ќе настане. Па, досега кога и ние станарите си плаќавме за паркинг никогаш немаше слободно паркинг место, а тек од сега +3 коли еј!!! Алооо...во центар не живеат луѓе без IQ, во центар не проаѓаат вакви селски финти, премногу е популистичка меркава !!! Меркава е добра за тие што не се жители на центар-ќе си добијат неограничен бесплатен паркинг во центарот на градот. А,ние од центар секојдневно ќе си ја чукаме главата каде да парkираме! Инаку, секоја чест за власта што конечно изградија сала за физичко во училиштето Гоце Делчев (бившо Ленин) во Центар! Браво!
Конечно македонче она со волна на себе која му ја стриже вмро ... си ги покажа вистинските "патриотски" чувства.
Изгледајте го видеово до крај. http://www.youtube.com/watch?v=EG2BsGDA ... ture=share Жално, но вистинито. Ама верувам дека ќе им се удри кога тогаш од глава ваквото однесување и ваквиот начин на добивање на изборите.
Жално, навистина жално отиде во неповрат државата. Сега слободно може "млеко да" пиеме од фонтаните во Скопје и ние и нашите внуци. Нека ни е на здравје бричење !!
Јас повеќе никогаш во мојот живот нема да излезам да гласам. Ако излезам да не се помрднам од местово. Наздравје пијаница градоначалник во Велес
"Кичот е естетски идеал на сите политичари и сите политички партии и движења. Во општеството во кое едно покрај друго постојат разни политчки движења, чии влијанија меѓусебно си пречат или се ограничуваат, како така се уште можеме да ја избегнеме инквизицијата на кичот, поединецот може да ја зачува својата посебност,а уметникот да создаде неочекувани творби. Меѓутоа,таму каде што едно единствено политичко движење ја има сета моќ ќе се најдеме во царството на тоталниот кич" - Кундера
Ахх Кумановци а таман помислив дека прогледавте и дека конечно нема да го гледаме дотичниов и актуелен градоначалник кој што ни една реченица незнае да сврзе. За 8 години ни направи еден кеј и ги смени плочките на плоштадот. Да, најголема општина сме а немаме напредок во ништо, си го заслужуваме овој кој што го изгласавте и малку ни е, треба уште полошо за нас.
Бев наивна што всушност помислив дека би можеле да се нарушат калкулациите уште првиот ден после првиот круг од изборите на одредени личности. Ама тој глас,тој кутар глас на кој не можам да му судам, се продаде за 500 денари и еден сендвич. Ее, до каде отидовме... до работ на егзистенцијата. Исто како кучињата- кој ќе ти фрли коска, по тој трча. Жално.
Штета за Куманово, навистина штета, градот пропаднат, скршени семафори седат ненаправени со месеци, ѓубре насекаде, а за автобуската да не зборам , како можеа да изберат човек кој за 8 години една автобуска не можеше да им направи.
Многу рано почна да слави дотичниот, ама затиши некако. Се надевам дека во последен момент ќе се сменат резултатите. Неверојатно колку само брзо се бројат за разлика од вториот кога до 01:00h не се знаеше дали е "МРТВА ТРКА"
Како да се смени?! Нема да се смени, тоа е. Изминативе 2 недели мислиш они дека спиеја и чекаа на демократски начин да победат?! Лично знам какви притисоци се правеле, само ај да не зборувам сега, џабе само ќе се нервирам. И не, не гласав за партија, јебе ми се за партиите, гласав за ЧОВЕК со големо Ч.
Да готово е. Ни се е*а мамичето следниве четири години. И сакаат младиве да останат тука. Како бе? Коа пијаници се градоначални, на ракија ќе смрди градов 4 години.
Туку што се случува со Центар??? Таму најспоро ги обработуваат гласовите, само 15%. Од таму најбавно патуваат кутиите до ДИК Ако случајно победи Жерновски(а бил во предност), јас типувам дека ќе има и трет круг во Центар, зошто нели мора да победи Тодоровиќ И ќе заборавев, во Могила(едно од највмровските места во државава) победил независен кандидат. Џабе заканите што Грујо јавно ги кажа пред некој ден во Могила Изгледа имаа контраефект.