Овој Нефи Усеини од ДУИ кој и да е кривично да одговара за тоа што се заканувал со пиштол. Кој од која сака партија за вакво дело треба да се казни. Утре недај боже полошо да направи ако не се санкционира. За вакви силеџии кривичба, Не што сакаат да прават. Закон да има.Под хитно.
Па закон овде нема за таквите како нив, само за оној што не може да се брани и ги обвинуваат за ситници. За ваквите, воопшто нема. Затоа и не верувам во никој од нив.
А Заев онака заборави вчера да каже дека ќе има заменик премиер Албанец со право на вето, A!? Нема ротирачки премиер, него двајца премиери. * Разумен компромис си е разумен компромис. **Дали е уставно ова!?! Поупатените нека кажат!! https://infomax.mk/wp/ова-се-деталите-еве-како-ќе-изгледа-нов/ *** Или, во превод. - Ко ќе сака Зоќи да прдне, ќе треба да го праша Кадри дали може. А, откако ќе му дозволи, Зоќи ќе треба да праша и за интензитет на прдење.
Јасно е дека ДУИ всушност не доби многу? Би рекла ништо. МНР, Финансии и МИОА. МВР, Здравство, Образование, Правда, Транспорт и врски, Социјала, Локална самоуправа, Одбрана и Премиер одат кај Сдсм. Она со 100 дена пред избори, ко мајтап играње е, еве ви даваме да не плачете. Инаку, Царовска е на право место. Исто и Димитров во Евроинтеграции. Ама Правда и Бочварски, сериозно? А и зошто Љупчо е на ваква измислена функција?
За нештата да станат појасни!! Ахмети веќе излезе и кажа дека со Заев се договорени и законски измени со цел да се воведе заменик премиер албанец, со цел секоја одлука да се носи консензуално ,сега веќе сигурно може да се каже дека СДС и Заев имаат договорено федерализција по примерот на Босна и Херцеговина. Федерацијата Босна и Херцеговина функционира така со трите ентитети кои имаат право на вето врз одлуките. Договорено е со 61 пратеник или со закон да менуваат устав што се носи со 80 пратеници. Слично како со законот за двојазичност што беше. Па оди ти врати го тоа на уставен суд кој е продолжена рака на северџаниве. Заев за да си го задоволи клептоманскиот нагон и егото и да биде Премиер, ја даде цела држава. УРИМЕ нека ни е Македонци!
Тоа не му требало на Заев да биде премиерското место односно да мора да биде со двоен потпис. Баш па Груби не е баш за таква позиција Нека биде само на политички ресор без вицепремиер.. Другите министрерства се ок освен и Финансии можел да го задржи. Никако Албанец на чело на Б.Ј.Б.И можел од Сдсм да стават фунционер за Финансии. Таму се парите и од таму се одобровуваат средсства за вработување , јавен буџет и сл.
За финансии нема потреба да пишуваме дека е едно од најбитните министерства. Љупчо е на таква измислена позиција оти ја плаќа цената Заев да остане премиер. Уште повеќе, СДС ја плаќа цената на надежите за многу албански гласови. Не само што БЕСА и Зекири потпретседателот не донесоа барем приближно колку што очекуваа, туку донесоа многу помалку. И сега наместо Заев да настапи на следните избори со јас го пратив Али во опозиција му даде и премиер(100 дена, 100). Дури и на локални ќе звучеше моќно, го пратив ДУИ во опозиција. Изгледа дека тактиката на ДУИ беше барај премногу за уствари да го добиеш тоа што го сакаш. Уште ако е точно дека заменик премиер има право на вето, буквално се што побарале ДУИ добиле. Освен премиерот, нели треба ветувања и пред наредните избори? За другите, ќе видиме дали ќе има кратење администрација или реформа шо и да најавуваа. Дали во време на министер од ДУИ ќе бркаат, главно вмровци Да видиме дали на министерот од БЕСА пред избори ќе му текне да не исплати субвенции На СДС му остана МВР и транспорт од кај шо може да крадат. И им ги оставија оние ресори во кои ќе има премногу работа периодов образование, здравство и правда.
Да ептен супер е се дури и малку им дале. Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министертвото за информатичко општество, рече Али Ахмети.
Па кои ресори, освен ако здравство, правда и образование не се најбитни, што секогаш ги даваа, а демек небитни, а всушност најбитни? Финансии е трампата за Премиер, и е ок што не отидоа и други битни ресори. Она заменик Премиер, па Прв Вицепремиер ми е перење на Албанците пред нивните гласачи. Ништо друго. Ако ја следете целокупната политичка ситуација и како функционира една Влада, јасно ви е дека некои места и поими се измислени за во јавност. Нема Премиер албанец, а освен Министер за финансии, ДУИ не зеде ништо што веќе го немал во минатото.
Го зеде МНР, Османи ќе седи со Борисов и Захариева и ќе преговара за историја. Не дека од "македонците" Заев и Димитров видовме некој ќар. Парите се у финансии, можностите за подмачување пред избори со субвенции се у земјоделие. Врзани им се рацете. Сдс нема ќар од правда, образование и здравство оти ќе треба да работат. Баш тоа е, перење пред албанските гласачи, Црпко треба да се праша сам, а и советниците собрани од ниви кој тоа о советуваше дс оди во коалиција со БЕСА и да се надева на многу албански гласови преку Зекири. И сеа наместо дуи опозиција, излезе дуи да има со што да се "пере" пред гласачите и дополнително да зајакнува. Еве дибивме 100 дена гласајте за нас да добиеме 4 години и на наредни предвремени ете ти 2 години премиер албанец
Минкстер за економија па и животна средина не се битни леле. Нема Премиер Албанец? Грешка си на Груби по ќе му се слуша зборот и повеќе моќ ќе има отколку Премиерот.
Дечки, се гледаме во Влада Туку, ок е, секој со свое мислење, али нека фатат нека работат. Имало работа во образованието и здравство. Епа има, затоа се таму. А ако почнат пристапни преговори со ЕУ, мало сутра што ќе крадат. Тетка Меркел ко ќе им даде да ги крадат фондовите. Али ок, ќе видеме шо ќе биде нели. Ехе цел мандат имаат.
Да да, не добија многу. Федерација, двојазичност, двојазични униформи на полиција, веројатно и двојазични банкноти, МНР, УЈП и ред други работи јавно што ги знаеме, али колку само законски и подзаконски работи се договорени што не ги знаеме, а ќе се протнат нечујно и “кога ќе им дојде времето“. МНР и УЈП се едни од најважните министерства во државата. Плус, допрва ќе гледаме кои државни фирми ќе ги лапнат Албанците и ДУИ. Во превод ќе има масовно вработување Албанци, а, од друга страна, масовно иселување на Македонците. Затоа и Заев беше ко посран на пресконференција. Значи, подобро не пишувај и не се брукај. Мој совет. Седи си во администрација, никој не те чепка, али не иритирај здрав и разумен народ.
Ние ќе го пуниме буџетот, а они ќе го трошат. На здравје. Ова ќе биде пример како би функционирала федерација.
Зошто вакви плитки размислувања? Дали сдс( и нивните гласачи) треба да се горди што не "попуштија" за премиер албанец?! Треба да славами сега?! Успеавме! Дуи не добија албанец премиер не затоа што Зоќи ги надмудрил, туку дека следни се: 1. Промена на химна - (Албанизација на химната) 2. Промена на државен грб - (Албански симбол на новиот грб) * На децата ќе им кажувам дека имаше Македонска држава.... (додека сдс не дојде на власт)
@JuLleE уште не седнат на фотеља има судир на интереси. Викаш ќе работи министерон за правда подеднакво исто за сите граѓани на РМ!? Tаткото на Бојан Маричиќ,Момир Маричиќ е виш јавен обвинител. Бојан Маричиќ е иден министер за правда. Треба да си даде оставка некој пошто има судир на интереси.( ќе се кладиме дека го познава син му само од ТВ) Република Македонија ги почитува законите со чесните кадри на сдс и дуи.