Епа за кого гласаше де, за Мицко??? Штом знаеш да нафрлаш кој за кого гласал, тогаш очекувај дека и ќе ти се враќа со иста мера Чекај, може ќе испадне добро се. Освен ако не си Баба Ванѓа па однапред да знаеш
Шо е битно за кого и дали гласав, Зоќи не го гласав... Со каква мера маци? Колку треба да е човек заблуден да го гласа Заев? Еј Заев бе.. Кој сака нека формира влада, ама Заев да го браниш и гласаш... мислам....
Јас гласав де за Зоќе... и не само што гласав, туку и агитирав по познати, пријатели, непријатели... И не толку што го сакам него, туку толку не ги сакам вмро што додека сум жив ќе гласам и ќе се борам да не стапнат на власт... таква беда како нив никогаш да не се врати на власт...
Трагичното е, не само што го гласаат, него се како расипани плочи, сите истото го зборуваат. Не можеш од некој што гласал за вакви створења да бараш објаснување. Немаат тие такво чувство за припадност.
Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: „Во Северна Македонија се случува разградување на парламентарниот систем во кој секој глас вреди еднакво, во една етничка пропорционално-консензуална демократија, во која повеќе не е најважно што ќе биде кажано, туку кој го кажува тоа и какво етничко потекло има оној што зборува. Тоа во принцип и не е нешто фундаментално ново за Северна Македонија, но во меѓувреме станува се’ поиздиференцирано и достигнува нови врвови“, пишува дописникот на Франкфуртер алгемајне цајтунг за Балканот. ФАЦ ја опишува позадината на актуелните случувања, потсетувајќи дека исходот од јулските избори довел до очекуваниот резултат: нов мандат за Зоран Заев на чело на владата. Но, потсетува и на традицијата од 1990-те години во секоја влада да влегува и партија која го претставува албанското малцинство во земјата. По конфликтот од 2001 и постигнувањето на Рамковниот договор, речиси непрекинато во власта е ДУИ раководена од Али Ахмети. „Поддржувачите на Охридскиот договор велат дека тој ја спасил државата од крвав меѓуетнички конфликт. Скептиците тврдат дека тој е образец за мултиетнички грабеж на државата, затоа што етничката припадност (и партиска книшка) секогаш имаат предност пред перформансите и квалификациите: По секои избори содветниот победник во словенско-македонскиот кампус се договара со партија на Ахмети за заедничко заробување на институциите. Има и други последици на Охридскиот договор: Поради тоа што повеќе партии се борат за гласовите на албанското малцинство, тие секогаш се натпреваруваат кој ќе излезе со поголеми барања за нови права на етничките заедници. На тој начин сакаат да покажат дека можат повеќе да добијат за својата клиентела од внатреалбанската конкуренција. Во последната кампања, Ахмети го постави како централен услов барањето дека неговата партија ќе влезе во коалиција само доколку Албанец биде премиер. Дури и за Заев, кој посилно се заложи за албанската етничка заедница од кој било премиер пред него, тоа беше премногу. Но, му беа потребни гласовите на партијата на Ахмети“, пишува ФАЦ. Договорот кој го постигнаа Заев и Ахмети за премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот на владата, според авторот на ФАЦ, е експеримент. „Очигледно Ахмети се задоволи со симболичен успех“, пишува весникот и заклучува: „Договорот е сепак пресврт. Поделбата на власта меѓу словенските Македонци и Албанците достигнува едно ново ниво. Според Ахмети, тоа е придобивка за стабилизација на земјата“. „Во меѓувреме, моделот на поделба на власта во Северна Македонија некои ги потсети на Либан - и се надеваат дека успехот нема да биде ист како и таму“, заклучува ФАЦ. https://www.dw.com/mk/фац-експеримент-на-заев-и-ахмети-со-новата-влада/a-54633795
Само да се надоврзам ништо лично Јас апстенирав од гласање , последен пат гласав во 2016 год. На овие избори победи дуи , изгубија сдсм и вмро бидејќи 500000 Македонци не излегоа да гласаат за овие мизерии (општо за двајцата) овие се дно дна , да гласам за овие ми е навредување на сопствената интелегенција ! Дуи све што ќе каже пред членството све исполнува затоа и победува ,сдсм-дуи све што кажаа ништо не исполниа освен што си ги вработија нивните шваљерки !! Црно и се пише на државава !, Инаку Еу не дозволува криминалци да има во влада , така да тешко би се изгласала оваа влада !Затоа има молк ! Срам ми е да кажам од која држава сум !т.е ова не е држава ова е територија на мафија !
Дечки Ако бе, поплачете си Не е срамота Сами себе не се сакате,.некој друг ли да ве сака,.очи си повадовте, срцки
Ова ќе биде последниот мандат на Заев. Од неговата партија излегоа и квалитетни кадри. Мила Царовска, Стефан Богоев, Венко Филипче, Никола Димитров. Само овие четворица им вредат. Се друго е театар комедија. Но, сами сме криви. Особено оние кои редовно не гласаат, или гласаат со поништување на ливче, мислат дека се попаметни од останатите, ќе го заебат системот. Не бе браќа и сестри, со тоа што не гласате, дозволувате да им јадеме од рака на ДУИ. Барем да имаше некој квалитетен во тоа ненаситната партија. Земаат министерски места, ништо немаат направено. Министер за образование со години е од албанските редови што, прво не знае македонски да зборува, второ, една реформа нема направено. За грев е образованието. Сега па уште и побитни министерски места земаа. Ме нервира што го продаваат филмот на национализам со години, како и Груевски што беше неспособен и играше на таа карта. Освен национализам и бутање на рамковни вработувања, што не одат на работа, а земаат плата, ништо, ама ништо немаат направено. Барем за своите да си правеа, па може и ние некаков аир ќе видевме. Веќе нема ни опција за кој да гласаш, освен да му се даде шанса на Апасиев. И вмро и сдсм и дуи треба во историја да одат. Јас не видов еден да работеше за народот, лапни пари, оп тендерче, оп патни трошоци. Нека отиде некој заразен со корона, да им кивне во собрание.
Едно ќе те поправам само. Никола Димитров не е кадар на Заев, не е ниту сдсмовец, пролетер е. Квалитетен..?!? Хммм... се сомневам... Мила Царовска дојде во Сдс од невладина, така преку ноќ. Квалитет...?!? За другите не би коментирала.
Анализа Кој од каде дошол како кадар Де за некој.друг кажи, баш е интересно да се чита, вака кога на некој му ги читаш болните точки, забавно е. Срцка си, еве кажи за Десковска Како те бендиса
Рефке, од твојте идоли се еминентиве и квалитетниве, де едуцирај не, ти ги познаваш подобро, ги гласаш... Кажи нешто плус ние што не знаеме, може и мислење ќе смениме...
Не Евче. Секој сам Ако си намислила така, така терај си Ниту ти мене, ниту јас тебе можам да те разубедам.
Во отсуство на "хвалоспев" кон еминентни и чАсни кадри, "спустите завесу, збунио сам се"... Жал ми е за само Шеќерка, младоста и помина у собранието, и собраниските ходници...