И онака кога идеш во Грција кажуваш дека си од Скопје, а не од Македонија. Не толку познато, но сите го практикуваат. Зошто кај си отишол на одмор, па уште ќе земат ко Јеховини сведоци да те троваат дека Македонија уствари е Грција, и ти иде да ги убиеш зошто те замараат на одмор.
Па да,... ова да мора да се нарекуваш северна македонија е како играта со карти за мали деца „магаре„... се игра раката на картите, кој губи добива буква м, па а, па г, па пак а, па р и на крајот е... кој собери 6 губитоци т.е. изгуби комплетно ќе добие назив м-а-г-а-р-е и за казна мора да вика: „јас сум магаре со ушите нагоре !!!“ тоа е кај нас, изгубивме од домашните предавници па мора да викаме - јас сум северна (магарица)
За мене е. И сум најсреќна кога сум на одмор, подалеку од сите проблеми, политики, неправди. Кога се враќам назад се ежам од самата помисла кај воопшто се враќам. Оваа земја за мене не е мајка, туку макеа. Да ми се пружи шанса, нема да се размислам два пати да се преселам.
Не велев никогаш во грција дека сум од скопје... туку република македонија. Ако веќе дојде до таков муабет. Повеќето таму ионака мислат дека сме во Југославија. А иначе, со корона кризава се покажа дека не мора одење во грција на одмор... има охрид, има албанија, има и турција. не мора грција.
Ти може не, и други ќе кажат не, уствари сите го прават тоа, разликата е што сум искрена. Истите тие што имаат бугарски пасоши, истите тие што се отселени. Сите го прават истото. А сум била на одмор во повеќе земји на море, како Грција што има плажи, нема никаде. Рај, совршенство. Тоа никој не може да го негира. Всушност и најубаво ми било таму. Секој со своите интереси.
Демек сега си удостоена од Грција дека си сеФерна?? Со други очи те гледаат? За еден посран одмор ли се продава име, нација, припадност, идентитет?!? ОМГ.. што читам бре...
Што сум продала јас лично? Од мене ли зависеше тоа, многу ми е гајле. Моето мислење е дека не ми се живее тука и не ме поврзува ништо со оваа држава. Околу мене сите се отселени. Живеат, вистински живеат. Здравство, образование, финансии, средени имоти. Зошто го менуваш презимето во брак? Терај со своето. Исто е. Муабетот е дека сигурно сум постара од тебе, имам повеќе искуство во сите неправди во државава и ми е гад од самата. Да се плашам да се породам на државно? Или не дај боже операција рутинска, комотно можам уште одма погребално друштво да повикам. Утре за децата да му ја мислам дали да земат партиска за да се вработат. Тоа што образованието не направи образовани, секој завршува, никаде не си признаен, нема занаетчиство, пошто сите се магистри, а реално сите излегуваме необразовани. Судство, правда? Што е тоа? Тоа што живеам во див запад, со вода што ја пијам камен у бубрег си среќен ако имаш. Воздухот што мириса на лаванда? Кажи ми, со што да се гордеам и што конкретно да сакам од оваа држава.
Никој не те посочи тебе за кривец за ништо, од кај ги ваѓаш тие муабети незнам... Те цитирав околу "лагодноста" на твојот одмор, со промената на името... Нон сенс, мизерно ми е таквото размислување, и излишно ми е да разговарам за тоа. Мислам споредбата, името и одморот бе...
@GrimTheReaper немој да мислиш дека не го прават истото и тие во Грција. Само овде на форуми се силат, инаку во Грција кога одат се бубалчиња. Да можат први би си купиле куќи, како нивните сопартици. Ама мораат да ни продаваат басни за мали деца, дека кога оделе гордо кажувале дека се од Македонија. Ако биле толку големи патриоти немале ни да одат ни па куќи да купуваат, ама ај.
Ти си го поврзуваш така како што ти одговара. Отчет да не треба да ти дадам каде одам на одмор и дали да одам. Мое право, моја работа.
Па самата кажа така бе срц, прочитај се погоре, да не ти го цитирам мислењето.. Мене ама Хич отчет, баш ме брига, ама твоето размислување... Да се "наежи" човек...
Оди во темата за гатање и баење да пишуваш. Изглеа имаш некои моќи. Кај прочита за кого сум гласала и за што сум гласала.