@KateKane Полека, што те толку погоди моето мислење? Не си го ни разбрала очигледно. Насочено беше кон одредена група на луѓе, убаво потенцирав кои. Оние партиски членови на вмро кои додека партијата им беше на власт во Македонија цветаа рози. Кога изгубија не чинеше. Сега пред избори беа многу самоуверени дека ке победат и ке се сместат во државни претпријатија, па пак им чинеше Македонија. Е изгубија и сега е истиот муабет, размислуваат за идење во странство, кој не би го правеле да победеше вмро. Вакви примери имам икс во околината, а има и на форумот. А, ако си една од нив ок. Партиски член не сум, нити зависам од партија од ниеден аспект, како јас така и моето семејството.
Еве како си функционира кај нас советот на град Скопје, мислам ништо ново. Вооглавно нели ќе имаше намалување на администрација? И уште нешто како може ниту еден да не гласа за против од овие работи? На никој не му смета или мора да гласаат ЗА?
Да, ама не можеш на било каква критика, особено за идиотско поскапување на струја а ваму распишуваат тендери за огромни суми на пари за кисела вода да контрираш со тоа дека тоа биле вмровци кои плачеле. Едноставно мислам дека мора критички да се гледа што се случува без разлика која партија е на власт. Ова што го направија да плаќаме 13та сметка не е во ред и тоа треба да го каже и вмровец и неутрален и сдсмовец. Иронијата е во тоа што кога беа вмро на власт, сите сдсмовци беа апсолутно критички настроени за срањата грујо и мијалков што ги правеа, а сега истите срања ги прави заев и не се насочени кон истото критичко размислување туку кон исмевање на сите кои мислат поинаку. Ги викаа вмровци и сендвичи, а сега кога некој посочува дека апсолутно истото го прават одма се плачковци. Ако некој е неутрален треба да ги критикува и едните и другите. Ама политичка неутралност во Македонија е како жената на Колумбо, сите ја зборат а никој не ја видел. Важи, тебе ќе те прашам какви права имам.
Оооо вие либерално, "неутрално" прогресивно граЏансвоо... Сдс имаа две опции кога дојдоа на власт: 1. Бескомпромисно да се изборат со мафијашката вмровска багра што крадеа додека беа на власт, и самиот народ да си ги гласа пак, 2. Да ги изрекетираат горенаведените, да додадат уште неколку 0 на своите конта, и со тие пари да си купуваат гласови за избори(ко што беше случајот на овие избори, кило зејтин, 2 кг компири, макарони со истечен рок, ваучери..) Ај погоди што одбраа?!? Шшшшшшшшшш, да не чујам збор од вас "неутралните" (уствари помалото зло наречено ес-де-ес)
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува. „Со овие одлуки со кои има незначително намалување на цената на топлинската енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки најоправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. На централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје приклучени се околу 58.000 потрошувачи.
Абе шо чекаат овие од влада, маслинка? Кога ќе склучат пошти договор со друга банка? Недај Боже денојве нешто во банка да имаш работа, се закочено е, и пази, ова во време на пандемија се случува. Ама глуп народ сам си е крив, чекаат надвор со маски по горештини за да ги платат сметките. Нека не плаќа никој од нив, ќе видиме дали нема ИТНО да се изнајде решение за пошти.
Има и политичка неутралност не дека нема. Само што на неутралните не им се дежура на темата, па нивните мислења се присвојуваат од дежурните вмровците.
Кои се например дежурни вмровци? Не прочитав ниту еден коментар од некој член кој слепо го брани вмро, наспроти овие "неутралниве" комуњари, кои, ако го спомнеш Зоќи, коси кубат, врескаат наоколу, етикетираат... А претежно сите коментари тука за волја на вистината се насочени кон "актуелната власт" која е дно-дна, канта полна фекаали..
Ти на пример. Не гледаш, ти си единствената што дури и на ваков коментар имаш коментар. Да не се пронајдеше во постот, немаше да коментираш.
Срц, знаев дека ќе ме наведеш мене, очајни сте више, дишите надвор од вашите партиски маски, вадете тоа очилата, црнила ќе видите... Имам коментар, ми се смее веќе тука од некои кои очајно го бранат месајата, спасителот.. Како бе сеуште го браните.!? Ако тебе ти е гордост некој да го именува своето членство за за шут и рогат, ги исмејава насекаде, ги множи со нула, мене ни се повраќа од такви селски љангуруи...
Тоа ќе се случеше со било која партија да правеше влада , сметам дека Р.Македонија има најкатастрофални политичари од кафани донесени во праламент, и од биртија донесени во фотеља или во мепсо . Не може државата да биде банкрот ,за да бидеш банкрот треба да имаш предходно економија !!значи уште подолу од тоа што бевме , уште поголема мизерија ! Сите што се во праламент се ждерачи и ждерачки ,не очекувајте ништо од нив Јас би ви дала совет да заминете во странство,еве чекам и јас да се отворат границите ко што треба и заминуваме..! Нема иднина во оваа дупка кој сака нека дојде на власт
Важи ајде тебе треба да те прашаме дали да имаме право на мислење. Не гласав оти ми е срам да гласам за било кого од понудените, срце не ми дава. Здравје на наредните избори мојот избор за Левица ќе биди, секако ако немам дувнато странство некаде.
Слобода на избор вклучува и да одбиеш избор, да одбиеш да избереш од понудените опции. За демократија изгледа до прва треба да ве учат. Да не смееш да одбиеш да бираш не е слобода на избор туку е присилен избор. Основи на демократија ти е тоа.
@KateKane твоето мислење е сосема ок и нема врска со мислењата на неколку членови што пишуваат само колку да се напише нешто, речник 0...битно секој втори пост е од нив. Дај нека се појави некој асален вмровец на темава, можеби ке не натера да видеме друга перспектива, од мислењава тука.. Инаку преска слушнав на вести предлог закон да има опција пензионирање пет години порано... со тоа што пензијата ке биде нешто помала нормално.Се надевам ке го изгласат.
Каков би бил тој асален вмровец и зошто ви е? Прво, таков не постои, ни вмровец ни сдсмовец асален. Општо, кога ќе стане член на таква гломазна апаратура, ништо од здрав разум не останува, ама па да имал здрав разум, во денешно време, не станува член на партија... Умреа тие идеали, дека од идеал се влегува во партија, пред едно 20 години.Тоа барем, за двете проверени опции, за трета веројатно се нема енергија. И тоа би било, отприлика.
Е арно, ама кај беше ваквиот став за референдумот за името? Тогаш некои членки очи ќе ни извадеа на нас што бојкотиравме и не излеговме, па уште и сами сме си биле криви зошто не сме излегле да гласаме "не", па сме немале право да се буниме. Тогаш нешто не се есапеше слободата на избор да не излезеш, ама затоа сега многу им се бендисува и лајкува ваков демократски став. Шо така?
Па добро, мислев на некој подржувач на вмро што ке даде конструктивни критики...најверојатно постои таков Еве ја отворив темата да видам дали има некои коментари за предлозите што ги слушнав на вести, нели според насловот се ориентирам... и читам постови што немаат врска еден со друг, навреди Зоќе црпниот, глуп народ и не памтам уште што не. Не дека и за вмро нема ниско интелигентни навреди од членство на сдсм ама вмровци ептен се истакнуваат. Па и просветни работници биле. Да му се згади на човек со какви луѓе живее.
И јас не излегов на референдумот за промена на името На погрешна врата чукаш. Од друга страна, одлука да не излезеш е одлука да не учествуваш во недемократско водење на државата. Буквално да одбиваш учество во недемократски процеси и да одбираш избор помеѓу опции во кои не веруваш. Не е "ако масивно од една партија не излеземе, нема да им пројде референдумот, па ќе го исфорсираме "нашиот начин". Ако си толку тврдокорно против менувањето на името на државата - си можела да излезеш и да го дадеш твоето мислење. Помеѓу опција "да", "не" и "не излегувам", "не излегувам" не е "не" туку е општо незадоволство од "демократските" процеси. Имаш ти слобода колку сакаш да се буниш за промената на името, ама не можеш да бараш твојот глас да се брои како "не" од кога еднаш си се одлучила да не го дадеш.