Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Шталските изрази можеш по дома да ги користиш, јас лично тебе не те навредив.
     
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Кога има масовна излезност не можеш да фабрикуваш резултати. Таа апатија меѓу народот и параноја од Корона намерно се ширеше меѓу народот од страна на власта, за да не излезе масовно да гласа, па се случи тоа што се случи. Македонскиот народ е лузер. Тоа многупати се докажа. Сега да ги прашам како им е на сите тие бојкотирачи, апатични, незаинтересирани.
     
    На Mich, Tanjamm и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Убаво го видов секој дел од мислењето.
    Во Албанија животот никако нема да ме однесе. Посебно не да живеам таму. Побитни јазици уште ги немам научено, нема да ми се сруши светот ако албански не знам.
    И не се чувствувам „угрозено“, нити пак како да сум испуштила нешто со тоашто сум жиевеела во чиста македонска средина, нити го гледам тоа како некоја негативна страна.
    Куп јазици не сум знаела, камо да имав среќа сите да ги знам. На крај, ако дојде ред некој да учам - некако ќе учам некој од кој барем корист ќе имам. И онака државата сама ни ги спакува куферите, сега само да се бира „јазикот“.
    Албански? Се сомневам баш. :D
     
    На candy.cane, Veta и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Со вас очигледно само на таков начин може да се разбере човек . На толкаво мислење од моја страна , ти се фати за тоа дека морало да знаат они македонски , а ние не мора да знаеме албански ?! Па државата во која ЖИВЕЕШ е декларирана како МУЛТИЕТНИЧКА а не како ЕТНИЧКА . Колку години наназад ќутевте сите како пи**и кога се прифаќаа рамковни и чуда , па сега јас сум трн во око кога ќе споделам мислење . Вистината боли ? Епа боли , ама таа е .

    Едит : ДАнгел , никогаш не вели никогаш . Се сомневам дека овој западниов дел ќе остане како Македонија , пардон Северна Македонија , така што , никогаш не се знае каде ќе те однесе животот . Можеби во Албанија не , но кога живееш во Тетово треба да си спремен на се . Тетово е одамна отпишано од картата на Македонија , уште во време на Груевски , Тетово како да не постоеше за таа влада . Криминал цвета , кој што сака прави , ниту закони важат , особено ако имаш членска од ДУИ , тогаш тоа ти е возачка , здравствена , лична и се по ред . И јас сум за тоа да се знаат јазици што ќе ти требаат , ама во моментов реалноста е таа - за да се вработиш ти треба да знаеш и албански .
     
    Последна измена: 31 август 2020
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Во 2001 бев во основно, што требаше да правам? Пушка да земам во раце.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Што се обидуваш да им докажеш на наведените категории та веќе неколку пати ги проѕиваш, не знам. Апстинентите во висок процент се понаклонети кон партијата на власт отколку кон др опција. Ниту се задоволни, ниту се доволно разочарани за да ги мотивира разочараноста на промени. Мн од тие за кои знам дека не гласаа овој пат, во 2016 масовно излегоа и припомогнаа да се донесат овие на власт, повели ти сега избркај ги пред да пуштат корење. И аман веќе со плачки од тоа Дуи.....колку гласови им одзеде Сдсм на Дуи истите тие парламентарни 2016 и после и појако си одработи за албанските интереси од дуи :)
     
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Чек, чек, дали јас убаво разбрав дека министеров за информатичко општество бил професор на факултет на 21 год??


    Па, па, па....
    *овој да го чуваш Љепотице!!!

    EgvD2cwXYAAUpvA.jpeg
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Реков јас, државата ни ги спакува куферите.
    Зошто да учам албански за 300 евра плата, кога можам да научам Германски за неколкукратно повеќе?
    :D
     
    На candy.cane, Veta, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Татко , брат , фамилија немаш ? Не си од небо падната боже сачувај |( . Од кај мене дедо ми на 60+ беше спремен да оди ако треба во 2001-ва . Татко ми го земаа резервист во касарна , со денови не знаевме дали е жив или мртов , вујко ми беше спремен да доаѓа во Тетово да се пријави како доброволец ( не му дозволи работното место , мораше да е присутен таму ) , тројца братучеди и двајца чичковци мои беа исто вклучени во војната . Јас имав 6 години тогаш , и немав моќ да ратувам , ама имав влијание на мојте дома . Додека сите други напуштаа домови , бегаа и оставаа се зад себе , мојата фамилија остана дома и се бореше да остане таму каде што е . Еве ги , ден денес не се мрднати , живеат во истата куќа како и пред војната . Живи и здрави сите се вратија дома , фала Богу никој не погина . А не дека кај мене биле заштитени како бели мечки . Сите мажи што беа способни за пушка , беа собрани во касарна , ниту се знаеше каде се ниту дали се живи . Лично ти , си можела да влијаеш на роднини да не ги напуштаат домовите , туку да се борат . Полицаецот од Лешок сам го бранеше цело село . Со часови . На крај погина и зад себе остави сопруга и неродено бебе . Да биле сите во Мк како него , немаше да сме до ова дојдени . Ама и тогаш , како и сега , сите гледаа да си го спасат сопствениот задник , и киднаа кој таму кој ваму .
     
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ај не лупај глупости. 11 годишно дете да влијае на 50 годишен маж. Зарем треба 11 годишно дете да мисли на војни? Како си влијаела ТИ на 6 годишна возраст, тато оди пукај, умри ако треба, ама државата не ја даваме. Не си ни била свесна што се случува и зошто се случува. Утре на твоето дете на 6 годишна возраст раскажувај му како треба да се гине и умира во војни.
     
    На candy.cane, темјанушка и Sarence им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам , тебе може не , нас во Тетово не знаеме дали ќе ни треба или не . Сега за сега не ни треба . Можеби на син ми ќе му треба што знам јас . Државата не ни ги спакувала куферите . Ние сами си ги пакуваме , со тоа што сами бегаме од тука . Од каде знаеш дека ако научиш албански ќе земаш 300 евра плата ? Можеби ќе земаш повеќе . Зависи за кое работно место аплицираш . За странски фирми некогаш е предуслов да знаеш албански , бидејќи многу соработуваат со Косово и Албанија ( во Мк има такви фирми ) неретко сум сретнувала огласи за менаџери , секретари/ки , преговарачи и сл ., каде е наведено дека треба да знаеш и албански затоа што фирмата соработува со фирми од Косово на пример . Епа ние што не знаеме два збора на албански , си пакуваме куферот и ајт у Германија , Швајцарија , Шведска итн . А речиси исто е . У Германија јама ќе копаш за 1000+ евра , тука за тие пари ќе телефонираш и ќе преговараш со инвеститори од Косово и Албанија , па и од други држави со кои соработува твојата фирма .

    Пак кажи дека не ти треба албански и дека државата ти ги спакувала куферите .
     
  12. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Сите кои живеат овде треба да го знаат македонскиот јазик, овде живеат и овде работат. Нивниот нормално ќе си го зборат дома или било каде и да одат, ама мора да го знаат сите македонскиот јазик. Треба децата да учат на македонски, да учат тоа што нашите учат како и во сите цивилизирани земји, каде ниту бараат посебно за нив, па секаде да биде на албански или било кој етникум. Што не бараат во другите земји???
    Не.. мораат да знаат, ама како им кажат на нашите од горе така ќе биде.
    Ние сме све, освен земја како треба да биде НЕ. Им се дивам на Грците како имаат малцинства и се знае бре, има да збореш и учеш на јазикот во земјата во која си се родил и живееш. А збори си ти слободно на твој јазик дома, со пријатели или било каде.. Ќе те пишува Македонец по документ, а не се што бараат, трт,мрт..
    Тоа за жал нема да биде кај нас никогаш, затоа и ќе бидеме газени. Додуша ние самите не си се почитуваме и не си правиме подршка меѓу себе, па сакаме да не биде.
     
    На candy.cane, Veta, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Како некој квалификуван за 1000+ евра преговарачка плата во Македонија е само за копање јами квалификуван во Германија? Споредбата од ракав ја извади?
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    О да , и тоа како БЕВ СВЕСНА . Пред мои очи се случуваше војна . Го каменуваа автобусот со кој ме однесе баба ми кај родителите на мајка ми . Татко ми пред мене го зедоа од дома .

    Влијаев со тоа што велев дека сакам да живеам во таа куќа , влијаев со тоа што му викав на татко ми дека за мене треба да се чува и да се врати дома жив , ама да се бори рамноправно со сите останати таму , да не бега . Влијаев со желбата за подобро утре . Пи**ите што се направија неспособни на правдина придонесоа за да дојдеме до ова . Татко ми е жив , внуци дочека , ама не избега од војната , излезе на фронт и се бореше без да мисли дали ќе умре или не . Додека куп мажи помлади од него се криеа по подруми , тој на 39 се бореше .

    Ти лупаш глупости , и тоа како може дете од 11 години да влијае и да е свесно што се случува . Ама вие сте пораснати во мирна околина , па сте како заостанати малку . Ние што сме го живееле тој терор , макар на еден месец , и тоа како сме биле свесни што се случувало овде . И тоа како знаеме што значи војна , страв и траума .
     
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Тоа што не говорам за моето семејство не значи дека помалку дало удел во одбрана на државата. Ќе кажам само дека татко ми секој ден се враќаше со куршуми низ шофершајбна. А тоа што јас не сум била запозната со состојбата, значи дека моите родители многу убаво го прикривале тоа, војните се за возрасните, не децата. И уште нешто, Тетово е во Македонија, знаеме добро што се случуваше. Не ти пишувам од Нов Зеланд, па да се правам мутава.
     
    На candy.cane и Laufinam им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.119
    Значи ако јас и шиптар со исти квалификации отидеме на интервју кај приватен, државата ќе му рече на приватњакот, ако вработиш Шиптар нема да имаш трошок за придонеси? А за оваа Македонкава ќе си плаќаш плус?

    Аха, значи самиот факт што е Шиптар повеќе вреди на пазарот на трудот. Супер.

    И ние вака како малцинство у Германија, државата плаќа за нас придонеси за да не вработат нас, не германците. Исто е.

    Каков брилијантен изум!
     
    На candy.cane, Harper, Tanjamm и 7 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Што се секираш, 0,2% од нив се квалифицирани. Затоа и мене ништо не ми менува.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Плус Македонкава, жена е :D Ќе треба да раѓа, да чува, па болно дете, па ова, па она.

    А закон за заштита од дискриминација нема...
     
    На candy.cane, Tanjamm и raww им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Тој што е квалификуван за друга работа , во Германија не зема 1500 евра , зема од 4000 евра нагоре . Има еден братучед свекрва ми , живееше до неодамна овде , доктор со сите нишани , до скоро магистратури полагаше , овде како стажист земаше околу 50.000 денари . Да останеше сигурно ќе земаше и над 1000 евра . Тој не се гледаше во државава , прво затоа што е геј ( знаеме каков е менталитетов овде и како се прифатени геј паровите ) , второ затоа што сметаше дека има уште потенцијал за учење и надоградување , а Мк не може да му го пружи тоа образование ( има висок коефициент на интелигенција , а капацитетите тука се ниски ) затоа си замина од државава , не затоа што му е тешко албански да знае , или работа да најде . Ама пред да оди за Германија , преку факултетот од овде му најдоа работа како стажист . А овде ќе беше најдобар доктор и најплатен , особено во приватна болница . Во Германија ќе биде стажист со два факултети и две магистратури .

    Вадам од ракав , аха .

    Па тоа го верглам цел ден . Да не беа пи**и продадени овде , прво народот па се по ред , немаше да бидеме каде што сме . Од 2001-ва се виде во кој правец одиме . Здрави прави мажи , возрасни и способни се криеа по подруми само да не земат пушка во рака , и сега јазикот им е проблем ? Море мрш , ситни души . Тетово го нема на мапа како за политичарите , така за народот од 2001 наваму . Ја продадоа западна Мк за сметка на што ? Не бараат во други држави права , затоа што таму ќе ги избрка Германецот , затоа . Овде ги пуштија со рамковниот во 2001 , ја отпишаа западна , им пуштија право на глас , и сега јадат го**а на интернет . Ама во 2001-ва била во основно , ти да , татко ти кај беше ? Во подрум или во касарна ? И јас во 2001-ва бев 6 години , ама траумите што ги доживеав никогаш не ги заборавив . И нема да ги заборавам . Ама затоа не јадам го**а на тастатура дека не треба јазик да знам . Мојот образ е чист , татко ми беше на фронт , без соодветна опрема пукаа во него , за сметка на продадените души што се криеа во подрум и ќутеа додека државата се распродаваше во влада .

    Не ми ги кажувајте таквите продадени души , зошто многу убаво ги имам прочитано . Ден денес е исто , еве ти ја цела рака само да нема војна . Епа трпи и ќути ако така .
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Нели ти сама пиша дека не си можела да влијаеш на родителите ? Не го пишав јас тоа . И мојте се трудеа да прикриваат , затоа и ме испратија во Македонски Брод за да не бидам сведок на се што се случуваше . Ама јас со мои 6 години бев свесна , за жал . Две недели не ми даваа баба ми и дедо ми да се слушнам со татко ми ( тие знаеа дека не се знае дали е жив ) , а другиве од Тетово ме лажеа дека сега не може уморен е , па дека е повторно во касарна да им носи храна на војската и слични лаги . Ама јас бев свесна .

    Ако знаеш дека Тетово е во Македонија , колку пати си дошла да прошеташ во Тетово ? Си била барем еднаш од 2001 па наваму ? Знам луѓе што никогаш не биле . Кога дошле кај нас на гости ( претежно колеги на маж ми ) биле зачудени од убавините на Тетово . Велат дека не знаеле дека било толку убаво овде . Од каде ќе знаат кога никогаш не дошле тука да прошетаат . Затоа што Тетово асоцира на албанско население и ако зборуваш македонски нема да те разберат . Заборавате дека и тука има македонци што живеат со тоа албанско население што е гледано како терористичка група во другите градови .