Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Јас кажав што имав . Плус , многу албанци знаат и зборуваат македонски . Очигледно живееш во етнички чиста средина , па не знаеш .
     
  2. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Се збори дека Мепсо или Елем сега ќе припадне на ДУИ.... е тогаш ќе биде што ќе биде.
    Само и во ДУИ има добри кади ама тоа многу многу ретко.... еве сега последно еден директор ми го фалат, сега постана пратеник и на вработените им е мака што ќе си замине..... а јас останав стаписан и не ми се веруваше што зборат.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Заев вика дека Груби ќе му биде заменик во отсуство.
    Груби вика дека одлуките ќе се носеле консензуално меѓу него и Заев.

    Кој лаже??

    Дали Артан Груби ќе биде вицепремиер со право на вето за било која одлука што нема да оди во прилог на албанците??

    Измени во деловникот со цел делегирање надлежности на прв вицепремиер, уште еден чекор поблиску кон федерализација.

    Им честитам на прогресивното граЏансво од комуњарска вероисповед.

    И сепак излезе дека се точни "шпекулациите" , што ги напишав пред некоја недела...

    IMG_20200902_074159.jpg
     
    Последна измена: 2 септември 2020
    На orevokrsacka и Laufinam им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Западнавме до степен рушењето на дивоградба на некој разбојник да влага во предизборни кампањи и да се емитува на телевизија како главна атракција. Кои мизерии!!! :puke:
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски, преку писмо во јавноста бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, достоинствено да си замине од функцијата.

    „Сè уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето е дојдено? Зошто упорно продолжуваш да се срамиш себеси упатувајќи навреди и клевети кон луѓето кои бараат твоја оставка? Зошто се криеш зад партијата и постојано повторуваш дека е тоа напад врз ВМРО-ДПМНЕ?

    Немаш право бесрамно да користиш ниски навреди и вулгарни зборови за луѓе кои животот го посветиле на ВМРО-ДПМНЕ, кои создале толку многу работејќи за државата и кои немаат ни најмала црна дамка во кариерите. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ и едноставно не можеш да се поистоветуваш со партијата. Погледни го својот рејтинг, тој е дупло понизок од оној на самата партија“, вели Конески во писмото.

    Според него, барањето вонреден конгрес за избор на нов лидер е нормална работа во секоја демократска партија.

    „По сите изречени навреди, падна маската на универзитетскиот професор и се појави еден неморален човек кој некогаш повторно ќе застане пред своите студенти. Но, со кое лице? Повеќе од очигледно е дека твојата титула си ја добил преку непотизам, токму она против кое се бореше Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ и донесе Закон за во иднина да не се случуваат вакви грешки, како што, за жал, си ти. Биди сигурен дека вонреден конгрес ќе има и тоа со огромна поддршка од делегатите кои во 2017 година тебе те направија претседател на партијата. Имај барем за крај доблест и свикај го сам вонредниот конгрес за да се поштеди партијата од поделби, застани пред делегатите со крената глава, заблагодари им се за довербата што ти ја укажаа и обиди се да го подобриш впечатокот за тебе во нивните очи. Тие се ВМРО-ДПМНЕ, а не ти“, вели Коневски.

    ©Makfax.com.mk
     
  6. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Последниве 2 и пол години власта потрошила 8,5 милиони евра за службени возила за функционери.
    https://tocka.com.mk/vesti/352559/drzavnite-institucii-potrosile-8-milioni-evra-za-novi-vozila
    А обеќаваа амбулантски возила... место кои тамара мораше на евровизија за да не се осеќа „без везе“,...
    а оние малкуте амбулантски возила кои евентуално се купија - повеќето не влегоа во функција бидејќи немало
    пари за да се регистрираат...?!!
     
    Последна измена: 2 септември 2020
    На raww, orevokrsacka и Ева33 им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски

    Одма ти станува јасно колкав е капацитетот на државата, ако се врши ДИРЕКТЕН ПРЕНОС од уривање на посрана дивоградба.

    Во моментов пола Македонија блее во багер.. :puke:

    Ќе видиме во скоро време како власта ќе му "компензира" на "инвеститорот" за тоа што му ја руши дивоградбата.
     
    На orevokrsacka, Zaljubena26 и Laufinam им се допаѓа ова.
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Нели требаше и да го продадат она на "М", и со тие пари да купат амбулантски возила??

    Уште си се возикаат во него, а Грујо го судеа заради него :D :D

    Море мрш, хохштаплерско/рекетарска криминална влада..
     
    На orevokrsacka и Laufinam им се допаѓа ова.
  9. Laufinam

    Laufinam Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2020
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    да, со грујо случајот - тоа е исто како ученици да кукаат „купете ни опрема да учиме“ и им купат опрема, па потоа ги осудат на затвор бидејќи ја барале опремата...]:)
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    На која телевизија било тоа???
     
  11. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува на која ТВ имаше пренос.

    Мене на фб, на А1on.mk ми излезе во живо багерот како руши се.
     
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    Што читам јас, не ми се верува.Абе ај пак нека има избори, шитојна се овие. Системот стана речиси нефункционален, новинарчињана некој во џеб ги чува и дефокусираат кон глупости. Порано кога телма, 24, алсат беа критички настроени спрема власта немаше медиумска слобода....сега кога освен алфа сите тв се провладини ја има. Ха ! |( Изгледа слобода не подразбира реално известување за состојбите, туку полна определба за Сдсм
     
    На orevokrsacka, Laufinam и Ева33 им се допаѓа ова.
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Читам, и не ми се верува...

    Си купувале коли по 40 000+ евра "за службени потреби" а си ги возат за лични потреби...

    За ова се бореФте бе граЏани!?!:D
    Поштено ве изиграа..

    Eg6ciYPXYAYxuhP.jpeg
     
    На raww, Роберт 7, Deni87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
  15. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    15.952
    Пол:
    Машки
    #трагикомедија
    ПО 40 ДЕНА ПОПРАВКА НА ЛОКОМОТИВАТА, ТРГНА ВОЗОТ ЗА КОЧАНИ И ЗАДОЦНИ 40 МИНУТИ САМО ДО ВЕЛЕС
    [​IMG]
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да им изразиме сочуство, за жалење се навистина..две функции браво :clap:
    Да ти е страв да се возиш со овие искрено..
     
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.601
    Допаѓања:
    15.952
    Пол:
    Машки
    Да, можи на сред пат да те остај возот. :)
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Абе лопов до лопов...
    Шо сорта се овие црепови бе?!?

    3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ!!

    Народ нема пари за леб, се отпуштаат работници, се кратат плати, овие од влада колачи и вафли лапаат.

    *Шо метаболизам има Шеќеринска на толку колачи и вафли?

    EhEg7tSWkAENAdD.jpeg
     
    На LadyMau и raww им се допаѓа ова.
  20. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    2.148
    Какво е ова Судство и Обвинителство до државава?
    Како може Судијката при такви околности каде има починат човек и неродено бебе да му даде Условна Казна?
    Со кој памет тоа го направила?
    чим има смртни последици и тоа го предизвикал треба да одлежи Затвор.
    Срам за таа судијка , одма да се обжали кај друг Судија.
     
    На raww и oblace1 им се допаѓа ова.