Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    4.273
    Многу ме интересира дали и колку ќе успее да смени кон подобро Жерновски во Центар. Претходникот успеа да го нагрди поприлично со тоа спомениците, а особено непростливо беше уништувањето на паркот спроти Хотел Бристол и нагрдувањето на паркот кај Дом на АРМ со верскиот објект!

    Во секој случај гледано од демократски аспект промената е добредојдена, дава надеж - не за доброто на некоја партија, туку дека Центар ќе здивне и ќе заличи повторно на нешто убаво и уште пооблагородено. Жерновски, не ги разочарувај луѓето, направи (од противниците, но и од Јакимовски може многу да се научи) во легални рамки сè за да по 4 год. ти дадат уште еден мандат. Среќно! :)
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Валерија... што не смараш бре девојко. За секое тегличе мислиш дека имаш капаче. Арно ама мислиш...
    Вака сега,
    за да некој влезе во конструктивна дискусија со тебе, покрај твоите 66 мислење ЕДИНСТВЕНО И САМО ПОВРЗАНИ СО ПОЛИТИКА , би сакал да знае со кого дискутира, каков човек стои зад некое корисничко име. Се појавуваш само во време на политички актуелности и иритираш.
    Сакале, нејќеле те квалификуваме како партиски послушник со задача да лобира на форумов.
    На овој форум има многу, многу теми, па просветли не, пиши нешто тука и таму да те визуализираме. Знаеш ако во некои други сегменти оствариш симпатии кај форумџиките, ќе привлечеш повеќе внимание и на твојава поинт оф интерест тема.
    Сите други девојки...и момци (се извинувам) во една тема си контрираат, во друга се поддржуваат, лајкуваат, па затоа и не со создава негативен набој меѓу нив.
    Како прво, ти мене не ме ни знаеш, па да ме етикетираш!Засрами се! - имаш право, не те познаваме :)
    И знаеш што ќе биде добро да им кажеш во партија - неопределените симпатизери на ВМРО се оние кои се вистинската сила на ВМРО. Што би постигнала партијата со членови кои се слепи и еднонасочни. Ова важи за сите симпатизери на било која партија, кои најреално ги оценуваат постигнувањата, грешките, подемите и падовите на политичарите.

    Сега за сите други,
    се додека и реплицираме во партија ќе ја фалат за завршената работа.

    И она што всушност сакав да го кажам. Скопје 2014 не е под ингеренции на општина Центар, туку на град Скопје.
     
    На Annath, BoaVista, majicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Те молaм немој дa коментирaш зa мојот живот и зa тоa дaли имaм дa се прехрaнaм.Дојди и види кaко е со еднa плaтa дa школувaш две децa.
    Имaм интернет и имaм луксуз a?
    Епa види госпоѓице.Добро е што го имaм,бидејќи когa сите шетaaт јaс седaм домa и дремaм нa интернет и си го тaпaм времето,бидејќи не сум идиот дa побaрaм пaри когa знaм декa ги немa.
    Дојди види со колку пaри преживувaм еднa неделa во Скопје,и кaко додекa сите јaдaт јaс се препрaвaм декa неможaм дa јaдaм нaутро,бидејќи немaм 15ден зa ѓеврек,aко јaдaм ќе требa 40 мин дa пешaчaм до стaнот бидејќи aко јaдaм ќе немaм зa aвтобус.
    Живa среќa што не те познaвaм во реaлностa.
    Цел живот ќе лепиш плaкaти и ќе убедувaш луѓе по форуми.
    Прво требa дa имaш мaлку човечност зa нa некој дa му реплицирaш нa вaков нaчин кaко ти мене.
     
    На Danilela, April87, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  4. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    1.005
    Пол:
    Женски
    ^ а бре нема да лепи плакати,билборди ќе лепи сега ;) туу па и ти,го уназадуваш чупето :D
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Незнам што ви е на вас гајле ако јас се интересирам за Центар како било гласањето или за село Могила а сум била од Битола тоа е мое право,јас зборувам за постигнувањата на еден политичар за кој Жерновски искрено не го рачунам за таков,мене лично најповеќе ме интересираја како ќе бидат резултатите во Центар и во Струга мое право е тоа,ни јас ни моето семејство не имаме добиено ништо ни од еднити ни од другите затоа никој не ги бранам ниту пак ги увеличувам,на темата се користат навреди препукувања и слично а зошто бре?имаме некоја корист од тоа?НЕ ако некој сака да ги фали вмровците нека ги фали ако некој сака да плука против сдсм нека секој нека си коментира што сака немора за секој коментар CITIRAM да се употребува чил аут малку сите
     
  6. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Сите сакаме да ни се убави градовите во секоја смисла на зборот, меѓутоа, цигарче ти зборува за тоа дека попрво треба да се размислува за вработувања, потоа за разубавување на градот. А таа можеби не зборува конкретно за неа, но зборува за тоа дека има многу луѓе кои живеат од денес за утре. Не може човек да уредува двор и фасади а децата да немаат што да јадат, тоа е така, за жал.
     
    На majicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    1.Valeriya,имаш 22 години, а од 1990-та си член на вмро?!?! Значи на една годинка си станала член! :rofl:
    2.Не знам од каде ти се информациите за снејперистите,дека Мијалков е убиен,дека се тепани симпатизери и сл. кога ти си имала само неколку годинки тогаш. Претпоставувам дека ти кажувале твоите родители кои имајќи предвид дека се членови на вмро...јасно ми е колку се точни и “објективни“!
    3.Ако прочиташ наназад во форумов можеш да видиш дека никаде јас не зборувам позитивно за сдсм,напротив,многу проекти на вмро ги поддржувам и фалам! Значи-немам партиска книшка,но имам свест,памет,образование и совест и критички размислувам,за разлика од тебе! Но,секој со својот памет...
     
    На Danilela и sanjaeva им се допаѓа ова.
  8. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас врбувам овде потенцијални гласачи? :D
    Зар немам право јас да бидам за Вмро и да ја бранам нивната политика?Која си ти да ми го земаш тоа право? Ти ако плукаш против Вмро дали тоа по дифолт те прави лепач на плакати за Сдсм, а?Многу смешни и детски муабети водите!

    Јас каде сакам ќе пишувам на овој форум и тоа е моја работа.Мене не ми се интересни турски, индиски и шпански серии коишто ги сметам за ништо повеќе освен потценување на интелегенција и труење на народот со исламска култура и неевропска, па да ми било интересно да коментирам на тие теми.Ниту сум сингл, па да коментирам за врски или било што!

    Едноставно пишувам за она што ме интересира буквално :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    Валерија во полтички теми ти е исто што и Шврци во теми за селебретис.
    Што би рекла Теодора, несериозен дискутант. Нерелевантна и досадна е. Би и препорачала да си ги промени интересите и нека се насочи кон подфорум Секс,таму ќе најде повеќе одговори за своите проблеми.

    Фала,пријатно.
     
    На tessie, Edie.S, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Побиј ме со факти! Ти стојам на располагање! ;)
    Ако сум нерелевантна дојди и дискутирај со мене, приложи ти што имаш, па после јас.Незнам со што ти си толку интересна?Или навредување е најдобра одбрана секогаш, а после те снемува?
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    ^ Лоботомијата е забранета. Не смеам,инаку со задоволство.

    Жено божја, како можам да те убедувам кога тебе менталната матрица ти е... извртена?! И како може да ти го сменам лошиот вкус? Вкусот не дефинира кои сме. Што повеќе да дискутирам со тебе?
    Единствен факт кој нема да го признаеш е дека јадеш леб од мои пари и сите граѓани на Македонија. Така што имај грам срам и ќути си.

    Не сакам бре да дискутирам со тебе, тука нема факти, ти не зборуваш со факти. Ти тргнуваш од тоа дека не ми се раѓа на 24 години и тебе тоа ти смета и такви ми ти некои незамисливи глупости. Не те ни читам бре,почнувам и кревам раце и те скролам.
     
    На Edie.S, Annath, La.Reina.Del.Sur и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Вауу, ова беше одговор на една така интересна личност?

    Дали ти си единствениот релевантен фактор на овој свет што одредува чиј вкус е добар или не?
    Сето она што јас го зборувам се покажува и во реалност, а се ти тоа што го збориш нема никаква врска со реалност освен со некакви феминистички илузии и фолирања.

    Јас убаво ти велам да дискутираме и да соочиме факти, причини и се останато, али очигледно тешко, а?

    Јас имам маж, дете, факултет завршувам уште малку, планирам и постдипломски, почнуваме некој ситен бизнис заеднички, сакам многу детни семејства, а ти што постигна во животот тука освен што висиш тука 24/7, па за да ми судиш на мене во животот?
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Па не не читаш, тоа е проблемот.
    Смешно е што кажуваш дека плукам против ВМРО.
    Пишувај ти каде сакаш на форумов, ама изгледа немаш капацитет за тоа. И сите тие серии што ги наброја се само еден мал дел од овој форум. Баш дека си во врска , пиши нешто за врската :)
    Имаш илјада теми за образование, семејство, дом, дете, пријателство, литература ... пиши нешто... ако сакаш де.
    Муабетот ми беше дека е многу симптоматично што се појавуваш само на оваа тема и во предвидливо време.

    И не плукам против ВМРО. Ниту пак дирктно ќе ја изнесам својата политичка определба. Имам доволно пишувано низ темиве за да си дозволат оние кои ме читаат да ме обојат, но не и ти, ти не читаш.
    И не плукам јас против никого. Всушност, не плукам, и иначе.
    Јас само ги презирам оние кои немаат свој став.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Зошто сите оние кои што се поддржувачи на власта, по дифолт на овој форум мора да се третирани како ретардирани и амеби? И јас го имам осетено ова како и многу други членки, секој има право на мислење а вие колку и да негирате не почитувате став различен од вашиот. Не ми се отвара оваа тема кога ќе видам колку исмејување има и сарказам. Нека си каже девојката што има впрочем затоа и постои овој форум а вие и се нафрлате сите после секое мислење, претеравте.
     
    На Tashaa и Valeriya им се допаѓа ова.
  15. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Ај гледам добро си муабетите па јас само на минување сум колку да се пофалам дека Заев ни беше и ни остана градоначалник. :)
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.247
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Па види, ако е општо прифатено дека Скопје 2014 е олицетворение на кичот, а ти го обожуваш... кахм... Не нешто што јас го наметнав, освен што се согласувам со истото. Патем цел Центар се согласува,па затоа победи Жерновски. Ар ју мед?!

    Освен со мажот и детето,имам кента јачи. Ме јадеш ете кај мажот и детето,мене факултетот ми е завршен,а и постдипломските при крај. Не ми го бери гревот! :D Ама ете како така сама,немажена, без дете...муки!!!
    Се мислам помеѓу лажи,лажи Вере и кажеш злато,лажеш душо. Ама ништо,повели и друг пат, данок редовно плаќам за да можеш ти да живееш и да не вреѓаш еве вака. Ама добро,па и бизнис да терате нема да ви јаде рекет од актуелната влада.
    Не,немој да ми кажуваш, си имам работа со луѓе кои катадневно ми се жалат дека јаделе рекет на одредени реони по Скопје, па одат на алтернативи кои се малку сложени за тебе да ти ги објаснувам,не би ги разбрала,како би се покриле за да можат да се скрпат. Јас неам работа у голема фирма,а за работа си имам,ич да не ми се секираш. Што да си правам,сама сум си крива што сакам уште повеќе од животот, сем маж и дете и Македонија, и Скопје 2014 и само свој бизнис.

    Срце си,срце! :*
    Посвети се со мажот на правење на второт и те молам,доста смараш! Убаво ти вика Сањаева, оди пишувај у бременост, дете, тактички делувај, а не вака припросто.
     
    На Edie.S, Annath, jb82 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    После првиот круг кажав и пак ќе кажам БРАВО ЗА ЦЕНТАР!!! :!:
    Центарци повторно покажаа дека се единствената критичка маса во Скопје (а и во државава) кои размислуваат со сопствената глава, кои никој не може да ги поткупи за бедни 500 денари,зејтин,брашно, кои не подлегнаа на сите закани,притисоци...Иако во Центар беа донесени еден куп гласачи од Пустец и се правеа одредени фалсификати, ни со толку напор,пари и труд што го вложи власта, не им успеа да го добијат центар.
    Центар покажа дека е против СК 2014 и против уништување на целото зеленило......итн.итн.

    А, сега најискрено се надевам дека Андреј најпрво ќе направи ревизија на работењето на Тодоровиќ и се ќе излезе на виделина!!!
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Кој кажа дека Скопје 2014 е олиетворение на кичот?Ти, СањаЕва, кој? Соња Исмаил, Разбуди се на Артан Груби, кој? Ти архитект си по професија? Се разбираш во архитектура?По што процени ти дека тоа е кич?По тоа да бидеш во центар на вниманието, ?Као демек многу разбираш?

    Затоа Коце Трајановски победи дупло низ цело Скопје, затоа што граѓаните не се сложувале, нели? Или затоа Вмро освои 55 градоначалници наспроти 4 на Сдсм дека народот не се сложувал?Не е битно историјата ќе пресуди што било кич , а што не!И Ајфеловата кула била осудена кога била градена, па денес е најглавна знаменитост на Париз, и што сега?Можеби на Скопје требаше знаменитости да му се Циганите во паркчето на плоштад или дивите таксисти Шиптари од Тетово и Гостивар кај камени, а види тоа е центар на Скопје!Не убедуваа дека такво Скопје имало душа на ѓубре и нечистотија.

    А, кој те тебе лаже демек ако имам дете и маж дека немам живот?Живеам како и секој нормален човек со обврски, а ако за тебе е живот ова што денес го живеат жените не фала искрено!А, каков живот имаш ти кога 24/7 си тука на форумот?Што толку happy и вауу ти правиш во животот?Тоа што си завршила факултет е само една мачја кашлица, затоа што и најголем дел денес го завршуваат.Тоа воопшто не те ни прави успешн!

    Плаќам и јас данок, и ти живееш од мојот данок, така да немаш ти право да го одлучуваш моето мислење.Народот излегува 7 пати и убедливо го гласа Вмро, а ти дали можеш да се помириш со тоа или не, тоа е твој проблем искрено ;) И , тоа на фер и демократски избори!

    Во Германиј, Британија, Франција не рекетраат од власта?Секаде се знае дека најголем рекетар во секое општество е владата.Само од друга страна јас можам да ти набројам на 100-на примери на луѓе што сум имала прилика да ги запознам што почнале сопствен бизнис преку субвенциите на владата.Да не набројувам само какви убави плантажи, какви убави фарми, нова механизација се купува во руралните средини коишто беа пустош порано.Кога си можела во Македонија да купиш трактор којшто е 30, 000 евра, а државата да ти го субвенционира со 15, 000 евра, а?

    Јас ќе се ангажирам со мојот маж и на трето и четврто дете, сакам деца, ама утре дај боже ќе имам 12-13 внучиња за разлика од тебе што нема да имаш ништо.Мојот дом ќе е исполнет со среќа, радост, топлина , деца колку и да е тешко, а твојот со што?Јас моето дете сум го родила, а и останатите ќе ги родам кога сум најздрава и најплодна како што е овој период, а ти и натаму можеш слободно да си одиш на инвитро оплодување на 35 години кога и нивото на плодност ќе ти е далеку помало од сега.Мене не ми се преокупација во животот феминистички стрипчиња да ме убедуваат колку јас живеам во ропство ако имам дете и маж!

    Не се лажи тоа дека заработуваш повеќе од мене и дека имаш повеќе пари од мене! ;) Ова е форум и секој може да каже се и сешто колку само да ги оправда своите тези.Ти незнаеш колку пари имам јас и колку заработуваме јас и маж ми, ама незнам ни јас колку пари имаш ти, па затоа не го ни зборам тоа.
     
    На Tashaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
  20. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Да си ми здрава и жива (ако си женско де)
    Те гледаме што кажуваш, и колку логика има во твоето кажано
    Секој има право на свое мислење, си го кажа, вмро се најдобри, у реду е, можеш да се заќутиш веќе. Ти ја свативме поентата. А наше е дали ке ти стиснеме лајк или не на мислењето
    Дали некој сака деца на млади години или не е негова работа
    Ако сакаш, раѓај, 20 наеднаш роди, гледам многу плодна си
    Не им суди на другите, не си светица