Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мислам дека нема потреба да ја користи трагичната судбина на колегите.
    И самиот тој го има поминато ужасот на војната од 2001 (конфликтот :x )

    Да се помогне на децата на загинатите и воените инвалиди... Да, да се помогне !
    Но и да се покаже почит кон сите бранители. Не зборувам за финансиска помош, зборувам за почитување на нивната личност, за нивното достоинство.
    По 10 год. се чини како тие - бранителите да се криви за тоа што се случи.
    Законот за бранители е составен со толку дупки , што од него никој неможе да има корист... сакам да кажам никого не штити. Повикувајки се на Законот поднесовме барање во градинка кај малата за ослободување од плаќање на месечниот надоместок. Се случи да добиеме одговор - Управата на градинката одлучи дека не се прифаќа ( причина - официјално нема... /неофицијално и кажана усно - ехеее колку ве има, таман работа да неплаќате ....?????????? НЕ ВИ БЕА МНОГУ БРАНИТЕЛИ ТОГАШ КОГА ВИ ТРЕБАА, ДОДЕКА ВАШИТЕ ТАТИНИ И МАМИНИ СИНОВИ БЕГАА КУД КОЈИ)
    И само да додадам, не беше целта да не се плати...туку да се почувствува тоа дека државата те третира како почесен, па и привилегиран граѓанин, затоа што бранителите тоа и го заслужија
     
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    ^^^ Истиот случај и кај нас, само што овде станува збор за факултет не за градинка. Имено:
    Според законот за воени инвалиди, децата на воени инвалиди со степен на инвалидност од1-ва до 7-ма група треба да бидат ослободени од плаќање на партиципација на државните факултети. Поднесовме јас и брат ми барање за ослободување од партиципација, секако со решението на татко ми за воен инвалид, и ни рекоа дека треба да се поднесе молба и да се чека. После неколку дена, молбата ни беше одбиена :o Веднаш се јавив во министерството да прашам зошто е тоа така, како смеат да не одбијат кога тоа е закон, и теткава од министерството ми вели: Да, да, така гласи законот, но право е на факултетот дали ќе прифати да ве ослободи од партиципација или не :fubar: Останав без зборови :x
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Како може факултетот да има до толку автономија да одлучува дали ќе спроведе или не некој закон. Јас искрено за прв пат слушам за ова, бидејќи немам некој близок. Баш ќе сурфнам да видам за законот овој дел како гласи. Што испаѓа факултетот или градинките си имаат квоти колку од вас ќе примат и ќе ги бираат партиските членови. Будалаштини. Али да не зборам дур не прочитам што напишале.
    Со законов, пензиите и слично, направено е се така штуро не заради друго, а бидејќи прават сметка за нивниот коалиционен партнер. И овие прашања за жал нема да бидат во целост регулирани се додека и албанскиов дел од власта не си ги добие барањата, бидејќи и тие се притиснати од граѓаните албанци и другите политички партии (пример нивното барање за пензии за УЧК).
    Макар што пак ќе речам пари се во прашање, си водат сметка и за тоа.
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.971
    Мајгрл, Факултетите се толку алчни, што само измислуваат правила како да бидат во корист. Во делот на студентски каде што пишува кој се треба да биде ослободен од партиципација, пишува- деца на жртви во конфликтот, воени инвалиди, деца без родители (од дом), деца кои останале без родители. И јас поднесов да ми ја укинат партиципација (во државна сум) и бев одбиена со одговор... На децата коишто во текот на студирањето го изгубиле едниот родител,
    (ја дваа ги изгубив)
    им се намалува приватната квота за 50%
    ја државна сум
    Што значи дека не го ни прочитале. На брат ми, на друг факултет, му ја укинаа.. Така што да, факултетот може да носи одлуки.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Епа напишано е само како имаат предност.
    Никаде не стои дека се обврзани факултетите да ги примат, да им дадат стипендија, ослободување од партиципација итн. Тоа е дупката, затоа факултетите одлучуваат сами. Ама важно закон донеле. Со вакви швајцарски сиренца само да се оправдаат дека донеле закон аман.
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ццц жално навистина како функционира се, не само факултетите, јас сум на приватен но и таму е тешко, и се наоѓаат привилегираните :envy:
     
  7. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Жапче, тоа и јас сакам да го кажам. не велам дека факултетот не го почитува законот, туку дека законот е донесен само колку да замачка очи, за да се лаже народот дека е донесен нели, нов закон за доброто на бранителите, на народот, а кога го промовираат законот забораваат да спомнат дека тоа уствари е само предлог, а крајната одлука ја донесува факултетот :^) . Ете тоа ме нервира, што после недораснати клинки и клинци ќе ме убедуваат како владата си ја врши работата, она ваков закон донесе. онаков закон, вакви реформи...А реалноста уствари, е сосема поинаква и посурова од набилданите статистички извештаи што ги презентираат.
     
    На mims-89 и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Да да видов баш тоа. Бидејќи никогаш не ми било потребно да го прочитам и не ми беше јасно како може така да биде. Затоа и го прочитав да видам, што е работата, пошто знам за слични други ситуации во кои и јас сум се нашла поради такви зборови во закон „предност“ или нешто во ублажена форма напишано, што секако не е обврска... не ми прават мене ни на сите фамилии што треба да имаат право на такво нешто услуга. Тоа е проблемот, со тоа уште повеќе им даваш за право на оние кои на терен го спроведуваат законот да имаат селективна политика кон оние, за кои си го донел. И со тоа не гледам причина зашто воопшто носиш закон, ако со него не регулираш прецизно се она за што си го донел.
    И покрај сите оние негативни мислења што некои ги имаат за Достоинство и Стојанче, искрено, само заради ваквите работи се надевам ќе успее бар нешто да направи на овие избори и ќе се застапува за правата на сите кои учествувале во таа војна, независно од која партија тие биле.
     
    На KuklickaSk и Mygirl им се допаѓа ова.
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Еве реална слика за посетеноста на двата митинга на вмро и СДСМ во Скопје... :) Па споредете слободно...
    [​IMG]

    Еве и овој клип видете го...Излишно е да коментира повеќе...

    http://www.youtube.com/watch?v=UfHmhOlLndE :envy:
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    :D :D :D оптичка лага, сликата на сдсм е поголемка од сликата на вмро :rofl: :rofl:
    се шалам, не знам каде дури и ова го видов :lol: :lol: низ маливе екрани, нешто за оптичка лага беше муабетов, мислам дека вмро им викаше демек лажеле овие од сдсм, со слики нешто :lol: ццц, одвеани бре
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Море луѓе се смеевме на локумот и кафето што го делеа сдсмовците, а овие од вмро денес почнаа да делат топки :lol: ОМГ се прашувам што е наредно?
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Да не почнат да делат пари за секое семејство?? |(
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.250
    Допаѓања:
    124.601
    Пол:
    Женски
    Сериозно??? Какви топки жити све нека ми се појават само на врата од глава ќе им акнам по една ! Досадни едни!!!
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Топки???
    Сериозно е ова?? :?:
    Изгледа заради недоволната посетеност за без врска изградените игралишта :lol:
     
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Кога се напаѓа противникот тоа треба да биде со цврсти аргументи, а не со смешни хаус мајстори како оној Јованче, што се претставуваше како стечаец, којшто се развел заради Бранко |( Погледнете како се напаѓа со факти и докази -

    Почитувани,

    Груевски пет години дрско ја лаже јавноста дека е чесен и дека не ја злоупотребува власта за личен профит. Јасно е дека ниту 150 милиони евра, народни пари, потрошени на себерекламирање во изминативе пет години, не можат да ги променат фактите.

    Последните информации говорат дека семејството Груевски во периодот 2000-2002 поседувало не четири туку шест станови.

    Два стана на улицата “Владимир Комаров“ со вкупна површина од 124 м2, два стана на улица “Бихачка“ со вкупна површина од 143 м2, еден стан на улицата “Васил Ѓоргов“ од 86 м2 и еден стан на непозната адреса од 57,29 м2.

    Значи, семејството Груевски во овој период поседувало недвижен имот со вкупна површина од фантастични 410 м2.

    Гревот да биде уште поголем, двата стана на “Бихачка“, семејството Груевски ги купило на 09.08.2001 година, само еден ден по крвавиот настан кај Карпалак, за време на конфликтот во 2001 година.

    На 18.12.2002 година, Никола Груевски како тогашен пратеник во анкетниот лист за пријавување имот, како и сега, не пријавил никаков недвижен имот.

    За своја адреса на живеење ја пријавил улицата “Васил Ѓоргов“ број 29-2/56 во Скопје, адреса на која живеела и неговата мајка.

    Токму затоа Никола Груевски имал законска обврска да го пријави сиот недвижен имот кој го поседува неговата мајка, но тоа тој не го сторил. Со тоа свесно ги прекршил одредбите од Законот за спречување на корупцијата.

    Арно ама целата приказна со становите на семејството Груевски не завршува тука. Вчера, со анонимно писмо, потпишано од разочаран член на ДПМНЕ, добивме уште една информација за нивната имотна состојба.

    Во писмото се наведува дека, во зграда на Водно, под “Панорама“, како сопственик на недвижен имот се јавува Ѓорги Груевски, брат на премиерот во заминување. Јавноста го запозна братот на премиерот кога владата отвори нов факултет за дизајн и мебел за да Ѓорги Груевски стане продекан за финансии.

    Да биде скандалот уште поголем братот на Груевски имотот во елитната населба го поседува во објектот кој го градела градежна фирма блиска до бизнис миленичето на фамилијата, Орце Камчев.

    Од ова се гледа дека семејството Груевски секогаш кога ДПМНЕ е на власт се занимава со бизнис со недвижности.

    Семејството Груевски еднаш, купуваше и продаваше станови за време на воениот конфликт, сега истото го прави во услови на рекордна сиромаштија и кога ја задолжи земјата со повеќе од 4 милијарди евра.




    Одговор на новинарско прашање



    Медиуми: Антикорупциската деновиве отвори постапка за имотот на сопругата на Црвенковски и за кредитот кој СДСМ го подигнал од Комерцијална Банка за кампањата. Имате ли коментар?

    Георгиев: Имам коментар.

    И срамен и смешен и гротескен е овој срамен состав на Антикорупциската комисија. Навистина не можам да верувам дека неколку дена пред избори се извршители на ваква кампања диригирана од штабот на ДПМНЕ. Отвараат непостоечка тема за имот од 79та година, а не ги отвараат реалните имоти што беа доставени до Антикорупциска, на сегашните функционери на власта.

    Сакам да кажам дека ќе ги издржиме уште неколку дена. Новата Власт на СДСМ, ќе донесе нов Закон, во кој што антикорупционерите ќе бидат луѓе од еснафот, луѓе што ќе се бираат од еснафот и ќе бидат комплетно независни и професионални. Така што, кратко ќе трае оваа валкана игра што ја прават.


    Прес конференција, СДСМ
    Гордан Георгиев, портпарол на изборен штаб
    Скопје, 31.05.2011 година
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ајде денеска да ја заклучиме и оваа тема :D

    Што да се коментира ''Село гори-баба се чешла''.
    Од сдсм што пријавуваат а овие за што се фаќаат. Ништо ново, секојдневие во нашата Македонија што најискрено се надевам дека нема да трае уште долго. Вака никогаш не било. Пустош направија!!!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Кажаа од СДСМ и пак остаснаа живи .. ќе си пукнам
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    А ти па дали се читаш што кажа? За СДСМ немај гајле, они со аргументи настапуваат за разлика од сељачките и прости вмровски коментари, кои ги тресе турбо-фолкерот бичиклиски :puke:
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Да, да имам слушнато оти порано водел таква емисија.
    Нешто ко ИСЕЛЕНИЧКИ ЏУБОКС
    :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Само да најдам линк и ќе ти пуштам да видиш...Ќе се утепаш од смеење, седнат он како водител, а на нозете црна лакована кондура и бела чорапа дебела... :D