И последно, сакам да им се заблагодарам на сите Македонци со исламска вероисповед познати во народот како “Торбеши“ што гласаа за ДУИ во Кичево и Струга!Им благодарам на сите нив, затоа што делиме исто јазично и национално потекло што ни забија нож во грб!Исто така и на сите Турци им се заблагодарувам што гласаа за ДУИ во Кичево!Ете им на сите тие тука што се трипаа на некакво македонско-турско пријателство.Тоа не постои.Муслимани се и нормално за муслиман ќе гласаат секогаш!Само што има мноу овци кај нас за стрижење. Фијат Цановски, којшто е Македонец муслиман, тежи цели 7 -8 000 гласа во Струга, а сите негови гласови ги даде за Шиптар и ДУИ!
Се сложувам со тебе, испадна на тв не знае една реченица да сврзе. Тој ќе ми бил градоначалник... Ама и народот е глуп, молчи, трае, продадени души! Се продаваат за 1000 ден. Ами денес ги имаш, утре пак ќе ти ги земат. А не прашуваат ли од каде пари за целата пропаганда, сите реклами, флаери, плакати.... Од нивните усти е тоа. До каде стигнавме, швалеришта да ни го водат градот...
Да си кажам и јас збор, два за избориве, иако не гласав и нема да гласам во догледно време се додека изборот генерално се сведува на ВМРО или СДСМ. Конкретно би сакала да прокоментирам за Ценар. Многу ми е мило што Тодоровиќ изгуби ,не дека нешто многу го сакам Жериновски, да се разбереме , туку од проста причина што ова ќе им дојде како голема шлаканица за освестување на владеачкава гарнитура. 99% од нивните "капитални инвестиции" се одвиваа во Центар и мило ми е што изгубија. Се надевам дека ова ќе спречи да се доуништи центарот на градов и да се спаси што може да се спаси.
Ти започна да зборуваш за сопсвениот живот,прајвеќи паралела за мојот за кој патем ништо не знаеш,за разлика од тебе која кажа многу повеќе за себе. Ниту пак напоменав висина на заработувачка (пф,да бе,па да ми пуштиш рекетари ), туку ти,па уште и посмешно, како малите деца кои велат, ааа мојот татко е посилен од твојот,што значи си незрела,а и индискретна. Параноидно ги извади работите од контекст и почна да се расправаш самата со себе ако не забележа...за нешта кои ТИ самата ги начна,а јас збор не кажав. Испитај си го тоа... мене би ме загрижило. Патем, ако факултетот е лесен за завршување и небитен, ти не си го ни завршила се уште и зошто воопшто би го завршила кога е неважен. А друго, тоа не е мој проблем,туку на твојата влада, зошто имаме толку многу луѓе со завршен факултет. И не реков дека е мерило на успехот, можеби јас сум неблагодарна зошто можам себе си да си се сметам за успешна и да си прифатам некоја плитка реалност и да не посакам повеќе. А и по твојата логика на размислување всушност,треба и да сум среќна бидејќи сепак сум имала пари и услови да го завршам,а јас тука се занесувам дека нешто нечинело... И ако ти кажам дека можби сум архитект ќе веруваш на мојот збор? А ти си архитект што го одобруваш постоењето на овој грд и кичест проект кој го исцрпи буџетот? Ајде нека е,нека постои ако на некому му се допаѓа, туку страшното е што проблемот се состои од нешто друго. Од немање пари и лоша економија, а се копаат пари од буџет и се трошат во време кога цел свет штеди. Кога место ретардираниот проект можеа да се направат други поиздржани и поблагодарни проекти кои навистина ќе го усреќеа народот. Јасно ти е тоа или толку си површна. Ајде да не го земем кичот во предвид (а е кич,факт), дали проектот сам по себе не го испразни буџетот или беше подарок од Коцета? Ти си запознала такви кои добиле субвенции и исполниле услов за истите,по истиот принцип ко и ти што користиш бенефиции од државата. Јас ќе ти набројам и такви кои не добиле... сакаш?! Проблемот е што изостанува чувството за правичност без разлика на која партија припаѓаат луѓето. А тоа е најнагласена карактеристика на оваа партија. Кажи колку од тие бизниси освен што биле стартувани, какви им се финансиските извештаи на крајот од годината? М?! Дали стапката на БДП порасна? Дали не сме држава која економски тоне?! Дали се развиваат суштински важните гранки? Дали не сме под ризик на инфлација,постојано? Уствари и ја имаме,скриена. Дали не пораснаа трошоците за живот? Дали стандардот не ни е опаднат? Дај ми конкретни економски показатели кои ќе ми покажат и докажат дека нештата се такви какви што ти кажуваш и ќе ти речам,во право си. Не ми кажувај тука знам некој што знае некој муабети. И јас ете познавам луѓе кои сакале и не добиле субвенција за стартирање на бизнис и такви кои не добиле за земјоделие. И сега?! Се докажавме?! Има показатели, најди ги и реферирај ги тука и кажи после одете у пизде материне у право сум. Немој само да ми се фаќаш само за намалување на невработеноста, зошто познавам барем 10тина кои ги избришаа без право да се регистрираат повторно во наредната година бидејќи закасниле еден ден или не знам што веќе таму... Патем дивите таксисти и не знам веќе кој...не се по своја желба таму каде што се,туку зошто немале опции. Треба да си луд да по сопствен избор да го правиш тоа. А нивното отстранување не го решава проблемот суштински,јасно ти е? Да не ги набројувам другите аспекти, како здравство, образование... всушност тие се и најстрашните. Велиш лесно било да се заврши факултет, па дали си ти свесна дека наброја еден сериозен проблем кој треба да се решава на соодветен начин и дека не подлежи под сериозно прашање на одговорните за истото? Владата може да те "рекетари" со данок и тоа го прави секоја држава,а не да рекетари низ насилници кои се заштитени од владата. Прави јасна дистинкција. И тоа рекет врз сопственици на фирми кои не се политички определени,па дури можеби и се провмровски настроени. И те молам не се фаќај за моите јајници и јајниците на останатите жени, како што јас не ти давам дијагноза (а можам) и како што не го доведувам во прашање квалитетот на твоето мајчинство,зошто едноставно не би било фер. Ама имај на ум, за секое твое кажано ин-витро, кармата е тешка кучкетина. А и твоите предвидувачки способности не се најизострени, па не си давај за право да коментираш што планирам јас со својата иднина или што правам во животот. И за жал,морам да ти констатирам, не делуваш за среќна и исполнета личност... веројатно и си свесна,но си ја негираш реалноста со тоа што тука се испукуваш дека е во согласност со идеологијата на твојата партија. Патем ти си фашист (по начинот на обраќање кон народите кои се поразлични од тебе, ајде говорно,роми,шиптари, туку јазикот кој го користиш поврзано во врска со нив...) и националист, поддржуваш рекет, поддржуваш лоши проекти, живееш во ограничености...се ова во три поста,да те зачитам поубаво... Не можам да те земам за сериозна... мислам,сериозно,смешна си ми. Не ми се обраќај,што и да пишеш,нема повеќе да ти вратам. Дури и за ова кажи ми благодарам, бидејќи веќе се чувствувам чудно што воопшто ти го пишувам,ама чисто да ти дадам материјал за размислување,ама не сметам многу на тоа. И ако веќе пишуваш, одговори ми на прашањата со факти,а не со нагаѓања за мојот живот и каков е твојот,бидејќи не ме интересираш. Патем, за тебе очигледно компјутерот и интернетот се нови орудија и не знаеш дека луѓето работат на нив,па чудно ти е што луѓето поминуваат време на истите. А и не си свесна дека целата критичка маса и разум се движи по социјалните мрежи. Јал форум,јал твитер ил фејсбук... Игнорантните пак,никаде. Што би рекла за твитерџиите тек... оф мајче мила... Реков...неважна си...скроз. Туку ајде да ти го направам кејфот за фактите... Ме чека бјутислип и утро исполнето со очајот на македонските "бизнисмени". Та-та.
Центар. Се трудеа толку , изградија чуда од споменици ,булевари и се разбира тротоарите ПОПЛОЧЕНИ , огромен број пари и време е потрошено , два-три пати добив маички и капи да изберам дела , митинзи пред прозор , Sitel , вести и пропаганди ,се обидуваа со поткупување и уцени , делеа чуда и како на мене така и на цел центар , се за да на крај победи Жерновски и све да им пропадне во вода.... Сега ќе идам да си легнам и да сонувам мирно Спојлер Патем џабе што победија во сите други општини кога срцето на Скопје не им припаѓа на нив.
Si se podmocavte so toj centar aman ..pa samo toa i ostana i so nego i bez nego dovolno e jasen krajniot rezultat 53 prema 3 hihihi
1)Здравство-вложување од 100 милиони евра во нова опрема, лабаратории, нови 80 амбулантни коли, а до 2015 нов клинички во Скопје и Штип, плус, реновирани неколку болници низ Македонија. 2)Образование-Што се однесува до програмата во образованието и јас тука се сложувам дека не е нај-нај квалитетна, но отворање на УГД во Штип, дисперзирани студии, реновирање на училишта, нови 100 спортски сали и терени е голем успех. Со тоа се скрши монополот на УКИМ и можноста на учениците од нивна бугаризација од Источна Македонија коишто својот спас (поради неможност) го бараа во студирање во Бугарија.Денес младите ќе студираат таму и ќе останат таму да живеат за разлика од порано каде што масовно се доселуваа во Скопје. 3)Субвенции-од 2011 година до 2015 година ќе има субвенции од 150 милиони евра.Само спореди колку субвенции имаше во времето на Сдсм! 4) Во времето 2006 , па навака Македонија имаше континуиран голем раст којшто значително се успори поради економската криза во Европа и светот.Таа криза според сите меѓународни релевантни фактори ја издржавме доста безболно поради економски пакети на владата.Провери тоа слободно на интернет. Македонија ако продолжи со вакво темпо на демографија и изумирање ни следува цел колапс на пензиски и здравствен систем, затоа што ако не си знаела наталитетот и економијата се тесно поврзани и зависат едни од други, а плус тоа што ќе останеме без држава и малцинство секаде, па тек тогаш ќе те прашам како ќе живееш и каде.Ако немаш силен наталитет немаш силен раст во економија, затоа што младината е двигател на овој свет, а не старци од 75 години.Оди сега објасни им го тоа твоето на Кичевчани, Стружани , во брзо време и Долненци, Чашка, Куманово. 5)Што се однесува до дивите таксисти, затоа и се диви, а тоа е да не плаќаат данок кон државата како останатите таксисти.Прашај обичен таксист што ќе ти каже за нив.Возат по поскапа цена, возат на плин, одат со 100% заработувачка.Никој на истите не им забранил да плаќаат данок и да се регистрираат.Во ниеден главен град во Европа нема диви таксисти во центар или било каде! 6) Во Македонија никогаш последните 30 години немало никаква реформа заради гласачите да останат тивки и никој да не се буни.Затоа и бевме на дното секогаш.Последните 6-7 години се прават реформи, некои лоши, некои добри, некои болни, но се менува нешто.Нема идеална реформа.. 7)Јас со ништо не се расправам, туку ти се вмеша од никаде и почна да навредуваш и да се претставуваш како бог знае каква компетентна тука.Јас неможам да зборувам дали Скопје 2014 е кич или не, туку можам да зборам дали ми се допаѓа или не.Кога ќе бидеш компетентна и кога ќе завршиш архитектура и кога ќе освојуваш награди за твои лични проекти ширум Европа тогаш можеш да коментираш.Тоа е исто да коментирам дали Милчо Манчевски е добар режисер или не.Јас можам да кажам дали ми се допаѓа неговиот филм или не, но тоа е ствар на укуси, но моето мислење никако неможе да биде пресудно.Граѓаните 6 пати даваат доверба на Вмро на регуларни и фер избори за разлика од Бранко и Бучко коишто доаѓаа на власт со жртви, пукање, убивање, местење избори, давање лажни пасоши на Косовари. Ти на никој не можеш да му забраниш да студира.Тебе ти сметало тоа што сите завршувале и студирале, па ако толку ти сметало што си запишала ти тогаш?Со кое право ти можеш да студираш, а некој не? 9)Јас сум Македонка и си ја сакам оваа држава како македонска, а не цигаска, шиптарска или турска.Сум националистка и што сега?Јас не се лажам во животот со квази либерални реторики.Едноставно не ме занимаат во животот.Немам јас друга татковина и земја, а Турците и Шиптарите имаат и тоа по две.Сега ти направи разлика што имаш!Ти ако толку ги сакаш слободно купи си куќа во Шутка или Чаир, ама не , удобно ти е дупето од другата страна на кејот. Ти неможеш да зборуваш за квалитетот на моето мајчинство! Тоа “неможеш да ме земеш за сериозно“ ти е само изговор дека ништо неможеш ни да ми побиеш. Не постои идеална влада, не постои идеален премиер, но секогаш го бираш помалото зло од поголемото.Вмро не се идеални, но се далеку подобри од нивните претходници. Колку проекти има направено оваа влада имаш нивен сајт и слободно разгледај го.Има слики од секој нивен завршен проект, а тоа се многу.Ако козата лаже, рогот не лаже. Ти дали мене ме земаш за сериозно многу ми е гајле, а твоето навредување само покажува кој колку созреал во животот. Со тоа што висиш цел ден по социјални мрежи тоа доволно покажува кој колку го живее животот.За разлика од тебе сум цел ден во движење и не трошам време на непродуктивни работи во животот. Немора ни да ме цитираш, затоа што тебе никој не те ни цитираше, туку сама се вмеша!
Не знам дали заприметивте, но вчера ПРВ ПАТ во овие 7 изборни циклуси откако е извојувана победа на избори од страна на вмро немаше огномет на плоштад што трае 15 минути и немаше еуфорични свирења од коли по улиците на Скопје до 2 саат сабајле како што е традиција, туку настапи МОЛК! Што ви кажува тоа? Дека џабе е победа во цела Македонија кога го изгубија Центарот на државата! Најголемо нивно “достигнување“ е СК-2014 за што на овие избори граѓаните јасно и гласно кажаа дека не им се допаѓа и дека гласаат непродуктивните трошења (лудилото:безброј споменици,врби,златни огради на мостови,бродови,целосно уништување на зеленилото и градење згради на секое ќоше,паркинг што се плаќа пред зградата во која живеат, и сл.) да престане еднаш засекогаш! И...не,не се ситам што ја изгубија најважната општина во државата, само констатирам!
Затоа што така на нив му одговара да ги третираат подржувачите на власта па некаде револтот мора да се истакне нели? Што да ви прават вмровчињата бре кога немаат опозиција да ги турне и кога прават нешто колку толку во оваа наша државичка тие не ви се криви што Бранче ваш наместо да се спрема за избори и наместо да спрема кампања тој си парадираше низ улици и си правеше вандализам бај д веј човекот нели ни на избори немаше да оди? офф боже можам да седам и да пишувам цел ден и да се умирам од смеа,незнам само каде му беа Весна Бендевска,и Радмила Шекеринска во текот на целата предизборна кампања очајно ги барав со лупа сакав да слушнам што има да кажат ама никаде ги немаше .Е пак за сите кој плукаат на вмровчињата како што милувате да кажете жал ми е што уште долго време ќе треба да чекате комунистичињата да дојдат на власт со тој памет што го имаат нема никогаш ни да ја земат власта.
Само да те прашам, од комитет ти ги даваат говориве вака спреми, детално напишани и објаснети со сите нови ДЕЛА???? Само моментов морам да ти искоментирам, бидејќи ми фати за око. Значи ти си националист, чија поекстремна форма е фашизмот??? Како например звучните имиња Милошевиќ, Хитлер, Мусолини и слични на нив форми на живот. Како спротивни форми на фашизмот се јавуваат општествените уредувања како демократијата, пацифистите, либералите, и сл. Е па девојко бравос!!! Многу кажува ова за тебе, кога не можеш да прифатиш ниту еден поинаков вид на размислување, верување, говорење и живеење. Толку си ограничена што кога ти ги читам постовите, се чудам како може да ти биде толку испран мозокот. И јас сум ВМРО-вка, ама ти девојко си националистка, ксенофоб, и расист. И немој да ме цитираш, и да пробаш да ме побиваш, прочитај си ги постовите (ама онака објективно-критички, или тој збор во вашето едноумие не постои) и сама ќе сфатиш дека сум во право.
Миме јас стварно не можам да ти го разберам цинизмот (извини што се фатив баш за тебе, бидејќи гласи и за сите слични). Мислам...моето е подобро од твоето лалала не знам. Еве сакам да те прашам дали си вработена по струка, дали редовно земаш плата, дали имаш добра плата, дали се вработи без врски, дали твоите се вработени, дали живеете убаво, дали стигнувате на работа добро без да ве изгмечат пензионери, дали си ја гледаш иднината овде во МК, дали се чувствуваш безбедно во градскиот превоз и воопшто да се прошеташ некаде, дали си осетила неправедност при вработување и при вршење работа со државните служби, дали си осетила некој спротивно на законот, да ти наштети, а да не биде одговорен затоа што ги има правите врски...? Во поглед на изборните неправилности, исто ми е, зашто и едните и другите се служат со слични методи за да победат. Само Груевски многу однапред се спремаше за сите наредни избори. Целата Бранко е крив реклама, беше баш кампања (со цел дури и приврзаниците да се свртат против него), проектите константно на рекламите, при секоја лопата снимки и слики...па дури и два дена пред избори еден куп странски инвеститори (на ова се смеев). Кој му е крив на Бранко што не му текнало порано да се рекламира. Е сега, кој излегол и видел што и како работи Грујо, знае веројатно што од рекламите е точно... оти телевизорите се во боја, ама надвор може и сиво да биде
Koнкретно по прашање избориве или кој било политички настан во конкретна смисла, не би сакала да коментирам, на сите кои победија, нека им е со среќа и нека се смилуваат над нас барем малце. Но морав да се надоврзам на ова. Не само на правичност, туку и на реално гледање на работите. Секој по свои убедувања може да си брани одредена идеологија на одредена партија и да биде нејзин симпатизер. Но тоа не значи дека треба сосема да изгуби контакт со реалноста и да ги рецитира промотивните постери и програми како единствен вид на аргументи. Не се однесува на никој на темава, не ја ни читам толку детално, туку се однесува на луѓе од реалниот живот и мое непосредно окружување. Пред неколку дена бев сведок на гадна караница меѓу дечко и девојка. Караницата беше од политичка природа. Сакав да исчезнам магично од местото настанот во тој момент. Де бе! До толку ли? До таму ли е дојдена работата? Идеологијата се брани, не луѓето. Луѓето не се совршени, може да погрешат и да го признаеме тоа дури ако браниме иста идеологија. Но, ситуацијава е ако се писне за нечија човечка несовршеност, грешка или маана, веднаш ти маваат етикета „ааа, ти си од оние другите.“ Проблемот не се состои во нашата политичка (не)определеност од млади години, туку од недостатокот на здраво политичко размислување и дискутирање. Секоја чест на исклучоците.
За кутрово Струга, никој ни А не кажа.... Не е битно изгледа што пак дојде на чело Албанец... Не е битно за цела Западна Македонија.. Па вие не живеете таму... Што има да ве интересира... Најбитно е дали Споменикот е свртен налево, надесно, да беше на 10 метри потака, и такви ми ти работи... Јас ако речам дека спомениците ми се убави, значи дека сум од Вмро ? Не би рекла. Мене спомениците ми се убави, Скопје ми заличи многу повеќе во центарот, едноставно ми се допаѓа.
http://think.mk/2013/04/08/kosovsko-sts ... akedonija/ Превземено од една кумановска страна Спојлер na nas siptarite nisto ne ni treba ama bas iccc nistooo.sve imame fala mu na cic.i dok e ziv uvek ke go glasame i od sg pa natamo na prvi krug ke glasamo za cic.ne znaete kako jos da placete
Да се надоврзам на ова. Куманово го продадоа, срам ми е да кажам дека живеам овде. Вчера на градскиот плоштад актуелниот градоначалник славеше со толпа на албански поддржувачи пристигнати дури и од Лопате, Опае и другите албански села. Извикуваа УЧК а господинот Дамјановски се чинеше дека ужива во тоа дури и ги поддржуваше им пружашее раце во знак на поддршка зашто они биле заслужни затоа што Куманово ''не падна''. Е падна и тоа како, ветена им е нова џамија и уште што не зашто да бидеме реални албанците не би го поддржале во толкав број да не им се ветени сите работи кои што ги побарале. Многумина ми го поставија прашањето: Дали ќе беше во ред доколку албанците своите гласови му ги отстапија на кандидатот од ВМРО ? Ама во првиот круг Македонците го изгласаа Ѓорѓиевски и нему му ја дадоа поддршката исто како и во вториот круг, дотичниов победи зашто малцинството така одлучи, сега среќни сте ? Отиде и Куманово, може да го ставите во ист кош со Кичево, Тетово и Струга. Ете затоа никогаш нема да го дадам својот глас за СДСМ, зашто го уништија мојот град, им ги дадоа сите права на албанците, овде они не плаќаат ни паркинг, ни струја ни ништо. Можеби и имавме шанса да се поправи нешто овде ама сега сум сигурна дека нема, следат уште полоши времиња...
Нема цинизам само сум мн.реална секогаш сум била таква и ќе останам не сум политички определена како што кажав бидејќи од никој немаме ништо добиено туку све со работа и труд и моите се вработени да и мајками и таткоми и страмота ќе биди да се пожалам од нешто,не ги бранам вие владечките НЕ зошто?бидејќи има мн.работи според мене што треба да се направат основни а кои не се направени противник сум на тоа што сто пати се кренаја пензиите да,противник сум на тоа што и за тој што треба и не треба добива субвенции,противник сум на тоа што пензионерите имаат бесплатен превоз градски и средношколците а студентите НЕ и што никој не му помага на студентите со месечен минимален приход нека биде по 1000 денари во текот на 4 годишно студирање бидејќи на студент секогаш му требаат пари апсолутно секогаш но на тоа никој да се сети ни тие пред ови ниту пак овие ок,но кој да дојде на власт? што опозиција имаме?зошто како луѓе не се бореа за овие избори сдсм туку изиграваја излеволтирани политичари низ улици каде програма?видовме нешто од нив за да не убедат Не така,а да одеа на избори како што треба сигурна сум дека повеќе општини ќе земеа и така и позицијата ќе се плаши за прецедателските избори какви тогаш ќе бидат резултатите така?ама не овие на избори си отидоа како на мајтап е пак тоа ти носи ваков резултат,народот сака да види нешто и да слушни нешто,овие владеачките колку толку направија нешто до некаде има многу уште да се согласувам дека не требаше да редат 50 споменици доволни беа 5 да за тоа и јас сум притивник,но на Жерновски не заслужва да биди на село градоначалник а не на Центар во Скопје за него сум најголем противник затоа и коментирав за него има уште многу многу да се кажува и за едните и за другите ама како што реков сдсм се распарчија меѓу себе се раскараја таја партијата упола ја направија немаја програма немаја идеи немаја проекти немаја реклами немаја ништо затоа народот ги казни и тоа ќе продолжи и понатаму се додека водат ваква политика да сме реални тие самите не се разбираат во партијата се распарчија и се растргнаја на сите страни и сега кога размислувам и сум релна нема да сакам такви луѓе да ја водат државата така?ова е мое размислување
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) денеска објави дека Тарчуловски, откако одлежал осум години од неговата 12-годишна затворска казна, ќе биде ослободен, јави Балканската истражувачка мрежа. Минатиот месец, по завршување на две третини од казната, Тарчуловски и формално стекна услов за предвремено ослободување. Имајќи го ова предвид, „сметам дека Тарчуловски сега треба да биде ослободен“, соопшти претседателот на МКТЈ, Теодор Мерон. Сѐ уште не е јасно кога точно тој ќе биде ослободен од притвор, наведува на својот интернет сајт Балканската истражувачка мрежа. Притоа се потсетува дека во јули 2008 година, МКТЈ го осуди поранешниот полициски офицер Тарчуловски, за воени злосторства извршени за време на конфликт во Македонија во 2001 година, меѓу македонските безбедносни сили и етничките албански бунтовници. Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која убила тројца цивили, етнички Албанци и извршила други злосторства во село Љуботен, скопско. Судот го ослободи претпоставениот на Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој беше обвинет за командна одговорност. Иако Тарчуловски беше осуден за воени злосторства, дел од граѓаните во Македонија го гледаат како национален херој, неправедно затворен заради одбрана на својата земја. Надежта за предвремено ослободување на Тарчуловски се појави откако при крајот на 2012, беа изречени ослободителни пресуди за некогашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај и за двајцата поранешни хрватски генерали, Анте Готовина и Младен Маркач
Почина првата и до сега, единствената британска премиерка Маргарет Тачер (1925-2013) попозната како Челичната Лејди. Ја водеше Британија десет години, сè до 1990 год. http://www.youtube.com/watch?v=gq-C4ACnbFM
НАСКОРО ВО ТИНЕКС: Килограм стопена бронза за САМО 100 ДЕНАРИ! ПОБРЗАЈТЕ! Шала на страна, има право Жерновски да ги руши спомениците? Кое чешлање ќе биде сега на сите „прљави“ работи, да изнесе на виделина се` што претходниве криеле на дното од фиоките... И конечно да се престане со понатамошното нагрдување на Центар. Ќе биде занимливо.
Тешко, прво зашто не се директно негова надлежност, на градот Скопје се и плоштaдoт и главните улици. Сеа може да игра улога на стопер на новите, ама стариве тешко дека ќе ги мрдне. Нема такви ингеренции. Да ставеа асален кандидат за Скопје кој би имал некакви шанси за да го победеше Коцката можеа да ги дислоцираа не да ги рушеа, грди пари се дадени за тоа, никако да се рушат,што е сторено сторене , ама барем да не беа толку суткани на метер квадратен. Мислам штета што немаат право на глас спомениците, ги има колку нас жителите. Али барем останатово да се спречи, тоа што неможе, неможе да се лечи, барем за паркинг да не плаќаме за пред зграда И да ни се намалат сметките за парно, ние плаќаме највисоки сметки, зашто незнам. Абре можеби не сме архитекти, али фала ти боже имаме барем малку вкус за естетика и знаеме што е кич и шунт а што е убаво за око. За тоа не ми треба диплома, ниту на некој му треба за да даде критички осврт. Од екомомски аспект муабет да не праиме, што ми рече еден таксист пред некој ден, чекај уште малку не сме го допреле дното, да осиромашиме до тој степен да немаме пари сметка за вода да платиме, ќе дојдат луѓево од сите градови ќе ги испокасапат споменициве и ќе продаваат старо железо. Не е далеку од вистината човекот.