Терористичкото злодело во Виена го изврши Австриец со албанско потекло, а не Албанец со македонско потекло!
Ама луѓето, вие не разбирате дека не постои етничко потекло, само потекло според државата чиј пасош имаш.Тој турчинот може и Курд да биде, негов проблем, со турски пасош е Турчин.
Турција ги финасира џихадистите ( поточно Ердоган ) ама двајца турски државјани помагаат на повредените, заклучок: некој тука тешко си игра со муслиманите, ама они си знаат.. Опасни игри играат.
Никаков сарказам. Во странство живеам, ти кажувам како е. Тоа, Албанец македонец, марсовец, само во мк има, ко ќе излезат од мк со мк пасош, сите се со потекло од Северна македонија. Толку е тешко да се разбере?
Да. И кога ќе отидат некаде со мк пасош се граѓани со потекло од Северна. Толку. МК пасошот е за во фиока, во еу документот ти стои земја на потекло-Северна.
Македонскиот пасош може ти стои у фиока, но етничкото потекло не можеш да го мењаш и сокриеш. Етничкото потекло ти е вид на концепт на група. Од групата го црпиме сопствениот идентитет. Горд си кога некој ќе успее во фамилијата? Кога твоето дете ќе постигне неков успех? Исто е и со етничкото потекло.. Јас сум горда Македонка на пример..И во Кина на живеам, јас ќе имам кинеско државјанство, но на попис ќе бидам Македонка, не кинескиња..
А знаеш колку некој се интересира (во странство) за твоето етничко потекло? Ич. Се мислам само во Македонија се занимваат и делат луѓето со/за небитни ситници. Или затоа што толку им е капацитетот, или пак полесно им е да се занимваат со нив и да не се решаваат главните проблеми. Оти веќе државата сама по себе е проблем. И затоа уште нема меѓуградски тренспорт МаЌедоЊа. У реду је.
Странство е ставено во загради, што значи дека првобитно не ја менува смислата на напишаното, а нешто дообјаснува. И мојата поента во целиот пост е дека во Македонија е битно кој со кое етничко е, на никој друг норамлен не му е гајле. Ти ќе да си типичен пример за напишаново изгледа. И друга членка се обиде да ти го објасни истото, али просто не става маи. Скапира сега? Или тешко е?
Мешате државјанство со етничка припадност, тоа е сосем различно. И што ти е поентата со етничкото потекло уствари? Демек у странција си сега, поинаков начин на живот, размислување...
На попис во Кина ќе бидеш останати, ако постои таква категорија. Етничкото потекло е апстракт кој во еу документ не постои. Зборуваме за странство оти се објаснувате за странецот дека бил Албанец. Во мк може е Албанец, во Австрија е севернонакедонец. ДА само државјанство постои, другото ти е за по дома.
Во графа во Кина ќе се пишам Македонка, а ако ја нема таа категорија, во останати(или како и да пишува) Мешате поими државјанство и националност(етничко потекло) Еве ја и Конвенцијата за државјанство на Совет на Европа. Јасно вели “nationality" means the legal bond between a person and a State and does not indicate the person's ethnic origin; односно “И не индицира етничко потекло на лицето” Значи, постои разлика и разграниченост. Јас сум државјанин на МК- од македонско етничко потекло. Терористот е државјанин на Австрија, од албанско етничко потекло..
Не мешам јас ништо, туку кажувам дека не ми е гајле ниту кој чиј државјанин е, уште помалку со каква етничка определба е кога комуницирам со него. И кажувам дека нормалните луѓе не се занимаваат со тоа исто, јер е супер небитна спецификација освен ако не е условна квалификација за да добиеш нешто. Али тоа е скроз различна ситуација. И поентата со етничкото потекло, е што ти, и тие со мислења како твоите, му давата значање. Место реално да се фокусирате на вистинските проблеми. И да не ја тупите на темава. Демек сфати сега? Пак не?
И што ти е поентата кажи ми?? На што конкретно целиш? Што се најде увреЏена ти жити се? Збориме за терористот, од каде бил, што бил.... Бла бла... И?? Whats the problem??
Кога се работи за терористички напад и те како е важно за чиј државјанин се работи и кое му е етничкото потекло. Затоа што може да има соработка меѓу двете земји како меѓусебна помош во истрагата, може да се бара екстрадиција, и уште многу други аспекти кои не инволвираат и нас. Никој не зборува за поделби по етничка припадност, туку за факт како што е етничка припадност и државјанство кои се еден вид на идентификација и се правно релевантни, за жал и во вакви случаи.
Ок, читај, https://www.wikiwand.com/en/German_residence_permit Nationality = country code. Јас ти кажувам како е, оди убеди ги германците, австријците, дека нивните документи ти ги повредуваат етничките чувства. Женската на документот може да е и Слаѓана од Призрен, националност ќе и биде Косово ако се повикува на Косовски пасош. Етничко потекло не постои.
Супер, само што членакта која ја цитирам се објаснува која е разликата Албанец од Албанија, и Македонец со етничка определеност Албанец. И во последните постови на последните неколку страни малце забегува со муабетите. Не би требал да е тешко да се забележи. Али еј, Македонија и Политика, синоними се, едното го озанчува другото, не знам зошто сум зачудена. Можеби затоа што е преосветен работник и не сакам да замислам кое проповедање е на часовите. И изгледа не капира за што ѝ зборувам. Така да @Ева33 , јас немам проблем, но ти очигледно имаш. Па ќе те оставам да си го решаваш.
Стварно не те разбирам?? Не кажа, што се најде ти нешто прозвана, увредена или било што во моите постови? Што мешаш баби и жаби? Мојата приватност со постови тука? Кој тебе те замеша за нешто? Што има врска кај работам, со муабетиве тука за националност?? No comment!! Свашта има тука..