Не ни очекував нешто поинакво. За една држава да е во ЕУ треба да е ,еден најпрост пример, со независно судство. И уште многу други критериуми, така што Бугарија е само една пречка од многуте.
Ако сме Бугари, нека ни дадат на сите пасош па да си ја бараме среќата низ Европа. И онака 99% само за тоа сакаме да влеземе.
Не бе... Б'лгарите бараат да признаеме дека сме Б'лгари и тоа за џабе без кеш, а @Bezimenka90 вика ако така нека биде само да тргнеме по кеш низ Европата.
И ти тоа го разбра од моето мислење? Јас предлагам преговарачка позиција. Ако сме Бугари, дај пасош. Или тогаш нема да бидеме Бугари?
Јас го чекам Указот за бугарско државјанство. Ако треба да бирам од кое ќе се откажам, тоа дефинитивно е македонското. Со бугарски пасош имам отворени врати. Со македонски не баш. А јас искрено ниту имам желба да исправам патриотизам туку едноставно сакам што поскоро да си одам од овде. Со пандемијата желбата уште толку ми се зголеми.
Обратно и поитро треба да размислувате: Тие што се со бугарски пасош би можеле да гласаат масовно на избори во Бугарија но за про-македонски партии или партии кои не ѝ прват проблем на Македонија. И тогаш таквите ќе победат
Аха одма, тие се во филм дека се веќе родени Австријци, Германци, јазикот македонски после втора-трета година во иселеништво се повеќе и повеќе им избледува и го забораваат пак слушаш зборови кршени мешани со тамошниот јазик кај шо заминале, а ти сакаш за про-македонски партии да гласале.
Ова е добра "стратегија", но не сме ние ко албанците, а баш јако би било да се започне ваква "кампања". Туку мене ме "мачи" што потпишале и се согласиле нашите, кој компримис бил договорен, а на б'лгариве и тоа им било малку?? Никој ништо од официјалните преговарачи не кажува.
Ама заборавате дека тие што се иселени со бугарски пасоши, одкако ќе исполнат услов за државјанство од новата држава, се откажуваат од бугарското така да не се толку колку што мислите. Никој не зема бугарски пасош за да се исели во бугарија.
Или од македонското. Хојт Ји: Очекувам Бугарија и остатокот од ЕУ да најдат начин да ги надминат проблемите, брза интеграција на С. Македонија во ЕУ
Зошто да се откажат од македонското кога ќе одат во германија на пример? Грото се откажуваат од бугарското затоа што и новиот пасош е европски.
Со бугарскиот подаваат барање за германски, се откажуваат од македонски добиваат германски а бугарскиот им е тука и за секој случај ако се искомплицира процедурата за добивање на новиот.
Нели не поздрави еднаш со реплика се гледаме во влада? Сите постови пред избори да ти биле само навивање Па ни 100 дена не поминаа од владата се откажавте, да не ве читаше човек пред избори ќе речеше вмровци се ова Jа па викам следниот поздрав ќе беше кога тетка Меркел и Муртињо ќе објавувааа пари од фондови и кога брат Љубе ќе донесеше инвестиции или брат Стојанче ќе не спасуваше од криза прегрнувајќи ги тие што пукаа врз него y 2001.
Некој да ви рече, откажи се од македонско државјанство, ќе живееш во германија со најдена работа и висока плата, еден патриот нема да остане, ама ај, на форум се' може да се напише
Јасно е тоа де, поентата на постот е друго, бранење и релативизирање на глупостите на црпковци и поздрави од влада vs отворените врати со бугарски пасош.
И која ти е поентата на постот? Не кријам дека чекам бг пасош. Не криев и пред избори. Целта ми е таа. Не сум се откажала од ништо. За разлика од вас, јас знам кај живеам па и очекувањата ми се такви.