Дечко, јас си гледам личен интерес. Кај го имам таму ќе одам, сеедно дали сум бугарка и македонка. Ич не ме боле ни за Гоце ни за Аце ни за Заев ни за Мицко. Интерес. Само тоа. Мене да ми е убаво.
Ај да ти одговорам со контра прашање. Некој да ти рече еве ти добра сум на кеш да се откажеш од македонското и прифатиш бугарско државјанство, ќе прифатиш или не?
Одговори ти прв де, прва прашав Јас ќе се откажам одма да најдам добро платена работа во земја која јас сметам дека за мене е добра Ама вие што глумите патриоти ме интересира дали ќе се откажете Пошо тој патриотизам мене ми делува само ко љубомора затоа што некој успеал, а на тие што не успеале им останува само патриотизмот, па полесно е да кажеш јас не сакам да одам, а не дека не можам.
Ниско и бедно ми е човек за работно место или кеш да биде уценуван и понижуван. Редот за одговор е твој.
Значи да ти рече некој добра работа и добра плата во било која европска земја која ти е тебе по кеиф, ама да се откажеш од македонско државјанство, нема да прифатиш, ќе седиш овде и ќе ги живееш работиве? Храбро. Колку вистинито не знам, ама храбро. Уствари еден пријател еднаш рече, во македонија само најбудалите и најхрабрите ќе останат.
Понижувачки било да се откажеш од македонско државјанство за убава работа во странство, а не е понижување кога во твојата држава некој те дупи у здрав мозок, ама ти трпиш сирот оти си патриот. Стварно не знам кој повеќе се понижува.
@Bratot шо имате толку против луѓе шо вадат/имаат бугарски пасоши ? Никој со сила не ве тера да вадите бг пасоши ако не сакате. И не вадат само македонци бугарски пасоши. Кој шо сака нека седи тука, има луѓе кои со трчање би избегале. Државата одамна пропаѓа, сега проблем испаднаа тие со бг пасоши.
Не би рекол дека се храбри, туку дека држат до себе и имаат самопочит. Ти не одговори, дали би се откажала за работно место или кеш? Пријателот и ти во Македонија сте?
Одговорив погоре. Не се работи за самопочит туку за не грижа ни за себе, ни за своите деца. Да остане човек овде да живее и покрај тоа да има шанса да замине, ми е рамно на да не размислува и да не се грижи за иднината на своето дете. Само заради патриотизам, колку себично.
Имаш шанси одамна, Бугарија со години дава бугарски пасоши, ти и пријателот твои желба голема за европа и уште сте тука, е ова веќе храбро не е.
Видете, можете слободно да се декларирате и како марсовци, ако сакате. Само да не продавате ма*иња за бубрези, дека 'многу ја сакате Македонија'
Како го терате муабетов, на крај ние што сме се родиле и останале во татковината, и замисли не размислуваме да фаќаме џаде - и кабает на крај ќе излеземе. Пред да се качите во авион, и по една клоца може треба да ни удрите. Место збогум.
Да. И ич немам грижа на совест. А и зошто би имала? Себеси си се гледам надвор од овде,а не овде. Мој избор.
Од аспект на припадност кон држава вадењето бугарски или било чив пасош е сосема бенигно. За ова никому уво не треба да му чуе. Малигната страна на процесот на добивање бугарско државјанство е управо неопходноста да се откажеш од сопствениот идентитет и ги прифатиш БГ корените..