Најбитното од се е што имам дете и битно е само нему да му обезбедам пристоен живот. И да платам сметки. Бг корените ви ги оставам вам, вие разглабајте ги. Јас имам други приоритети.
Арно шо не размислувале вака и оние кој шо се бореле и избориле за оваа држава, инаку ни држава ќе сме имале ни бутур. Имало и тогаш и сега разумни луѓе, ама имало и вакви ебиветер.
Ок де, твоја лична ствар е тоа. Имам познаници кои имаат словенечки пасош, ама таму фигурират како Македонци. Никој не бараше од нив да се пишат словенци, што не е таков случај со бг пасоши
Тие кои се бореле и избориле за оваа држава, да знаеле кој се ќе ја продава, кради,ќе ти ја ебава психата и животот, немале ни да се борат. Последниве 30год државата да не ја уништија, да не даваа г'з за пуста власт и да мислеа малку на народот, немаше никој да сака да бега, уште помалку да вади бугарски пасоши. Пошто во сите години до сега, пасошите се проблем, друго ништо, се цвета
Во цел свет имиграцијата е најнормална работа, луѓе не се ограничуваат на граници, вие седете и трпете глупости заради патриотизам и заради настани што се случиле од пред еден милениум. И тие биле борци, се бореле храбро, не седеле во државава и не го живееле животот со потплатување, братучед ми работи ваму, стрина ми работи онаму, па после херои сме што останавме.
Добра ноќ и мирна совест Море море "трагедија", тие се бореле и соочиле со доста полошо од ова ама ако им биле целта само парите ќе баталеле се, ќе се пишеле Б'лгари и готово. Ти кажав веќе, не знам шо си чекала до сега изгледа храбра си само на форум.
Вие си знаете најубаво за себе. Јас никогаш не би зела бугарски пасош. Не зошто сум незнам каков патриот ,туку зошто не сум бугарка. Ја сакам државава и народот. Инаку надвор се може и со македонски пасош доколку имаш професија што им е потребна. Ама полесно е да се пишеш себе и сите предци блгари него ли да се научат вештини или да се смени професија. Фина стратегија на Бугарија. Ако државата е народот,а народот менува идентитет само за да ја молзе Германија тогаш е многу јасно зошто е вака како што е. Каков народ такви политичари. Да не заборавиме дека и за купување коли нсшиот народ се пишуваше бугарин...
И судиите, никој не ги прашал како врзуваат крај со крај и како го поминуваат месецот. Сметки за донации да се отворат за морално-правичните ни судии. ЦЦЦЦЦЦЦЦ.... Ова е таа солидарност во време на криза?! Ми се гади од вакви работи..
Верувам дека повеќето сте слушнале за него, но за тие што не го знаат Трифунов е популарна медиумска личност во Бугарија има и свое тв шоу кое трае доста долги години а се опробал и како актер, пејач, музичар, своевремено гости од Македонија му биле Тоше Проески, Игор Џамбазов и др. што значи неговиот збор има и тежина. А Ајс секогаш искрен и реален
Срамора резил како можат уставните судии зинати за пари во ваква криза да си гласаат за поголема плати? Па каде го има ова? треба да ги намалат платите каако штол се намалениплатите во приватниотсектор и дел од платите Владата да ги пренасочи во лекување и снабдување со опрема. Сега не е време за Луксуз и на сите да им се скратат привилегиите и плати. Немаме за здраство па ке се расфрлаат. Итно владата да ја поништи одлуката.
А кој е тој? Во поглед на Виена тоа што зборува во видеото, не знам, можеби. Одамна бев. Но во поглед на Софија денешно време (2018, 2019) Белград може вода да ѝ носи...
Еден од ретките кој што немаат влакна на јазик да кажат што мислат јавно без да заземаат страна За Виена се виде по последните дешавки дека е така, а за Софија веќе е видено одамна што е и како е.
Мене, барем од пососченото видео, ми изгледа како некој што и нема за кажување многу, веројатно пијан. Сè уште како да се нема разбудено од демагошкиот српски сон негуван 1990-те. На прашањата одговара во стил: „Абе знаеш, тоа е ова она џиџи миџи, ма што да ти раскажувам... уствари све е тоа исто и различно...„. Имам гледано од истата емисија други гости, многу поконкретни и појасни во своите ставови, како на пр. Милан Гутовиќ (беше дури и спомнат во видеото). Софија е подоста променета во однос на тоа што било одамна. Не зборувам за политиката на Бугарија кон соседите, зборувам за главниот град. Вистината е спротивна од тоа што тој го рече во видеото, токму Софија денес, за Белград е уау.
Одамна не сум била во Софија, ама уште ги памтам безбројните сиви блокови од згради, она сив комунизам, да те утепа во поим. И многу лоша храна имаа, кујната им беше крш. Дали нешто смениле и обновиле, не знам, би отишла во прва прилика да прошетам. А по другине градови веќе луѓе не останале. Се живо емигрирало на запад. Посебно Шпанија им е привлечна, таму врие од Бугари. А пензиите ептен европски - по 150 евра врв. Од друга страна, Белград ми е убав град, со дух. И луѓето ми се поблиски до наш менталитет.
Начинот и стилот на изразување е небитен, битно е што кажува а реалноста е таа ни се допаѓала нам или не тоа е, исто како и на Тируфонов постот ( се надевам го прочита) кој е буквално исмејување за нас Македонците (мене не ми се допаѓа) но нека е заслужуваме, кога веќе паѓаме толку ниско. Уредувањето кај Бугарите од секогаш било во некој чергарски стил и тешко дека во догледно време би го промениле тоа, додека пак кај Србите е спротивно на ова.
Никакви покачувања на плати да нема во ваква Здраствена Пандемија. Сега треба сите од Хуманост кои имаат поглеми плати во Јавната Админисрација да ги реалоцираат дел од нивните лплати во Купување и опремување на болниците, и покачување на платите на Здраствените работници. Во ова време единствени што заслужуваат покачување се само Здраствените работници. Тие имаат најголем ризик од Болест, и тие се тие што ги лечат во Болниците. Итно Ако треба Претседателот на Државата да ја укине Страмната одлука да ги покачат платите на Уставните Судии.Божем немаат за леб па сега најдоа да ги зголемуваат платите. Брука и срамотаа.