Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2012
    Messages:
    1,460
    Likes Received:
    1,482
    Бидејќи тие сметки колку и да се големи - се плаќаат. Да видам дали на местата со немакедонско население ќе им стават толкави цени или ако стават, колку сметки ќе бидат платени? Во заедништвото е силата. Затоа едни се стиржат како оФци, а други ќе уживаат.

    Кажи им го тоа на македонците од странција. Ним се' им е убаво. Се им е добро. Зошто? Бидејќи не живеат во Македонија, нормално. И оние од третото доба кои најмногу се лажат за гласови. Клупите низ парковите им се отстранети, нема каде веќе да се собираат, нема каде една голтка вода да се напијат и сите тие работи им ги заменија со одвратни споменици со неизмерно големи пропорции ама ним пак им е добро. Важно им пуштија бесплатен превоз во вторник и петок. Ако на нив им е добро, тогаш зошто би се жалеле младиве? Што пак тие има да се жалат кога за едно излегување се потребни само 1000ден, а невработените им родители од дома не знаат како да скрпат крај со крај. Ете, нека излегуваат на спомениците. Барем тие им се „бесплатни“ (ако се лажиме!).

    Нема повеќе да ја коментирам онаа глупост со спомениците. Барем сега са сега сум смирена, не сакам пак да се изнервирам :D

    ЕДИТ!
    Си немав работа да кликнам и расчитам уште по нешто низ темава.

    Не можев да го читам целиот пост. Да бидам искрена, се изморив уште од првите неколку реченици и на тие и ти коментирам, а сигурно ќе имало и повеќе ако дочитав.


    А докторите кај им се? Клиничкиот центар во Штип велиш? Епа после толку време срамота беше некој да биде во таа болница со такви услови кои ги нема во ниту едно друго место. Требаше да се затвори целата болница, да се направи неколкукратна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Инаку пациенитите почнаа да умираат од нешто друго, а не од она заради кое дошле во болницата.
    И уште тоа го велиш успех? Она што задолжително треба да се направи ти го нарекуваш успех? Ах...


    За ова би ти напишала цела студија од многу листови од А4 формат. Наместо тоа, ќе те прашам: ако мислиш дека УГД во Штип е добро нешто, тогаш зошто за нивни (владини) соработници и работници во администрација (бидејќи само таму можат) бараат од УКИМ? Конкретно само еден пример ќе дадам: министерот за здравство исклучиво бараше дипломиран на се' само не на УГД. Да знаеш само колку ми се пишува на оваа тема. Не само што ми се пишува, ми се реагира и најмногу од се - МИ СЕ ПЛАЧЕ кога ќе прочитам кога послушник на партија ќе ми напише вакво кретенско објаснување!
    Не читав од претходно и ќе те прашам, ти на факултет (универзитет) си? И ако е така, на кој? Чисто информативно за да знам дали лапаш празна слама или си потплатена и проста со оглед на фалењето што го изнапиша.
    И од каде ти информацијата дека сакаат да бидат таму и дека не се доселуваат во Скопје. Ако има универзитет, не значи дека е добар. Па и ако е добар, ако има универзитет не значи и дека има работни места за кога ќе излезат од него!


    Наменети само и само за тутунарите. Значи од тие тутунари ми е преку не знам веќе што. Како само тутунарите да постојат. Колку само гранки има земјоделството и аграрот и... И нормално, само тутунарите се во гро план. Останатите не ги даваат на телевизија (најчесто на Сител) и нема потреба од субвенции за нив.

    Доста е сега за сега.
     
    MarcheloGirl likes this.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Вчера, се возам со 50-ка и околу 7.00 часот наутро, што да видам?!! :o Од лева и десна страна на триумфална капија по еден споменик, додуша едниот беше сеуште легнат, требаше да го исправат. А настанот се случува веднаш по завршувањето на локалните избори, да побрзаат да не му текне на Андрејчо да ги продаде па да си ги лапне парите. Ај некако се "изџвакаа" тие два споменика, ама сеуште не ги средив "импресиите" од нив кога оп на рекорд уште еден огромен и тоа на уличката го ставиле, па барем нека го преместат семафорот на него нека го стават, да не фаќаат место и семафори и споменици. Потоа слушнав дека уште 28 споменици биле на ред за местење :o
    Не можам да разберам, мораше ли само во Скопје да се редат толку споменици, па зошто не ставија по другите градови, да се распоредат рамномерно, што е многу-многу е, на ништо не личи веќе градов. Доволна им беше фонтаната со Александар и триумфалната.
    А болницата во Демир Капија, Демир Хисар, многу од клиниките и други здравствени домови, не ги исполнуваат ниту елементарните услови за работа.
    Можеби прават, можеби градат, можеби се истакнуваат со дела, но треба да си вработат човек кој ќе им каже каде, што и во колкава мера треба да се гради. Треба рационално да се користат средствата.
     
    Annath and kravce like this.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    ^ Јас мислам дека сега Охрид ќе биде на ред :^) Долго време стагнираше, наеднаш ќе му лупнат еден куп, за да се види дека работат :^)

    Патем, моментот со Коцета и тортата...уште да се зашлакаа им фалеше, како на свадба :tmi:

    некаде на половина од видеово...неуспех, останале неизлажани пензионери :?:
    http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=25940
     
    Hipster and Abeja like this.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Леле леле па јас уште не сум ги видела сите, па овој на коњот како галопира, бре бре стварно немале граници, колку ли пари испрале, кај ли им се сушеле.
    Да бидам искрена, ама некако споменициве не ми изгледаат привлечо, многу страшно и огромно изгледаат, ќе плашат мали деца.
    И како да се сликам покрај толкав споменик со толкаво постоље, до средина на постољето главата ќе ми биде и ни с од споменикот нема да се види :rofl:
    Читам едниот бил 300 илјади евра, друг 270 илјади евра, аце заборавив колку беше, сигурно 10 пати по толку. Па добро бе од кај толкав Буџет кога само се жалат. Па ние ако имаме толку пари за споменици треба да сме економски најбогата држава во регионов па и пошироко.
    Толкави цифри се вртат а мене во главата ми се врти, мене доволни ќе ми бидат и 50 илјади евра, скромно нели? Толку вреди само опашот на коњот на Чакаларов, а може споменикот да помине и без него, што ќе му опаш, битно ќе спасат една човечка судбина која се наоѓа во прилично очајна состојба со вртоглавици од вртоглави суми. :lol:

    Туку единствена светла точка денес е тоа што конечно Тарчуловски ќе го пуштат на слобода.
    Не знам дали кажале, со кој авион ќе дојде, да му се организира пречек, зашто вреди повеќе од сите овие токмаци заедно и само тој даде свои осум години за оваа држава, неправедно, што тешко дека некој политичар би дал.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    ...затоа што има склучено договори и ставено пари во џеб. Па прибидејќи ја изгуби власта кристално јасно му е дека ќе го чешлаат и поднесуваат кривични пријави за перење на пари. Па по тој повод да си го испере ,,демек,, газето и најде оправдание на парите се расфрла преку ноќ со поставување на споменици. Ајт централната власт ќе му даде подршка и стави во сенка.
    Туку кога ќе ја отворат пандорината кутија - Урбанизам во општина ќе биде интересно. А што и дека ќе биде, нема кој да го штити а тој здраво да кешира?!?!
    Сите бре ,,бизнисмени,, стојат во сенка и кешираат по партии, ако сакаат да ги биде ама овој нешто ја зезнал работата т.е засметал на Власта....
     
  6. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Joined:
    Mar 2, 2012
    Messages:
    178
    Likes Received:
    44
    Gender:
    Female
    Подобро речено, страм ми е да кажам дека живеам во Македонија...Не е само Куманово продадена општина, сите општини кај што албанците се малцинство функционираа на таков начин. Во мојата општина актуелниов градоначалник губеше мноогу во првиот круг, а во вториот кога во трка влегоа само кандидатите на сдсм и вмро сите албанци гласаа за него (активна интензивна кампања во албанските села во изминатите две недели го направи своето- е јас незнам што тука им имаат ветено ама знам дека тие не бараат брашно, така да...). Патем градоначалников е од вмро :!: ....
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Тарчуловски ќе го ослободат конечно и да, тоа е супер. НО во која Македонија се враќа човекот? Дали можеби Талат Џафери ќе го пречека на аеродром? Тој сирот си изгуби 8 години од животот по затвори, стана осуден воен злосторник зашто ја бранеше Македонија, а сега, оној од кој ја бранеше му е министер за одбрана (?!), неговите соборци, дури и загинатите треба да и враќаат пари на државата за која гинеа (!!!) (пишувам и не ми се верува, страшно) и ќе треба да седне на маса со Груевски кој е рака под рака со Али Ахмети, чија партија слави победа на избори во Македонија со извикување УЧК! УЧК!... Во која Македонија се враќаш, Тарчуловски? ОВА ли е твојата Македонија?
     
    Annath and MIA-SK like this.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,676
    Likes Received:
    14,141
    Не е точно, Албанците од Опае нема што да слават во Куманово бидјеќи тие се во Липково и таму гласаат. Каква џамија, какви бакрачи, нема врска тоа се измислици на ВМРО бидејќи и по 23 год не го земаа Куманово и покрај 2-3 посети на министри во кампања дневно, пак загубија. Албанците не го сакаат ВМРО и не го поддржуваат. Таа е причината што Дамјановски доби, инаку од нив имаше поддршка и на минатите избори па не добија ни џамија, ни ништо. Џамии гради ИЗВ, не Дамјановски. Вие од ВМРО нешто сте грешка. Не мислам дека градот е продаден, кога имаме 65% Македонци, 7% Срби, а АЛбанците се 23% и многу од нив се во странство. Ако Албанците масовно го поддржаа Дамјановски верувајте разликата ќе беше многу поголема во гласовите. Значи го гласале мал дел од Албанците и затоа тој победи 2000. Да победи со 7000 да кажете ете го гласаа Албанците. А што има тука спорно, да ги даде гласовите за Ѓорѓиевски во ред ќе беше. Ма ајде, пред Влада кога викаат УЧК што им прават?Ништо. Ми се повраќа од оваа посрана држава.
     
    Edie.S likes this.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    Па како нестабилно подрачје, мора. Не само споменици, туку меморијални домови, нови згради и сл. Ако затресе земјотрес (не дај Боже) да се чуе вревата и види прашината што подалеку. :D

    Шала на страна, сум за споменици, меморијални домови и сл. Особено главниот град не смее да се заборави по тоа прашање :!: . Навистина го поддржувам тоа. Но мислам дека во Скопје веќе доволно ги има. Доста беше на тоа слабо тло.

    Wow... I have a personal favourite. :geek:
    Стој...или мајка ми ќе пука...уствари ја...уствари коњот...уствари шо е битно кој, пиштолот е тука.
    [​IMG]
     
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2011
    Messages:
    1,144
    Likes Received:
    17,999
    Gordana10, Ketrin.Moon and tessie like this.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Гледам-читам кумановка си а :geek: Кој ги гради демек улиците т.е градеше во првиот мандат Хуљуси (си го чула) а последниве 6-7год нема ниедна дупка закрпена. Второ, Фериз авто школа што ја има и еден куп граѓевински фирми и згради по Ку-во кој му дава дозвола на некомплетни документи ?!?! Трето Чекрезе каде што се полнат кутиите кој шиптар го држи во Ку-во?!?! Брат Роска -коцкариште живо на кого се продаде и кој го и.еба.......да не ти редам факти
    Да се разбереме шиптарите гласаа и за двете партии, не им бери грев така сега да ги напаѓаш :angel: тие и сега само искористија додека македонците се колеа.
    Факт е дека Дамјановски го протна пазарот под маса во последен момент во 16 часот (излезеност во 13часот беше многу мала) а зошто ќе видиме во деновите што ни следат а и факт е дека Ѓорѓиевски е човек без дамка на него ама не профинган за прљави игри. Освен што имаше дебел грб од Централна власт и подршка од македонци играше чесно. Не делеше брашно, зејтин и др. на ромите на ден пред гласање, не поткупуваше гласачи....затоа што не го бива за тоа а и искрено немаше такви играчи.
    Факт е дека што обеќал Циц и ќе исполни а и факт е дека што и да обеќал Ѓорѓиевски можеби ќе нема да исполни зашто ќе беше само марионета на централна власт ама ете можеби ќе направеше нешто за градот.
    Албанците не се 23% во Ку-во, некаде 11-12% (проста математика 88 илјади и нешто гласачко тело од кои 7-8000 се албанци, ajде вкупно население 120 000 тие нека се 20 000)
    Кој сака нека биде, прослава на плоштад со ,,браќата,, и роми разбирам (ромите со плех музика) ама скандирање ,,УЧК,, :tmi:
     
    Ariel, manja666 and Abeja like this.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,841
    Likes Received:
    101,418
    Gender:
    Female
    Факт е дека во Куманово имаше чинам најмала излезеност.Се си мислам народов се измори од кампањата која колку траеше?Месец и пол? :^)
    И јас мислам дека тоа што победи Циц е заслуга на албанското гласачко тело.За ветената џамија и јас слушнав иако не знам каде ќе ја вметнат на плоштадот.Ама длабоко сум уверена дека ако не е џамија е нешто друго.Да се разбереме ,никој не умира од љубов по Циц или Ѓорѓиевски.Поверојатно ми изгледа дека станува збор за други ветувања.Нема да се изненадам ако комплетно се смени администрацијата која се храни од државна цицка.Македонците ќе останат на понеугледните работни места ,тоа е вистина и секојдневно сум соочена со тоа.
    Мене друго ме плаши.
    Не гледам дека Куманово нешто многу напредна во изминатиот период.Кејот е среден кој сега ако поминете е во очајна состојба,ѓубре на сите страни,парк и воопшто нема .Тој што го има е неугледен и мал.За насадени дрвца и зеленило не станува збор.Се си мислам дека Куманово сега ќе остане слепо црево.Пари од буџетот нема да добие градоначалникот,или ако добие ќе бидат мали суми.Проектите нема да му ги прифатат...и нема да мрдне градов ни метар .Ако и добие некој денар тоа ќе биде од донации.А знаете колку е тешко да влезете во тој круг за подарени пари?
    Тоа е мое мислење ,ако грешам...нека изгорам :)
    Просто да не знае човек како да се однесува и што да мисли.Од една страна ме нервира суетата на Владата,од друга страна во прашање се 4 години во кои е можно јас се уште да газам кал и да немам градски превоз.Па дури ни такси не сака да доаѓа од тоа колку е во очајна состојба патот.Моментално е раскопан и ако сакате да поминете понесете гумени чизми.Или во полош случај научете да пливате низ новосоздадените калливи бари.
    Факт е дека тонеме.[​IMG]
     
    slavica999 likes this.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2010
    Messages:
    4,029
    Likes Received:
    25,023
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    Луѓе, да не пристига вечер Тарчуловски пошто хеликоптер се утепа од вртење?
     
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,824
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    Сега засега, има една добра работа од политичката кампања.
    Ќе си го потпалам огинот со сите тие флаери и остали глупости. :mm:
     
    daylight likes this.
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2011
    Messages:
    1,144
    Likes Received:
    17,999
    Според најновите информации во Куманово ќе се прегласува на дури 30 места. Дај Боже да се смени крајниот резултат...
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2012
    Messages:
    1,460
    Likes Received:
    1,482
    Не верувам дека толку брзо ќе биде. Чекаа 8 години па од денес за утре не верувам дека би го направиле тоа.
     
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2010
    Messages:
    494
    Likes Received:
    262
    Gender:
    Female
    Ја мислам ќе се прегласува и ВМРО ќе го земе. Видоа дека е мала разликава и оти можат да добијат, ама изгледа повеќе внимание обрнаа на Велес и Кочани оти таму можеа да изгубат. Сега кога ги земаа може и у Ку да се ангажираат повеќе.
    И ако победи Вмро мислам дека градов ептен ќе заживее зашто ќе мораат да се покажат за да го задржат и за наредните избори.
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    Прочитав дека ќе го пуштат денес, најдоцна утре. Владиниот авион за неговото враќање е отиден. Како не им е срам на ова министриве да изјавуваат по фб колку се тие среќни за неговото враќање. Наместо да пишуваат на интернет, нека се засрамат и нека го пречекаат со наведнати глави, со исчекување на негова прошка ако воопшто ја добијат, бидејќи не ја заслужиле, осум години од живот тешко е, скоро невозможно, да се простат.
     
    OmniaVanitas likes this.
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,824
    Likes Received:
    5,092
    Gender:
    Female
    ОмниаВанитас не е точно дека има субвенции само за тутунарите. Почнаа да даваат и за тикви, и за кози, овци и за ореви, и за сливи и за се и свашта. :!:
    Што оти им дале на тутунарите? Има илјадници луѓе што заработуваат од тутун.
    Вчера ми кажуваа. Во времето на опозицијата тутунот бил 50 денари кило. Сега толку ги направија субвенциите само.
    Не можам да ве разберам. Цело време мрчите за спомениците дека биле трошење. Признавам, трошок се, ова е претеризам, којзнае што ќе стане со тие плус 28 споменици, ама кога се дава нешто не мора пак да мрчите.
     
    tessie and Abeja like this.