1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    И сега што ке праиме после ветовоодБугарија?
    Сега на кој начин ке ги отвараме поглавјта и пристап до фондови?:)
     
  2. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Попитај го Заек.
     
    На monibejbi и Ева33 им се допаѓа ова.
  3. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    "Кучињата лаат, карванот си врви" ...
    СДСМ без многу напор, повторно ја освои власта во Штип, центарот на источниот дел на Македонија.
    Вмровците во својот препознатлив стил... бојкот, силни само на уста и тастатура, дремат дома и гледаат како им се рони партијата ... :lol:
     
    На JuLleE, oblace1, anaja1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    IMG_20201214_094134.jpg
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Ќе го прашаме:)
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Пак ова албанците се собрале да гласаат масовно за Сдсм у Штип.... дури и со повеќе гласови него порано тепале....ццц све тоа не македонци:D.

    Ама ајде, можеби уште некој порталски наслов ако постираат на интернет ќе ги натера луѓето да не ги гласаат:worried:.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.868
    Допаѓања:
    178.875
    Ајде малку контекст на образовата реформава, укинување на предметот Историја- во име на историјата која е комплетно небитна;).
    Реформава се најавува во екот на фамозните преговори со Бугарија,во денот (17.12.2020) кога треба да поминат забелешките за започнување пристапни преговори на Македонија (од неодамна наречена Северна Македонија) со ЕУ. Забелешките вклучуваат параграф, прифатлив (или наметнат) од Бугарија, кој претпоставува дека некој има погрешно толкување на историјата, и секако, истото треба да се елиминира.
    Не велам дека во истиот ден ја смислија ,,реформата,, ама премногу е очигледно од каде е инспирирана.

    Погрешно толкување на историјата, според мое скромно видување, значи придавање на атрибути, непостоечки во историскиот контекст. Во историски контекст на среден век не можеме да зборуваме за националност од денешна перспектива, ниту за јазик од денешна перспектива. Кирил и Методиј не може да бидат ни Бугари ни Македонци, затоа што биле Византијци или Словени од територијата на Византија, регион Македонија, град Солун. Тоа што Византија географски не постои е во ред, затоа што ниту Кирил и Методиј физички не постојат веќе. Ако Кирил и Методиј биле Бугарски просветители, дали тоа значи дека во Македонија и во Украина и во Моравија зборуваат дијалект на Бугарски? Тие кои денес живеат на територијата на некогашна Моравија, не се чувствуваат баш бугарски, затоа за Чешка и Словачка вакви сулуди формулации се неприфатливи.

    Мислам, може и да не се учи историја, ама затоа после ќе се пишуваат вакви небулози
    ,,Чешка и Словачка со блокада на заклучоците на ЕУ поради погрешното историско толкување на светите Кирил и Методиј од страна на Софија, пишува професорот Митко Б. Панов од Институтот за национална историја кој дава интересна идеја за прослава на сесловенските просветители кои според него се причината за реакцијата на Прага и Братислава...
    ...Македонија од идната година треба заеднички да ги прославува светите Кирил и Методиј со Чешка и Словачка! Од едноставна причина што официјална Софија се дистанцираше од сесловенските просветители со последните промени во историското дефинирање на денот на св. Кирил и Методиј во Бугарија”, пишува Панов.,,

    Знаете ли професоре, на кој датум се слават Кирил и Методиј во Чешка и Словачка, и зошто на тој ден? Што вам ви значи 5 јули? Слабо историја и логика, слабо(facepalm)
     
  9. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски

    Сва среќа за нас што забелешките не поминаа, благодарејќи на Чешка пред се мислам.

    Тие ги имаат вметнато Кирил и Методиј во нивниот устав.

    Инаку, гледаат колку е сатот и народите слични на нас.

    Два народа со слични јазици си се признаваат меѓу себе и не дозволуваат некој тоа да го забранува на друга држава.

    EpdxmdRWMAIy-vp (1).jpeg

    EpgWxiGW8AE5xtq.jpeg
    Само дното ко нашиве такозвани политичари, Зоќи, Димитров и слична багра ги моча и дупчи кој стигна.
    Они all in одат, и го секогаш го добиваат од "трите-подолгото"
     
    На LadyMau, Fleur-De-Lis и 1112 им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Остај тоа, туку шо муабет по портали, што повици , што пљукања имаше оти нели пандемија имало а тие избори организирале...
    ....а ваму секој ден фрчат протести:lol:.
    Викаат членови да излезат на улица:lol:
    Ама нешто и членството не ги ,,регистрира,,
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Спојувањево на историја со географија не го разбирам. Дали учебниците ќе трпат измени, нели битното, и второ кој ќе ги предава двата предмета во едно? Си играат мајтап со образованиево. Од лошо, полошо го направија. Децава неписмени ни станаа, експериментираат со разни системи, ни учителите повеќе не можат да ги разберат, ни децата, ни родителите.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ама со возила протестираат, тамам да испозагадат и онака загадениот воздух.
     
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Наводно, со промените во образованието сакаат да нема класично учење на лекции туку да се дава тема на која учениците ке пребаруваат на нет, ке бараат литература , ке читаат и ке пишуваат свои размислувања.

    Моја блиска има дипломирано на Сорбона книжевност.
    Додека овде на факултето за книжевност се учат лекции, се влечат прашња, се заокружуваат точни одговори, таму се задава тема и се истражува.До израз доаѓала креативноста ,инвентивноста и снаодливоста на студентот/ученикот и со тоа го поттикнувале сам да доаѓа до заклучоци.

    Во врска со спојувањето на географија и историја, мислам дека е не возможна мисија.
    Тоа се две различни области кои се НЕспоиви.
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ама какви возила, цели снимки има по портали каде со знамиња веат пред Влада.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Нема да имаат предметна настава туку мултидисциплинарна настава.

    Значи, кога учат историја, географијата е многу битна за да знаат на кој дел од планетава, каде нешто се случувало, па каков бил теренот (рељефот). Границите се менуваат, ама планетата останува иста.

    Хемија и физика имаат многу допирни точки. Учиш за елементи, атоми, субатомски честички и нивно соединување, а сето тоа е резултат на физички закони.

    Битното е да разберат што учат, а не само да научат факти на памет.
     
    На ElenaOfRivendell и referentka им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Ова не ми се допаѓа.
    Ме потсетува на мојата генерација кога на памет се учеше.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Уште така се учи.
    Кембриџ програмата е предобро дизајнирана, ама не ја имплементираа нејзината примена, туку само бирократијата... и пак исто ко во наше време си остана ситуацијата на терен.
     
    На Angie1432 и referentka им се допаѓа ова.
  18. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Чешка и Словачка не се согласуваат со заклучоците за проширување на Европската Унија, кои беа понудени вчера во Советот на амбасадорите во Брисел.

    Предлогот на заклучоците од германското претседателство го вклучува барањето на Бугарија да се додаде реченица што се однесува на „погрешното толкување на историјата“ во делот поврзан со Македонија и Бугарија. Ова барање досега беше одбивано.

    Заклучоците треба да бидат донесени најдоцна во следните два дена. Сепак, Чешка и Словачка побарале повеќе време за консултации за понудените заклучоци.

    Двете земји членки сметаат дека вклучувањето на историскиот контекст во официјални документи на Европската Унија претставува преседан и го комплицира понатамошното проширување на Унијата.

    Двете земји предупредуваат дека оваа формулација поврзана со историјата не е предмет за ЕУ и дека не треба таа да суди кој како се идентификува и каков јазик говори.


    ©Makfax.com.mk

    (y)
     
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    На следни избори ВМРО-ДПМНЕ оди во “тајна“ коалиција со Левица, Алијанса на Албанците и Алтернатива.

    Паѓање на една власт која има апсолутна власт државна и локална моќ не е лесно. СДСМ располога со парите и бизнисмените, па така полесно е да поткупуваат, затоа и и нивното паѓање оди поспоро, но тој тренд не може да се сопре. Тоа го покажаа и изборите во Штип. Нивен градоначалник, партиски вработувања, поткуп, а далеку беа под цензусот. Патем, пајтон партии, кои глумат “десни и патриотски“, а се платени играчи на СДСМ, од типот на Интегра, им обезбедија цензус и 2.000 гласачи. Плус, на локални избори секогаш повеќе се гласа отколку на парламентарни. СДСМ во Штип освои 3.500 помалку гласови од претходните локални.

    Од друга страна, Александар Николоски, потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, најави неколку пати дека интензивно се преговара со неколку пратеници од владејачката коалиција и помалите партии да преминат во опозиција, а со тоа да се гласа недоверба на влада во блиска иднина. Ете, на крајот на првиот дел зборува за тоа.



    Никој од провладините портали не го негира тоа, значи имаат информации дека се крчка нешто.
     
  20. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    137
    читам на интернет порталите оливер спасовски рекол дека грујо ќе се
    врател за да си лежи казна затвор.

    да не пушел од украдената марихуана што ја заплениле арачиново?:D

    и, најозбилно, толку ли им е дојдено до диверзија на одвлекување на
    внимание од дневна политика и катастрофални состојби во државата
    што се запнале за грујо да го спомнуваат?
    грујо одамна го нема, веќе не е главен со години, власта е иста веќе
    3 и пол години, а работите се од лошо полошо, да се чудиш како е
    можно толку катастрофа до катастрофа.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.