1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Си го гледала 'Професионалец'? :D
    Е ти си тој!

    Не за џабе на сите ни си 'сумлива' и не мојме да те протумачиме :D

    :angel:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.871
    Допаѓања:
    178.907
    Кој, францускиот ли? :D
    Може тој да бидам, ама со германска синхронизација битте:rofl:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не , српски е овој.
    Ако не си го гледала, значи ТЕ МОЛАМ!

    Професионалац - ориџинал тајтл
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Зошто пратеникот да му одговори на премиерот на ПРАТЕНИЧКИ прашања? Пратениците се тие кои ја контролираат владата а не обратно. Туку, многу е интересно што човекот кој до вчера се колнеше во своите деца дека нема да го смени името на државата, дека нема да има двојазичност, дека нема да се менува уставот и бараше да не му се гиба македонската жица - го направи токму тоа; го смени името на државата, воведе двојазичност, го смени уставот. Човекот кој до завчера викаше дека Бугарите биле админстратори а не окупатори, вчера викаше дека Бугарите биле окупатори а не админстратори. Заев е навистина човек од доверба на кој треба безусловно да му се верува.

    Зошто едноставно не си кажете дека Апасиев и Левица неочекувано ви ги испореметија сметките особено по новите анкети од несомнено слободната и независна телезивија Макпетрол Телма. На наредни избори нема да ме зачуди да си коалицирате меѓусебно и конечно да ги симнете маските дека ве заболе за државата и народот. Вие сте исто ср*ње различно пакување, две страни на истата паричка, Курто и Мурто.

    До вчера тренди беше дека Левица е продолжената рака на ДПМНЕ, дека Мицковски му купувал коли и станови на Апасиев за денес да се зборува како всушност СДС биле тие кои ги помагале Левица цело ова време. :clap:

    Гласачите не се во сопственост на СДС и ДПМНЕ па да им ги краде Левица. Толку ве бива, толку ви е капацитетот, освен од штапски пацови нема за што да се надевате на повеќе гласови.

    Бре мајката каква логика еј! Значи јас не смеам да бидам против Х бидејќи тогаш автоматски сум за У а? Не бе дечко, преку глава ми е од криминалните здруженија СДС и ДПМНЕ кои со децении паразитираат на туѓ грб.
     
    Последна измена: 31 декември 2020
    На Роберт 7, motojlo, WaitTillTheEnd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    6.901
    Пол:
    Машки
    "Доволно е луѓето да знаат дека изборите се одржале. Луѓето што гласаат не одлучуваат ништо. Луѓето што ги бројат гласовите одлучуваат за сè." - Јосиф Сталин
     
    На SugarHoney, Nevenche26 и Осе им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не му одговори, затоа што нема што да му одговори. Зоран Заев му ја шлапна вистината дека Левица е најдобра инвестиција на Зоран Заев и Мериот хотел, т.е. Сашо Мијалков.

    Кои нови анкети? Тие платените на Телма каде вештачки му го креваат рејтингот на Апасиев, за да уште повеќе зема гласови од ВМРО, а со тоа да му ја зацврсти позицијата на Зоран Заев и СДСМ?

    Што тоа е различен Апасиев од Зоран Заев? Зошто Апасиев не се извини дека учествуваше во рушење на легална власт во Република Македонија, фрлаше боја на споменици, кршеше државни институции и директно учествуваше во инсталирање на Зоран Заев во власта? Зошто Апасиев не се извини дека учествуваше како дел од рекетарскато СЈО финансирано од СДСМ и Зоран Заев?

    Една е real политиката, а друго е фантазијата што ви ја продава Апасиев, за да проста маса се пали на глупи реторики, а со тоа директно му помага на Зоран Заев и ја ослабнува опозицијата. За кого игра Апасиев доволно погледни кој е на власт сега. Што тоа ќе промени Апасиев ако дојде на власт? Ќе го поништи Преспанскиот? Тиранската платформа? Ќе го укине Рамковниот, двојазичноста? Хах, смешно. Ако веруваш во овие глупи приказни, тогаш ти имаш проблем со самата себе, а не јас. Врати се малку во реалноста. Левица ниту има програма, ниту има кадар, ниту може да повлече луѓе на улица, туку моментално СДСМ го промовира преку сите нивни инсталации, за да наштети на ВМРО. Тоа е целата приказна. Ќе помине и тоа.
     
    На Nevenche26 и Осе им се допаѓа ова.
  7. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    :D:D ти си длабоко влезен во ану*от на Мицковски.
    Дечко ти си 100% сигурен дека Левица само на Вмро гласови скратила?
     
  8. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    За да формираш објективно мислење треба да ги согледаш фактите што се од двете страни, а не да слушаш само што ќе ти кажат од штаб. Прво, Апасиев по професија е правник, во СЈО го викнале на службена должност која тој си ја наплатил, никој не ти работи за бабино здравје. Дел од СЈО беше само првите неколку месеци, после се тргна кога почнаа да фаќаат кривини.
    Второ, шарената револуција не беше рушење на легална влада, тоа беше резултат на незадоволството на народот, да било се толку легално и убаво немаше толку луѓе да излезат на улица. А тоа што Заев си ги присвои протестите и си имаше ќар од сето тоа, нема врска со Апасиев. Оди барај ги луѓето од типот на Павле Богоески, што си се шитнаа и нив плукај ги.
    А за тоа дали ќе има некоја промена кога Апасиев би бил на власт, никој не може да каже, секоја партија ветува нешто. ДПМНЕ и СДСМ видовме дека ништо не исполнаа од тоа што ветија, дури и државата ни ја дотурнаа во провалија. За сега само Левица како партија е чиста пред народот, зошто не би им дале шанса и нив. Полошо од ова денес, сигурно не може да биде.
     
    На malerozna, Billy Idol, WaitTillTheEnd и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Мене искрено до скоро Левица ми беше светлата точка во тунелот, ама откако споделија статус на ФБ дека нели не гласале "ЗА" за парите за партиите, кога одоздола имаше еден куп коментари како на пример "ќе ги вратите сега парите?" Или "статусов ви е манипулаторски, знаевте дека ќе сте единствени што нема да гласате "За" па сега глумите овде добри момци" или "ќе ги донирате парите?" И такви слични коментари, од Левица ги избришаа сите коментарчиња што не им се свиѓаа и така некако ја замачкаа целата ситуација и пак не дадоа никаков конкретен одговор, што не е типично за Апасиев, сфатив дека светлото во тунелот е возот.
    Значи потполно се согласувам со твоето мислење.
    Сите си гледаат за својот џеб на никого не им е гајле за народецов македонски.
    Филипче и Зајко си се возат по планини, си се сликаат, ни маски ни дистанци, нас ќе не млатат со казни за неносење маски во кола со членови од фамилија, Апасиев собира поени од надежни граѓани што не сакаат да ја видат пошироката слика и така....
     
  10. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    И јас да ти кажам кренав раце после тоа, ама Апасиев даде одговор на сите прашања околу тоа во последното интервју, за разлика од другиве што никогаш не одговориле конкретно туку си вртат од околу. Ама сепак, останува да видиме, ретко кој останал чесен во политика.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Дај линк ако имаш од интервјуто.
     
  12. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Еј да ве прашам нешто. Вие што урлавте со изрази како "Името ли ќе ви ги рани децата?","Името ли ќе ви ги плаќа сметките?". Сега ја да ве прашам, НАТО ли ви ги плаќа сметките и рани децата?
    Колку и да не се интересира човек со политика некогаш неможе да преќути.
     
    На Роберт 7, motojlo и Hacon им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    Па повеќе има надеж од нато неголи од нашата историја.
    Имаш ти ќар од неа!?
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Ајој кои небулози чоече. Од кој ќе те брани нато? Нато не дава леб и нема да ви плаќа сметки. Нато е терористичка организација која низ нејзината историја бомбардираше десетици држави кои се бореа против тероризмот и окупација на сопствени држави. Една од тие е Србија. Последици од тоа бомбардирање има и нашата држава. Колку и да не се разбирам од политика ама ова е факт. Надеж имало. :clap: Дај излезете од таа западно погана матрица. Не се што доаѓа од таму е ко што треба.
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    девојче, арно си пишуеше у секс.
    шо наваму те спотера?
    арно велиш врска немаш, сеј си кај шо те бива очигледно.
     
  16. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Ај те молам не ми држи лекции и глејси работа. Јас одлучувам каде и што да пишувам. Јасно?
     
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    не е јасно:D
     
  18. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Супер ај сеа изгубисе и не ме цитирај ако не ти штима нешто.
     
  19. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Нервози на форум ли вадиш?
    Секој си има право на свое мислење, нема зашто да се понашаш како да имаш 14 години. Ова те бива само за секс, е доста навредливо.
     
    На christinnn, Ева33, motojlo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.339
    Пол:
    Женски
    зашо нервози, баш се насмеав од срце на муабетот кој децата ќе ги ранел. :rofl:изглеа мисли името ќе и плача хранарина:rofl: