Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Од неа и такви како неа неможе човек на раат да си пише во било која тема. Се они знаат се они се у право.
    Никој никого не тера со сила да верува во нешто. И мене не ми се допаѓаат нечии ставови и мислења па игнорирам и не се контрам на све живо.
     
    На busybee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Само затоа што нема да ти плаќа не треба да значи дека треба да го смениме. Ти ако немаш пари дома име и презиме менуваш или одиш да работиш и смислуваш економски план и начин на заштеда?
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    ем плачеш зашо те цитирам ем продолжуваш. работава ем се ... ем неќе да и влезе.. :rofl:

    сериозно сеа. што кој курац сте се фатиле за историја коа ни 10% не знаете од неа.
    надам се дека барем на фб прочитавте на денешен ден кој е убиен и зошто и патем на колку год биле коа биле убиени, за некој денес вака да се просерава без везе.
    навивајте за името но ко што гледате никој не ве праша . али АЈОЈ НЕБУЛОЗИ муабет -ако сакаш дискусија исклучи го, за да не плачеш после дали било јасно или не.
     
  4. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Од такви терористи во кои се крстиш ти и таквите како тебе пола роднини ми погинаа бидејќи еден родител ми е од Србија. Ај тоа, во 2001? Терористите како глувци ги влечеле со автобуси баш тие натовци а умираа наши роднини, соседи, татковци.... Од кои исто така имаше и закана дека ако се бори Македонија против албанскиот тероризам дека ќе не бомбардираат, затоа и престанаа и бидна тоа што бидна.. Не тропај глупости и проверувај информациите пред да пишеш нешто. Нато им давало надеж. (facepalm) Зини земјо и голтај све по ред....
     
    На motojlo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Никој не сменил име од сиромаштија, а и ете го сменивме името, влеговме во НАТО. И сега што? Освен тоа што плаќаме огромна сума за чланарина и праќаме од нашата војска да гинат за Америка друго ништо нема од НАТО. А болниците ни се за никаде, образованието ни е за никаде, студентските домови и интернатите ни се за никаде. Единствено автопатите чинат... ама за спуштање камен од бубрег, за друго ништо. А мора во НАТО да се влезе по секоја цена.
     
    На Tanjamm, Ева33, busybee и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    2021 дојде и народов уште се кара по овие прашања :rofl: ко некој него да го прашал. Некои работи никогаш нема да се променат.
    НАТО е империјалистичко зло, веројатно нужно, но кој што си сеел, тоа ќе си жнее :) ....додека македонско име, историја, тоа е митологија.
     
    На Tanjamm, busybee и motojlo им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    девојче ние сме ректумот на светот.
    ако не им се придрижиш-губиш.
     
  8. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Еве линкот, 1:02:27 ти е делчето што те интересира
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми рече некој, Замисли ти да треба да мениш име и презиме за подобар живот, се чудам кај е страшното :?:
    Сите што беа ОК со промена на име, рачунајте дека многу мака виделе во живот и се надевале дека работите ќе тргнат на подобро. Не од бес, не од што не им било гајле, туку од проблеми.
    А не знам зошто ситење, демек хаха ете видовте, кога сите во иста каша сме.
    Да се држиш по секоја цена за минатото, а сега и овде животот не е убав, не е баш паметно.
     
    На JuLleE и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Проблемот не е во промена на името, за принцип се работи. Кога ќе те видат дека лесно се даваш сите ќе ти бараат. Еве гледаме дека не застанаа само со менување на името. Сега си бараат и Бугарите за јазикот, за историјата. После на ред се Србите, црквата ќе си ја бараат, па исто делче од историјата. Дали познавате друга држава во светов што си се распродава вака? Еве јас сум млада можеби не знам, ама дај просветлете ме.
     
    На Tanjamm, Nevenche26, Ева33 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Женски
    Колку треба да е човек малоумен за да мисли дека ако смени име на држава дека се ќе биде подобро?
    Ако тие имиња не даваат леб и не плаќаат сметки зошто побогу да ги менуваме ако не се толку важни?
    Значи не е така и некому тоа му годи за да не понижи како народ и држава, а не со цел да биде подобро. Еве размисли логично. Ти вика некој ако смениш име дека се ќе биде подобро во твојот живот. Глу-пос-ти..
    Ај стварно да беше нешто подобро да не ми е жал, ама вака? Сменивме име само во терористичка организација да се приклучиме. И знаеш кој беше ок за промена на име? Оние кои гласаа на референдумот, тоест албанците и испрани мозоци од сдссм.
    Нема да го сфатат тоа џабе збориш.
     
    На Tanjamm, Nevenche26, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    за Бугарите дека ќе бараат се знаеше уште грците коа ставија вето.
    зошто воопшто мислиш дека нешто поразлично ќе беше!?
    предвидени се чекорите и сам/а гледаш.
     
    На Tanjamm и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  13. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Не, ќе беше поинаку ако имаше силна опозиција во собранието, ако не беа пратениците корумпирани. Ако имаше протести, ама не од оние мирните, туку насилни требаше да организираат. За онакви одлуки, во нормални држави паѓа влада, гинат луѓе.
    А инаку, со ова темпо, не тера државичкава наша ни уште 10 години.
     
    На Tanjamm и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Леле какви принципи, ние и принципи, ние да го знаевме значењето на тој збор немаше да сме до овде.
    Повеќето што сакаат да влезeме во еу, идејата им е да заминат полесно со наш пасош, а не дека некој си замислува дека ќе се средат работите магично.
     
    На JuLleE и LiliBoz им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    амаааа.... последниот вака шо размислуваше а беше на функција знаеш шо се деси, нели? :?:
    има попаметни од нас.
    ние не знаеме ни 10% од тоа што реално се случува....
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Тоа е проблемот, едни те исти се вртат на власт, народот што е овде умира за леб, ама пак нив ги гласа, а тие демек паметни, бегаат од тука. Полесно е да бидеш граѓанин од втор ред во туѓа држава, наместо да гледаш да управиш својата.
    Не дека не знаеме, туку едноставно не сме заинтересирани. И постојано се жалиме што ни сториле, сме немале друг избор. Барем нека не се бламира народот со оние смешните објави по социјални мрежи, како некоја секта се. Едните го величаат едниот, другите другиот. А сега ова со танцот од Јерусалема, тие жените од СДС од Прилеп, врв. Ни достоинство, ни гордост не им остана на луѓето.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    власта е од народот. народот (барем повеќето) не се жртва на власта.
    а не обратно.
    државата ја прави народот.
    доста плачеме ко пичондри, за се (општо кажано) сме си сами криви.

    а коа више спомна, тоа видеото, не беше заебанција? сериозно некој тоа го снимал?
     
    На LejlaD и Mantub им се допаѓа ова.
  18. motojlo

    motojlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    354
    Народот се плаши од власта, им се закануваат за работни места, ги имаат фатено во криминали, па ги држат в раце, затоа не функционира тоа што го кажа.
    А инаку за видеото, навистина е снимено. Жените од СДСМ од Прилеп го снимиле, во тек се со најновите трендови. А жално, скокаат како мечки, жени со фамилии, 30-40 годишни.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.344
    Пол:
    Женски
    значи сепак е до народот.
     
    На LejlaD и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да бе, ако дојдат некои преправедни на власт, ќе цути државата.
    Народот нема свест, не може вечито некој друг да ни е крив.
    Ова ептен жртвено звучи, ние заглавени, а да ни се даде шанса, партали ќе напраевме.
    Отвори најобична објава на фејбук за некоја тема и читај коментари.
    Во моментов можам да ти набројам 10 работи кај што никој на никого не го тера да се понаша ко идиот, не му се заканува, не го држи во раце, па пак се понаша ко идиот пошто до тука е свеста, ама ме мрзи да набројувам, нема некоја поента.