Искрено овие од Европска Унија сите се разграбаа по вакцините, а ние од Западен Балкан останавме на крај. Затоа нема што да ни мрчи Европа, ако е потребо за живот и Од Руската да набавиме. Ако можеме преку Србија да купиме не е лошо. Не можеме ние аЕвропа да чекаме да се смилуваат. Каде можеме да се снајдеме таму. Кој прв ни даде тој.За живот се работи.
Зошто го сваќате одма како просење? Прашале нашиве или они ни понудили. Важно еве Србинот се Покажа.Фино лепо.
Ама чекај, ние немаме друга алтернатива освен ЕУ, сакаш ли да ни замери Меркел со другарчињата? Не, не и стопати не за било што кое доаѓа од неевропеизирани земји и диктаторски ликови!
Старите велат "ни фрлаат како на пците за Василица". Сега фора ќе биде уште Орбан да ни понуди донација вакцини, па нека отиде блескавиот да се фрли во Серава. Сосе европскине награди што му ги дадоа.
Урбаното грахhанСво на апарати ќе биде.... Сите ни даваат вакцини, а вакцини ни за лек. Многу мајки детето гладно.
Ако ништо друго, Вучич прв ќе прати вакцини за да му удри шамар на Заевот, зошто нели тој бил "диктатор" а ЕУ ни бил спасот. Ама и за шамар да примиш треба образ да имаш, а не ѓон. Го гледам прееска блескавиот окезен целиот, мислиш којзнае колку е заслужен за понудата што ја добил, па уште "земја сме ние, имаме пари, ќе си ги платиме вакцините". Језа да те фати колку сме за греота.
Читај, граЏансвото релативизира цел западен балкан нема вакцини.. Србија - има вакцини. Бугарија - има вакцини. Грција - има вакцини. Албанија - има вакцини. Македонија - ... ако даде Господ
No way, again... Зар и ви браЧа срби... БиЧе рат кажу сви *Зоране, несреЌо една... **Ништо чудно некој фејк Вучич да му се има јавено на Зоки
Да бе, "прашале нашиве". Нели им пуштиле понуда Русите и овие способниве ја одбиле? Сега нека молат по комшии. Место да си купиме шеќер, ние ќе тропаме на врата кај комшиите "дај во теглево малку шеќер тури ми". Смешно
Ретко коментирам овде ама приметив транскрипт излегол од разговор меѓу зајко и син му на Верушевски, каде "малиов" како консиљере на Мијалков договара примирје меѓу Сашо и Зоки. О санта марија. Мијалков мафијашот пак си ја нареди до крај. И после истекувале рокови за судење...аххахах се е договорено. На крај и со грујо ке се договорат и сите среќно и весело на кафе ќе си одат заедно. И на ручек..
Навистина големо разочарување. Не се способни вакцини да обезбедат. Во право се Србите што се лутат, затоа што прво требало да се мисли за дома, а дури потоа за соседите. Сосема во право. Испаднавме просјаци. Друго, пописот мислам дека ќе пропадне и дека пак милиони евра ќе отидат во ветер. Жените да одат во пензија на 64 години? Навистина катастрофа. Која жена ќе работи до тие години и каде? Може во администрација, но на друго место тешко.
Не бе. Неќам руски вакцини. Сакам да ми се обезбедат од Фајзер и од Модерна. Шо ги ебаам. Шо му е работа и на владата? Нека најде начин да преговара, нека се организраат со другите засегнати ко нас и нека се договорат да преземат нешто. Говнари сите.
Севернава стана земја за подЈебавање на Балканов. Три години ку.ташак си играат со нас благодарение на IQ ЗЗ. Се сложувам со тебе со се, освен за пописот. Не сум сигирна баш дека ако имаме попис, повторно ќе го запрат. Се знае зошто упорно и упорно со ЕУ знаменце се гура пописот на голема врата.
Mислам дека пописот ќе пропадне ако не се сложат околу бројките. И претходниот од 2002 година не е точен. Село каде има пола Македонци, а пола Роми, на попис е попишано како село каде има пола Македонци, а пола Срби. Значи Ромите лажеле за да фатат квота по Рамковен или не знам што. Во тетовско Јегуновце уште 2002 година разликата помеѓу Македонци и Албанци е само неколку %, а таа општина до ден денес има градоначалник Македонец. Значи ако разликата била само неколку % досега ќе беше стопена и ќе имаа градоначалник Албанец, што не се случи. Фингирано е и претходно. Во Вевчани имало попишани 3 Албанци. Како тоа? Нели претходниот градоначалник за двојазичната табла на Зијадин Села кажа дека не им треба и дека се 100% Македонци и нема ниту еден од друга националност, па не им треба табла на албански. Не знам луѓево свесно лажат на попис, или што е работата.
Мора да има попис. На ќоро буџети се носат. Не може да носиш конструктивни одлуки, ако не знаеш со какви капацитети располагаш, со каква побарувачка си соочен. Не знаеме ни која возраст е проедоминантна група, ни со какво образование се... како ќе правиш стратегии во образование, бизнис, пензиски фондови, ако не ги знаеш овие бројки? Срамота е. Попис не сме направиле 20 години. 20 години, да не знаеш со колкумина и со кој живееш во иста куќа. Мислам...
Точно, попис треба да има, но КАКОВ ПОПИС?! Зошто бараат да се попишуваат сите државјани на РМ во странство? Секогаш имало, и треба да има графа на "книга на државјани на РМ" за одредување на точниот број. Сега, со новиот закон ја нема таа графа, сите на КУПЧЕ во една графа ќе се вметнат. Зошто?? Правата на националноста која претставува 20%од населението во РМ" е кованица согласно со Охридскиот договор и се однесува на албанците во Македонија. И како што од самиот назив се заклучува се тесно поврзани со % застапеност. Поради тој факт, надлежните прават акробатики како овој број да се задржи, а интенцијата овој пат е да се зголеми, колку што е можно до 30-40%%. (а реално сега се испод 17%) Зошто се овие % битни, бидејќи тоа е минимумот според општо прифатени меѓународни стандарди, некое население да побара федерација/конфедерација, нешто што ако добро се сеќаваш Црпко го вети пред албанската дијаспора во Берн во 2016 година,а исто така беше и услов на ДУИ да направат сега на последниве избори коалиција. Мислиш дека случајни се ваквите брзања за пописот? Местење на попис за вештачка албанизација и спроведување е апартхејд врз Македонците Потоа, попис само со матичен број?!? Ќе играме брза математика?? Што ако дома сите попишуваме по стотина, на пример јас и мојата фамилија и фамилијата на брат ми и сестра ми и братучедите и дел отселени, и тоа го прават и брат ми и сестра ми плус си додавам рандом матични бројки и луѓе.. Кој и каде ќе ги проверува сиве овие податоци?? И на пилците им е јасно зошто сега во услови на пандемија се форсира пописот,кој патем не одговара на пропишаните стандарди на ЕУРОСТАТ. Ваков договорен попис, со оваа владеачка гарнитура, ќе биде на штета на Македонија и Македонскиот народ.
Точно така. И да успее пописот, ќе биде нереален и на штета на Македонците. Еве јас ќе си кажам за Куманово, албанското население е на 25%, исто како и претходно, и тоа се гледа на локални избори, константно добиваат ист број на советници, бројка која масовното гласање на Македонците може да на сведе на помалку, ама ние сме такви, апатични, разединети.
Каде е сега бистрото дечко што тврдеше дека Левица им помагале на Сдсм? Или разговорите се сечени, лепени, монтирани? @Abracadaver