WarriorAngel јас само ги изнесувам фактите бидејќи знам како стојат работите на телевизијата во споредба со реалниот живот. Почнаа на медиумите, ама никаде ги нема со „нивните дела“. Да појаснам одново дека мрчење и факт се многу различни работи! И мислиш дека во споредба со тоа што тие го прават со споменици и слични работи дека се доволни тие субвенции за да си се покријат? Таква е политиката - се мачкаат очи со малку: „ете видете, ние даваме“. А од друга страна толку многу скратуваат. Размислете ги малку логично работите пред да напишете. Ако се доволни субвенциите за тие да си се покријат за она што го прават, тогаш сите ќе ги сакаа тие субвенции. Можеби даваат субвенции и за друго, ама знам и дека во споредба со фамозните тутунари, се добива многу помалку, односно се во загуба останатите понетцијални корисници на субвенции бидејќи со тоа се повлекува еден куп други административни активности за кои субвенциите не се во можност да ги покријат ниту во најмала рака.
Ме интересира начинот на кој ќе бидат распоредувани местата и дали они ќе ни се јавуваат или ние треба да одиме да им се најавиме да не имаат во предвид. ,да не си направев смешка, можеби ќе заплачев (од што се толку добродушни и помислија на невработените, не за друго). Ако беа навистина така насочени кон вработување на невработените, немаше да ги остават волонтерите да работат со години по институциите, да го полнат Буџетот, додека тие крпат крај со крај секој месец и се чудат со што да си ги платат сметките и купуваат една маица годишно за себе. СРАМОТА ! не можам повеќе да верувам во овие лаги. Ги средија тие што им работат без пари, па сега и ветуваат нови работни места. До кога бе ќе си играте со народот и неговите судбини
Ѓорѓиевски нема дамка, само се пазари децата да му ги вработат. А штрајкуваше и зборуваше против владата.
Веќе спомнав дека даваат и за други гранки, дека не е само за тутунот. Парите од тие споменици не си ги става во џеб. Кога би требала да бирам ќе го изберам помалото зло - што мачка очи и прави нешто (бидејќи на своја кожа осетив некои работи) отколку она што не ни мачка очи, што со прст не мрднува. Не за тутунарите, никакви субвенции немало. А сега имаат и можности за полесно да почнат сопствен бизнис земјоделците и + субвенции.
Не знам само кога ќе разберете дека сунвенциите не ги дава Владата, туку се даваат од строго контролирани фондови на ЕУ за развој на земјоделството во земјава.
Еве ја денешната слика од Куманово. Од кога тоа ние ги сметаме албанците за браќа ? Врзани заеднички знамиња, не ми се верува, од кога оваа сплотеност? Срамно, бедно и незнам што повеќе да кажам, вака започнува се а после 4 години очекувајте еден од вашите ''браќа'' со кои сте толку сложни да го замени дотичниот Дамјановски. А нашите браќа, татковци, другари ќе продолжат да бараат работа онаму каде што има војна, денеска тоа е Авганистан утре ќе биде некоја друга држава во која ќе си го губат здравјето. Бројот на Кумановци кои што работат во Ирак, Авганистан и другите држави покажува колку направи СДСМ во овие 20 години владеење, не отвори НИТУ ЕДНА фабрика туку баш напротив, ги затвори оние кои што работеа и во нивните простории отвори албански универзитети каде што дипломата се зема само заради тоа што браќата се поддржуваат, знаење не треба. И после ми е мака кога ќе прочитам дека се жалите за некакви си споменици, дојдете овде да видите како се живее....ние би биле среќни кога би ни направиле и една улица а за некој споменик или инвестиција да не зборувам, немаме ни представа што значи тоа. А, да, и веќе немаме право да се буниме зошто Талат Џафери е министер, епа ете нели сте сложни и обдединети, прегрнати сте со луѓето кои што го убиваа вашиот народ во 2001, епа гушнете си го Талат онда и молчете, попаметно би ви било !
Барем ги дава за разлика од нивните предходници. Всушност затоа и победува Вмро последниве неколку години - затоа што овој народ е навикнат од времето на Сдсм да добиваат само некои трошки па иако Груевски не дека направи нешто преголемо за Македонија луѓето го ценат тоа. Да бидеме реални во 57 општини неможе да се наместат изборите, очигледно на овој народ му се допаѓа тоа што му се нуди. Се бира помалато зло, не дека многу ќе видиме среќа од било која партија.
Сериозно, препрочитај го делот од KuklickaSk. А и да не е така, го напишав моето мислење во претходниот пост бидејќи знам како стојат работите. И додека го има тој став: „барем ги даваа“ ќе се продолжи со стрижењето бидејќи можеби од една страна се дава, а од 3 други се зема. А за местење, не може во општина каде што со голем процент води еден кандидат, одеднаш на прегласувањето да победи друг. И не може половина од оние кои се со право на глас во Македонија, 2 недели пред изборите да ги има на список и на 2 дена пред изборите нивното име мистериозно да изчезне од списокот. Знаеш само колку луѓе беа вратени бидејќи ги немаше на список? И не беше муабетот околу местенки и такви работи. Од каде сега од субвенции се префрли на местенки. Или ќе испадне: кој си ја има мувата на капата...?
Зборот ми беше дека не вели само Сител дека владата ги дава туку ГИ дава навистина. А за местенките се префрлив затоа што ајде една општина и две да се наместени ама сите 57 не се, што значи дека сепак луѓето ги бираат толку години по ред затоа што нешто им пружаат за подобар живот а тоа нешто можеби се само ситници но сепак овој народ е задоволен затоа што пред да дојде оваа влада не им беше пружено апсолутно ништо туку баш напротив - им беше одземено . Далеку сме од просперитетна држава и сеуште сме на дното, не дека овие што се на власт прават чуда и живееме добро но кога би споредиле со порано мора да се признае дека многу нешта се поправени. А овој наш народ се задоволува со ситници, затоа и се такви изборните резултати. Претходните не им понудиле ништо а овие им нудат малку.. сепак Македонија е ова.
Да не знаев како се даваат тие субвенции немаше да пишувам. Впрочем, речиси никогаш не пишувам нешто без да се информирам добро околу тоа Ова ми е напишаното во претходниот мој пост за да не го пишувам одново. Не е работата да се дадат субвенции туку да се знае што се прави кога се даваат. И со тие субвенции не се покрива таман ништо. Знам и дека на плерарите им е подобро да ги остават пчелите да изумрат отколку да отидат во дупло поголема загуба. Знам и дека оризот не подлежи на субвенционирање (ако тоа го нарекуваат субвенционирање, јас одам и ги пренасочувам реките!). И уште многу... Се' тоа е мачкање очи. И ситници се добиваат бидејќи македонскиот народ нема „такви“ за да се спротивстави. Иако тутунарите се најмногу застапени, сепак не се тие криви. Ако се прашувам јас тие беа единствените кои навистина се организираа и блокираа патишта и на крај мораше да им се даде повеќе за да ги „замолчат“. Но дали така направија и со стечајците? Пензионерите имаат толку многу бенефиции, а овие сиротиве не можат ниту стажот (кој патем го покачија) да го стигнат за да земат барем минимални примања. И токму тоа што во прашање се 57 општини е толку могу сомнително. Во 57 општини не се победува така лесно. На локални избори НЕ смее премиерот или лидерот на партија да држи неколкучасовни говори туку се остава кандидатот да се претстави. Значи, да се претстави, а не да го изнесува најгрдото од своите противкандидати. Па сепак тоа го направија. Ова се повеќе оди далеку од демократија. Диктирана демократија ми е пологично. Не знам за демократска држава каде што власта преовладува во 57:3 (ако не се лажам, така беше) од целокупниот простор. И ако продолжам, имам примери да пишувам на 20 страни, а не само на еден пост. Не дека само едните или само другите грешат. Ами народот греши. Народот си е крив што се задоволува со ситници, наместо да се спротивстави. За се' што напишав и не напишав имам само едно нешто:
Колку сакате пишувајте против власта, тие барем нешто прават. Сега може ќе изгледа чудно, јас како невработена да ги бранам. Ама така е. Во мојата општина од каде потекнувам, нема улица што не е направена, па тротоари, па фабрики, индустриски подрачја, гимназија, градинка и тоа бајаги голема, сега ќе прават и поликлиника и ред други работи, дури не знам што се не е направено. ДА, зборувам за општина Илинден, Скопје. Општинава каде што сум сега исто го започна својот развој, се гради, се прават улици, индустриска зона, странски инвестиции. Не е безначајно тоа што направија улица за да не морам да газам кал кога ќе заврне, како што било за времето на претходниците. Нив не ги интересирало дали јас во школо ќе отидам со кал до колена или не. Нив им било важно да ја испокрадат државата и сега да живеат на сметка на нивните нелегално стекнати бизниси и недвижности, од кои земаат големи кирии а живеат со нозе у вис. Колку сакате плукајте, ама кај што си плукате таму и ќе си газите. Таа партиска поделеност постои отсекогаш, пренесена од нашите предци. Но не мора слепо да се држите за некои партиски измисленици само за да оцрните некого. И да, и субвенции има тоа го кажувам од лично искуство, не е битно од каде потекнуваат, нормално дека ќе се инвестиции, па Грција и Кипар кој ги спаси ако не инвестиции и позајмици од ЕУ. Зошто немаше инвестиции кога беа на власт претходниците??? Зошто тогаш не ги направија улиците, зошто не реновираа и градеа?? ЗОШТО?? Па затоа што тие лапаа само за себе! Можеби и овие крадат, но му даваат и на народот. Никаде не може да има комплетно задоволство од двете страни, но барем постои задоволство. Мислам дека веќе е време да ја внесат Македонската историја во историските читанки,вистинската историја на македонскиот народ која ниту на нашите генерации не им била прикажувана. Треба да се променат учебниците, за да знае и народот што претставуваат спомениците кои се поставуваат. И искрено се надевам дека ќе направат прераспределба на истите. Дека има подобрување, тоа е факт, се гледа и по изборите, не можат да се вадат дека сите избори им биле наместени , треба да се помират со тоа дека има позитивни промени и ако сакаат да победат, треба да бидат јака конкуренција, со програма за работа, идни планови за развој. Гајле ми е за буквите од името на партијата, се додека нешто се подобрува, добро е. И за Стефче не им беше важно името на партијата, туку човекот, зашто нешто изградил за нив. Не треба да стоиме во минатото, тогаш животот бил многу поефтин секаде во светот. Сега е поинаку, потешко за живеење, но не само кај нас. За тешкото преживување во овие услови не може да се обвини само моменталната власт. Ако веќе сакате некого да обвините, почнете многу подлабоко.
Пишав и одново ќе напишам дека плукање и мрчење не е исто што и реалност. И се додека постои она „барем“, ќе бидеме на ова ниво. Ако, убаво што (веројатно) читате и гледате вести од медиуми, ама не е се' реалност она што го пишува низ нив. И можеби 4 - 5 улици се направени, ама знам и дека на секој метар има дупка доволна за да испука автомобилска гума. Што пак се сведува на фактот дека се мачкаат очи. Ете направен е патот. И тоа нема 6 месеци и веќе почна да пука и се дели на средината. Се добро, ама барем да се прави како што треба. На 2 - те коли (а не се само тие) константно се менуваат гумите и се носат на сервис бидејќи ниту амортизерите не можат да го издржат тоа. И најнеискусниот познаваше дека не се прават улиците на правилен начин. А во наредна прилика и ќе постирам слики за тоа како изгледа една од новонаправените улици, а и останатите. Битно спомениците нека им ги без да напукнат. Можеме да живееме без многу други работи, ама не можеме да живееме без споменици. Ако ништо друго, размилете добро. Или гледајте ги статистичките податоци, барем тие никогаш не лажат: улица од 50 000 евра versus жална врба од 150 000 евра
Па не знам зошто се повторуваш, ова не го кажувам за да испаднам последна во коментирање туку дека темава се трупа со исти коментари. Ако некој каже плус вие минус. Никој никого не може да разубеди а не е ниту тоа целта на муабетов. Ама не мора да се повторува се едно исто во десет мислења само за да му "докажеш" на "противникот" дека твоето е исправно а неговото не е. Јас ги гледам и позитивните и негативните карактеристики. Не ги поддржувам негативните, но позитивните се позитивни и за мене и не плукам по нив. Тоа е реалноста не сервирана од медиуми. А незадоволства секогаш ќе има. И мене не ми е лесно без работа, не само мене туку на цело семејство. Тоа го коментирам и го оцрнувам зашто е многу негативно. Црн бумбар за овој случај. Се надевам на позитивни промени во скоро време, зашто не знам како ќе се преживее. Некој со добра работа и со семејство во кое сите работат, можеби нема да ме разбере како ми е, па ќе рече - ете ги само се жалат а не сакаат да работат. Е тоа е реалноста-што секој гледа низ своите очила, онака како него му одговара и тоа што само тој сака да го види.
Јес, јес, една уличка кај мене што ја правеа, меѓу куќи, дури и Влатко Ѓорчев дојде на сечење лента Туку, од све погоре што наведе, само партиските си добија, толку продавници, толку фабрики, толку вработувања... Туку, дали си го слушнала муабетот (засега само муабет) во чии раце отидоа парцелите од новата населба? :geek:
^^ За новите не знам, ама знам дека оние претходните ако ти текнува, накај новата гимназија, ги земаа преку врски, демек наддавање, како не. Личности кои ги познавам земаа по неколку, со надеж дека одма ќе се офајдат преку продажба, ама после нели излезе дека 3 години не смеат да ги отуѓуваат. Како и да е, не ме интересира,и онака не планирав да купувам, немам толку пари. И не се жали за твојата општина, и моја во срцето , скоро сите се вработени, претежно во локалните фирми, само колку има во Џонсон. Не е точно дека само партиски се примаат, партијата може има само мал удел, но како и кај секое вработување туку најголема улога имаат врските. Мои братучеди работат таму и комшии за кои јас тврдам дека не се партиски членови. Општината никогаш не била со толкав напредок, а само некој ако е партиски определен може да ја оцрнува. Значи ја фалам општината, не ја фалам партијата. Кој сака нека дојде на сечење лента, не е битно, битен е напредокот и дека се мисли на луѓето и тоа го почитувам. Камо сите општини да беа така развиени. p.s. За локалните муабети известувај ме ти, не сум во тек, мажена сум во друга општина Ме разочара со тоа во пораката, ако е така, не знам што да мислам, се надевам дека се само трачеви и дека никогаш тоа нема да се случи.
Aбе, ви се чудам на муабетот. Овие крадат, ама и градат Ова ли треба да ни биде мерило за успех??? Претпоставувам повеќето од вас што размислувате вака, сте образовани, млади луѓе, а се задоволувате со трошки? Каде ви е младоста, борбениот дух, желбата за просперитет, правичност, демократија. До толку ли сме затупени како нација? Навистина жално Туку... додека има овчички... Овие другиве не ни сакам да ги коментирам бидејќи во нивно време јас бев на ваши години и точно знам што и како правеа ама па, само заради тоа да ги воздигнувам во облаци сегашниве никако не можам. Имам малку разум и гледам дека ниту едните не чинат. Сите крадат! Претходните крадеа со приватизацијата и сличните зделки, овие со "културното" воздигнување на државава. Дури мислам дека овие попаметно го прават тоа, бидејќи тешко дека нешто ќе им се докаже. Едно уметничко дело нема определена пазарна цена, па они си ги дигаат цените до облаци, уметниците добиваат едвај 10 - 20% од истата, остатокот се знае како се распределува. Толку просто, дури и генијално Сигурно некој добро го смислил ова. Алал да им е.
Гледам на Сител, ова Јохан што го чекаат и се ежам по 100 пати во минута. Се прашувам како сите не бевме како него. Патриоти, а не продаени души! За 50 евра за глас се продадоја многу и Струга ја изгубивме. Ужас, мизерија, катастрофа. Се надевам на трет круг таму. Еве слика од прославата на "Селадин": Никогаш не пишам во темава, ама многу работи што се случија во последниве две недели ме поттикнаа да напишам и јас мое мислење тука...