Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    На лагата и се кратки нозете ,лагааа што лагааа овие буљаши.Само ветуваа лажна надеж.Знаеле кој се убијците тоа им запали 2016 на избори и 2017.ама нема да пали повеќе.На таа финта добија албански гласови, ам сега се прочитани како буквар.Им дојде крајот на овие.Мислеа да наместат некој од ВМРО ама вистината е како шило ќе боде ке боде и на крај ќе излезе на површина. Црпко нема со што да лаже повеќе.Му се потрошија лагите за многу кратко време а требаше барем 10 год. Да лаже :(


    Види го прикачениот фајл 662614 [/QUOTE]
     
  2. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    За ова ли се бореФте бе шаренчичи!?

    *По дома, тивко и нечујно може да кажете тоа на "М" (Македонија)

    Каков апартхејд, каков етноцид е ова?!
    Во сопствена држава, да бидеш суден ако го споменеш името Македонија!

    Et83JSuXYAM_U4p.jpeg
     
    На redmama, t.a.m, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Слобода за осудените браќа од 27ми април !!
     
    На t.a.m и Ева33 им се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    ^_^
    ВМРО-ДПМНЕ обвини за партиски вработувања во Битола, а од СДСМ им го повикаа локалниот лидер да се ажурира кај нив или да си земе исписница
    [​IMG]
     
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Пратеникот Антонијо Милошоски не гo коментира документoт што беше објавен, а покажува дека бил осуден во Германија за кражба и измама.

    Од владејачкиот СДСМ утрово порачаа дека Милошоски за овој скандал треба да поднесе оставка и да се извини, особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

    СДСМ велат дека пратеник кој е осуден за кражба, злоупотреба и измама не е достоен да ги претставува граѓаните во Парламентот.

    Документите кои А1он ги објави пред неколку дена покажуваат дека Милошоски е осуден во Германија во Основниот суд во Ахен, во 2004/2005 година, за дело кое во тамошниот правен систем е заведено како „добивање придобивки“. Во нашиот систем, делото е заведено „Опис на прекршокот: Добивање придобивки. Применета регулатива: STGB 265A ABS. 1 ( добивање придобивки со измама) в.в. 248 А. (кражба и злоупотреба од мала вредност). 20 дневни глоби со парична казна од 20.000 евра“, стои во описот на документот. Девет месеци подоцна, односно во август 2006 година, Милошоски беше назначен за министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.


    ©Makfax.com.mk
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    За да знаеме дали е тоа вистина најверодостојна е Германска амбасада.Самиот Милошески кажа дека може да се провери преку амбасадата се друго е само лепење етикети што е својствено за СДСМ.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ако се мисли на истиов лик на сликата подоле, тогаш мислам дека не е пратеникот од вмро?

    А, и "добар" фотошоп е пријавава.

    Тамам кажа човекот дека има пратеник осуден за силување, службите експресно му "извадија две казни од по 20 евра"

    Кај биле досега службите?
    Зошто го криеле прекршокот?

    Нели треба потврда за неосудуваност за да се кандидира некој за пратеник?

    Или вешт фалсификатор станал Антонио?


    Et4FntHXYAIcDag.jpeg
     
  8. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Prvo se gleda deka datumot i imeto i prezimeto se so razlicen fond pisuvani ,se razlikuvaat od drugiot tekst vo presudata.
    Ne sme valjda glupi narodov..Eftin trik e ova so fabrikuvani aferi.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Ako ни стигнат вакцините овој месец од Кина , да нарачаат нашиви уште повече количини, ке има уште потреба од вакцини.Кинеската е солидна.да имаме што повече тоа подобро.
     
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Ама како да ти кажам по 100ти пат..

    Нашиве, про амерички настроени, не ни изразуваат желба за руската вакцина...

    IMG_20210213_170742.jpg
     
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Со еден збор ѕвер :muscle: (facepalm) :D
    Професор, политичар, лидер, ама и граѓанин за пример: Додека други политичари не го прават ни она на што ги обврзува платата, на Мицкоски не му е срам да се фати и за лопатата! (ФОТО)
    2021-02-17_182723.jpg

    Снегот не „изненади„ среде февруари… Најмногу скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи се отепа фалејќи се како го исчистил градот кога снег не паѓаше, а сега кога падна, како по обичај падна и тој на испитот. И тој и неговите пајташи градоначалници од скопските општини, кои додека да се сетат да ги исчистат главните сообраќајници и споредните улици, попорво ќе дочекаме снегот сам да се стопи.
    1.jpg
    Но, дека не чекаат баш сите сонце да огрее среде февруари за да ги расчистат затрупаните улици и тротоари и не работат само кога се работи за дебели пари, со свој личен пример покажа лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 2.jpg
    Политички лидер на партијата и нејзините членови, професор на факултет на неговите студенти, ама и граѓанин за пример, по дома… Како што е редот, онака како што тоа го прави секој вистински домаќин, Мицкоски тргна да го расчисти снегот, каде ако не најпрвин од сопствениот двор, од пред куќи.

    [​IMG]
    Професорот ги остави настрана пенкалото и компјутерот, па политичарот ги засука ракавите и за разлика од некои други политичари кои не го прават она на што ги обврзува и платата, Мицкоски покажа дека не му е срам да се фати за лопатата. Вредно, уредно, одговорно, домаќински си ја расчисти најпрвин својата авлија, а потоа и она што е дел од тротоарот и улицата пред неговата капија и куќа. Професор, политичар и лидер, ама и граѓанин за пример!, вака го опишува порталот „Вистина“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
    3.jpg
     
    На t.a.m му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    7.345
    Најнова вест:

    IMG_20210222_001421.jpg
     
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    На elimkd, темјанушка, WaitTillTheEnd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Вмроидиотите и сдсмороните be like: hehe se slucuva, bravo sto izbega heroju, Apasiev so alfata go prenesel sigurno.
    Македонија 2023: Се бара Заев со потерница.
     
    На Ева33 и elimkd им се допаѓа ова.
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    А немојте да ми кажете дека некој од вас верувал дека Мијалков ќе лежи у Шутка.
    Играње курташак, пардон, со целиот правосуден систем и со државата со децении и на крајот, пак ги остави со палецот у уста.
    Банана државичка.
     
    На diff, christinnn, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.392
    Да де, ќе лежеше Началникот. Смешки. Јас не знам како оддамна не избега. Инаку во 15 часот од Судот е донесено Решение за куќен притвор, во 18:30 ч е доставено до МВР.
    Таман имал време да се спакува.
    Он ја држеше цела држава во рака, пардон ја држи.
    Проблем ли беше да побегне?
    Само ми е жал што Оливер го наместија, а се знае и зошто и зошто баш сега.
    Ехе која политика е во прашање.
     
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Зошто баш сега? Озбилно прашувам.
     
    На diff, Tajnaotrovna и WildMk им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.340
    Допаѓања:
    249.392
    Сдсм има внатрепартиски избори, затоа.
    Има разни комбинации.
    Претпоставувам само.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Зошто толку време е потребно за толку проста операција?
    Сега со интернетот би требало во 15:01 МВР да го има решението.
     
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Ова би имало логика кога не би знаела како котира Спасовски у партијата.
    Околу понесување одговорност, тоа е само фраза у државава.
    Да имаа грам моралност и интегритет ќе си дадоа оставка без размислување. Вака, ќе глуматаат изненадени Донки, ќе се пекмезат неколку дена на телевизија, ќе се даде друго нешто на медиумите да се дефокусира јавноста и толку.
     
    На diff, christinnn, Ева33 и 6 други им се допаѓа ова.