Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.072
    Пол:
    Машки
    Тоа е целата поента, да нѐ натераат да не гласаме, да бидеме толку изгубени што ќе дигнеме раце од сѐ, за да може „елитите“ да си тераат како и каде што сакаат. Да бидеме „набљудувачи“, кои имаат чувство дека знаеме сѐ како функционира во позадина, а никогаш никогаш ништо конкретно да не правиме. Или да се задоволиме со нашиот „мал“ свет, да селектираме отпад и да се грижиме за кутрите улични животинчиња (тоа нѐ прави вредни во нашите очи, додека планетата ни ја трујат големите „ѕверки“, додека убиваме безмилосно животно во фарми за бројлери), да уживаме во „малите нешта“, да „не ме интересира политика“ (сите се корумпирани!), да имаме „контрола врз тоа што имаме контрола (барем така велат гуруата за личен развој!).... Да бидеме армија на партикулизираме „единици“ што секој си има своја „приказна“ (неговата секогаш е „повистинската“) додека ни снемува солидарност, разбирање (сѐ е премногу комплицирано, брат!) ... Активистите му го „дудлаат“ на водачот за да бидат повисоко во колективниот „молзарник“ замислувајќи дека еден ден ќе направат „револуција“ и после тоа сѐ ќе се смени, новинарите ги „фабрикуваат“ своите приказни додека ја „прикажуваат„ стварноста, криминалците крадат додека ние стануваме индиферетни во однос на какво било скандализирање (тоа е животот, научи да се снајдеш!, снаџи се па живи!... И секогаш има атмосфера на „проколнатост што ништо и никогаш не се менува“, fucking dystopia, што се развива пред нашите очи, ден за ден...
     
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Пресудата е првостепена. Тоа значи дека пресудата на Мијалков може да падне на Апелациониот суд или да се намали. Времето ќе покаже што е договорено на релација Белград-Скопје. Или го изиграа, или ќе си ја плати слободата со пари, а пари за него не се проблем. Факт е дека си излезе без проблем од државата, и да сакаше да ја кидне во Чешка каде има нивно државјанство и имот, никогаш немаше да се врати, затоа што како жител на Чешка немаа да го екстрадираат. По истиот принцип на Драган Даравелски кој моментално е во Белград, а треба да лежи во Македонија.
     
    На Rama, cresa-jagoda и Ева33 им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Хахајахахаха немој ти се молам,партиски вработувања демек нешто ново е? Скопје од кога е двојазично? Кога најмногу се сменаа имиња на училишта и улици? Сега корупција хаха? Во време на вмро ружи цветаа? Какви градби сакаш? Како Ск 2014 што да можам јас лично би го срамнила со земја.
    Знаеш колку е крената минималната плата последниве години,колку социјални прашања се решени?
    На економски план не се никако полоши,не можеш да ме убедиш.
    Надворешна политика е катастрофа,инаку нз какви компарации правиш ама една Албанија без ЕУ тера напред а ние никаде,кој е крив за тоа?
     
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Па освен врескање ништо не направил,секоја опозиција џамка со факти,само што е театрален ама чим нешто кеш се дели од буџет тука е прв,тогаш не тера правдини,па може и најлош е,ваков неизживеан,послабо ситуиран на власт да ставиш е најлоша опција.
     
  5. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Скопје е двојазично од 2004 година со територијалната поделба која ја спроведе СДСМ. Разликата тогаш и сега е што со новиот закон двојазичност е на цела територија, а не во места каде малцинствата се 20% од популацијата на таа општина. Дефакто бинационална и федерализирана држава.

    Немам проблем Албанците да добијат имиња на улици, училишта, населби по свои истакнати писатели, глумци, научници, а не на терористи.

    Ниту е крената минималната плата, ниту се решени социјалните прашања. Можеби се решени за тебе ако гледаш само Телма.

    Главен показател се економските параметри. Директни домашни и странски инвестиции, а во тоа сме дно. Плус, реализацијата на капиталните инвестиции исто така се на катастрофално ниво.

    Скопје 2014 никој нема да го сруши. Напротив, највеќе пари носи во буџетот на Скопје од странски туристи. Другото е прашање на вкус. Мене ми се допаѓа, а уште повеќе ми значи што многу македонски дејци добија свое место.
     
    На christinnn, Rama и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  6. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Дневна доза БЛЕСКАМЕ!

    Пресреќно е граЃансвото, редот пред германската амбасада е се подолг.

    Види го прикачениот фајл 669596
    Добивме.. Од трите подолгото...

    2 години сменето име, исход:

    -економијата тоне,

    -невработеноста расте
    -чекаш на шалтер, ако не дадеш под рака,
    -загадениот воздух, исто ко и пре,

    -здравствени услуги, не дај Боже да те фати таа мака

    -образование шупливо во празно,

    -млади, 2/3 си бегаат странство -сметките се' поскапи

    Просто БЛЕСКАМЕ....

    (а се посраа со спотови, агитирања, уште името.... и толку...)
     
    На christinnn, WaitTillTheEnd, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.214
    Пол:
    Женски
    Како да ти кажам дека владава нема одржано седница, ЈЕР НЕМА МНОЗИНСТВО, скоро месец дена?!

    Ниту еден закон не можат да изгласаат(добро, тие по скратена постапка за ЛК, зш браќата притискаар) , ниту нешто да спороведат...

    Ај м'чи таму(шо би рекле кавадарчани) жити се, шуто и рогато ги искористија, па уште и врескаат по двајца пратеници
     
    На christinnn, WaitTillTheEnd и Rama им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Напротив.
    Не гласам за никој и ќе плукам по сите.
    Не сум од оние кои велат: “Ништо не можеме да смениме.“
    Дури и мајтап си тераат за тоа по форумов, оти 'многу сум се занесувала'.

    Претставки, пријави, протести, граѓански активизам.
    Солидарноста ја барам во граѓаните, не во изјавите на политичарите.
    Проблемите кои не обединуваат се она што може и треба да не стимулира.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Пораката позади е иста: Голема-не знам шо.
    За мене тоа е идиотизам.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Да знаев дека одиш кон варијанта политичка неодреденост ќе ти пишев за редар на протестот. Не ти пишав зошто ми беше (и сеуште ми е) страв да не си припадник на некоја партија, па да замине протестот во друга насока.

    На темава што да кажам освен дека за најдоцна три години од сега, а најрано за една година Началничето што ќе лежи во ,,домашна апсана" ќе биде ослободено од неговите пајташи.
    Taка да не се радувајте многу пред време. :)
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Шо протест?
     
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    За јавна соба, кога бараше редари.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Стварно не сум во партија!
    Значи ме нервирате!

    Дали ви личам ко да сум чоек шо сака да слуша туѓи наредби?
     
    На cresa-jagoda, Stressed Out, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не знам брат, јас и ти се читаме од 2016/17 година, и до некаде помнам дека тогаш повеќе претендираше да дојдат овие што се сега на власт и затоа ми е малку фрка. Не се лути. :l:
     
    На cresa-jagoda, Rama и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Навивав за нив.
    Со десничари немам апсолутно никаква допирна точка.
    Ни ми значи нација, ни сум за “семејство од еден маж и една жена“, ни религија, ни ништо од тоа десничарското.

    Ама не сум им во партија на никој.
    За шо да им бидам?
    Кај нас членување во партија нема врска со идеологија, туку со правење култови од личности.

    Не ти се лутам иначе.
    Навика им е на луѓето ако браниш некоја политика, дека тоа значи оти си дел од партијата која ја промовира таа политика.
     
    На Black__, daylight, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.072
    Пол:
    Машки
    И јас мислев на солидарност меѓу граѓаните и никако поинаку, ТИЕ веќе се солидарни.
     
    На edna_malecka и WildMk им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Баш така!
    Не е битно што вика законот, него 'дај да си ги покриеме газовите'.
    Ти мене нема да ме гониш, јас тебе нема да те гонам, а на народот ќе му продаваме мадиња за бубрези.
     
    На edna_malecka и Vikktorr им се допаѓа ова.
  18. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.072
    Пол:
    Машки
    Сосема.
     
    На edna_malecka и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    3.072
    Пол:
    Машки
    И не само тоа, туку ни ги „тренираат“ очекувањата, што е дозволиво, а што не, до каде може да одат, си учат „финти“ едни од други, едните се “лоши“ за „новите“ да се добри...
     
    На WildMk и Dentina им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    14.544
    Пол:
    Женски
    Ти ќе ми кажуваш сега дека минималната плата не била крената,тоа го работам и знам многу добро,платите се многу кренати! Какви дејци,какво место жити се...најголемиот кич и криминал ever!
    Дека е двојазично во цела Мк не туку лажете,глупости живи.
     
    На Bratot и WildMk им се допаѓа ова.