Од тоа што бев во Македонија да минималната плата е повисока ама и цените на храната се сите повисоки. Дали е нормално цената на храната да биде иста како во Германија? А овде платата со таму подобро да не ја споредувам.
Како освен врескање ништо не направил? И сериозно го најде човекот на кој да му залепиш етикета за врескање иако тој 90% од говорот во собрание му е смирен, аргументиран и искрен. Тоа што го мисли народот тој во собрание во лице им кажува. Ама секако ќе се најдат партиски ботови што ќе ја напаѓаат единствената реална 3та опција што се појавила во Македонија.
Многу кренати? Озбилно? 2000ден е многу кренато? А колку е се друго поскапено, посебно храната. Знаеш колку пари во маркет се трошат, не зборувам за купување на здрава храна, тоа далеку. Во иста држава живееме?
Вакво размислување е голема грешка општо што се задоволуваш/те со според тебе помалото зло. Еве хипотетички да не беше Левица и немаше 3 опција, доаѓаат избори понудени ти се само 2 ѓубриња од партии и место да се организирате-соберете народот да испаднете на улица. Вие што правите? Гласате за тие што според вас е помалото зло. Или воопшто не гласате оставате да изберат за вас партиските пудлици и "браќата" Недостасува сложеност и рационално- критично размислување кај народот. Има многу паразити кои ќе се шитнат за 300 евра плата. А истите тие се први што ќе гласат на изборите. Би пишувала повеќе ама верувам за џабе ќе е за некои се ова е "дудлање" за Апасиев. Ниту го познавам него лично или било кој од Левица ама доволно ми е што ставот на освестениот народ го застапуваат во собранието. И тоа без влакна на јазикот.
На вакви цени се малку и то како. Како се залажувате одма, леле платата рипна и цената секаде рипна и се околу друго не се гледа. Европски цени на храна имаме, па спореди ја платата. Како да не живеме во иста, или дај кажи кај се купваат розови наочари да сум купам и јас, па да гледам така.
Наочарите се набавуваат ако некој твој близок има некоја партиска корист. Или полошо стварно да биде толку наивен/на да го мисли она што го пишува. Се замарам за политиката во Македонија оти страшно ми е колку некои луѓе не се замараат за иднината. И мислат само моментално а не за нивните деца,внуци. Блиска роднина кога наполни 18 години ми вели сакам да дојдам и јас таму. На мајка и падна толку тешко разделбата што во одреден момент имав голема грижа на совеста, зошто индиректно ја одделив од неа. Нели е болно ја гледаш, пазиш и воспитуваш за кога ќе наполни 18 ако сака светла иднина да мора да заминува од родената држава и да остави другарки-другари, семејство. Нормално не секое дете ќе замине ама како тргнала работата алармантна е бројката на млади луѓе што си одат.
Незнам зашто воопшто ме цитираше...Јас тоа што го напишав врска нема со одговорот што ти го даде.Сакав да појаснам само во врска со тоа кој е осуден вчера на 15 години затвор зашто гледам ги мешаат имињава со Груевски кој везе нема со случајов...небитно ми е иначе кој каде има државјанство што планирал да прави и дали има доволно пари да си ја плати слободата...Поздрав
Значи споредувам со претходно,да не речам со претходната власт што ми ја величат некои овде,храната не е поскапена со кревањето на платата,а дека општо е скапа е,далеку од добро е,ама да ми кажите дека е полошо од претходно на тоа поле,малку морген.
Замисли немам партиска корист,работам приватно и многу убаво знам што пишувам,и брат ми е еден од иселените,здравје Боже можеби и ние ама да ми драмите овде као лелеле последниве 5 години е најкрш,немојте ви се молам.
Мало морген да, полошо е од предходно и бетар ќе биди. Јас ни едната ни другата власт не ја величам, се покажаа и повеќе од довлно двете и никогаш не сум била за никоја партија. Само уште не ми е јасно бранење на партии како шо ти ја браниш сега. Уште не му иди и нема да му дојди умот на македонче со гласање на вмро и сдсм, упрно со главата зид и карање за партии кои ја уништија државата. Цветаме сега, абе уште крила ни фалат да летниме подалеку од тука. Затоа никогаш нема да не биди. Жално.
pobedno od ova ne mozese da bide https://vesti.mk/read/article/https...-da-se-podobrat-makedonsko-bugarskite-odnosi/
Во што ти е полошо од претходно,на економски план те прашувам? И немој храната е поскапена ова она,зошто не е... Не ги бранам,само кажувам дека се претерува со лелеле полошо е зошто не е...општо е лошо,но не полошо од претходно,само немој да ми ја мешате невработеноста сега со Ковид кризата.
Во се. Храната не е поскапена ? Ок, доволно е, нема шо да коментирам повеќе. Уживај си во твојот розов свет.
Што е поскапено? Леб,млеко,масло,шеќер...што? Дебатираме,биди прецизна и убеди ме во спротивното. Што е тоа се?
Еве ти две клучни работи што поскапеа:акцизите за нафта (за +3 денари за литар) и струјата (дури 7,4%). Па сега удри рачуница и види за колку ти е поскап животот. И не заборавај дека ова влијае и на поскапување на услугите и добрата кои ги добиваш/купуваш, не само на твојата лична потрошувачка на струја и гориво.
Точно акцизата ја кренаа последнава година ама сме плаќале и поскапо гориво,не дека сега сме ја достигнале кулминацијата. Не сум осетила досега на своја кожа поскапи услуги,денски ја вратија ефтината струја и искрено јас не осеќам дека плаќам поголеми сметки. Едноставно,не мислам дека финансиски ми е полошо од претходно.
Па се од тоа што наброја е поскапено. Ако одиш редовно во маркет ќе видиш како со тек на време почнаа првен со 1 денар незначително да покачуваат, а многу производи се и по 5-6 денари поскапени. Тоа кога ќе се собере не е така малку. За нафтата и струјата па да не зборувам..
Де бре луѓе нафтата пред неколку години беше преку 65 денари на нецели 200 евра минимална плата,за другото што наброја нз не би рекла,сега има преголем избор на основни продукти, па млеко имаш дури и за макс 50 денари,цело време поентата ми е дека воопшто не е полошо од претходно,може да ја плукаме власта за лошата надворешна политика,за тоа што излажаа за многу работи,јас лично очекував дека вистина ќе донесат правда а не вакви драми и катастрофи,ама да кажам дека живеам посиромашно сега од претходно не можам,зошто не е така.