Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,473
    Likes Received:
    17,848
    Gender:
    Female
    ^^ Ах, па сигурно дека сител ќе даваат пренос, кај можат они да не пренесуваат владини делегации кога ќе бидат присутни на ваков настан кој се случува еднаш во 8 години :^)
    Па и се собираат организирано со автобуси да го пречекуваат. Партиски да организираат луѓе :o , па и без партија би отишла да можев, не ми треба партија со автобус да ме однесе.
     
    cigarce and Ketrin.Moon like this.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,822
    Пред малку видов дека ќе има нешто на МТВ од 15 ч. Претпоставувам пренос.
     
    cigarce likes this.
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2012
    Messages:
    1,461
    Likes Received:
    1,487
    И ти од цел пост ја забележа единствената реченица која ја напишав одново? Ако. Интересно е кога се избегнуваат работите. Оставаат на останатите повторно да напишат уште по нешто.

    И ти го пишуваш истото по неколку пати па никој не ти забележа на тоа. Форум беше ова, така?

    Јас го напишав моето мислење. Не ставив нож на шија дека така треба да мисли. Барем тоа остана бесплатно. И ти го пишуваше истото во твоите мислења, па од тука и јас треба да помислам дека всушност ти го правиш тоа, а не јас?

    Трошки? - Трошки. Важно има по нешто.
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    Ја со доза на резерва би била ако Сашо Мијалков ме пречекува на аеродром. :D :D

    Убав ден, во секој случај. Конечно човекот на слобода, како останал читав, нормален и смирен само тој знае.
    Би му препорачала да стои надвор од политиката, пошто и сам увиде каква ку*ва е.
    Нека си живее во мир со семејството.
     
    anuskaNESTLE, JuLleE, Lilit and 4 others like this.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,339
    Likes Received:
    15,297
    Се згрозив од знамето нивно. А знаеш ли дека Ахмети пред некој месец во касарната во Бедиње отвори факултет за бизнис и администрација и кажа дека тука не запираат, не биле уморни. Дамјановски добро е што уште му се јаде зборо кај нив, а кога би бил некој друг не верувам дека би имале баланс со шиптарите. Јас сум разочарана од ова Влада, арогантни и самобендисани. А за субвенциите, да ми дадоа една брошура пред некој ден во министерство и ете ти парите биле од ЕУ фондови. Се си беше убаво напишано. Затоа и прават контроли строги веќе, никој не дава пари ан црни очи.

    За субвенциите баш пред избори мој роднина вмровец ми кажа дека тие си добиле, а на оние од сдсм ќе им доцнат субвенции. Инаку од една страна им даваат, ама од друга страан им земаат. Сега секоја трактор на село треба да се легализира, секоја фарма, да се уцртаат дигитално нивите и се тоа чини пари. Едно им даваат, две им земаат.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,078
    Јохан ако е паметен нека бега од МК што побрзо да не го пречека нешто непријатно во Љубанци и околните села :worried:
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2010
    Messages:
    3,956
    Likes Received:
    6,952
    Gender:
    Female
    Добре дојде Јохан :) се ежам само од глетката колку луѓе го пречекаја секоја чест ако не вредел и не заслужил немало да има ваков пречек.
    Аман бре на некој и ви смета што партијата организирале превоз за дочекот и што да не е лошо тоа?господе боже во секој настан некаква дупка да се бара досадни сте веќе...
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,472
    а,не верувам,да сакаа тие нешто, ќе удреа по неговото семејство!
    како и да е, и мене ми е мило што е на слободаа,убав пар ми се со жена му (на која тие глупи песни никогаш нема да и ги простам :!: :rofl: )
    само најдобро би му било да се држи подалеку од гвујо, оти.... ;)

    едит-абе за брат љубе немаше ваков дочек ако добро се сеќавам?? :?: :D
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    ^
    Брат Љубе колку што се сеќавам беше дочекан од Грујо на аеродром со гушки и бакнежи, како што личи нели...е после што им требаше да се караат не знам :D
     
    eli25, danichap and ludoto19 like this.
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Joined:
    Jun 25, 2012
    Messages:
    389
    Likes Received:
    1,557
    Gender:
    Female
    Мизерни крвопијци! Со кое лице го пречекуваат со такви почести и одат (да се сликаат!) на споменикот на бранителите кога го назначија за министер нивниот убиец?? Ми иде да се расплачам во моментов жими се, баш кога мислев дека не можеме да бидеме поодвратен и лицемерен народ. Човекот бил во затвор за нешто што го направил или не го направил, тоа не знаеме, чесно си одлежал казна од 8 години за да се врати тука.. е сега, наместо на плоштад требаше да го прошетаат прво накај Чаир, па правец да види какви споменици имаме од Скендербег. Да види дека истиот тој човек што го гушка на аеродром им ги дава од ракав сите важни функции на учк. Нека им е на чест на ваквите луѓе, без ниту грам срам, браво!
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Joined:
    May 5, 2011
    Messages:
    1,401
    Likes Received:
    3,934
    Gender:
    Female
    ^ Да си ми жива за постот.
    Се прашувам како ли бре тие луѓе навечер можат да спијат мирно?Немаат ли никаква грижа на совест?Свесни ли се колку луѓе се превртуваат во гроб сега? Нека им служи на честа,само тоа.
    Значи сите гледаат кон таа работа со болка,со презир,и нема да ја прифатат.
    Ама кој не прашува нас.
    Добредојде Јохане,да си жив и здрав.Сите кои рекоа да се држи понастрана од политиката имаат право..
    Останува да видиме,ама се нешто ми вели дека ќе потклекне и ќе се фати за политика.
     
    zarah likes this.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,142
    Likes Received:
    267,127
    Да напоменам уште на почеток дека немам ништо против Јохан, напротив мило ми е што е на слобода, бидејќи единствено тој заврши во затвор цели 8 години. Останатите беа амнестирани.
    Но ми боде очи лицемерниот пречек на Владата и народот.
    За Владата е познато, собира политички поени со овие квази патриотски прослави, ама народот бре :^) .
    Каде му беше патриотизмот кога за министер го поставија Талат, истиот тој против кого војуваше Јохан, и истиот тој поради загинаа голем број на бранители?
    Каде беа тогаш, масовно и органзирано да се собираат на плоштад и да ги одбранат останатите херои?Зарем само Јохан се бореше во 2001, м?
    Ако е така, тој е жив, беше во затвор, ама и дебело си наплати. Жена му работи во Собрание, си снима песнички, секоја недела си одеше на посета кај Јохан на сметка на државата.
    А што добија останатите бранители? Ништо!
    Е затоа ми смета пречекот и оваа лицемерие.
    И брат Љубе беше прогласуван за херој, ама имаше преголеми амбиции и стана најголемиот предавник, плус како бонус го испратија во затвор.
    Затоа Јохан нека си седи мирно и нека си ги гледа децата и Соњето, нека си снимат песнички оти не му бега Идризово.
     
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Joined:
    Nov 16, 2011
    Messages:
    416
    Likes Received:
    536
    Ставам потпис на постов!
    Немам ни јас ништо против Јохан, ама од ваков кич перформанс мислам дека и на самиот Јохан му се слошило.
    Башка што, кога го донеле на плоштад, гарант во прв момент си помислил дека е Алиса во земјата (градот,де!) на чудата.
    Шала на страна, о.к. го пуштиле човекот од затвор, нека го пречекаат,па нека биде тоа и со сите државни почести и точка.
    Чуму вакви селски фешти?Сосе огномет у сред бел ден?
    Па побогу, мислам не е Нелсон Мендела у прашање...
     
    jb82 and Rose96 like this.
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2011
    Messages:
    1,144
    Likes Received:
    17,999
    А демек Нелсон Мендела да е, требаше вака да го пречекаме? Па Јохан е можеби и единствениот кој што заслужува вакво нешто. А кога се организираа прослави за 4 место кошарка и ракомет тогаш не се буневте? Ама зашто не си признаете дека мрчењево е само заради тоа што ете Груевски се удостои да го пречека додека опозицијата ја немаше никаде. Па тој Јохан се бореше и за Бранко и за Жерновски и за сите останати, ме разочара и Стојанче Ангелов кој што не се појави, иако сето ова беше организирано од власта секој кој што сакаше можеше да дојде да го пречека и да му се заблагодари затоа што тој гниеше во затвор и за сите нив, во глобала сите вртат вода и собираат политички поени, едни со не присуство и напаѓање на целата денешна манифестација а другите со нејзиното организирање. Ми се :puke: и од едните и од другите ама ме револтира кога некој ќе каже дека не требало ваков дочек, и малку беше во однос на тоа колку заслужува.
     
    Ligavka and Cliona like this.
  15. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Joined:
    Nov 16, 2011
    Messages:
    416
    Likes Received:
    536
    ^^^
    Требаше да прогласат неработен ден за сите граѓани.Тогаш уште повеќе ќе го сакаа гарант!
     
    jb82, zarah and Hipster like this.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,428
    Gender:
    Female
    Мило ми е што излезе човекот, и неправедно е што ја одлежа казната, зашто него му стои во досие дека е крив луѓе, не е невин или амнеситиран, само таква им е праксата, коа ќепомине 2/3 од казната се ослободува.
    Жал ми е пред се за децата, тоа малото сега прв пат го гледа можеби, или го гледало во затвор.
    Ужасна слика за било кое дете, на ниој не му го посакувам тоа.
    Али ние ја претеруваме со славјата, можеше поскромно и поефтино да му се одаде некоја почит.
    Зашто на крајот на денот знаете што: Све че то народ позлатити!
    Толку имам да кажам.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,142
    Likes Received:
    267,127
    ^
    Што е со останатите бранители? Со семејствата на загинатите фамилии?
    Тие што загинаа се помалку важни од Јохан?
    Ти се гади?
    Епа и мене ми се гади од срамната одлука на Владата, Талат да ни е министер за одбрана.
    Реков, каде ви беа патриотските чуства тогаш?
    Доста со лицемерието и ефтините политички трикови на Владата.
    Фали уште споменик да му изградат.
     
    mushtikla, jb82, ilipili and 4 others like this.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Пред да навлезете во нешто да дискутирате треба и првин истото да го анализирате ;)
    Јас сум апсолутно против амнестирањето на хашките случаи во Македонија со којашто се удри еден огромен срам на македонскиот народ тука и воопшто правниот систем во Македонија.Тој потег максимално го осудувам.Секако тука имаше партиски дилови, договори, партиски интереси за власт од страна на Вмро, но вие не ја гледате и другата страна на амнестијата и поставувањето за министер на одбрана УЧКА! Шиптарите моментално имаат многу помладо население од Македонците, имаат дупло поголем наталитет од Македонците, имаат многу поконзервативно и попатријахално население од Македонците за разлика од Македонците коишто се во голем морталитет и нација на старци.Колку повеќе Шиптарите се множат и имаат голем наталитет, а ние изумираме, толку повеќе ќе раснат нивните барања, а толку повеќе ќе се зголемуваат нашите отстапки, затоа што веќе ги истрошивме сите можно резерви со коишто би можеле да им се спротиставиме.Едноставно немаме младина и младо население коешто би им застанало на патот.Секој нов можен воен конфликт со Шиптарите ние сме 100% губитници, затоа што немаме никаква младина и наталитет.Шиптарите тоа многу добро го знаат и затоа сега со сите сили удираат колку што можат.Знаат дека изумираме како нација, знаат дека немаме бебиња, младина, па затоа и толку се осилени на секое можно поле.Не за џабе викаат старите луѓе “Кој повеќе овци има негова е планината“!

    Колку повеќе ние изумираме, а колку повеќе тие се множат, толку повеќе ќе бидат големи нашите отстапки.Тоа треба да ви е на сите јасно.Не за џабе Шехтански предлагаше закони за кревање на наталитетот кај Македонците, затоа што ги имаат и знаат поразителните бројки и статистики.Ако продолжиме во вакво темпо ние самите себеси ќе се уништиме без да не чепнат Шиптарите или Турците.

    Погледни дека скоро најголем дел од форумот тука навлегува во своите доцни 20-ти, а немаат никаква принова во животот.За жал таквиот начин на живот и размислување ни се враќа како шамар во животот.Сега не го чувствуваат моментално, но нивното едно дете утре многу добро ќе го почувствува како што и ние ги чувствуваме грешките на нашите родители за жал.
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    20,142
    Likes Received:
    267,127
    ^
    Ти пак се со децата :D .
    Друг е муабетот, не мешајте баби и жаби.
    Кажав што имав.
    Толку.
     
  20. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Joined:
    Oct 27, 2012
    Messages:
    195
    Likes Received:
    63
    Не е мешање баби и жаби, туку чиста реалност.Земи анализирај малку зошто Македонците опстанале цело турско ропство.Многу јасно, затоа што имале голем наталитет и принова, а ние сега кога имаме држава ќе ја изгубиме на многу смешен и безболен начин.

    Можете до утре да ми се смеете и да ме правите ненормална, но кажете ми еден факт и побијте ме со докази.

    Дали Шиптарите исто ќе се однесуваа да беа 12% во државата или 5 % или сега кога се 27-28% од вкупната популација?Нивниот број последните 50 години се дуплира за разлика од нашиот што опадна цели 15% од вкупната популација.Земи анализирај бројки, па ќе ти биде јасно.