Да, околу 80 беа вкупно.. Цела пратеничка група од вмро, од левица, па зачудувачки дури и од сдс... Прашањето ми е, зошто ТаЉо саботира како претседател на собрание? Дали ради условите за добивање на мак. државјанство, немање пари за 5иот пакет, или ради законите за марихуана?!? Во секој момент ги имаа гласовите на сите македонски пратеници...
Се ок, ама дека некого ќе убедиш оти оваа со скафандеров се нацртала во собрание заради пакетот мерки на граѓаните, тешко. Други мотиви има тука И во право се луѓево што се револтирани. Сега треба на уставен да им паднат законите со кои се казнува за не носење маска, за непочитување полициски, за непочитување изолација... И да им ги вратат парите на сите кои биле казнети. Плус... да ги обештетат сите кои седеле дома во изолација... Зошто некој да седи, а друг да шета како сака? само, плс немој со муабетите дека е за наше добро
Ова со скафандерот е чист популизам. Собирање на поени дека ете се жртвувала. На крајот, бенифитот е за граѓаните кои ги чекаат тие пари, а верувај тоа се луѓе со минимални примања и баш им е гајле за политичките игри кои секако секаде и секогаш ги има. Јас коментирам за мерките, слично знам се дешава и по други институции и органи, блокирани буџети, а луѓе чекаат плати. Вмро игра скроз погрешно во време на криза. Погорните муабети како на членката минуваат само кај членовите, обичните граѓани сакаат плата. Во однос на мерките, не знам Ана очигледно е дека се прекршени, но ете се бира од помалото зло. И не знам како не сфативме дека почитувањето е за наше добро, а не за на Мицко и Заев.
Е кој да им каже Ивана, ама не капишаат... Или им одговара да не капишаат?! Хвалоспевањето на Бисера е помизерно од самата Бисера бе. И скафандеристите апсолутно беа непотребни за изгласување на пакет мерките за граѓаните... Потребни се/беа за законите за марихуана и државјанства... Комбе за пратеничката може, за народецов не доаѓаат и да ги молиш. Пу, јаз'к!! * Утре со скафандери да ги отвориме рестораните, од инфектолог да земеме потврда, па кафеаните, кафулињата.. И така едвај преживуваат тие луѓе,ќе извадат некој денар да си платат сметки, кредити и сл.... за леб ако остане.. ** Инаку провладини апологети, цела година ти проповедаат за вирусот, па почнува да правда носење на пратеници во собрание како на пикник. Типичен комуњато апологет!
Никакво помало зло не треба да не заслепи во случајов. Прекршен е закон, треба да биде казнета пратеничката, а не да ја величат како херој. Затоа и има револт кај граѓаните. И тоа со право. Особено ако се земе предвид дека џандари се иживуваат со население за време на полициски час кога имаат нужна потреба да излезат (не зборувам тука за мојата боца ) а од друга страна вакви кокошки си се шетаат како сакаат. Нема никакво оправдување!
Ако утре Комисија за заразни болести ги продолжи мерките, очекувам да има подточка и да дозволат да се седи со скафандер и маска во кафич/кафана бидејќи не гледам разлика! Се друго би било дискриминација кон целото население! За едните мајка- за другите маќеа!
Ме радува што госпоѓата се чувствува добро и што ковидот не и дал тешка клиничка слика. Од друга страна, возилото што денес си го користела како такси можело да се искористи за друг човек кој ја нема таа среќа, односно секунди го делат од целосно губење на воздух и задушување. Зборуваме за човечки живот, не за живот на куче или на некое говедо. Крајно безосетно, нечовечно и садистички е во време на пандемија амбулантните возила кои и онака ги немаме многу да се користат како такси. Дно. ДНА.
Абе мочковци низаедни. Не угушија со маски на отворено, малтретирања, рестрикции, казни за непочитување полициски. Уште имаа образ контрадикторно до срж да одат до крај и да го направат овој скандал. Пу јаз'к! Многу ми е жал што владее толкава паника меѓу нас и колективна несвесност. Инаку, најмалку што треба да им се случи после сета оваа олигархија е протест. Имаат среќа што сме простодушни малограѓани.
Кај отепани со мерките препишани, кај неспособни за вакцини да набават, уште госпожата фалеше. Почнувам да мислам дека ги плаќа некој да се глупираат. Како е можно толку глупи да се не можам да разберам.
Ако после ова повторно има луѓе кои ги гласаат,би требало да почнеме да градиме нови психијатриски установи.
Поради препукувања во владината коалиција (СДС и ДУИ поточно). СДС имаше лидерски средби и правеа политички договори со ДПМНЕ без учество на ДУИ. ТаЉат (ДУИ) им се одмазди со тоа што не сакаше да ја започне седницата за ковид помошта (36та седница) пред да се заврши 32та за која се немаше кворум. Умноболните ги донесоа заразените во скафандери за да ги изгласаат законите за марихуана и после на 36та седница (помошта нели) влегоа ДПМНЕ, Левица, АА и сите заедно го изгласаа законот со 115 пратеници.
Ах луѓе луѓе, кога требаше да го гласаат законот за буџетско финансирање на партиите све тоа помина мирно и без помпи. Сега кога треба да се донесе закон за помош на обичните луѓе се играат политички игри. Некои условуваат, други не гласаат а трети сакаат да изиграваат јунаци. Мршш
Кои тоа условуваат, други не гласаат а трети сакаат да изиграваат јунаци? Законот беше едногласно изгласан без никакво условување, без против гласови а ова третово не ти го сфаќам.
Алијанса и остали албански партии условуваа со законот за државјанство, Вмро гласа не гласа, а овие "јунациве" тие со скафандерите од вчера.
Кривичниот суд замрзнал новооткриен имот на Никола Груевски од два стана и плац на Водно од 3.000 квадратни метри како дел од истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески посочи дека имотот не фигурирал на името на Груевски, кој во моментот е политички азилант во Унгарија, но сознанијата говорат дека суштински е негов. Уште не можат да му ги пребројат становите и имотите на криминалецов од Будимпешта.
Значи двојните аршини на ВМРО неможам да ги разберам. Беа против попис, наводно за да го заштитат населението. Се против доаѓањето на пратеници во скафандри, наводно за да го заштитат здравјето на пратениците. А не се против предвремени избори. Се моли ВМРО да се договори сам со себе дали се бори да го заштити здравјето на луѓето или не.
Не треба да се разреши Пауновски Директорот бидејќи има свои гледишта. Не може да го вработи некојкој нема школо за тоа. Не може секој да биде инспектор.Н Не може дека е според Рамковен и мора да се вработи секој Албанец. Таму се бара стручност не да седи само.Стоп за нестручни кадрии.