Kolku sto znam popisot propadna, od kaj ti tebe info deka se 27-8% Ti teknalo li deka bas zatoa sto ne se 25% popisot propadna a? Ako se pomalku od 25% gubat mnogu spored famozniot Ramkoven, a toa ne mu odgovara na Ahmeti, a ni na Gvujo zatoa sto ja gubi koalicijata. Zosto ne se organizirase nov popis Sto se odnesuva za Johan, neka mu e dobredojde vo dvolicnava Makedonija....mene mi bese ko izguben nekako, zbunet konda si vika-a be sakam doma cumu Vi e ova, duri I toa livceto sto mu go napisale govorot edvaj go citase. Da ne okolisam, iskacam od temava, samo se nerviram I gubam od lepota
Можеби е така како што викаш, а можеби и не е Ние не знаеме точно зошто е прекинат пописот и што се договориле Ахмети и Груевски.Можеби пописот пропаднал , затоа што Вмро почнало да ги собира поразителните резултати кај Македонците, па спречија што спречија или? Македонците имаат среќа што голем процент од Албанците се на печалба или одат на печалба што голем процент од нивните деца се раѓаат надвор од Македонија.Да се раѓаа тука кај нас до сега ќе не преплавеа.Плус, скоро 99% од Шиптарките се мажат или се мажени за Шиптари во дијаспората со што раѓаат етнички чисти Шиптари коишто утре пак имаат врска и припадност со земјата од каде што потекнуваат нивните родители, а тоа значи доаѓаат и прават пак куќа во Македонија што не е случај со втора и трета генерација Македонци во дијаспората коишто се женат/мажат со сите само не помеѓусебе за да го одржуваат своето потекло, нација, јазик, култура и се останато.Утре нивните генерации нема да имаат припадност никаква кон Македонија.Тоа е разликата помеѓу нив и нас која што мораме да си ја признаеме за жал.
OmniaVanitas ај за да не удри работава на карање и цитирање до бескрај, да искулираме, "ни лук јал-ни лук мирисал" Добредојде Јохан, ако го читаш ова послушај го мојот совет-батали политика, отвори си приватен бизнис и уживај си со семејството, или ако имаш пари отиди си во Австралија, Нов Зеланд или некое друго егзотично место каде нема да се замараш со политика и кој што рекол. И не кажувај на никој кај сте , иако нема некоја опасност по него, шипците знаат кој што им направил, виновникот е сега кај што му е местото. На твое место ќе ги игнорирав политичарите и ќе му се заблагодарев само на народот. Јас се извинувам што дури сега ја приметив песната за Јохан, од Орце, ама тој за секого испеа по една, најсмешна му беше за брат Љубе, којзнае колку се кае сега, а можеби му оди в посета да му одржува личен концерт. Шала на страна, да го слушнеме брат Орце http://www.youtube.com/watch?v=yRkH1HZOl5Y
Сакам да искоментирам нешто ... Вчера ме изреволтираа неколку пати спикериве на Сител и Канал 5 ,као конечно правдата го стигнала Јохан.Исто и Соња во песната му пее небулози.Која црна правда луѓе,си одлежа човекот 8 години.Без семејство без никого близок.Да ви кажам доста и го држи паметот,јас да сум на негово место одамна ќе ми облечеа бела кошула.Кој ќе му ги врати тие години?Никој и ништо.Не знам и колку пари да му дадат и што и да направат се е џабе.И добро му приредиле пречек и се тоа ,ама многу сме патетични.Соња особено со песната.Како да е мртов побогу,па сега ќе пееме за неговите дела ,за спомен.Значи да расчистиме човеков многу го почитувам ,и мислам дека е еден од ретките мажи која до крв ќе го брани своето семејство и својата земја.Го измалтретираа човекот со поставување венци кои можеше и друг ден да се положат.Фали уште споменик да му направат.И многу ми е мило што конечно е дома. Второ за Валерија,особено ми боде очи со тоа деца па деца.Никој не го ускратува правото на некоја да роди и 10.Нејзино тело,нејзин живот нејзино право.Јас останувам на моите две и задоволна сум од толку.Не можам и не сакам повеќе.И не мислам дека со многудетност повеќе се сака татковината.Особено што на планетава се развива систем од фармацевтската индустија да се намали бројот на населението.Ама тоа е друга тема.Спомнуваш османлиско ропство.Ако било така тогаш немало 5 века да дремеме под нивниот барјак со наведната глава.Подобро да сме работеле на тоа да бидеме сплотени ,а не како што вели народната мисла.Од едно семејство со три синови има еден војвода,еден комита и еден кодош. Значи не многудетно туку квалитетно семејство.
Јас од малиот дел од целото шоу што го видов вчера, си велев само -Аман пуштете го човекот дома да си отиде- Детенцето избега дури, тоа за него е непознат човек Битно Грујо да си ќари некој глас плус. А како братски се гушкаа со Љубета на времето . Кој знае какви се понуди и договори паднале...
Валерија, убаво сето тоа што мислиш на иднината на нацијата, ама многу деца не се прехрануваат со бронза, бидејќи бронзата е моментално во ретките ресурси што ги има во изобилство во државава... Те гледам вака љубител си на дискусии, посебно статистички поткрепени, за Албанциве јасно е веќе каков став имаш, туку ме интересира какви ти се ставовите кон останатите наши соседи, Грција, Бугарија и Србија, кон кои си наклонета или ги сметаш за непријателски настроени кон роднава ни грутка напатена?
Колку што ме држи меморија, тоа и е зачнато кога беше он таму, 4-5 години има максимум. За момчето зборам. Освен на слики и таму ако не го носела на посета, нема и од каде да го знае. Тоа е најжално, за тие деца, зашто они ни криви ни должни најмногу страдаат. На децата не им е гајле дали татко им е патриот, херој или незнам што, они коа немале татко до нив, ништо не е битно останато. И многу убаво рече Јуле, вака испаѓа тие што се бореа,што останаа инвалиди и на крај што им ги бараа назад пензиите со камата и тоа, не се ништо. Извинете ама за мене тие се херои, биле и ќе останат, што не давале нареби, туку ги добивале и се бореа за сите нас, ама никој нив не ги спомнува, дури и се "казнуваат". А чоеков е само жртвено јагне, некој мораше да биде "крив", за жал.
Која глупост Ти можеш што сакаш да мислиш, но бројките, статистиката и реалноста друго покажуваат, тоа е релевантно, а не твоето! Што е тоа квалитетно семејство, што подразбираш ти под тоа квалитет? Дали семејство со 3-4 деца е помалку квалитетно од тоа со 1 дете?Од ова посмешно никаде не сум прочитала.Ти можеш да имаш и 1 дете, а да имаш тотално неквалитетно семејство и брак.Тоа е точно дека повеќе деца значи и повеќе финансии, но се е во тоа како ги воспитуваш децата.Ги учите и воспитувате на хедонизам уште од мали нозе, па утре ви е тешко да им одговорите на нивните потреби во животот.Немој да ми негираш, затоа што се дружам претежно со мајки и идни мајки.Сите деца се разлигавени максимално и научени на се во животот.Тоа е глупоста и ступидноста на денешното мајчинство што мислат дека ако му ги исполнуваат сите желби на своето дете дека повеќе го сакаат.Не, само контра услуга во животот му прават.Тоа дете утре нема да знае да каже стоп во животот, а тоа хедонистичко воспитување доведе и еден куп девојчиња да се проституираат само за најнова верзија на Нокиа од 500 евра, а притоа дома ги имаат сите услови за нормален живот. Многудетното семејство незначи само љубов кон татковината, туку голем допринос и корист на целото општество, затоа што без голем наталитет пропаѓа цело општество и целиот еконмски, пензионен и здравствен систем.Не за џабе сите нации се борат за голем наталитет, многудетни семејства, затоа што тоа значи и поголем мотор во економијата, општеството и многу други работи. Семејство со 2 деца не носи никаква репродукција во општеството, туку тотално изумирање.Ние Македонците имаме среќа што сеуште ги користиме резервите на бејби бум генерациите на нашите баби и прабаби, но кога ќе се истрошат тие ни стапува огромна демографска катастрофа.Само со тоа што нашите прабаби раѓале и имале многудетни семејства допринело тоа денес ти да си жива и да постоиш како нација, инаку сега ќе те учеа како историја некои други земји! Дали мислиш дека со таквото твое размислување им правиш услуга на твоите деца?Не, ги оставаш да патат и да се дават во сопствените проблеми во иднина.Заради тоа што така размислувале нашите родители, затоа денес ние ги трпиме последиците од нивните грешки! Да резимирам на кратко, Србите на Косово беа околу 40% до пред 50 години, со екстремно високиот наталитет на Шиптарите, а нискиот на Србите денес Србите не се повеќе од 7-8 % на Косово.Тука не го вклучувам и иселувањето на Србите од Косово.Значи Шиптарите добија држава со една проста равенка, а тоа е наталитет.Денес истото се случува и со Македонија, а ние очигледно не ги научивме грешките од Србите. Зошто Македонците од Тетово, Гостивар, Кичево, Струга бараат вина во некој друг, а не кај себе?Во повеќето градови Македонците таму беа мнозинство, но поради нискиот наталитет, а екстремно високиот наталитет на Шиптарите денес таму се малцинство со никакво право на глас и да слугуваат на Шиптари.Никој не ни е крив за нашиот самоуништувачки менталитет и свест. Не е тоа проблемот да неможете или да немате финансии, туку не сакате!Барем мило ми е што признаваш, тоа се почитува отколку да се продава лицемерие цело време и да се бара оправдување во сосема трета работа.Никој не зборува тука за 10-20 деца, затоа што истите никогаш и неможеш да ги родиш , а не е ни здраво за мајката и плодот, но секое македонско семејство може без никаков проблем да израсне 3-5 деца само што кај нас тотално се искривени сите норми и правила за живот. Смачено ми е веќе да читам за некои теории на заговори!Што фармацевската индустрија не го намали населението во Азија и Африка ако имале план?
Добро бре Валерија, разбравме, сите глупости зборуваме, само ти си права. Не знам зошто продолжуваш да не читаш, не ни доаѓа памет, не ни се раѓаат многу деца, размазени сме шта чеш. Глеј си семејството таму, раѓај, работи на размножувањето, па ако може и преселете се во Западна Македонија, пример да земат од вас таму, оти на нас овде нема да ни текне. Само не знам дали ќе ти дадат некое денарче сега од партија, пошто не не убеди да раѓаме овде
Каде прочита драга моја дека моите деца се разлигавени .И живо ме интересира како е воспитана твојата ќерка.Секоја чест ако си успеала во денешно време да ја отргнеш од мобилен,компјутер и да ја израснеш со еден пар панталони и две блузички зе една година.Тогаш ти подавам рака и ја имаш целата моја подршка да се размножуваш колку сакаш.Слободно можеш да го направиш тоа и во мое име.Нашето општество остаре од други работи ,од немање работа од несигурното утре,од нередевни и мали плати.Не велам дека наталитетот тука нема допирна точка.Ако јас решам да имам 3-4-5 деца и повеќе ќе биде само моја одлука и на мојот сопруг и ничија друга.Можеби си доста ситуирана па имаш храброст вака да зборуваш?Можеби не дадаш пари за училиште на детето ама ги ложиш по јорган.Јас да ти кажам драга моја сум едно дете,и тоа усвоено.Мојот татко никогаш немаше доволно пари од причина што мала му беше платата.И знам како изгледа да претераш школска година со еден пар панталони и две блузички.Сите деца на одмор можеа да купат сендвич јас подголтнував и ги стискав парите во џебот за да еден ден во неделата и јас имам да купам макар чоколада да ја поделам со другите.И да не зборувам колку немањето на гардероба ја уништи мојата самодоверба која трае и ден денес.Се оддалечив од темата да се обидам да го проширам видикот.И што ако бев едно дете?Бев разгалена,саможива ,што? Реков дека треба да се вложува во децата,да бидат задоволни,со самодоверба,да знаат да го ценат ова парче земја.Кај моите успеав да им го всадам тоа чувство многу добро,и знаат дека се Македонци.Факт е дека денеска младите тешко се одлучуваат на повеќе деца,ама многу добро ги знаеме и причините за тоа.И ти ги знеш само упорно ги туркаш под тепих. И на крајот,Србија го изгуби Косово,можеби и поради наталитетот ама мое мислење е дека имаше и огромна поддршка од Запад.И што претставува Косово за Србија Ако избие војна што мислиш кој кого ќе проголта. Треба да се менуваме ,многу.Како да се издвојува пензиски и здравствен систем кога на пример само Од Куманово има 2000 млади луѓе во Авганистан.Зошто тие не се вработиле тука па од нивниот приход да се издвојува и за пензии и за економија и за се по ред.Или отишле да си го бараат лебот по светот. Ако ти е смачено од секакви теории,само напред Валерија.Еве роди 5 исчувај ги ти ,па биди мајка херој.Немам против навистина.И дали твоите 5 деца ќе ја спасат Македонија или можеби ќе се расштркаат по светот зашто овде нема живот. И не реплицирам повеќе,оваа дискусија може да трае до бескрај.
Не би да коментирам ништо на темава, се изначитав доста коментари полни со неинформираност, глупости истресени од ракав и слични работи, само би поставила едно прашање до сите оние подржувачи на СДСМ и делата на Б.Ц. Што е тоа што ве тера сеуште да сте подржувач на партијава? Ама не да ми одговарате со подпрашања а што направила владата и Грујо ова она, него конкретно, што е она на што ве држи на нивна страна. Ете, никогаш не разбрав а и не добив одговор од некој кој е симпатизер на СДСМ на ова прашање а ме интересира
Луничка не се 2000, туку ги има 4500 наши во Авганистан. Се сложувам со тебе, ние дома бевме 2 и моите не можеа ништо да ни пруштат и јас средно зваршив само со 2 пара панталони. Платата на татко ми беше клолку да се платат сметки, ништо повеќе. Какви деца, уште 1 да сме имале немаше да имам леб за јадење. Бедно е да имаш еден куп деца, а да немаш да им дадеш за ужинка за во школо. Тоа е простотилук и немање осет, сиромаштија, ама не е лигавење. А што Валерија ако нашите во Тетово раѓаат по 5 деца, што?ќе добијат градоначалник?не. Државата покажа дека безбеден и сигурен живот не може да ни обезбеди. Јас во тетово, Гостивар не би се омажила никогаш и не сум луда да раѓам деца во таков град каде не се знае кога може да се запука, некој да ти го претепа и убие детето на улица и готовои. Тоа и во Ск се случува веќе. Еве Смиљковско езеро, кога тие луѓе ќе ја добијат казната. Бел ден да не видат политичарите што не доведоа до ова дереџе.
Јас ќе бидам кратка и јасна, браво за убавиот и масовен пречек на Јохан Т. И не ми е гајле дали некој нема да се сложи со мене, мене навистина ми се допадна-така треба!!!
Леле жено божја, живеј си во твоето стаклено ѕвоно во кое не допираат до тебе плачевите на илјадници луѓе што се стискаат дома со мизерна плата/пензија на постарите. Престани веќе да продаваш демагогии, да не труеш со ФАКТИ. Па еве ти уште еден факт, 30.8% невработеност, од тие невработени пола и повеќе се млади кои завршиле факултет. Агенцијава за вработување вика 20.799 со ВСС, јас викам дека се повеќе пошто не сите се пријавени. Оди пресметај на работоспособно население колку доаѓа по процент невработеноста. Која си па ти да објаснуваш и да судиш за нечии животи? Која си па ти да кажуваш кој колку деца да има? Што се дружиш со такви размазени, коа веќе си ужасно против нивните животни навики? Оди продавај им ги нив овие приказни дека секое семејство можело да ИЗДРЖУВА, ШКОЛУВА/ДОШКОЛУВА/СТРУЧНО ОСПОСОБУВА/ВОСПИТУВА/ЧУВА/ОДГЛЕДУВА/ 5 деца! Не не, уствари ти направи го се ова горенаведено на твоите 5-10-15-100 деца, колку сакаш и да имаш, не ме засега. Оди створи здраво многудетно семејство и престани да судиш за туѓи животи оти крајно си мизерна што се пикаш во разноразни семејни манџи за да докажеш поента. Ти си најпаметната да збориш кој до колку саат се враќа дома, со кого спие, дали е или не плодна? Ти мислиш дека бројката на партнери доведува до неплодност? Демек од многу е*ење се остава неплодна? Затоа толку жени се осудени на тоа? Кој да ти ги собира гревовите на тој памет. А и пошто оној сулуд предлог на Шехтански го поддржуваш, можам да претпоставам колкав мозочен капацитет имаш. Кај се видело државата да ти се меша, и плус да плаќаш затоа што до одредена годишна возраст имаш/немаш жена/деца? И тоа тебе ти е нормално претпоставувам. Што студираш, страшно ме занима?
Се трудам да се воздржам виртуелно да не бљуцнам за дочекот на Јохан. Добро што го ослободија, штета беше што беше единствениот кој настрада при толку виновни,па поштено си го одлежа... толку. Ама се останато? Стигнување со владин авион? Дочек со државни почести? Говор кој го немаше ниту научено како да го прочита? Огномет у сред бел ден? Патриот? Луѓе...одете лечете се! Немате леб да јадете што се вика, воодушевени од дочеци. Жена му со авионот сто пати иди ми дојди ми, гледам и пластична операција стигна на носот да си направи, вработена во влада, кој знае колку пари добила успат, а да не зборам за песни само што штанцаше... Овој човек е само добра инвестиција во уште една маркетинг кампања на ВМРО. Неуспешниот обид со Брат Љубе убаво си го објаснува целиот овој концепт. Не ми делуваат толку бистри со жена му,па лесно ќе подлегнат на сите лажачки кои им ги подметнуваа и ќе им ги подметнуваат,всушност не ни мораат повеќе, условени се поштено, ако не, ќе се најде нешто за да се лежи тука у затвор или да се извади бар некој скандал. Комедија. Не ви текнало да речете нешто за семејствата за бранителите кои гнијат под земја,воодушевени од еден дочек. И луѓе кои одат за пари да висат на конец во Авганистан, да не зборат за патриотизам, зошто таму не се сигурно да ја бранат татковината,ами за пари. Фала.
Писмо од Генералот Стојанче Ангелов Стојанче Ангелов: Каде бев за време на пречекот на Јохан? Веднаш да му одговорам на загрижениот Manjifiko. Бев на лекување. Ги лечев раните здобиени во Арачиново во 2001 година. Секоја пролет и есен поради наглите промени на воздушниот притисок и температурата имам сериозни здравствени проблеми. Верувам дека слични проблеми имаат сите луѓе кои имаат скршеници, операции, извадени делови од градниот кош, жици или други метални предмети во телото… Ви го пренесуваме интегралниот текст од одговорот на поранешниот Генерал Ангелов за обвинувањата од некои провладини медиуми каде бил за пречечот на Јохан Тарчуловски. (Одговор на некојси т.н. Manjifiko чиј текст со наслов “Каде беше лидерот на Достоинство на вчерашниот пречек на Јохан?“ е објавен на неколку провладини сајтови) Во самиот наслов на текстот посочениот Manjifiko прашува “Каде беше лидерот на Достоинство на вчерашниот пречек на Јохан?“ Веднаш да му одговорам на загрижениот Manjifiko. Бев на лекување. Ги лечев раните здобиени во Арачиново во 2001 година. Секоја пролет и есен поради наглите промени на воздушниот притисок и температурата имам сериозни здравствени проблеми. Верувам дека слични проблеми имаат сите луѓе кои имаат скршеници, операции, извадени делови од градниот кош, жици или други метални предмети во телото… На почетокот на текстот, авторот изнесува една многу глупава теза (што не значи дека е глуп, туку дека толку му сече умот или дека при добивањето на инструкциите за текстот не го разбрал добро нарачателот) во која тврди дека “Јохан е единствената жртва од конфликтот во 2001-та, неземајќи ги предвид херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција“. Што му значи ова? Дали само Јохан е жртва или жртви се и херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција??? Ако одговорот е позитивен, тогаш, според Manjifiko, јас припаѓам во групата на херојски повредените припадници на македонската полиција. Бидејки сите припадници на оваа група (херојски повредените припадници на македонската полиција) според Manjifiko се херои, значи дека и јас сум херој!!! Ти благодарам Manjifiko!!! Јас сум среќен човек!!! Јас сум голем човек!!! Јас сум херој!!! За да нема забуна, доколку Manjifiko во 2001 година бил мал и не памети добро или бил надвор од Македонија (на пример на некоја грчка плажа) ќе му помогнам со неколку аргументи да разбере зошто јас припаѓам на групата која тој (а не јас) ја нарекува “херојски повредени припадници на македонската полиција“. На 23 јуни 2001-та имав “среќа“ да учествувам во нападот на Арачиново, да учествувам не како обичен полицаец туку како полициски специјалец. И тоа, не како обичен специјалец, туку како заменик командант на Тигрите!!! Токму овој ден, доцна попладне, во еден подрум наидовме на загинат припадник од УЧК кој, додека умирал, неуспешно се обидувал да си ги врати цревата во расцепениот стомак. Беше здрвен, потемнет во лицето, телото згрчено, рацете му ги притискаа раскинатите црева. Облечен во црна униформа, со пушка на чиј кундак имаше изгравирано УЧК. Нека му е лесна земјата… Знаевме дека неговите бргу ќе дојдат по него. Припадниците на УЧК по ниедна цена не ги оставаа своите мртви. Со уште двајца полициски старешини веднаш тргнав кон позицијата на армиските Волци која се наоѓаше во соседната куќа. Стигнав точно на средина помеѓу двете куќи. И тогаш почна… Најпрво ракета од РПГ тресна на неколку метри од мене. Силината на експлозијата ме занесе. Куршуми фрчеа на сите страни. Одеднаш силен удар ме фрли во прашината… Истрели, рафали, експлозии, минофрлачки гранати, РПГ ракети… Упатени кон местото на кое паднав. Знаев дека веднаш морам да исползам на безбедно. Напнав со сета сила… Во истиот момент силен млаз од крв ми излета низ уста. Хорор… Додека крвта со силни млазеви ми истекуваше низ уста, сфатив дека умирам. Заедно со крвта од мене истекуваше и животот. Знаев дека ако се онесвестам ќе умрам од самозагушување со крв… Додека умирав, во мислите ми се појави мојата малечка ќерка која наредниот ден требаше да го прослави својот втор роденден. Наместо да бидам покрај неа, јас претав како заклано животно, умирајќи во арачиновската прашина… И, се случи чудо. Останав жив… Жив но осакатен. Куршумот минувајки низ градниот кош го пробил моето десно белодробно крило, кинејки ја притоа најголемата артерија, поради што настанало обилно крварење. Др. Митко Караѓозов, благодарение на кого денес сум жив, морал да отстрани дел од моето десно белодробно крило, со метална жица ми ги врзал двете скршени ребра, од кое едното скршено на две места, но било невозможно од моето тело да се извадат повеќе од пеесетина ситни шрапнели од бакарната кошулица на куршумот. Кога се освестив во шок соба, забележав дека две гумени црева излегуваат од мојот граден кош. Гледав како преку нив непрекинато се цеди крв. Со денови крвта, капка по капка, истекуваше од мојата утроба. Бев под 24 часовна терапија со морфиум. Секое земање на воздух за мене беше страшно искушение. На моменти ми се идеше да престанам да дишам. Колку само ме болеше. А кога ќе се накашлав… Мислев дека ќе умрам. Четвртиот ден осакатениот бел дроб ми се наполни со некоја течност. Др. Митко Караѓозов дојде со еден шприц, кој мене ми изгледаше голем колку игла за плетење. Без да ми стави опојка, ми го заби шприцот во грб. Чувствував како иглата ја пробива кожата, го пробива месото, се зарива во белиот дроб… Колку само болеше… На неколку метри од мене, во другата просторија, неколку дена подоцна умре Оливер Китановски, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во пределот на главата, ранет неколку часа после мене, од другата страна на Арачиново. Преку еден кревет од мене, во кома лежеше Александар Серафимов, дваесетгодишен специјалец од Тигрите, тешко ранет во главата, во Матејче, на почетокот на јуни 2001-та. Понекогаш, кога ќе се приближев до неговиот кревет и ќе почнев да му зборувам, иако беше во кома, некако ми го препознаваше гласот и почнуваа да му течат солзи. Колку само сакаше да живее… Почина подоцна, во октомври 2001-та. Преживеав вкупно десет пеколни денови во шок соба. The horror… Десетиот ден и покрај противењето на директорот, излегов од шок соба. Останав уште 7 (седум) дена на домашно лекување. Осмиот ден, спротивно на сите медицински правила, се вратив на работа, ја облеков мојата црна униформа и го земав моето оружје. По излегувањето од шок соба уште 40 дена пиев три до четири пати дневно по две апчиња тродон или трамадол. И покрај ваквата повреда, горд сум што можам да се пофалам дека денес, и покрај постојаните болки во дијафрагмата, јас сум во состојба да направам повеќе од 50 склекови, барем 10 згибови на вратило, со рака можам да скршам најмалку 5 ќерамиди, со глава не сум сигурен, ми тече крв од челото Да се вратам на обработката на текстот на т.н. Manjifiko (се надевам дека еден ден ќе дознаам кој се крие зад овој псевдоним). Голем грев е тврдењето на Manjifiko дека “Јохан е единствената жртва од конфликтот во 2001-та, неземајќи ги предвид херојски загинатите и повредените припадници на македонската војска и полиција“. Со сета почит кон Јохан и кон сите загинати и повредени припадници на македонската војска и полиција, чувствувам должност да укажам дека, безмалку и да нема припадник на полицијата или армијата кој реално учествувал во воениот конфликт во 2001 година а кој не е жртва и кој не трпи одредени последици. Тоа што повеќето бранители не сакаат да зборуваат јавно за своите проблеми е сосем друга работа. Затоа не треба да се губи од предвид фактот дека сите ние, заедно, без разлика дали бевме припадници на полицијата, армијата или резервниот состав, сме заслужни за одбраната на Република Македонија. Фаворизирањето на било кој бранител не е чесно кон останатите бранители. Авторот Manjifiko понатаму тврди дека “целиот настан, за жал на сите, повторно и повторно доби идеолошка заднина и повторно пред македонските и националните интереси беа ставени ситните партиски и бизнис интереси“. Вакво извртување на тезите е ненормално. Во прави си Manjifiko (кој и да си). Токму така. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по којзнае кој пат, ја злоупотреби личната голгота на еден човек (пред неколку години тоа беше Љубе, денес тоа е Јохан) и повторно пред македонските и националните интереси ги стави ситните партиски и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата. Понатаму Manjifiko објаснува дека “затоа што веќе е излишно да се коментира игнорирањето на опозицијата и нејзиното игнорирање на вакви настани, би сакале да го прокоментирање недоаѓањето на Стојанче Ангелов, таканаречениот лидер на македонските бранители“. А тоа ли е проблемот??? Тоа ли ве боли??? Тоа што повеќето граѓани и бранители ме доживуваат како лидер на македонските бранители??? Ајде нека ви биде. Од денес јас повеќе не сум “таканаречен лидер на македонските бранители“!!! Од денес ќе бидам само претседател на “Достоинство“ и лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер!!! Па колку и да се!!! На крајот Manjifiko коментира дека “во ниедно регуларно општество не би требало да се случуваат вакви работи. Не е добро да не се испочитува човек кој лежел затвор за Македонија, не е добро еден бранител по одлежана робија да не биде пречекан од оној којшто се декларира себеси како лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та“. Manjifiko. Како прво. Моја работа е кого јас ќе почитувам а кого не. За разлика од вас, јас самиот, или заедно со моите соработници, ги носам моите одлуки. Мене умот не ми е испран. Мене никој не ми кажува што да правам, што да пишувам и што да кажам. Како второ, тоа што не сум го пречекал Јохан на аеродром не значи дека не го почитувам. Каква ти е таа “имаш ли аквариум“ логика??? Да не требаше да дојдам на плоштад и да застанам помеѓу “патриотите“ Груевски, Јанкулоска и Мијалков и да шлакам раце??? Перверзно. А ти мислиш дека овие што ги набројав навистина го почитуваат Јохан??? И дека навистина се загрижени за него??? Ај не заебавај!!! Сосем за крај, да ти дообјаснам дека јас не се декларирам како лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та. Напротив. Јас СУМ лидер на сите оние кои застанаа да ја бранат Македонија во 2001-та. Како што реков, до денес. Од денес па натаму повеќе не сум. Ќе бидам лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер!!! Па колку и да се!!! Сабота, 13 април 2013 година, 03.32 часот Генерал Стојанче Ангелов Претседател на “Достоинство“ Поранешен лидер на македонските бранители Сегашен лидер само на оние бранители кои ме прифаќаат како лидер http://www.zdravo.com.mk/stojanche-ange ... -na-johan/
Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат со измените во Законот за работни односи, соопшти министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Според измените, за отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа. Новите измени кои стапија од почетокот на февруари оваа година забрануваат секаков облик на дискриминација со пристапот на вработувањето, условите за работа на жените кои се бремени или жени кои имаат право да користат права по основ на родителство. Ристовски апелираше сите жени кои биле дискриминирани од работодавачи по основ на бременост, раѓање и родителство случаите да ги пријават на телефонските броеви 15 131 и 15 505 или со пријава до Државниот инспекторат за труд. „Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот конкурс, а се поврзани со нивната интима - дали се мажени, дали планираат да се мажат, дали имаат деца, дали планираат да раѓаат деца... од што директно зависи одлуката на работодавачот дали ќе го добијат работното место“, изјави Ристовски, додавајќи дека заради ова ќе почне и реализација на кампања за подигнување на јавната свест за овој проблем. Со измените се забранува работодавачите при вработувањето да бараат од кандидатите тест за бременост или потврда за таков тест при склучување на договор за вработување со жена, без оглед на видот на работното место. Во направеното истражување на илјада испитанички, скоро 22 проценти изјавиле дека биле прашани од страна на работодавачот дали планираат да раѓаат.
Јас никаде не спомнав дека имањето деца не значи поголеми обврски и финансии!Повеќе деца значи поголема обврска и финансии, но и поголема среќа и благодет во животот. Како може Турчинки и Шиптарки да раѓаат во просек 3-4 деца, а еден куп Македонки неможат да родат ниту едно?Што е разликата помеѓу нив и нас?Мислиш дека сме попаметни или дека сме нешто вауу?Поентата е што ние создаваме тотално безчувствителни генерации на снобови, а тие создаваат генерации коишто се грижат за своето семејство и потомство.Така се воспитувани од мали заедницата, семејството и децата да им се најбитно нешто во животот.Ние ги учиме нашите дека Нокиа, Самсунг, БМВ, маичка и штикли од Зара се најбитни нешта.Не дека овие нешта се лоши, но веќе станува претеризам. Има луѓе што немаат пари, не викам не.Не дај боже човек да е во нивна кожа и да го почуствува сета таа горчина во животот, но има и многу луѓе што имаат пари, а кукаат и плачат дека немаат пари!Таквите се мнозинство.Тоа ни е едноставно менталитетот.Еден куп цел живот ми се жалат , а секогаш патуваат повеќе од мене, повеќе се дотерани, повеќе го средуваат својот дом и многу други работи.На човечката глупост нема крај.Мене не ми е јасно зошто истите тие плачат цело време? Што се однесува за немањето работа и егзистенција многу од народот самиот си е крив за тоа.Факт е дека многу од кадарот во Македонија и невработените се тотално некадарни, некфалификувани, не познаваат јазици за да би работеле било што.Ова не се однесуваше на луѓето со факултети, но кога веќе сме кај луѓето со факултетит и тука има еден голем проблем.Владата, фирмите, ЕУ упорно известуваат дека има голем дефицит на кадри во електротехниката, машинските струки, градежништвото, хемијата, физиката и такви науки, но кај нас младината сите се фаќаат како слеп за стап и кога и да прашаш сите запишуваат економски, правен или филолошки факултет.Денес економисти и правници имаш колку ти душа сакаш, а имаш 3 пати помалку работни места за истите струки.Што ќе им прави државата на сите тие?Не велам дека и државата нема кривица тука, но изборот секогаш е на младите. Со прво споменатите професии коишто јас ги набројав ќе работиш било каде во светот и во било кое време, а не само во светот, туку и во Македонија.Сите добри кадри што излегуваат од тие факултети се вработуваат многу бргу. Не само тоа, туку имаме и тотално невредна и мрзелива младина којашто буквално ништо не се труди во животот.Немаме едноставно работни навики во животот.Буквално најголем дел од времето ние го поминуваме во ништо.Тоа што јас го зборувам доволно е да отидеш во една јавна установа, болница, администрација или било што и ќе видиш колку ќе те услужат, како ќе те третираат и колку ќе ти завршат работа.За тоа не е крива државата, туку самата психа на човекот.Тука се работи за поединец, а не држава.Зарем кај нас за се треба да не казнува системот за да ние бидеме добри и совесни работници, зарем кај нас треба да не казнува системот за да ние бидеме свесни дека ѓубре се фрла во канта за отпадоци, а не на улица?Парите и финансиите играат огромна улога во општествотот секако, но сакам јас и да посочам и други работи коишто очигледно многу ми сметаат, а се ставаат под тепих.Не се само парите главен кривец за ситуацијата на Македонецот, туку целиот негов ментален склоп кој се влече со децении и децении!
Значи пак доаѓаме до тоа дека треба да се вложи во квалитетот на децата.Тоа што браковите пукаат Валерија не е само во денешно време.Што мислиш нашите баби не би разведувале како ние денес,доколку можеле,биле финансиски и стамбено ситуирани.О да,ќе го имало и тоа тогаш,само што параметрите биле поинаку поставени.Ќе ја омажат девојката на сила ,за некој постар,алкохоличар,строг а таа мора да трпи придружувајќи се на принципот-тоа ти е што ти е.И не ми кажувај дека уживале што раѓале многу деца и биле среќни.Конкретно мајката на татко ми -баба ми го родила како седмо дете.И замисли пиела чај од некои треви да го абортира,не успеала.Кога го родила го оставила деколку дена да не цица,за да умре.Зошто?Зашто имала 6 гладни усти,две девојки за мажење. Шиптарките и Турчинките раѓаат повеќе.Но кај нив жената е заштитена како бела мечка.Каде си видела сама жена да оди на лекар,или ако се разведе да остане со прстот во уста.Имам познаничка разведена и децата уште од сега и се ситуирани и обезбедени. Ова за разводите кај нас,да го има ,не викам не.Ама очигледно браковите и љубовта не биле квалитетни и затоа се распаднале,при првата пречка.Неприсуство на партнерот и не цењето на парите кога ги имаш во поголеми апоени. Пак ќе кажам дека треба луѓето да си вложуваат во своите деца.Да научат прво да ги ценат духовните па материјалните вредности.Дали се едно или пет деца сеедно. Отидов во офф се извинувам,нема повеќе!
Исто. Не можам да разберам што работа ќе беше тоа со дочекот... ај разбирам сопругата, пријателите, министерот за одбрана Талат Џафери да го пречекаше (во знак на помирување) но толкава галама околу доаѓањето, па уште билборди изнаставале низ градот -а трката за градоначалник заврши уште минатата недела... И сите како да забораваат дека бил обвинет во Хаг за воени злосторства!!! Со кој памет го дочекуваат како херој, навистина не ми е јасно.