1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Нема двојни стандарди за овие појави. Шарените и невладините постоеја и крештеа додека не падна ВМРО од власт. Тоа беше единствената цел на нивното постоење, не само кај нас, секаде е така. Секој што не се вклопува во нечива агенда, лекот се знае: шарени, невладини, хелсиншки итн. Секако за добар кеш, не постои друг мотив за платеник.
    Приметувате дека нигде ги нема Уранија, Милчин, Најчевска? Може еднаш двапати се подале со некој фејсбук статус за некоја крајно небитна работа, колку да се рече. Ниту некој ги есапи, ниту ги кешира сега. Си ќутат, си свиркаат, и имаат превез на очи ставено. Овие суштества отвораат уста само ако им се фрли нешто да наполнат мев. Ете тој е стандардот за правда, мир и демократија кај поголемиот број македонска "интелектуала".
     
    На LejlaD, Ева33, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    82.137
    Пол:
    Женски
    За еднократна употреба беа тие.
    Мизерно е ова што се случува.
     
    На LejlaD и John Snow им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ти не си гледал изгледа како на една емисија на МТВ пред недела дена невладините ја испрефалија власта. :D
     
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    А бе ајде сегашниве дојдоа на власт со ветување дека нема да биде исто ко у време на режимот и ништо не променија. Океј, овие не гепекираат луѓе :D
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е исто...
    Другите беа безобразни.
    Овие се и глупи и безобразни.
     
    На fana и John Snow им се допаѓа ова.
  6. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Нема поќе Шарени.
    Пола влегоа во политика, пола во невладини.
     
  8. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Шарено профитерство
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А колку наивно и чисто почна приказната...
    Тие напред се офајдија, другите назад, ништо не видовме.. а демек за системски промени марширавме.
    На крај испадна, да маршираме за нивните лични интереси.

    Нема во овој народ филатропија и граѓански активизам.
    Се' се гледа низ призма на лична корист.
     
    На LejlaD, christinnn и Ева33 им се допаѓа ова.
  10. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    Зарем веруваше дека имаат искрени намери?
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да.
    Секогаш ќе верувам дека има луѓе кои се искрени во намерите.
     
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Машки
    „Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар бугарин, грк или србин, но не и за добар Македонец.“- Ѓорги "Гоце" Делчев
    Вечна слава Даскале!

    "Нека живее народот на Македонија, нека живее Федеративна Народна Република Југославија" - Јосип Броз Тито
    Вечна слава друже Тито!
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  13. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Машки
    vo titova SFRJ severo-zapadna makedonija se napolni so kosovari i sega sme tamu kaj sto sme vo nonpejper. tito mnogu nesta napravi protiv nas a i protiv srbite (autonomija na KiM). eve bas razmisli dali e taka ?!
     
    На daylight, SeaMermaid и Аргентина * им се допаѓа ова.
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Ете како им се врати Бумеранг на Бугарија што ни ставија вето,што играана национална карта ете како им се врати.
    Еве влада неможат да состават.Свесе враќаа.
    Што се однесува со нашиот проблем што го имаме со Бугарија Заев да си остане наовој став што го кажа.
    Без јазик и индетитет ако се бара од нас немаме што да бараме во еу. Веќе ни милиметар да не се попушта.
    Ако сакаат преговорите со Бугарија да продолжат само Експерти од Австриј, Германија да помогнат како посредници, Ние да не прифаќаме веќе никакви преговори само со нив оти Бугарија ке сакаат нивното да го прифатиме.Тоа не може.
    У меѓувреме да ги терам реформите корупцијата највеќе, да се инвестира повеќе во патишта, да се градат нови болници спортски сали. Ако можат ради економијата да биде појака нека бараат и кинески инвестици да се вложува. И така сеуште не ни даваат преговори.
    Малку да ја свртиме топката.
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Машки
    Ние целосно треба да се ориентираме кон Азија. Кина е светска сила, само Кина може да не оправи преку разни фондови.
    Нашето место нее во ЕУ башка ЕУ од ден на ден се повеќе се ниша. ЕУ најмногу трговски зависи од една држава, од Кина.
    Нас ни треба економска поткрепа од Кина, мора да започниме да го одиме патот на свилата. Дури и воено и безбедносно можат да ни понудат гаранции, но сепак ќе ни фали и соработка со Руската Федерација во овој опсег т.е безбедноста.
    Амбасада на РФ и денеска потврди дека Македонскиот јазик е свој. А ставовите на зајко се како за прваче, смирени скарани бла бла. Абе човек по никоја цена не треба да преговарач за националните интереси, за идентитетот, јазикот, хероите.
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Јас сум повеќе за Еуоти ако би почналепреговори би ни давале пари со фндови имногу би би било подобро,но вака ако не услуваат со историјата по секоја ценна не.
    Денес го слушав еден екперт и рече дека најдобра шанса во моменто ни е да бидеме во Европска економска зона така нешто исто ке имаме со европа проток на стока, капитал само што нема да учествуваме фиормално како членка.
    Мора повеќе на едономијата да се гледа повеќе да се гради автопаати, болниции сл.
    Али се сегласувам и дека треба да имаме инвестиција и од кина.Немораме строго до Еу да се држиме. Еу некако разочара.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.174
    Пол:
    Машки
    ЕУ ќе ни дава пари ама на ЕУ и ние треба да и плаќаме дупло како шо плаќаме за НАТО. Британија зошто напушти, неможи на секое да ги спасуваат грците од банкрот.
     
    На игор.мк му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Британија напушти заради националистите.
    И џабе напушти кога пак прави договори со ЕУ за стокова размена, кои се малтене, исти ко тие додека беа во ЕУ.
    Испадна дека ни една нација не може да биде острво.
     
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Не поминаа ни две недели, а спомен-плочата поставена на местото на убиството на 8-те бранители кај тетовското село Вејце, е отстранета и најверојатно уништена. На местото на убиството на 28 април 2001 за време на воениот конфликт, сега се наоѓаат само расфрлани цвеќиња кои беа положени при неодамнешното чествување на овој настан. Таблата со имињата на бранителите е искршена и фрлена, а на мермерната спомен-плоча ѝ се губи секоја трага. Од Здружението на бранителите по којзнае кој пат реагираат на ваквите настани, кои редовно се случуваат кога се поставува спомен-обележје за загинатите бранители од 2001.

    „После неколку денови од одбележувањето на овој грозоромен настан, констатиравме дека спомен-плочата ја нема, можеби е фрлена негде или негде е однесена. На местото каде беше плочата има расфрлано цвеќиња кои тогаш беа положени. Ова е болно. Повредени се чувствата на бранителите, на нивните родители и роднини, на македонскиот народ. Јас мислам дека институциите не си ја завршиле добро својата работа. Ние, по кој знае кој пат, поставуваме спомен-плоча и повторно ја снемува. Зборуваме за ‘Едно општество за сите’, но такво нешто не се случува на нашиве простори. Причините за ова треба да ги кажат политичките структури“, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

    При одбележувањето на 20-годишнитата од убиството на 8 бранители, Најдов упати апел до првиот вицепремиер на Владата Артан Груби да направи напори да оваа плоча остане на местото, како еден првичен гест на помирување.

    [​IMG]
    „Откако ја упатив таа порака до вицепремиерот Артан Груби, досега никој не ми се јавил, но ова што во меѓувреме е направено кажува дека воопшто не е реагирано на ова што го бараме. Се надеваме дека надлежните служби овој пат ќе најдат сили да ги пронајдат и соодветно да ги санкционираат сторителите“, додава Најдов.

    На 28 април 2001, попладнето патрола на македонските безбедносни сили падна во заседа поставена од припадници на УЧК. Нивните возила биле уништени со ракетни фрлачи, а телата на преживеаните биле запалени и живи изгорени. Тука беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и четворица полицајци при ОВР Битола. За овој злостор, кој е надвор од правилата на војувањето, беше побарано Хашкиот суд за воени злосторства да покрене обвинение, но барањето беше одбиено, за после припадниците на УЧК, а со тоа и тие што го направија овој злостор, да бидат амнестирани од македонското Собрание.

    Во Тетовскиот Регион нема ниту едно достојно спомен-обележје на местата каде загинале бранителите од 2001. Во изминативе дваесет години поставени се десетици спомен-плочи во Вејце, на Карпалак, на Попова Шапка и на неколку други места, но тие за кратко беа кршени, уништувани или едностано отстранети од местото на поставувањето. Единствено спомен-полочата на Карпалак, откако повеќе пати беше кршена, последниве неколку години стои неоштетена.

    Наспроти ова, во речиси сите села во Тетовскиот Регион каде е доминантно албанското население има изградено по еден или повеќе големи спомен обележја на загинатите припадници на УЧК. До сега не е забележан случај некој да предизвикал нивно општетување.

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...tse-prviot-vitsepremier-grubi-ne-ja-zashtiti/
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Ми се чини или сегашнава власт се спрема за во опозиција, па пробува да се самоутепа? Законот за легализација на дивоградби е апсурден. Ми е гајле ако треба и 100,000 ,,домови" да се испорушат. Не ви е за домовите мајмуни едни, туку за таквите ко вас што не можат да градат на атрактивни места и да се пунат со пари ко мисирка за thanksgiving.
    На изворите на Вардар направиле ресторан, во подрачје кое според логика на нештата треба да е заштитено. На сам извор еј, ама дека на албанец е, па може... Брегот во Трпејца е узурпиран од викендици, оградени, да немаш пристап до езерото, кој на кого продал брег од Охридско езеро? На Шапка, во Маврово се гради постојано. Нема воопшто грам чувство за унаказување на природата.
    Позитивно ме изненади Пендаровски, се надевам дека ни алтернатива на самиот закон нема да помине.
    Прашањето е, дали остана некоја нормална партија во државава? Толку ли нема луѓе меѓу нив што навистина си го сакаат народот и работат за државните интереси. Толку ли нема македонска партија, велам македонска, затоа што која партија и да дојде, во текот на својот мандат ги брани само ,,правата" на албанците, додека сопствениот народ го турка према маргините. Кои права бре волови едни?! Ја наполнија администрацијата со шуто и сакато, само врз база на етникум. Ќе заминат ли некогаш ВМРО, СДСМ и ДУИ во историјата? Ќе се ослободи ли политиката од тирани, криминалци, мафијаши, терористи? Еден, има ли еден без криминална позадина во вашите партии? И дали има еден, барем само еден што ќе направи нешто позитивно и за нас македонците. Уништени куп генерации само поради погрешни политики и интерес за правење пари на сметка на сопствениот народ.
     
    На Bezimenka90, Bratot и g8lQQk им се допаѓа ова.