Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Не мора изјава.
    Документите се битни.
    Пишува црно-на бело.

    Тоа што одби да даде изјава Анѓушев, е изјава само по себе.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.782
    Знам што е официјална изјава. Вака изгледа:D

    upload_2021-6-1_21-16-3.png
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Нема од ФЕНИ, нема изјави од споменатите болници и без Анѓушев. Многу дупки во приказната. Без втора страна приказната е несработена.
     
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Треба да ги браниме криминалците кои на наш грб заработија за 1000 поколенија?
    Да не треба да ги жалам шо ги снимаа тајно?
    Самиот факт шо во Мк луѓето паѓаат како круши од рак на белите дробови не е доволен доказ дека не трујат констатно??
    Шо треба поќе?
    Бреј, упорно и упорно одбирате да сте слепци..
    Загреота, душички тие, тајно ги снимале и не се понашале со нив со почит.. Која црна почит бе, која?
     
    На oblace1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Идеална истражувачка сторија по твои стандарди е ваљда: "дали купените невести од албанија прават албанизација на кутрите македонски мажиња"

    Половните новинари:
    upload_2021-6-1_21-17-24.png

    upload_2021-6-1_21-19-2.png

    upload_2021-6-1_21-19-37.png
    И тоа само првите три.
    После следува тим од аналитичари, ИТ екперти, и све по ред што не можеш ни да го замислиш.
    Најкул од се, значително фенимизиран тим се :D
    https://irl.mk/za-nas/
     
    На Biljarkata и Celltica им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ОК, имаш објаснување на зошто србите треба да плаќаат патарина до Охрид, а не до Грција или ќе броиме кој каде бил?
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Нема потреба да ги постираш, лично ги знам. Ти си гледала КОД за да сфатиш дека Снежана одамна се шлепа на грбот на Миомир Серафиновиќ кој е вечно во сенка на неа и сличните на неа? Што не ти е јасно, не ти е јасно како се билда биографија во МКД?
     
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    А ти што не направиш нешто значајно, ако ова не е? Ете ако знаеш толку за истражувачко новинарство, доврши. Некој негде почнал. Досега ќутеа сите, можам да замислам и зошто, зошто ко црева се врзани и новинари и политичари. Еве овие се осмелиле и нешто направиле. Твојот изговор кој е?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Се осмелиле оти има буџет за тие стории, не оти им е битно ти да се воодушевиш или јас. Да се фокусираш на истражувачко значи да работи премногу, ако сакаш да сработиш ко што треба. Бара многу жртва. Лесно е да отидеш во амбис. Еве замисли сега да им бараат оштета повеќе од што заработиле новинаите во својот работен век, што ќе се случи? Ќе мора да платат, аплаузи од пред екран не спасуваат во таков случај. Кочо кажа ќе бара 1 евро симболично, за другите не знам. Тенка е линијата меѓу успех и неуспех во оваа работа, Дадов пример цела работа на Лупевска со години и ја брка Миомир, ама таа е ѕвезда, а него го знаете? Веројатно не. Епа која е логиката некој да има амбиција да лупа глава за лажни имиња кажи ми?
     
  10. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Се изгуби човек скроз. За сѐ ќе сфатев да се мрчи, знам дека 99% се политички определени или симпатизери, ама да го потценуваш ова за воздухот демек сомнеж е, не се знае, е стварно срамота. Толку од мене
     
    На oblace1, Camille84, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Не потценувам за воздухот. Јас кажувам дека никој не е виновен додека не се осуди за нешто. А сторијата е сработена небаре реалити шоу „доцна во ноќта, се сретнале, бллалаалал“.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ЕУ, САД и слично за irl.mk

    upload_2021-6-1_22-14-9.png
    upload_2021-6-1_22-14-39.png
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Молам, сомнеж?!?!? Ако живееш на планина можеби, ние што живееме по урбаниве средини не би се сложиле со тебе sorry.
    Како мислиш ако е осуден е виновен? Па новинарите не се судии да пресудат, истражувачко новинарство има за цел да ИСТРАЖИ а ко што видовме одлично си ја сработиле работата по купиштата документи што ги изнесоа.
    А она за делот со другата страна, Кочо ако имал муда можел да прифати средба со Сашка а не да шири муда на Канал 5 и да демантира све као. Тури му пепел на такво нешто кога не одговорил на поканата за интервју на Ирл.
     
    На christinnn, Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    12.778
    Не е битно дали ние ќе се сложиме и што мислиме. Кога ќе отидат на суд, таму ќе се гледаат докази и факти, нас нема да не прашаат. Тие документи кои новинарите ги покажаа најверојатно се добиваат по пат на информации од јавен карактер, кој добил тендер и слично, се чека до месец дена, се плаќа за нив, и мислам дека дури и граѓанин може да си побара такво инфо, е сега колку даваат на граѓани не знам. Една СМС порака во која не е наведено дека се работи за голем скандал и сериозен проблем е исто како да не си го ни контактирал за став. Искрено. За такво нешто ако треба 10 пораки, 10 мејлови, ќе му пратиш, и во фирма ќе го чекаш. Плус БРАКО не е само на Анѓушев, нели има и партнери тој таму? Друго, каде се ФЕНИ, болниците кои се спомнати. Став од нив? Царина кај е ? Темата е шкаклива, а кичевчаните веднаш прифатија да разговараат, што искрено ми падна чудно, оти ако некоја е крив, бега од новинари како ѓавол од крст. Новинарите не се судии, но ако не му дадеш можност да се брани за обвинувањата го осудуваш, му нанесуваш штета, а паричката можно е да има две страни. Приказна има, но само делумно е разработена. Дури и нанамерно искривување на фактите од незнаење, од што не е доволно сработено, може да заврши со судска пресуда која скапо ќе чини.

    Дали се сеќавате за сторијата дека Бранко Црвенковски и Хари Костов имаше швајцарски сметки? За тоа пишуваше покојниот Никола Младенов и на суд го изгуби спорот, немале сметки, по што им плати висока општета. Мора, многу, многу да се пази.

    Граѓаните сакаат да видат светло од тунелот, дека некој мисли на јавниот интерес, правдата, вистината, но реалноста е дека секој се бори за да изгради име, и да земе повеќе пари, и тоа е тоа. Не сфаќам зошто не го пречека Анѓушев пред врата како Бектеши. Анѓушев остави покана да се видат на дуел. Сашка не прифатила иако била поканета од Канал 5. И на Алфа мислам дека требаше да даде интервју, во Заспиј ако можеш, ама дали се појави, не знам или мислам дека имаше некое објаснување дека пред судење нема да коментираат. Инаку, еднаш кога ќе изградиш име, после олабавуваш, работиш скоро ништо, ги командуваш другите, и земаш висока плата и тоа е тоа. Во Македонија многу лесно се живее на стара слава.
     
    Последна измена: 2 јуни 2021
  15. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    so sto li ke ne iznenadi "prijatno" ahmeti !? "pse jo" pak li ke bide ?
     
  16. diff

    diff Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    45
    Сменет генерал Арсовски, НА НЕГОВО МЕСТО - генерал БЕСНИК ЕМИНИ - Вечер (vecer.mk)


    Бригадниот генерал Емини досега ја извршуваше должноста командант на 1.пбр, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата на Република Македонија, додека генерал-мајор Павле Арсоски беше на оваа должност од мај 2018 година, а во понатамошниот период ќе ја извршува должноста советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

    Инаку, генералот Павле Арсовски е меѓу ретките генерали а и припадници на АРМ кој не го користи називот Северна во името на Република Македонија. Пред некој ден пак, Артан Груби на социјалните мрежи се пофали дека за прв пат во историјата Албанец станал генерал во Армијата на Република Македонија објавувајќи слика од бригадниот генерал Бесник Емини.
     
  17. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    se poveke i poveke me plasi deka ova ne ceka ;(
    Screenshot_20210605-231053_Chrome.jpg
    a natamu odat rabotite.
     
    На Tanjamm и Осе им се допаѓа ова.
  18. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    540
    Пол:
    Машки
    На Tanjamm и игор.мк им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    За жал да. Премногу се метастазирани не знам дали би имало начин за назад ;(;(;(:@
     
    На christinnn, Tanjamm и игор.мк им се допаѓа ова.
  20. игор.мк

    игор.мк Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2021
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Машки
    ima nacin ama nemame lider narodot e vo apatija depresija strav i neslozen.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.