Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Еве што ти беше првичната реакција^

    Така да немој сега да глумиш борец за правда.

    Едит - Аналогно на првата реакција би било некој да рече - и шо ќе им е брак? Пак можат да живеат заедно и кревет да делат.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Не барам јас да се смени законот.
    Ти бараш.
    Реков дека мене не ми прави разлика дали е двојазичен документот, или не.
     
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски

    Мора двојазичен за Албанците во оние општини кај шо се над 20% . Значи Албанец ако побара да му издадат документ и на свој мајчин јазик покрај македонскиот, не смеат да го одбијат.
    Ама упорно да го упикаваат албанскиот јазик на македонски документи и на барање од Македонец, е чиста некултура и безобразие, во смисла ми се можи бе и шо?!
    Сеа разбираш шо е проблемот? Доста бе ајде прифаќате се и сешто, многу широкоградни изигравате. Нека ве прекрстат ако не па, албански имиња и презимиња, се' во името на соживот!
     
    На Biljarkata, SeaMermaid, Ева33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    И Албанец и Македонец во Тетово, двојазичен извод имаат.
     
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.344
    Допаѓања:
    113.079
    Пол:
    Женски
    Да.
    @christinnn за жал е точно ова.
     
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А што ти прави разлика брак за геј парови дали е дозволен или не?
    Многу спомнувам со браковите ова ама не гледам друг пример да сфатиш што сакам да кажам пошто не ни има очигледно.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Оти мене никој не ми забрани да го поминам животот во законска заедница со сопругот и заедно да имаме поколение.

    Оти мислам дека за сите луѓе треба да бидат исти правилата
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @WildMk кога више спомна закон дека мора на два јазика, еве чисто да ти кажам да одиш и прошеташ низ Дебар да видиш дали е двојазично све. На многу места ќе наидеш еднојазичност ама на другиот јазик па еве не гледам некој да ги гони и казнува.
     
    На WildMk и Celltica им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Ако е вистина така, треба институциите да го решат тој проблем.

    За правна држава се залагам.

    Како што кажав погоре:
     
  10. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Ако одиме по закон, не треба да е вака.
    Ама тој дел на мк е ѓоа див запад, така да не ме чуди ништо. Дозволено им е на браќата се', им се можи.
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јок. Не знам за вадење документи ама по некои угостителски објекти и маркети и слично, сѐ е на албански. Мислам дека додуша не би ги ни гонел некој за вакви места, ама сепак е проблем.
    Ќе рече мој е локалот/продавницата, што сакам ќе правам.
    Бев приморана еднаш гугл транслејт да користам у своја држава за да се снајдам.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.052
    Допаѓања:
    134.581
    Еве Вајлд ќе ти каже како влада и политичка партија на власт кои се шетаат на парадата, и ја финансираат, претседател кој треба да потпише указ иде на парадата, а законот не го менуваат???
    кои се тие нас?! Од СДс зависи.
     
    На fana и christinnn им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Ти не би ама жената МОРАЛА, каква е таа држава у која не можеш да извадиш документ исклучиво на македонски? И не знам како го сфаќаш концептот на двојазичност, не се однесува на мнозинството туку на малцинските групи. Глумење индиферентност не е типичен за тебе, не знам шо е фората.
     
    На Amellie13, fana, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Зошто 'морала'?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Од нас, граѓаните.
    Нема да донесат закон со кој мнозинството не се согласува.
    Прво се 'едуцираат', после sе носи закон.
    За големи работи е секогаш така...

    Освен ако не дојдат странци и да му треснат некој шамар на тој шо е моментално на власт.
    Ко за Рамковниот шо напраја, кога не можеа да се договорат.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дали си со ова озбилна?
     
    На fana, diff, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Озбилна сум.

    Зошто имаше Референдум за името... на пример?
    Иако беше 'консензуален', беше како демек 'еве го прашавме народот, не му прај разлика, пошто не излезе на Референдум.

    Мора некоја 'финта' да направат за да биди ем законски, ем да ушушкаат што поголем број луѓе.

    Иначе, како?
    Има будали шо ќе прат проблеми.
    Посебно за вакви големи прашања.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Мислиш консултативен :D не консензуален.

    И да, референдумот пропадна, тие го сменија името.
    Гледаме закони тајно се носат, на ЕНЕР отворено коментирање, а коментарите не ги објавуваат демек никој не коментирал.
    Се прават дека не гледаат критики и полека си тераат по свое.

    Очигледно не живееме во иста држава, и на иста планета додуша.
     
    На diff, orevokrsacka, Peanut Butter и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Да де консултативен... секогаш го грешам то...

    Неуспешноста(неизлезеноста) беше официјален аргумент: “Еве, на народот не му е гајле. Ако му беше гајле, ќе излезеа на Референдум'

    Затоа и беше консултативен.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зошто е ова така Вајлд, оти се цени мислењето на народот?