Никаде не реков дека се цени народот. Работата е што такви потези се ризични, и ако некој се нафати финта да прави, треба да е спремен и да ја изгуби фотељта. А тоа, не им се напушта баш...
За закони не знам, ама еве на чекор се да го затнат Центар карши Холидеј ин иако петиција имаше, иако еколошки здруженија и куп други им ставија пред нос зашто е грешно тоа. А да, патем има и незаконски ствари во тој проект од типот колку смее и како смее да градиш во урбана населба, ама шо ги боли нив, ќе градат.
А во меѓувреме еколошка такса воведуваат Како нешто сé на штета на народот се еколошкиве работи, како на РЕК пример 30 години филтер не можат да стават... Или да речеме како на Усје секогаш сé е регуларно, инспекциите не нашле ништо Ептен им е до мислењето на народот, баш се гледа
Си едитирала. Усје еве од прозор ја гледам. На дм па ептен до газ му е. Лично гледам колку загадува. (и осеќам многу нормално)
Отпосле ми текна. Јас во стариот стан ја гледав на далечина. Гледаш облак од чад низ прозор од Усје, и за пола саат почнуваат да растат бројките за PM10 и PM2.5, прочистувачот дома си се активира. Мислам озбилно, не е rocket science да видиш од кај излагаат облаци чад.
Комуњарски афоризми После фаза: "нека го сменат името и да влеземе во еу",; при крај се со: "сменете го тој јазик и да влеземе во ЕУ",; се почнува со фаза: "сменете го знамето и химната и да влеземе у ЕУ" ; ќе заврши со: "подобро да влеземе како Албанија во ЕУ отколку да останеме надвор" Ги жаЉам...
Нема да ја напуштат фотељата додека не дојде опција која може да ги замени. ВМРО со Мицковски ли да ги замени? Кажи Вајлд, зошто во демократска држава, каде што постои алатка за искажување на јавното мислење за закони кои се во постапка, владата одлучува дека ќе ги замолчи граѓаните и нема да им ги објави коментарите на закон кои се против законот?
За вакви реформи и подобар живот се бореФте?!? Нола Исмајлоска-Старова, пратеничка на вмро дпмне во претходниот собраниски состав, е именувана за национален координатор за регионална соработка и европски интеграции, на денешната владина седница. Месечни примања ќе бидат повисоки од три просечни плати во минатата година. Утепа ли се бато!!! ГраЏансВото блеска ли блеска..
Прилив на СДИ ( СТРАНСКИ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ) за 2021 година споредено со земјите во регионот. Според 2 (двата) графикони Република Македонија e закована на дното.. *Но широковидното граЏансво џвака: Јазикот, химната, знамето, грбот, историјата, името, уставот, АСНОМ, шахтите, учебниците, сега нека ви ги хранат децата...
Претседателот на македонскиот парламент се обрати на албански јазик пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“, иако според уставниот амандман 5 од 2001 година „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“ https://360stepeni.mk/go-prekrshi-li-dhaferi-vo-brisel-chlenot-7-od-ustavot/