Епа место да земаат кредити од кинези за до пола да ни изградат нешто, ќе земат кредит и проект од некој кој ќе ни даде бенефит, на пример ЕУ. А ако не... нема да го испочитуваме договорот и готово.
Нуклеарна енергија спаѓа во МЕГА градежни проекти. Франција 3 нови нуклеарни плантажи им се во застој бидејќи им беа многу скапи да ги довршат, и стојат изградени до пола веќе 10 години. Една Франција не може да ги изгради а камоли Македонија.
Изгледа не знаеш колку работа е да направиш нуклеарна централа и да работи успешно. Ураниум или друг материјал од каде? А кадар? Едвај неколку души се запишуваат годишно на физика. Од странство па никој не би работел за пониска плата од таа која би ја имал у друга држава. А отпадот? Во приморски држави отпадот се складира под морско дно во буриња или се закопува негде на пусти места исто многу длабоко под земја. Реков, се нема никаков план за ова.
Кинезите супер си ја завршија работата, кај нас зезнаа... А ЕУ да е способна прво на себе ќе си помогне да биде енергетски независна од Руската Федерација, а камоли на нас...
Не Тие го проектираа автопатот без излези, тие го градеа. После ко му текна на нашиве дека излези треба, ни продадоа втор проект практично, во кој ќе се реконструира цел пат. Пошто не е само сечи ја оградата и тури асфалт. *На нашите им беше за провизијата, не за автопатот. Не знам шо мислеа? Дека никој нема да запримети толкава грешка на автопат...
Тој пат нашите погрешна проценка направија со земјиштето при ископување на тунели. Австриска фирма мислам се понудија за решавање на проблемот, ги одбивме, па ги молевме, потоа се смени власта и политиките и затоа остана така.
COMMISSION STAFF WORKING DOCUMENT Guidelines for the Implementation of the Green Agenda for the Western Balkans
Не направија грешка, не им беше гајле. Ја лапнаја провизијата и се' оставија на кинезите. Инвестицискиот фонд кој не кредитираше беше под криминална истрага во Кина. Многу од одговорните беа и во затвор акнати заради корупција. Само со сомнителни ликови 'соработуваа'. Кинезиве, Субрата Рој, пи*ке си материне... Мафија.
Синохидро е една од најголемите градежни компании во светот. Имаат повеќе од 150к вработени. Инаку САД и светска банка блокираат све кинеско, исто ко што му правеа на Huawei. Така да искрено све што е така зимам со 50/50 можност. Или е точно или не е. Ние сме последните што ќе ја знаеме вистината... А Кинезите тек ќе се соочуваат со напади особено околу нивната градежна експанзија, пошо пола Африка веќе они ја држат за инфраструктурни проекти. Милијарди се во прашање...
Да бе.. не знајме дека крадеа. 5 милијарди евра изнесоа од државава. Не знам ни да го напишам бројот со цифри *Колку нули има стварно? 9?
Направија грешка, порaди неискуство и секако поради избрзан и недовршен план, како и матни зделки и корупции. Ама истото се случува и сега со правење на матни зделки, корупции, лоши планови и поврзување со shady корпорации и бизниси, само од другата страна. Ако веќе критикуваме, да не сме селективни. Не дека некој му е гајле за корупцијата и крадењето, туку борбата е кој да лапне од колачот. Инаку, баш сега го прочитав документот, и да, добра е идејата, ама некако ми е утопија да се реализира, бар не до 2027 што е скоро. Ќе станеме зависни од електрична енергија од соседни земји, што де факто значи го губиме суверенитетот, а да не зборуваме како тоа економски ќе се одрази на нас. Земја која има поголем import од export, и која не може основните општествени ресурси да ги задоволи, пиши пропало. А колку лесно може, ако сакаат, да инвестираат во нас странците и да преминеме на соларна енергија, и онака 80% имаме сончеви денови во годината. Може да бидеме дел од експеримент како малото островче во Хаваите каде експериментот на Тесла беше успешен. Ама секако, подобро е да си вазал, отколку да се развиваш.
Multiple Violations Don’t Stop Sinohydro Tender Success Sinohydro has been accused of corruption worldwide. Transparency International Malaysia's office has labeled it as a monument of corruption. Both the Asian Development Bank and the World Bank have blacklisted Sinohydro for corruption and improper work.
Па има да се дигне у облаци цената за струја, а енергетските ресурси дигаат цена, тогаш све остало ќе качи цена. Све ќе скапне со др зборови. Инаку пред некој месец Вучич кажа дека прошлата година во Јуни ни продале жито оти сме немале. Па дури и ја намалиле цената... Сеа го гледав клипов. Хахах они на островот имаат 80к жители. И вика планот е до 2045 да биле целосно на обновлива ен. и тоа они се дел од САД и ете Тесла вложува хахах... Ние у 2120та ќе стигнеме таму...
Европските и Американските корпорации не крадат и ич не се корумпирани.... само лобираат во конгресот
Затоа имаме луѓе на власт кои имаат можност да направат анализи, да дизајнираат проекти кои ќе бидат во консултација со светски експерти и да почнат да прават нешто што ќе биде долготрајно решение. Колку ќе направат од тоа, е скроз друг муабет. *Обично завршува на делот: Направивме проект.