Значи Центар ќе го затнеме со огромни непрописно изградени објекти, Гази Баба исто така со нова индустрија, Кисела Вода исто така со многу нови згради на мала локација без да се мисли на последиците, нема да се погрижиме да имаме повеќе зеленила како места за рекреација (мора да се гради нели), нема да водиме сметка што све се фрла во водите и се пали на Дрисла и како се загадуваат зелени површини....ааааааама.... битно ќе се откажеме од јаглен во време кога не би имале друг начин на добивање струја и дополнително ќе осиромашиме илјадници семејства. Браос....
Уствари они филтри немаат ставено кај што треба досега, од јаглен ќе се откажувале Уште пар непар кога ќе воведат и ќе блеснеме во полн еколошки сјај Туку ќе им текне некоја глупост нереална. Или процентче од увозна струја хм? Едит: И ѓубре и сомнителни масла ќе прекинат да горат или како?
Не не, мене нај јак закон ми е тој за пашарината од пчелите што пчеларите ќе треба да ја плаќаат. Да плаќаш такса пошо цвеќињата биле од државата, а пчелите ги користеле Само мислете му ја у двор пчела ако ми влезе, има да ве најдам чива е и ќе ви барам да ми платите по опрашен цвет
6-9 милјарди долари кошта да изградиш нуклеарка, со капацитет од 1,1гв Од прилика исто е и за соларна електрана. Пет милјарди што изнесе ВМРО на Груевски и милијардата на Тупурковски, ќе ни го решеа проблемот пред 10 години
На страна пари, лично сметам дека не сме ние доволно одговорна држава за нуклеарка. Овде нема ни да ја одржуваат како што треба, ни да работат како што треба. Овде ќе искрадат сѐ што има да се искраде, ќе набавуваат сѐ најефтини работи за одржување, ќе договараат фирми за одржување без соодветна експертиза, ќе вработат неквалификувани кадри. Рецепт за катастрофа.
Наводно РЕК бил 'спремен' за целосна заемна, оти е дотраен. Не ме изненадува да е така, бидејќи брат ми работеше една година преку подузимач и ми кажуваше за состојбата таму. У-ЖА-СНА Ремотите треба да се темелни, а се правеле згора-преку. При што, нормално, нема да ги најдат повеќето од недостатоците, како изабени (дотраени) делови. А РЕК знаеш колку делови има? Соби се ко спорстки сали, полни со цефки само. Огрооомен е! Цел инвентар што им бил со делови кои се чуваат за регуларни сервиси бил апсолутно празен. Што значи, Господ знае како ги поправаат редовните кварови? Ваљда за поправка на секој, тековен квар, се чека одреден(сигурно долг) период, со што додатно го оптоварува остатокот од системот. И сега.. муабетот е: Шо прајме со фактот дека ќе мора да се затвори РЕК? Немаме опција, освен да направиме нова електрана. И кога веќе ја правиме, зошто да не биде и зелена?
Епа тоа зборам, и РЕК е во никаква состојба, значи не сме способни за одржување. Само што квар на термоелектрана и квар на нуклеарка имаат драстично различни последици. Нуклеарната енергија бара многу поголема одговорност и сериозност.
Кога сме кај клиничкиот нели веќе требаше да биде завршен или во исто време ќе ги пуштат тунелите под кале заедно со пругата кон бугарија...
Уште е во преговори пален клинички. Го скапаја брчење, сто пати ја сменаја местоположбата. Не сфаќам шо му е толку тешко да се договорат. Ваљда направиле некоја анализа претходно и по нејзе би требало да се водат. Ќе да е во прашање корупција I'll bet ya!
Треба ние, народот, да ги притискаме повеќе. Да бараме одговори. Новинарите не поставуват прашања, процесите се далеку од очите на јавноста. Ко во слободен пад е се' и секогаш зависи само од партиите. Не е тоа демократија... СФРЈ комунизам е. Само што сега не е една партија, ами неколку. Ој нагнети ги сите нив, од оваа држава. Нема... толку крепи...
Ти кажав поназад. Цената е скоро најмал проблем. Кадар, одржување, справување со отпад, материјал... Едит - едно прашање: Ако би можела сега да ја затвориш РЕК во моментов, би го направила тоа? Да имаш моќ одма да ја прекинеш да работи.
Мораме да најдиме начин. Никој нема да ни го реши проблемот, освен нас. Така е за се' во животот. Станати сме експерти за изговори. И индивидуално и колективно. *И себе си се ставам во 'групава'.
Не. Затоа што илијадници луѓе ќе останат без приходи. Нема да страдаат само тие лично, цела државна економија ќе трпи поради ускратувањето на милиони евра обрт на пари. Прво треба да се направи алтернативата, тек после да се затвори РЕК. *Исто е и со администрацијата. Не може да се отпуштат наеднаш значителен број на луѓе, без претходно да им обезбедиш алтернативни решенија за редовни приходи. Видовме како беше ко се распадна СФРЈ. Не ни треба да го повториме.
Тоа ти го збориме и ние овие неколку страни. Супер звучи идејата да исфрлиме јаглен ама последиците ќе се страшни. А дури ни економска моќна земја не може да се префрли на алтернативни извори за помалку од 15 години, не па дупка како ние.
Види вака, просто кажано: Куќата ќе ти падни на глава. Мораш да најдеш решение како да обезбедиш ново живеалиште. Што правиш: -Се откажуваш? -Или се обидуваш да најдеш решение на проблемот?