Куќа ќе најдам нова за неколку дена или ќе викнам мајстор. Ама тоа е до мене или мајсторите што ќе ги платам. Градењето на нуклеарка не зависи од мене. Можам да дадам идеја, сосем друг е тој што треба да направи план и договор и све тоа и да почне да гради. Тука јас никакво влијание не можам да имам. И куќа се гради и за неколку месеци. Една куќа. Нуклеарки што би замениле јаглен за многу години. Така што споредбава нема смисла. А за нуклеарка немаме ни физичари ние доволно за онака, не па таму да работат.
Кажав поназад: Народот треба да притиска. Медиумите треба да поставуваат прашања Владата треба да поднесува отчет. Ни треба транспарентност во процесите. Сама власта, нема да ни ја даде. Зошто би ни ја дале? Поарно им е да си прат како шо сакаат. Проблемите мораме да ги решаваме. Никој нема да ни ги реши место нас.
Добро, ајде да речеме решиле да градат нуклеарка, има план и све. Кој ќе работи таму? Каде ќе закопуваме отпад?
Илијадници електро и машински инжинери, кои моментално работат во РЕК и уште толку кои чекаат вработување.
Тоа отровите складирани во охис што не трујат 50 години, нема ни пари ни свест да се исчистат, уште нуклеарен отпад фали
Ете и тоа е проблем! Зошто сеуште не е решен? Зошто не притискаме? Зошто медиумите не поставуваат прашања? Зошто власта не дава доброволно отчет? *пак се проблеми на Македонија. Ние сме Македонија. Сите заедно.
Знаат тие добро нуклеарна физика? Знаат све за полураспад, радиоактивност, фисија, фузија и све остало од таа сфера? Веројатно знаат, ама не е исто да работиш со јаглен и со радиоактивни материи. Оти во РЕК и во нуклеарка различно се добива енергија. Јаглен и ураниум не се обработуваат на ист начин. Оти тоа не е само стискај некои копчиња.
Абе у 21 век немаме Вода, канализација, осветлување и пат! У Карпош! Се сами си плативме, не се способни за елементарни работи, нуклеарка. Премиерот не знае да пишува, нуклеарка ќе прави.
Сите што работат во нуклеарна централа не се нуклеарни физичари ако толку немаме ни еден, ќе аутсорсуваме од странство.. Јеби га. Или ако е во прашање сончева електрана пак... ич нема ни да ни требаат. Мене ми поставувате прашања, кои власта треба да ви ги одговори. Ме сфаќате шо е проблемот? Немаме преглед во то шо вистински се дешава. Најбитните одлуки се носат зад затворени врати...
Е баш ова е проблемот. Се делиме. И трошиме време и енергија на меѓусебни препукувања, додека некој не пердаши. А сите сме во истото го*но. Сите живееме во овој систем.
Апсолутно се согласувам. И искрено ми е криво оти мнозинството гледа единствен спас во бегањето. Толку немаме луѓе кои навистина би сакале да ја направат Македонија, пристојно место за живеење? Ами ќе не снема така... како држава... Мислам... ок... Ќе се исселиме. И ние често размислуваме на таа тема...
Сите не се. Ама тие што главниот процес го водат треба да бидат и да разбираат. Не може да работиш у нуклеарна централа а да не знаеш што се сиверти, реми, бекерели, што е гајгеров бројач и како да го читаш или друг инструмент за мерење на јонизирачко зрачење. Не е тоа обична фабрика Вајлд, како да ти кажам. Мора мноогу добро да си запознаен со условите, дозите, што се случува во реакторот, кога да реагираш. Во фабрика за пиво, јогурт, сирење ако утнеш температура или количество на вода или супстрат за микроорганизмите, може да добиеш само пиво или јогурт со грд вкус. И затоа не е доволно само да си било каков инженер што знае да работи во фабрика. Ако во нуклеарна централа утнеш нешто...знаеш што може да се деси. Затоа не е заебанција било кого да вработиме и само да знае да работи во фабрика. А за од странство, треба да им се понуди многу повисоки плати од тие во нивната држава.
А нема да спомнеме дека сме земјотресно подрачје? Ама и јапонија е земјотресно подрачје ќе речете, мхм да, истата јапонија што ја изгради фукушима.
Исто така денеска, Собранието ги усвои измените на Законот за даноците на имот, со кои се предвидува трипати повисока стапка на данокот за недвижен имот кој не се користи од страна на сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година. Со законските измени, трипати се зголемува и стапката на данокот на имот на земјоделското земјиште кое не се користи за земјоделско производство. Дополнително, во предложените измени се пропишува и дека оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишанио Честитки, за многу години, пак да си ги гласате %.т.50%.
Мислам дека излезноста на овие локални избори ќе биде слаба. Вмро ќе има некој градоначалник плус, освен ако не коалицира сдШ со албанските партии, и да одат со заедички кандидати во западниот дел, и некои општини.