Жими долнава нема. Да, фали уште богаташиве со по два обични стана да плаќаат повисок данок и готово, опраивме и здравство и све. Ова за дрвата што ги бетонирале го виде? Не а?
Епа треба да пријавувате криминал. МВР; ЈО; Судови, Инспекторати.. треба да си ја бркаат работата. илијадници луѓе се вработени на државно, сите знаете некој таков. Одговорност од сите. Од мене, до врвот. ... ако не сме способни, ќе не кошка кој-како шо сака.
го видов. Камо одговорност од тој што ги направил? Речете им на пријателите и роднините што ви се по надлежни институции, нека си ја бркаат работата. Цела држава виде. Шо се прат ќори?
Не и е гајле, оти има стан у Скопје. Ќерка и нема да плаќа кирии, сметки... Она ќе си ја лади како и досега. Ќерка на директор, снаа на пратеник сто посто комуњари двајцата у време на приватизацијата, издржуванио лице. Толку имаа многу што не оди ни на работа. Сакате она да сфати што е немаштија? Хсххахсхс Господе, дај и да прочита закон за даноци и измената на законот погоре. Ама од учебник и службен весник не од википедија Ама полна пари, шо ќе ти е да работиш? Седи дома на форум.
Полна пари не сум, ама немам потреба да се 'пикнам' на државно, затоа оставам на тие што навистина им треба работата. И реков погоре: Повеќе пари и имот - Повеќе даноци. Вклучувајќи ме и мене. * И тебе, и Мицковски, и Заев И сите во државава.
Еве јас го пријавив ангел ристов и неговата му тетка родна живковска кога ми бараја мито за нивната посрана оценка на времето. Знаеш кај ги пријавив? Кај бајалџиев, најкорупираното говно на времето, тогашен декан. Знаеш што добив? Ништо. Само шанса за освета на некој неосветлен паркинг, што за жал не ја искористив.
епа треба да има повеќе кои сакаат да одат по законскиот пат. Се додека преовладуваат луѓе кои корумпираат и се корумпирани, нема да мрдниме од овде. Им одговара на богатите да не се припоиме во ЕУ. Шо сакат ќе си прат, пред никој не полагаат сметка.
@WildMk данокот во државава не се враќа на граѓаните, џабе е муабетов за социјалната држава. Каков бенефит сме виделе од даноците кои досега се плаќаат? Јас немам дополнителен стан, не ми менува, ама знам дека од тие пари никаков бенефит нема да има обичниот граѓанин. Ова ќе резултира крајно пак со удар на џебот на послабиот (кираџии, студенти), за да се полни некој и онака преполн партиски џеб. Не сум видела ни јас, што е работата?
На кеј каде што сега се прави демек шеталиште, ставале бетон околу дрвата и врз корените нивни. Имаше на фб објави. Па демек го тргнале бетонот. Бетон врз корен од растение му крати можност да впива вода и да дише. Накратко- ги убива.
Некогаш незнаењето е благослов, толку ќе кажам... Катастрофа... Среќа фб што немам, за сѐ нешто ќе де нервирам само...
Треба да ги намали не да ги зголеми. Тие што ги издаваат становите под кирија ќе бидат ослободени од данокот... Читај го законот.
Супер го читам, ама како е реалноста? 90 проценти не се пријавени, што значи ако пријават ќе се зголеми киријата
Епа ќе си притискаат за договор на нотар. Ем он нема да плаќа данок, ем кираџијата ќе си биде на сигурно дека нема да го избркаат коа ќе им текне
Сите знаеме како треба, е сега дали Стојко го боли таквото шо ти си пријавила то е друго. Бркање работа е нешто непознато во Македонија. До гуша сме заглавени во корупција .. од сите страни. Јас како и повеќето раце кревам во такви ситуации. Сум пробала да пријавам неколку пати и се што добив беше едно слатко смеење од страна на службеничката каде што пријавував. После на бегање ме поздрави со зборовите: „Со среќа да ти е, ама обично не ни ги читаат поплаките. Директно во корпа идат.“ Затруено е општествово премногу за да барам одговорност. Се надевам дека за едно 200 години, ќе се смени нешто. Ако воопшто има каде
Ако за станот он барал 200 евра, и сеа бара 220 ради тоа што ќе пријави кираџии. Нека му дојдат 50 души да го гледаат станот и нека му речат сите фазла од 200 не ти даваме. Ќе видиш како ќе го даде за поефтино... Моќта е во народот,во средната класа, само треба обединетост... А тоа што сме глупи и си чутиме е друга работа
Има и доста што навистина седат празни. До сега беа боље празен да седи, него да го издава под 200 евра да речеме. Епа сега ќе си плаќа, а ако не сака ќе го издава и за поефтино. Па така од оние непријавените што ќе ги пријавеле на повисока кирија, ќе си се преместат во другите поефтини. Со овие даноци се намалуваат кириите пошто форсираат поголема понуда. Е сега го немам зачитано законот за намерно оставени дупки евентуално.