Данокот за имот и онака е висок, а не пак ако бил празен станот да покачуваат. Треба да намалат, не да покачат. Ова е само дерење на народот, ништо друго. Имаме гастарбајтери кои имаат по 2-3 стана, си заработиле чесно, и што сега да плаќаат поскапо? Зошто? Дека ние немаме па ќе се сетиме, демек „ако му е“? Ужас. Да се намали требаше, зголемувањево е ужас.
Епа ако бе нека им седат празни становите ако поише им се исплаќа така... Пошо толку пари никој нема за кирии. Со тие пари ќе плаќа рати и ќе си купи нов стан наместо да ги дава за кирија некоја
Така функционира во нормални земји. Сега ние што сме колективно ненормални, ќе видиме што ќе испадне.
Тек смо почели. До пред некоја година немаше дупка испод 220 евра не па нешто подобро, сега па од Септември можам да замислам .. Работата не е само дека кириите ќе поскапат, него буквално се поскапува а примањата остануваат исти. Кризата на најјако.
Толку е рата и за станбен кредит. Поарно да си отплаќаат години станбен кредит неголи да пунат нечиј џеб со децении
Пак ќе речам супер фино, ама и за купување ќе поскапат становите. Испод 1300 нема да најдеш нов стан.
Ослободени се дрвјата кои беа бетонирани на кејот 13 Ноември на Вардар во строгиот центар на Скопје, а изведувачот ќе биде казнет, велат од Град Скопје. Бетонираните дрвја вчера ги забележаа граѓаните и невладините организации, а од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека биле бетонирани по грешка на изведувачот. „Со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет“, велат градските власти. Град Скопје привршува со реконструкцијата на кејот 13 Ноември. Се поплочува шеталиштето во делот кај хотелот „Холидеј ин“, по што ќе следува поставување нови канделабри и урбана опрема. Според најавите од Градот, кон средината на јули кејот целосно ќе биде готов и пуштен во употреба. Инвестицијата чини околу 1,5 милиони евра.
Епа искрено доаѓаме пак до тоа, недвижнините во Скопје растат поради побарувачката. Премногу луѓе од околните градови доаѓаат наваму. Еве ја искрено размислувам во наредните 5-10 години да се селам во приградска населба или во помал град. Стварно не сфаќам зашо се форсира Скопје. Скопје веќе смрди. Пре жешко е, загадено, избетонирано и нема работа како порано. Едноставно презаситено е со луѓе... Неколку мои пријатели веќе се преселија во помали градови. Поевтини недвижности, поевтин живот, помирно... А и иднината е во самоиздржливоста, парите ќе губат се повеќе вредност. Богат ќе биде оној што сам си произведува храна. Треба да се гледа долгорочно на работите, што ќе се дешава за 10-15-20 години.
Поправена е грешката од страна на изведувачот. Заробените дрва по грешка на изведувачот експресно ослободени на кеј „13 Ноември“
Чекаат на фб да реагира некој, што не зеле контрола да направат. Упте посрамота е што не знаат што прават изведувачите. Плукни залепи само.
Повеќе ми изгледа на избрзана грешка во самата работа, но како и да е најбитно е тоа што се среди проблемот после пријавата.
Ко ќе одиш на доктор и ко ќе платиш партиципација, види ја целосната сума колкава е и после ела кажи ни дали има бенефит. Од надеж не се живеј.
Па здравството не е од данок, тоа ни е и преплатено преку платата. Плус, ретко кој веќе може на државно да заврши работа, сите на приватно одиме. Државното здравство е катастрофа. Скоро и да не познавам некој што може на државно да заврши работа и да добие добра дијагноза или нега. На тие пари што ги даваме за здравство цел живот од плата, треба да цвета, а не да пропаѓа. Никаков бенефит од тоа.
Не бе, не е данок. А придонесите за здравствено што се? Доброволна донација? Сите знајме дека не ни чини здравството, ама може и полошо да биди. Ако плаќаме се' од џеб, ќе видам дали на секое кивање крвна слика ќе праевме.
Здравството и не може да е полошо. Па скоро сѐ плаќаме од џеб Вајлд. Не ни имаат реагенси, не ни имаат можност за испитувања. Не се сеќавам од кога не сум поминала само на државно. Со деца пак, веќе никој не оди на државно, зошто никој не може да заврши работа. Инаку здравството е придонес од плата. Нема врска со данокот од станови. Што ќе добијам јас од данокот за стан? Дрва цементирани? И тоа дали ќе е, ќе си ги сместат во џеб парите. Уште тој закон е, па ќе.процвета сѐ.
Е баш со деца одма се завршва работа. Предност имаат децата секаде. Не знам за што точно ќе се наменети баш тие пари, ама социјална земја значи: Колку повеќе богатство, толку повисоки даноци. Тоа што повеќето сте корумпирани и корумпирате, е башка проблем.