Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Знаат ли жителите на Центар дека во недела ќе има прегласување? :^)
    Денес дома гледаме вести на сите канали, и освен на Алфа и Телма, на другите канали ништо, ама баш ништо не спомнаа за тоа. Локални избори се бре луѓе, а овие ниту да ги повикаат на гласање граѓаните како што е редот, ниту ништо.
    Или финтата е да нема доволна излезеност?
    Ај до септември нека бираат градоначалник на Центар ако не...
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
  3. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Не е само ова! Денес во Капиштец во 3 кули од 13 спрата и во неколку згради, во кулите кај Бристол, кај Олимписки им се исклучени, т.е.одеднаш им се расипале (им се заглавиле) на меѓуспрат лифтовите-на тој начин повозрасните лица нема да можат да одат на гласање, во ДебарМало на еден куп коли им ги издишале гумите за да не одат луѓето да гласаат, од Пустец повторно се носат луѓе со автобуси и со коли да гласаат и има уште еден куп други нерегуларности. Има ли крај ова лудило??? Ми се :puke: !!!

    Но, ПАК ќе кажам,жителите на Центар се паметни,образовани,културни луѓе, тие размислуваат со сопствена глава, нив никој не може да им го испере мозокот, тие не се продаваат за бедни 500 денари,кило брашно,литар зејтин и сакаат да ја казнат власта за сите ЗЛОдела што тие ги направија во Центар! :!:
     
    На Edie.S и zarah им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Жерновски и по трет пат победи во Центар м :lol:
    Следи четврти круг :lol:
    Се надевам дека после 569874156584125252 круг на Тодорович ќе му падне барем малку срам и ќе си го признае поразот.
     
    На Lola-M, Li0ness и Danilela им се допаѓа ова.
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетов, КАДЕ Е Тодоровиќ??? Откако заврши вториот круг и откако сфати дека нема ни теоретски шанси да победи во Центар, човеков сосема исчезна! Немаше ниту реклами, штабовите му беа затворени цело време,КАДЕ Е човеков???

    Туку, ајде сега Жерновски нека направи целосна ревизија на Скопје-2014 како што вети, па да видиме на што сме! :!:
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не дека нешто посебно е обожуван Андреј, колку повеќе се имаат намерачено контра Тодоровиќ. Па лупање во гради, па честитање од Бранче небаре премиер станал. Мизерии. Типот ми е идиот невиден, а смешно ми е што и Твитерџииве ко дежурни радио Милеви страшно му помогнале во кампањата и агитирале контра другиве.
    Не, дали уопште знаат кој е и што е, само лупај по тастатура, саде државата ни ја смени.


    А оние од Пустец запустенине ... гревни луѓе, Максим Горки.Што да се каже.
    А коа ги гледав квази новинарчињана, изгорени и тие од партија како трчаат ко папараци околу нив уште толку грев ми падна. Ги жалам тие што имаат диплома по новинарство кога гледаат какви џукели лебот им го јадат. И Курир и Либертас, и ЗНМ, и Телма, и Сител. Едно големо срање се сите. За жалење ни е новинарството кога цитирам еден Борјан Јовановски. Толку.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Некој на шега вели се крие Тодоровиќ затоа што го тепале после поразот во вториот круг и не се појавува во јавноста додека не му поминат модринките. :D Ништо чудно со оваа тоталитарна и режимска власт. Почнав како опозиција да звучам не ми се верува. :lol: :lol: Факт е дека ќе претстои жестока политичка борба затоа што вмро по никоја цена не ја дава власта, суетата е преголема! Се виде тоа во Центар каде што стварно се водеа прљави игри, ама сепак победи волјата на народот. Центар даде крилја на опозицијата :lol: иако и натаму загубија катастрофално, ама ете им се направи меракот да го добијат центарот на Скопје и да можат да вршат ревизија на Скопје 2014, затоа власта толку жестоко сакаше да ја добие оваа општина и не успеа. Ќе следи мирно и жешко лето, а после од есен пак политика, догодина претседателски избори, во 2015 редовни парламентарни избори ништо чудно да има и предвремени парламентарни избори, сумарно 2-3 год. нема да сме на раат од избори и политика (а кога сме биле?). :D Јебем ти таква држава каде што е невозможно човек да не се бави и да не знае политика.
     
  8. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Ке се самоцитирам за да ве потсетам на оваа моја изјава после вториот круг и непризнавање на победата на Андреј Жерновски кој ич не го мирисам бидејки неговиот ментор сакаше да го приватизира јавното претпријатие пред десетина години во кое сеуште работам но чесно си победи и тоа со разлика од сега 3000 гласа повеќе него претходните 1000.Мене стварно ми е жал во ВМРО ДПМНЕ нема писмен психолог што ке им објасни на челниците зошто се јавува тој контраефект кога сакаш на нечесен начин да ставиш човек градоначалник а народот не го подржува па од таму и нормално и сито и решето што не излегувало на гласање од инает гласаше за Андреј Жерновски.Еве ги резултатите од ДИК:
    http://217.16.84.17/Results.aspx?RaceID ... 0&LangID=1
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ако сакаат може и уште еден круг да има во Центар,чисто колку разликата да се зголеми во однос на СДСМ.
    Ќе пишам збор-два за Тодоровиќ..
    Искрено мило ми е што не победи,сега не правам муабет во однос на тоа што сум политички определена,туку земајќи ги во предвид фактите колку семејтва јадат леб преку ланецот на маркети Тинекс.Човекот не знае колку пари има реално,редовно дава донации за болници и такви работи,реално си имаше еден мандат и нека си се врати да ги води маркетите како што доликува.
    Нека го покачи и платите на вработените ако треба,бидејќи ако неговите маркети пропаднат што сега за сега не е можно,во Македонија и тоа како ќе настане социјален хаос,земајќи го во предвид бројот на вработени во неговите маркети.
     
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    И јас да кажам мое мислење за Центар и за Жерновски, иако не ме замара многу кој ќе е градоначалник во Центар, па ако сакаат и 10 круга избори нека има. :lol:

    Јас мислам дека наредните 4ри години ќе се тортура за Жерновски.
    Зошто?!- Затоа што, не е дел од централната власт т. е. не е дел од ВМРО. Нема еден проект да започне како што треба. Кога ќе кажам "проект", не мислам на споменици, туку општо, проекти кои се дел од секоја општина. Ќе има од грди по грди зборови за него, па се' нови збрки, што се вика и платата ќе му ја сметаат за перење пари, крадење.
    Јас да бев како него, во моја корист ќе се повлечев, ама не, Жерновски е убеден дека ќе успее со ЛДП како партија позади него и Бранко, кој наскоро ќе го сменат.
    Мислам дека колку што е добра сменава на градоначалник во Центар, толку е и лоша. Уште не седнат на фотеља, Латас одма се изнајаде го*на за него, а што ќе биде во наредниве 4ри години?! :^) Ќе го исцрнчат и ќе си оди на наредните избори, како што дошол.
    Ќе се мачи, ќе се пусти Жерновски, ќе проба да спречи нешто, како проективе ама многу тешко. Се' е потпишано, средено, фрлени се пари, нема шанси тој нешто да спречи. Градоначалник на Скопје-ВМРО, премиер-ВМРО, претседател-исто. Тешко ќе му е, сочувствувам со него. :rofl:
    Мое мислење е ова.
     
    На Domakica и AngieVi им се допаѓа ова.
  11. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Како прво, сакам да му ја честитам победата на Жерновски во општина Центар! Победи на фер и демократски начин тоа е неоспорно.Ако се покаже како добар градоначалник нека победи и на наредните избори. Луѓето треба да гласаат за кандидат, а не за партија. Така беше за Стевче Јакимовски кој очигледно народот во општина Карпош си го сака, а и има доста направено.

    Како второ, што славите? Доживеавте невиден дебакл на овие избори никогаш поголем во историјата на Македонија, само да те потсетам 58 : 4 :hai:
    Како трето, каде се 30 % неизлезени граѓани Македонци од општините Струга и Кичево на овие избори? Зошто голем дел од членството на Сдсм во Струга и Кичево не гласаше на овие избори?За да се трампате Албанците да гласаат во Центар и Куманово за Сдсм така, а? ;) Тие 30 % неизлезени Македонци во Кичево денес ги чини 80 отпушени Македонци од администрацијата во Кичево и масовно вработување Албанци.

    Еве прашај ги сега Македонците од Куманово како се чувствуваат откако Сдсм ги доби изборите во Куманово со 5, 000 гласа на Албанците?! Во Куманово Сдсм изгуби кај Македонците , а во втор круг победи со Албанците.
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    па не само од тие градови туку и од сите останати

    Јас ќе ти одговорам: онаму каде што се избришани од списоците!

    (^ оваа реченица би ја напишала со огромни болдирани букви, ама да не испадне дека „викам“ преку писмо бидејќи (не) е така, во никој случај)
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Еднаш ја заклучив темата нема ваљда пак :D еве обеќавам дека нема :angel:

    Да ти кажам право на народот сеуште не му е јасно што се ќе добијат албанците али времето ќе покаже. Искрено иритира продадено дупе на албанец.
    И така ќе си чмаеме и наредните 4 год а браќата ќе изиграваат шерифи по градот.....
     
    На Annath, lunicka, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.761
    Пол:
    Женски
    ^ Се прашувам кога ли Скопје ќе го снајде истото :( ...мада за еден (не баш мал) дел од Скопје веќе одамна се знае...

    И после да родам трето дете...да направам повеќе мети за некои кои сакаат немир.
     
    На Tanjamm, Annath и Hipster им се допаѓа ова.
  15. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    На овие избори видовме дека некој си се игра со државата и си прави бизниси на сметка на народот, бегајте надвор додека е време.
    Центар - ВМРО 3:0, јака утакмица беше. :) Но затоа пак ВМРО - СДСМ 58:4, hell yeah. :)

    Ми се допаѓа што власта како прваче си даде отчет за спомениците, меѓутоа прашање беше дали ќе го направеше тоа да пак го добиеше Центар, I don't think so. Во секој случај подобро сами да ја соопштеа “радосната“ вест отколку да ги растуреше опозицијата. Сега и да кажат од опозицијата нема да се изненадиме дека се спичкани над 200 милиона евра, затоа што вмро самите си кажаа. Абе јаки тактичари се нема што. :) Сега останува да видиме како ќе помине конгресот на СДСМ и да си имаме мирно и спокојно лето. :D Ако го изберат Бранко пак за president, подобро да се kill themselves. :) Рече нема да се кандидира за нов мандат, ај да видиме. Бранко многу работи рече, па порече. :D
    Догодина мислам дека Хорхе ќе го крка на претседателските изборите ако оди пак, освен во странство каде што покажува заби и филозофии, дома е мирен како маче, како и да не биде кога Грујо му е шеф. :D
    И двете партии ги критикувам подеднакво (си заслужуваат), што закон сум бил. :lol:
    Ќе видиме и пењугата Жерновски колку ќе реализира од тоа што се сили. Конечно си најде човекот работа. :rofl:
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Се радувам за 58те општини на Вмро, ама и сами рекоа ако Центар го немаат џабе е се... И така е, не се споредува вредноста на оваа општина која е срцето на главниот град ни со 158 освоени... Криво ми е за Центар...
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Каде е сега господинот Премиер да реагира за правата на работниците кои во Кичево ги изгубија своите работни места, заради етничка чистка на милиот градоначалник?
    Знам дека нема да сече ленти, ама некогаш мора да направи исклучок, редно време е!!!
    Или да бе, не е тука, одите да бара "инвеститори" во Бразил, извинете, ве молам.
    Права работникот се помалку и помалку има, кога за административна државна работа е вака, тек за приватните.
    Наместо да збираше луѓе од Пустец во Центар, нека ги носеше во Кичево, ќе му простевме и 100 круга да имаше во Центар, и уште некој споменик плус да ставеше, во чест на тоа.
    Реков дека нема да пишувам во темава, ама ме изнервира ова ептен, ептен.
     
    На mushtikla и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Нека дојдат сега во Скопје и нека му речат: Еве ние дојдовме, не сме како другите :wasntme:
    не сум во тек со целата ситуација, слушнав ама не дослушнав иначе :worried:

    Мене ми е "интересно" како луѓето така лесно си прифаќаат колку парички отишле за Скопје 2014, како 200денари да се во прашање...како контра на тоа мал милион акции за собирање донации за помош при лекување... :| во болница не се лежи само од бубашваби па тек другото... дугачка тема
     
    На Edie.S и Hipster им се допаѓа ова.
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    И исто така, не може да се одвои дел од буџетот за детски ургентен центар, па мора да се собираат донации.
    Во контекст на ова, некој поупатен да ме насочи ако може, за да не донесувам заклучоци пред време, децата не се третираат на истиот ургентен ли, овој за возрасни или како да го наречам? Дискриминирани ли се таму, не добиваат солиден третман ли, што е работава, зошто одеднаш сега потреба за детски ургентен? Да не бидам погрешно сфатена, во ред е, нека се градат и обновуваат болници (објекти од кои всушност има корист), ама не ја сфаќам потребата од баш детски ургентен, кога ургентен си е ист за сите луѓе, сите човечки животи се еднакви.
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Tadaaaaaaaaaaam


    Новиот градоначалник на Центар го запре проектот „Скопје 2014“



    По добивањето на уверението дека е избран за градоначалник на скопската општина Центар, Андреј Жерновски веднаш го потпиша и решението за запирање на сите активности поврзани со реализација на проектот „Скопје 2014“.

    Со ова од денеска запираат сите формално правни активности за проектот „Скопје 2014“. Жерновски најави дека веднаш ќе ги ангажира инспекторите да ја проверат и одлуката за сечењето на дрвата во Центар и за узурпирањето на паркинг просторот спроти стариот цветен пазар.

    Izvor www.mkd.mk