Ау извини госпожа, ти не знаев дека си некорумпирана чиста ко солза. Освен дека си дел од партијава на власт или си симпатизер немам друго објаснување за релативизирањава што ги правиш на темава. А со партиски војници не се расправам оти немаат способност за критичка мисла. И не ме убедувај дека не си, очигледно е, не само мене, туку и на сите.
Без разлика на чие име е, оној во чија сопственост е, ако не го изнајмува под кирија и ако не живее таму, ќе припадне во имот кој ќе биде оданочен со повисок данок. Е и то треба да се среди. Еден проблем, не исклучува друг.
Да ти појаснам една работа: Имање политичка идеологија, не значи 'поклоник' на партија. Кај нас партиите немаат ни 'И' од идеологија. Според мене, најдобар систем е социјалната демократија, која кај нас не постои.
А два ако има а не живее луксуз, богат е или не? Едит - Башка откако пропадна Еуростандард, на некои им е помирна душата заштедени пари да ги искористат за имот, него да ги чуваат сите у банка.
Дури и да си го купил на 60 години и си штедел за него од 20 а сега живееш нормален живот, не луксузен?
Па не личи баш на идеологија дека имаш, личи дека си симпатизер или член на партија, зошто баш на секое се трудиш да оправдаш политики кои немаат врска со идеологија.
Не е на секое. Само она што е по моите убедувања. Скалест данок спаѓа баш во она во кое верувам. Пашарина за пчелите (пример), го сметам за жива глупост. Или бетонирање дрва... ама ова е поќе комон сенс, отколку идеологија
Океј. Иста си ко оние - аа оваа носи Адидас/Најк патики, сигурно е богата, или - види бе каква сиромаштија, кафичите полни, они на сиромаштија се жалат. Има луѓе со милиони на сметка ама пошто немаат плус гарсоњерче, не се богати, гревови тие сиромави.
Најк патики и 40-80 илјади евра вишок(толку кошта стан), не е исто. Патиките не спаѓаат во имот. Знајте во Скандинавија колку пари кошта кола да купиш? Дупло од цената, оти данокот е висок.
Само сакав да ти доловам оти многу просто пресметуваш. Гледаш што има некој и толку. А да те прашам сега кој има повеќе луксуз - обичен граѓанин со два двособни стана или некој на висока функција со огромни суми во банка? Под огромни мислам апла огромни.
Тој што има огромни суми во банка има имоти, има акции, има фирми и сето тоа подложи на даноци. Колку се повисоки даноците, толку повеќе пари ќе има за социјалните услуги: Здравство, образование, судови, затвори, социјални служби, МВР, пожарна... ју нејм ит. и да: И јас ако имам стан шо ми стој празен, сметам дека треба да платам повеќе данок, за утре ако немам, државата да има средства од кои ќе се финансираат тие институции, од чија услуга ќе имам потреба. Не да ми прекине здравственото, ако останам без работа.
Вајлд...оти си толку наивна човече. И најфакинг високи даноци да се плаќаат, ако не ги бива, нема да ги пренаменат, не знам колку пати да ти се спомне тоа. Ај кога више спомна други држави да разјасниме една работа - не е работата колку се цените високи на све, туку колку се високи во однос на плата. Ти мачкаат очи велејќи дека Македонија имала најевтина цена на струја, АМА во споредба со платите, е меѓу најскапите. За бензинот иста прича. Така да, пред да споредуваш ваму и таму, спореди на овој начин.
Не споредував бензин и струја. Читај шо пишам. Не... не ме читај мене. Оди прочитај што значи социјал-демократски систем, па ела ќе прајме муабет. Social democracy одбери кој линк ти одговара и прочитај