Споредуваше даноци и претходно имаше спомнато за еколошката такса дека требало да се плаќа. Јас ти кажувам дека не се споредува на тој начин Океј, ако ТРИ пати за тебе не е ништо, нека поскапат и струја три пати, па после да уживаме у модерно државно здравство...може?
Во социјалните демократии во светот имаш рок до кога да си најдеш работа за да уживаш бенефити од социјални фондови. Некои две години за преквалификација и наоѓање работа. За некој што свесно се одлучил да не работи, не следува сѐ. Така да нема врска ова со социјална демократија. Социјалните држави не го оштетуваат тој што стварно заработува може малку повеќе од просекот како кај нас.
Социјална демократија е социјален систем, кој е адаптиран на капиталистичкиот поредок и економијата на слободен пазар, во кој секоја единка има еднакво право на глас и во кој државниот апарат има силна социјална инфраструктура која ги згрижува ранливите категории.
Једино би рекла да има повисоки даноци за ова АМА да бидат во однос на примањата. Не може двајца, едниот со огромна, другиот со просечна плата да плаќаат ист данок. Оти се знае едниот како го купил станот, како другиот. @WildMk има земји каде што казните за сообраќаен прекршок се вака, во однос на примањата. Оти инаку некој побогат ќе си плати и пак ќе си го прчи, додека некој друг следен пат и на јогурт ќе дува. А додека немаат контрола кој од каде му се огромни суми, законов е глупост. За Сашета никој со прст не мрдна да види чекај од кај има пари човеков, ама битно граѓаните живеат луксуз. Оќе.
Македонија нема социјална демократија Има извитоперен комунистички истресок, со длабоко коруптивен капиталистички тренд, во кој 'Помоќниот преживува, послабиот може слободно да умре'
Па и даноците се дел од таа идеологија. За системот да има силна социјална инфраструктура, од некаде треба да се финансира и тоа се прави преку скалести даноци, во однос на примањата и имотот.
Нема тоа ти викам и јас. А ние зборуваме за фактичка состојба, не за идеолошка некоја што не може ни сосема да се имплементира во нашиот систем и манјдсет. Затоа цело време потенцирам за реалната состојба. За на хартија сите знаеме како е убаво, туку што бенефит во реалниот живот?
Не е прашање на 'крив' или 'прав'. Пишав погоре: Ко ќе имам повеќе, треба да плаќам повеќе даноци, за ко ќе немам, државата да може да си дозволи да ми ги пружа сите бенефити, за да не останам без здравствени услуги и детето да не ми го испишат од школо (пример)
Секој чекор кој води кон достигнување на целта (според мене социјална демократија) треба да се поздрави. Секој чекор кој го уназадува достигнувањето на таа цел, треба да се осуди. Не знам како попросто да ви објаснам...
Те прашав погоре. Дали би ти одговарало да плаќаш трипати повисока струја ако ти речат (хмм речат) дека со тие пари ќе се направи нешто асално?
Да. Обединета заедница која се грижи за добросостојбата на секој член на таа заедница, според мене е силна заедница.
Даноците во рсм се крадат преку тендери со надуени цени и плати за партиската администрација. Ништо друго. Само се пљачка народот за партиите да се ранат
То е факт. Ама скалестиот данок е една од основите на социјалната демократија. Во случајов, проблемот е во немањето чувство на заедница, нагонот за себеодржување и себичноста. Затоа Македонија не може да биде социјална-демократија, иако според Устав е дефинирана како таква. Пандемијата како ни го покажа ова... сите го*на испливаа на површина. Мислев ќе не обедини, затоа што сите сме заглавени во истиот проблем, дека ќе не натера да се загрижиме повеќе за правецот во кој се движиме... Ама скроз обратно излезе. Уште повеќе до израз дојде тоа: Кој има да има, кој нема нека цркни
И ти ќе поверуваш дека ако ти стигне 10000 сметка, дека тоа ќе ти се врати? Сериозна си? ....не знам што да кажам на ова веќе. Значи све да поскапи, ти ќе се радуваш оти тие пари ќе се пренаменат за нешто корисно. Небитно како луѓе ќе преживеат (не за становите) ама битно ќе уживаме во одлично здравство Тоа што имаме скап живот во однос на плата, небитно. Пари се немало битно за све што фали. Не знам, еве ти кажи ми. Дали во други развиени држави, криминалец нуди 11 милиони за да го ослободат, и никој не се нафаќа да истражи од каде се парите, кои голема веројатност има да се крадени?