Криви сме ние што сме поделени. Да сме сложни сега и да излеземе да искршиме се пред себе, да направиме лом пред Влада, ќе видам дали данок ќе ми качува, копук струмички. Не, ние нема да плаќаме. Ќе се селиме и така ќе бидеме малцинство, оти со овие плати и даноци, трошоци не се живее. Ааа, да потсетам успех е да се работи за минималец, седи Македонче, ќути, радуј се на леб и сол, има од минималец, таман за данок за куќата во село која се распаднала.
Ќе ти кажам кога ќе имам пари за втор стан Кој комшија ќе ме пријави, тој што пече ракија, што знае дека можам и јас да го пријавам? Колку си глава во ѕид, чудо нешто, како во друга држава да живееш. Пола администрација е пишана по лична карта на адреси надвор од Скопје за патни трошоци, ќе пријавеле, утре сабајле.
Кои сме тие ние? Јас не сум член на партија. Гласав и за едните и за другите копуци. Сега за Левица има да гласам. Во Франција, жолтите елеци со месеци палеа за едно поскапување на гориво, а нас за шупи ќе ни земаат 5 пати поголем данок.
Абе кој ќе те пријави, кај ќе те пријави, смешки. Божем не знаеме каде живееме. Се тепале двајца комшии, па вртеле во полиција, да дојдат да смират тензија, и им рекле „па немаме гориво да дојдеме“. Комшиите сами спречиле да не дојде до некој фатален исход и велат „леле, абе ова ќе убијат некој дури полиција да дојде“. Пишав инспекторка не оди на терен да руши дивоградби на Албанци, мене па некој ќе ме пријавел. Глупости.
Арачиновци како блокираат пат оти не платиле на ЕВН, а треба да плаќаат. Искрено, додека Македончето не почне на агресија да враќа со агресија, само има да чмаеме. Лесно ти е тебе, снаа на пратеник и ќерка на директор, ко што си пиша. И јас да сум на твое место, па и да сум член на СДСМ, ќе продавам демагогија, дека ок било на ваква сиромаштија даноци да се качуваат.
Епа нели од надеж не се живееше? Или треба да се ќути или да се пали (прашање дали со било кое дејствие нешто би се сменило тука) трето не гледам јас
Па смешно е што не знаеш како функционира општеството во кое живееш, да. И што нѐ убедуваш тука во правни механизми.
Кај ми е лесно мене? То ти кажвам. Дека и покрај можноста, не крадеа пари ни едниот ни другиот. Татко ми го избркаа од работа, оти не сакаше да им ја игра играта. А свекор ми не го кандидираа уште еднаш(од партија), оти не сакаше да им ја игра играта. Верувам во чесно заработени пари и некорумпирање. А најмалку верувам во насилство. Ама за жал, повеќето сте наислници и хоштаплери.
Не е муабетот дали 'палат кај тебе или не' Општество е организирана заедница на сите луѓе кои живеат во таа заедница. Абе основни поими не знајте, па ќе дебатира чоек со вас
Нема да ве едуцирам. Не знаеш што е општество, не знаеш што е иделогија, не ја разликуваш од партија, не знаеш што е социјал-демократија... Како ќе те научам? 20 години на школо не те научиле, мајка ти и татко ти не те научиле, јас ќе те научам на форум?
Насилник ќе бидам кога ќе отидам да фрлам една канта измет пред оваа смрдлива Влада. Море кога ќе размислам, и тоа не е насилство, оти таа Влада со години ме „цица“ по сите основи, не ме штити, ми уништи идентитет, па и треба да сум насилна. Дали жолтите елеци ги викате насилници? Е така треба да постапуваме. Така се гради и чува држава. Политичарите да ни бидат слуги, а не ние нивни робови.
Зошто ја навреди членката? Самата си пиша дека немаш факултет, а повеќето феминки имаат и ги знаат термините. Едноставно е, ние не се согласуваме со тебе, ние сме сиромашен народ, и секоја давачка ни е терет. Тебе не ти е жал за народот, мене ми е.