Шоако има факултет, ко основни поими не знај? То е проблемот кај нас. Не се завршва школо со знаење, ами со врски. ... и со насилство И мене секоја давачка ми е терет, ама ја разбирам одговорноста од живење во заедница. За разлика од вас, себичните, корумпирани, насилни ...
СД-та идеологија од пред 30 години што сте ја учеле во школо нема благе везе со оваа денес. Односно "третиот пат" или "новиот центар" на Тони Блер
И два дена да била повеќе од тебе на школо тоа се гледа. И со насилство се завршува факултет. Вуауауау, каде на тетовски да не случајно? Да бевме себични, корумпирани, насилни, Македонија немаше да биде на ова дереџе и немаше цели општини денар да не даваат за данок. По која основа да давам јас ако тие не даваат? Која заедница? Таа ли што фаворизира едни од една националност, а другите ги „дере“? Тоа ли е заедница? Не, тоа е банана држава.
Што има врска корупција со тоа што обичен народ ќе плаќа висока сума за данок на имот? Дали тој народ воопшто може да биде корумпиран? Како? За корупција ти требаат пари. Каде се суд, полиција да сузбијат корупција? Форумот не е да тестираме знаење, туку да дискутираме за реални проблеми. Овој проблем е реален, и ќе ги погоди оние кои немаат пари.
Бајкава за тоа да не ќутиме како граѓани теоретски е лесно да се раскажува, ама во пракса луѓето се притиснати од сите страни. Еве пример, ми бараат мито за да се вработам и по логиката на @WildMk јас треба да пријавам во надлежните институции. Еве јас ќе ја добијам битката (тешко, ама ајде да речеме), за инат ќе ја отпуштат мајка ми, сестра ми или ќе ме наместат на некој друг начин. За жал, мала земја сме и многу е тешко да се спречи корупција, а лесно да се каже 'не молчете, пријавете'. Не се луѓето глупави што не можат да успеат, системот не функционира, а сите имаме нешто кое не боли и внимаваме да не го повредат, така да тие приказни за 'ние сме општеството' се за во 3то одделение.
Ај да речеме дека тие со станови/куќи на примамливи локации ќе ги изнајмат/продадат. А тие што имаат викендици во рурални средини и одат таму повремено? Ретко кој би ја купил или изнајмил.
Малку похрабри ќе бидите. И мене ми се заканувале... маж ми од приватна фирма издејствуваа да го избркаат заради политички убедувања, па не сме замолчиле. Ако повеќето си 'легнувате на брашното', барем не кукајте по форуми и по утрински емисии за то: 'Колку не чини државата'. Нема поента.
И тоа не може. Ние имаме таква во село, и со текот на времето си пропаѓа, затоа што само делумно е поделена, но целосната постапка не е завршена, за да можам да си ја средувам. Нема кому да ја дадеш, и да има, може тој некој да ти направи големи сметки за струја и да ти ги остави, и ѓавол ипол. Кому ќе ја дадеш на село, кога селото има 50 постојани жители, сите старци. Кому ќе ја продадеш? Никој таму не купува, а кој му е за ќеиф и си има доволно кеш, си прави нова по сопствен терк. И да ја урнат треба пари, тоа не е за без пари. Колку камења, цигли треба да се изнесат, еххее. Крајно мој имот е, а која е државата да ме наведува индиректно што да правам со имотот? За таква куќа, каде реално имам една соба треба утре да лупнам 100 евра за данок и така секоја година?
Хммм, на пример некогаш сака да избега од градски метеж и да одмори? Може е пчелар и има викендица на местото каде што ги чува пчелите? Пошто пчели не можеш да чуваш у сред Скопје, туку на зелено место. Ахам да, сигурно ќе ја донира туку така, нема грешка. Со свои раце може ја изградил, сеа да ја донира и руши, сигурно. Аман вајлд, не секој со башка имот се бања со златен шампањ и брише гз со банкноти. Едит : Ако ништо друго, можеа да почекаат две- три години да пројде кризава, а тие одма струја да поскапат, такса за ова, за она. Полека малце, пооолека.
Сега ја читам дискусијата од погоре, не ме навреди мислењето на @WildMk, впрочем тешко е било кој од форум да ме навреди Да не се задржуваме на мене ве молам Едит: Се согласувам и јас дека е тотално нереално, а и нефер да се донираат или доброволно да се откажат. Впрочем и не сум за општество во кое трудот на некој се девалвира. Никаде во светот освен кај нас невработените не користат бенефити на социјални фондови ако самите решиле да не работат. И тоа ми се чини ок за систем кој функционира (и има работа за тие што сакаат да работат). Добиваш издржување и можност за доквалификација во рок од 2-3 години, имаш лице кој те евалуира, ако не е твоја вина добиваш дополнителна помош, а ако сам не сакаш да работиш, нема користење на фондовите кои ги полнат вработените. Нема зошто да имаме сите исто, ни па тоа е реално. Ни па некој што е средна класа треба да си крати од сопствените средства за да се полнат социјални фондови кои после ќе ги користат тие кои не придонесуваат зошто сами така решиле. Ова знам дека не е сосема изводливо кај нас во моментот, само сакам да укажам на фактот дека и не треба во општеството сите да се исти, нормално е да се вреднува трудот на поединецот. Во однос на даноците, кога ќе почнам да гледам бенефит од нив (инфраструктура, подобрување на здравство, реновирање на училишта, бесплатни нешта за студенти итн) прва ќе сум за прогресивен данок. Во вакви услови каде оние кои вистина се богати не плаќаат, а ние што плаќаме всушност ги финансираме патните трошоци на пратениците и смешните проекти, не. Никогаш нема да поддржам било што што значи дополнително богатење на партиските и државните елити.
Маж ти го избркале оти бранел некоја друга партија која го заштитува, што правиме со луѓето кои не туркаат ничија агенда? Народов трпи сиромаштија и неправда баш од таквите како вас кои си ја префрлаат топката, те кај едните ќар, те кај другите. А за по форуми, секој има право да дискутира, жал ми е ако не ти одговара моето мислење.
Не брани партија, брани идеологија. Која исто како девојката погоре и еден куп други во државава не знаете што значи и го изедначувате со партија. Оти бе мислите дека мора да имаш врски, за да функционираш во државава? За ништо не мора да фаќаш врски. Ќерка ми почнува прво одделение... и врват месеци и еден ден одам да си ја земам од школо и наставничката ми вели: “Абе оти ти не си кажала чија снаа си?“ Ја гледам лилаво ... “Шо има то врска? Хххх ја запишав во школово, не свекор ми.“ - и' одговорив И после 30 години откако престана да е професор татко ми, секој мај, фрчеа телефоните од луѓе кои бараа да им 'поправа оценки' кај бивши колеги. Е такви се 90% од граѓаните... ситни души. Навистина можеш да преживееш без врски. Сообраќајна казна не сме побарале да ни скинат, не пак нешто повеќе. Навистина можи, ако сакаш. Абе море... вие имате претстава колкав е буџетот? Колку пари треба само за на администрацијата да и' се исплатат плати секој месец? Буџетари се меѓу 130.000 и 150.000 граѓани. И минимална плата да земаат сите, најмалку 30.000.000 евра само за плати одат. Најмалку 30 милиони евра. Секој месец! А знаеме дека повеќето земаат повисока плата од минималната. Што значи.. може и 50.000.000 евра се... 60... 100? И па ништо не функционира... Ај објасни ми зошто? И да се само тие издатоци... И ако одбирам од кај да приберам пари, нормално дека би избрала од тие што имаат одвишок, а не од тие што имаат мањак. Стан во кој не живееш е одвишок. И крај на муабетот.
Нормално дека може и без врски, ама од лично искуство, знам колку с(т)е чесно дојдени на функција. А може и не ти притребале врски, со самото тоа што луѓето знаат чија снаа/ќерка/жена си. Си знае обичниот народ, некој чиј татко/свекор продава пиперки на пазар, колку е притискан, уценуван и обесправен. Да се изразам со твоите зборови, од позиција на привилегија зборуваш.
Можеби ми 'попуштале' за нешто... ама јас не побарав, ниту сакав. Како претходно не ми попуштаа? Кратко траеше мојата 'привилегирана' ситуација... и одамна... Како што пишав погоре: Оти не сакаа да им ја играат играта. Ако тие не се плашеле да се спротивстават на тие над нив, зошто јас да се плашам? И по цена да станам outcast, како нив.
Секоја чест ако е така. Ај сега ова кажи ми го, вистинска случка: Човек со магистерски, одличен во својата професија, го тераат да се пише Албанец за да го вработат во институцијата каде заслужено треба да влезе. Човекот има две деца и жена му е невработена. Се пиша Албанец, шо да прави? Да стане outcast?
Зошто се вработува во државна институција? Ни јас, ни маж ми, ни девер ми, ни брат ми, ни мајка ми, ни свекрва ми, ни еден ден не сме работеле на државно (откако се распадна СФРЈ, за стариве зборам)
Затоа што вложил во својата професија, студирал, учел, се надоградувал. Да не откривам премногу, ама професијата не му е многу широка, значи не е економист или програмер, се работи за специфична професија со мал избор на институции. Ти што предлагаш, да оди да работи на нива? Да оди на печалба?
Брат ми е електро инжинер(високо-напонска струја), девер ми е машински инжинер, маж ми има КТИА завршено-башка магистерски по Е-бизнис менаџмент. Сите работеле ко мајстори за ситни пари. Зошто живееме во Скопје? Заради работа...
Пак ќе ти кажам, од позиција на привилегија зборуваш, судиш, а некој нема за леб. Ако ти патат децата не Албанец, мајмун ќе се пишеш. Плус, шо ќе смени ако не се пише? Ќе влезе Албанец на негово место или некој шо ќе се пише. И?