Сега ќе ти ја кажам 'привилегијата'. Татко ми, 2-3 години беше директор на ООЗТ (така се викаа порано) Имаше увид во сета работа на фирмата (ова во СФРЈ уште). Му се спротивстави на тогашниот генерален директор заради кражбите и овој вака му рече: “Или сам ќе си одиш, или ќе те отпуштам“. Си отиде. По неколку месеци се разболе и зеде инвалидска пензија, 45 години имаше. Колку маж ми што е сега. Еден период не беше воопшто способен да излези од дома, не пак да работи. Мајка ми ја отпуштија од работа кога се распадна СФРЈ. Одлучија да отворат колонијал. Сите таму работевме. На школо одев и пола смена работев. Од 1995та до 2003та, живеевме од тие пари и инвалидската на татко ми. Ко сега го памтам... одвај возеше и одеше во набавки... Со колку пари стигна до директор, со толку излезе. Умре верувајќи дека секој човек во суштина е добар и дека се' е поправливо.
Ок де, кажавме за тебе дека си без привилегии. Кажи ми ти мене, шо ќе смени ако не се пише Албанец? Знаеш ли ти дека татко му кредит зеде за да го школува? Како да го врати? Од што да отвори колонијал? И пак ќе ти речам, ти не работиш, не знам дали си осетила на твоја како е да не знаеш дали ќе собереш за кирија и сметки. Не Вајлд, народов не е толку неморален колку што е очаен. Мислиш во странство сите се светци? Не им требаат врски, функционира системот. Башка, не си завршила факултет, оди помачи се, заврши факултет и мастер, не спиј навечер, па да видиш дали ќе ти е сеедно дали ќе работиш на струка или не.
Шо ќе смени ако не се пише Албанец? Ќе покаже дека има свое јас. Во 43 години... се' сум осетила на моја кожа. Освен делот со киријата. 15 години правеа куќа моите со кредити.... сами, без мајстори, а претходно живеевме во стара која дедо ми ја изградил во 1965та. 6 души во соба од 10 квадрати. Месо? По едно и пол ќофте со брат ми, еднаш во неделата. Домати и пиперки, од бавчата во дворот. Заборајв: јајца и пилиња, од кокошките шо ги чувавме.
Ти кажав дека маж ми има КТИА завршено и е магистер и работеше приправник во приватна фирма за 9000 денари. Ова ко се зедовме. После една година, најде 'подобро платена работа'. Сајт одржаваше во фирма, за 15.000 денари-неосигуран Можеше да се вработи на државно тогаш, оти беше 'привилегиран', ама не го направи тоа. Брат ми 10 години по бандери се пентереше со електро факултет... во приватна фирма.
One last question: Ако си под кирија и сте двајцата невработени, а имате дете, ќе се пишеш Албанка? Инаку човеков е балетан, шо да работи друго? Од 5 години се има згазено од вежбање, кај да работи ако не во Балет? Која приватна фирма ќе ја најде?
Каков поинаков одговор очекуваш? Ќе се вработи со средно. Како брат ми што работеше, иако има факултет. Има еден куп работни места кои се со средно.
Ако си под кирија, двајцата сте невработени, немате помош од родителите а имате дете, ќе се пишеш Албанка? Тоа е прашањето.
Не. Ќе барам работа каде не бараат да се пишам Албанка. Келнер ќе работам, таксист ќе работам... на бандера ќе се качвам... продавачка ќе бидам (што всушност бев 8 години) Брат ми, аплицираше во РЕК и во фаца му рекоја: Ако сакаш вработување, извади партиска книшка. Налево круг и се вработи бандераш.
Сит на гладен не верува. А дека има еден куп работни места, тоа на друг да кажуваш, затоа пола држава е невработена, пола во странство. Ама како и да е, никогаш не вели никогаш оти луѓето под притисок сешто прават. Не си се нашла во таква ситуација, па судиш.
Не судам. За продавачи и келнери, секогаш има работа. Него... нешто друго ме интересира... Зошто да прајш деца, ако и ти и сопругата, не сте вработени?
Беа вработени, па отпуштени. И сега? Тие што изгубија работни места во пандемијата да ги дадат децата на посвојување? Пак ќе ти повторам, народот фаќа врски оти е очаен, а не оти е лош. Ама ти не си доживеала на своја кожа, па не можеш да се соживееш со нивната мака.
Друго е ако ги отпуштиле... Сепак, има работа како продавач, келнер, таксист... И како тоа: 'Не сум осетила' - кога 2 саати веќе ти раскажувам за кога сме немале пари?
Ок е, очигледно не се разбираме, со глава во ѕид не се оди, а во животот не е црно и бело и ни најмалку не е едноставно како што сакаш да прикажеш. Секој со маката.
Не е едноставно.. Воопшто не е едноставно... за никој... Може и со кривично дело да 'заработиш' пари. Сами го избираме начинот на кој ќе си ги решиме проблемите.