Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    :x Немам коментар, за отпуштањето на пожарникарите (македонци) од Кичево.
    До кога вака,да страдаат невини семејства? :|
     
    На Tanjamm и tessie им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    :D кој панаѓур во нашево политичко секојдневие ,кои будалаштини :D Боже,боже.

    ВМРО со закана - приватните субјекти ќе го тужеле Жерновски, оти, ради мораториумот немало да се испочитуваат договорите што ги потпишале со нив :talk: Ако бе, ако.
    Па и министерката за култура ...Од кај работава, на Жерновски правото да одлучува за проект што е нивни. Е, ај де. И, јас еве... се прашувам. цц :rofl:

    Жерновски за премиер! :D
    И, џабе БЦ да си оди од претседателство на СДС, (ако озбилно решил) ипак, реално, немаат кој после БЦ.
    Издишаа после толку години пораз.
    А, токму ради сиве ситуации со се’ нешто...дури и зборев со еден другар за тоа дека, јас, во овој денешен систем на владеење, доброволно се пријавувам за Голи оток. И, тоа, сама ќе се отпратам :D Оти, не се осеќам доволно здраво -психички. Почнав да го симпатишем БЦ дури. Значи, сериозна е болеста моја, и можно е да ја отрујам околината.
    Затоа, Голи оток. :rofl:
     
    На kravce, julie77 и Ariel им се допаѓа ова.
  3. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Веќе почнуваат да прават проблеми комуњарите, крв да им е**м!
    http://www.youtube.com/watch?v=iQHllL1EI0M

    Наместо да градат, они ќе рушат, само тоа и знаат ебате опозицијата деструктивна затоа си го кркаат 7:0. Најмногу ме иритира тоа што се однесуваат силеџиски наместо фино лепо со закон, на фин и културен демократски начин да го издејствуваат тоа што сакаат. Ќе гледаме 4 години циркуси на релација ВМРО - Центар. Красна општина имаа, оној дебелко Тодоровиќ ја прокоцка за 1 мандат, ебаго коала фејс арно не го измлатиле досега еден куп проблеми им донесе сега. :D Не е дека до толку им сметаат спомениците колку што тоа дека се поставени од оваа власт. Наместо да понудат проекти, они ќе рушеле. Морони!
     
    На Cliona, Snow-Queen и Rubiii им се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    :rofl: спичлес сум. Овој народ само гласно и со дела може да покаже што сака, законите функционираат само за оние на власта и на начини на кои само тие тоа го сакаат.
    Очекувам во било кој момент да се појави контра група што ќе сака да се сечат дрвата. Македонче.
    Бране поднел неотповиклива оставка :^)
     
    На PussyHunter и Hipster им се допаѓа ова.
  5. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.119
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Тоа што го реков за силеџиство важи и за двете партии. :) Како на пр. сечењето на дрвата на видеото е стварно варварски чин. Но ако мора да одат нека одат. :) Сепак намерно го прават ова затоа што го изгубија Центар и сега 4 год. ќе има вакви работи. Снаоѓајте се центарци како знаете и умеете. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=MeUT4QVSFV0
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    ^Денес во Центар, утре во твојата општина/град.
    Верувам нема да ни биде смешно утре ова да се деси во твојата општина, место на живеење.

    Убаво рече кравче, капа симувам, овие се толки болни, утре ако не собират група кои ќе се борат за сечење на дрвјата, дека тоа е добро, дека така им треба, јас глава сечам.
    Сто посто покажале граѓанска непослушност, па одма за уво ќе ги тегнеме |( дрвјата, дрвјата.
     
    На Edie.S и kravce им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    12.938
    Што мислите за предвидувањата на Љубчо Георгиевски дека до 2015 г. не очекува банкрот, мултиетнички и економски не можеме да опстоиме?Мене ми е многу реален кога зборува и да верувам дека она што го зборува ќе ни се случи, дека ни сезаканува распаѓање на државата.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.760
    Пол:
    Женски
  10. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    http://www.mkd.mk/makedonija/politika/s ... makedonija

    Што мислите за оваа работа на Стојанче ?
    Државната изборна комисија (ДИК) ни одобри да почнеме со собирање на најмалку 100 иницијални потписи со кои ќе ја продолжиме нашата иницијатива за референдум со работен наслов „Достоинство за Македонија“, составена од 4 референдумски прашања, објави денеска Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
    Референдумските прашања по иницијативата на Достоинство се:

    1) Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?

    2) Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?

    3) Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?

    4) Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?

    Денеска по мнн време решив да видам колку и што има ново на нашава политичка сцена и го гледам постов ..искрено мислам дека нема да има некое решение или да има референдум ... но сепак тоа е мое мисленје ... Што викате вие?
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.185
    Допаѓања:
    12.938
    Да треба сите да се потпишеме, мило ми е што човекот се бори за Македонија, тој е еден од ретките. На неговиот фб профил има детали каде можат да се потпишуваат скопјани, кичевчани и стружани. За другите пишете во инбокс, за мојот град рано е. Луѓе да не молчиме, од многу молчење ете до кај стигнавме, тоа е за нашата иднина. Да покажеме заби, да покажеме единство.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.678
    Допаѓања:
    22.760
    Пол:
    Женски
    Знам дека не ни` идело баш со референдуми досега. Времето ќе си покаже.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.237
    Не се политички,ама се симпатични! Мислам ние сељачана, алкохол до 9 треба да купуваме, малиов шмрка бело и пука со огнено оружје и тоа се вика дерлиште дебилно! Ма нека шрмка, ако може и 30 грама у вечер, да се затребиме малце и да извршиме една природна селекција според ум! Толку му сече!

    „Родила си сина, Краља Кокаина!„
    Напишано од Зоран Божиновски


    Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, никако да си го исконтролира своето потомство. По скандалите на неговата ќерка по Скопје и Белград, неговиот син Филип, на 1. мај о. г. му ја запечати кариерата на Трајко. Иако привремено случајот е скриен од јавноста, сепак до Буревесник дојдоа деталите за првомајскиот нарко скандал на Евзони...



    На претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски не му се запали црвената сијаличка вечерта по завршувањето на овогодишните локални избори, кога неговиот син Филип ја прославуваше победата пукајќи од огнено оружје по скопските улици, заедно со уште двајца егзалтирани другари. На моќниот татко му беше најбитно вечерта уште веднаш да биде пуштен неговиот син, инаку веќе качен во полициско комби и поведен кон најблиската полициска станица на распит. Дури, на таткото му беше тогаш најбитно полицајците кои му го привеле детето уште веднаш да му се извинат на малиот, што е и сторено. Нормално дека утредента и следните неколку дена во ниту еден медиум немаше ниту во назнака опис на овој инцидент. Оти, кој сака да си има работа со осетливиот Вељановски Сениор, кој милува новинари покорно да му се извинуваат!?



    Грчката полиција не е МВР и не е така покорна и послушна како МВР! Ова Трајко Вељановски го искуси на 1. мај о. г. откако му дојавиле дека на граничниот премин Евзони кон Грција, неговиот син Филип Вељановски бил уапсен со 11 грама кокаин и 30 таблети екстази во посед, количина која си ја земал со себе заради првомајско празнување во Грција.



    Драмата се случувала дента, во раните утрински часови, кога Филип Вељановски прво сосема непречено ја пренел оваа наркотична славеничка доза покрај заспаните македонски полицајци, кои и инаку не смеат ниту на сон да помислат да вршат претрес на таква величина. На другата страна, Грците биле многу потемелни и поревносни, па на синот на Вељановски му извршиле преглед припадници на специјалната единица кои со себе имале и обучени кучиња. Нешто како македонска верзија на лабрадорот Адон, кој МВР го носи главно да пронаоѓа марихуана. Да не го упропасти носот!



    Тимот на специјалната грчка полиција, придружуван од кучиња, кај синот на претседателот пронашол 11 грама кокаин и 30 таблети екстази. Без пардон и многу филозофирање бил уапсен, врзан со лисици и во однапред утврдена процедура, со полициско возило уште веднаш го спровеле Филип Вељановски во Килкис (Кукуш), каде на првиот распит Филип Вељановски дал изјава дека дрогата не му била за продажба туку за негова лична употреба. По првиот распит го однеле во полициски притвор, да почека изведување пред истражен судија. Не знаеле дека детето е привилегирано!



    Главен проблем на Филип Вељановски е што признанието дека дрогата му била за лична употреба, не е никаква олеснителна околност. Законот во Грција е ист и за 1 кг. и за 11 грама. Но, секој се брани како умее и знае, па така и Филип. Уште во моментот кога тргнало полициското возило кон Килкис, граничната полиција од Евзони ја известила македонската полиција од преминот Св. Богородица дека уапсиле лице со тој и тој идентитет и дека е во тек спровод кон Килкис.



    Во тој момент била крената вистинска мобилизациона тревога во Скопје, откако на Сениор Вељановски му јавиле што се случило со Вељановски Јуниор. Избезумениот татко се јавил веднаш на главата на Фамилијата, на Сашко Мијалков. Па била формирана спасувачка експедиција од скоро половината македонска Влада, предводена од Вељановски и Мијалков. На македонско-грчката граница пристигнале колку се можело побргу и започнале со неартикулирано повикување на сите нивни знајни и незнајни „партнери„ од другата страна, само детето да биде спасено и пуштено на слобода, а „инцидентот„ заташкан. По можност, ако можело и траги да нема!? Грците на оваа паника од северната граница само слатко се смееле и се насладувале. Не можеле да поверуваат кој дошол да моли! Откако се соземале на ургенторите Сашко и Трајче брзо им објасниле дека тие се земја од ЕУ, која почитува стандарди и закони. И дека случајот веќе е заведен еднаш на Евзони, дека е отворена постапка која е во тек и судот во Килкис ќе донесе одлука за понатамошната судбина на уживателот на наркотични дроги Филип Вељановски.



    Мијалков и Вељановски по целодневна исцрпувачка „дипломатска офанзива„ успеале да се изборат приведениот Филип Вељановски да биде експресно изведен пред судија утредента на 2. мај, да биде ослободен со кауција (не ми е познат износот!) и со гаранција од македонска страна дека ќе се појави на судење на 5. јули 2013. година. Да не подсетувам дека Филип Вељановски ноќта наместо во хотел ја поминал во полициски притвор.



    Мојот извор од грчката полиција кој го следи овој интересен случај, ми тврди дека отстапките кои се направени од грчка страна, за да биде пуштен утредента Филип Вељановски, се истргувани со ветувања кои Сашко Мијалков и Трајко Вељановски им ги дале на преговарачите од грчка страна. И допрва ќе се види каков и колкав бенефит добива грчката власт што направила отстапка која баш никој не смее да ја направи, освен кога се во прашање грчките државни интереси. Мојот извор исто така ми тврди дека кооперативноста на македонските молители Мијалков и Вељановски мора да дојде до израз пред 5. јули, за да не дојде до објава на судот дека Филип Вељановски не се појавил на судење, иако неговиот моќен татко го гарантирал тоа на 2. мај.



    Инаку, изворот ми тврди и дека на Филип Вељановски на 1. мај му бил организиран пречек од грчките специјалци, кои утрото го чекале на два влеза во Грција, Дојрани и Евзони. Некој од другарчињата на Филип заработил од продажба на „чувствителна информација„, дојавувајќи им на грчките служби дека синот на Вељановски за 1. мај се подготвува на гламурозен престој во Грција, проследен со луда забава, ама и дека со себе Филип ќе носи и „алат и прибор„. Информацијата се покажала како точна, Вељановски Јуниор е начекан утрото на 1. мај од грчките специјалци, со „алат и прибор„ заради кој дента и утредента на грчки „шалтер„ се напупија Сашко Мијалков и татко му Трајко лично!



    Овој немил настан воедно е методско показна вежбовна единица од лекцијата „Како функционира подготвена служба„ која има информации што се случува на територија на северниот сосед со кој има скоро дводецениски спор околу името. Случајот на Филип Вељановски е само мал показ од страна на грчките служби дека будно следат и знаат што прават и како се забавуваат палавите дечињата на македонската функционерска елита и како лесно нивните татковци приоѓаат да молат кога ќе згусти.



    Се разбира дека палавите дечиња, синови и ќерки на македонските политички величини, редовно се следени, снимани, лоцирани: каде одат по Грција, каде и со кого се забавуваат, што „конзумираат„, кој и колку со себе си носи и од кој тип „алат и прибор„, кои се бричените глави со дебели вратови кои таму ги придружуваат и чуваат. Знаат Грците ама баш се. До 1. мај Мијалков и Вељановски се надеваа дека Грците овие работи само ги претпоставуваат.



    Од 2. мај наваму и Сашко и Трајко знаат дека Грците ем се знаат ем се следат! И дека цената е баш прескапа. Ќе ја платат граѓаните на РМ, ама резилот си е лично нивни, највеќе на препотентниот и арогантен претседател на македонското Собрание. Тој веројатно ни овој пат нема да ја научи лекцијата и нема да му застане на пат на неговиот син-делинквент. Дека тоа е така, доказ е изнасиленото појавување на „среќното семејство„ Вељановски на Велигден в црква, да се запали свеќа, за здравје на нездравото семејство.


    Да не е трагично би било смешно...



    НАПОМЕНА: За овој случај упатив службени прашања до Трајко Вељановски, Иво Котевски и до МВР. Се решија на МОЛК! Доста често ако не најчесто, тоа е најдобриот одговор...

    Извор. http://burevesnik.org/2011-07-09-13-25-27/item/367-„родила-си-сина-краља-кокаина„.html?format=html&lang=mk
     
    На Hipica, cecilia, AngieVi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Вељановски се типичен пример на она „кога сељак ќе се покондури„. Него мене ме интересира што скандали правела ќерка му? :wasntme:
     
  15. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^ Ќерка му мислам дека имаше објавено разголени фотографии од себе на твитер или инстаграм, може грешам, како и да е, тоа она што го направила верувам дека е ништо во споредба со ова на Велјановски Џуниор.
    Срамота!
    Ме потсети на постот на Битерсвит кога синот на градоначалникот на Мелбурн бил фатен како вози пијан и татко му поштено си дал оставка и се поштеди на некој начин од срамот. А ова што се случува кај нас е страшно!
    Фала Лилит што не просветли за кој станува збор зошто многу медиуми само објавија дека син на познат политичар бил фатен со дрога али никој освен Зоран Божиновски немаше храброст да пише кој е. Многу јасно нели пошо станува збор за фам.Мијалкови.
    Амн веќе до кога таа гадна фамилија ќе ни ја води државава!! Има ли крај?

    А најјакото е што другарче го шитнал :devil:
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Незнам само како може Зоран Божиновски да ви е репер за вистината и објективноста. У исти кош е со Латас, Мирка и Ивона. За овој се во државата е теорија на заговор, цело време со некои скандалозно небулозни наслови. Без разлика дали е точно ова или не ми се :puke: од овој.
     
    На kikav и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
  18. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Не ми е мене Зоран Божиновски репер за добар новинар, не го читам, баш и заради тоа дури сега дознавам кој е тој фамозен син фатен со кокаин на грчка граница. Али дека му верувам за текстов, му верувам. Чисто сумљам дека би го измислил ова. Башка све беше кажано и претходно, само он имиња сподели.
    А и дека Филипче е цветче за мирисање - не е. Исто ко Љупчо на Бране што не е, сите се исти тие (не)деца.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.237
    Зоран Божиновски не е аргумент против вистинитоста на фактот кој очигледно го пренесоа повеќе медиуми, анонимно. Тој само го просветли точно за кого се работи. Знаеме која мустра е Божиновски, ама барем е контра-тежа на Латас и ко.

    Вељановски фамилија се само едни во низата сељачана која ни ја водат државата. Да не ви навлегувам во ситуации, ама од прва рака ќе ви кажам дека се работи за страшно невоспитани деца. А за тоа Филип колку е безобразен, прашајте ги децата од негова генерација во средно. Насилник! Толку е невоспитан и полн со себе, не можам да ви објаснам. И уште колку вакви дечишта има... Извитоперени и нездрави.
    Заедно со малиот на Мијалков кој пак пустиот е понормален (со прашање на време до кога) и емотивен млад (се уште малолетен кој комотно вози автомобил) дечкич на кој му се лепат девојки од нашата очајна сцена, од типот на Тамара Тодевска (ајде кажете ми какво е тоа друштво од крава од 27 години, со дете од 17 години? Кои би им биле заедничките интереси?) и сите тие живеат во добри односи со цела албанска добростоеча фела, јал политичари, јал музички ѕвезди, додека нашите политичари продуцираат антагонизам помеѓу македонското и албанско обично население.
    Нас не занимаваат со басни за кума лиса и волкот,додека они црпат од сите страни,сите се испоплеткани како црева.
    И не зборам на памет под претпоставки... А до тогаш ние взаемно ќе се јадеме и ќе си посакуваме зло.

    Добро е познато дека децата најмногу покажуваат какви луѓе се нивните родители. Може да бидат директори, функционери, бизнисмени, ама детето ќе им ја издаде суштината, а со тоа колку навистина се тие квалитетни и вредни за да се на тие позиции. Како би се носеле со една сериозна улога, кога не можат да се носат со улогата родител и потфрлаат во неа?!

    А нештото кое укажува дека двете страни у оваа држава, уствари и не се толку спротиставени како што е тоа така на телевизија е начинот на кој што ги водат нивните политчки кампањи. Кај американските политичари (па и сите европски) ќе ја утврдите спротивноста. За да застане некој на чело со нацијата треба да има беспрекорен живот, семејство и досие и при тоа секоја дамка се користи од страна на противникот со цел да се оцрни и докаже дека неговиот против кандидат не е кадарен за таа улога. А кај нас... Кај нас на глупости се препукуваат колку да воспалат маса народ, дефокусирајќи се од вредностите кои најдобро ќе покажат за каква личност се работи.
     
    На Mermaid, Hipster, LilBaby и 6 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав, Тодоров ќе набавува камери за да се следи у Wc-иња, кој ги здиплувал сапуните и го оштетувал инвентарот во,што ти знам веќе каде, не ни дочитав оти, главава почна да ми кипи ко експрес лонец. Дал е така, ил не е, што точно рекол, ама ич не планирам да проверувам

    И многу ми е жал, што сите, ох Божееее сите разбраа дека Спиро нема еден ебан работен ден пред да стане заменик директор, па заменик министер па министер, откога се испотреска глупоштини. Да беа скриени податоциве од биографијата да ги разберам,ама од денот кога е министер тоа срање стои,без да имаш потреба да истражуваш која дегенчина од кафана излезена станал министер. Значи,жал ми беше уште кога стана, што никој нит збор не пиша, а такви глупоштини се изнаслушав.Ама ок. Ја можда и нешто лично имам против дегени кои напредуваат. Фрустрации лечам што, не сум доволно деген за да напредувам.
     
    На Theodora, Annath, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.